основно училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovno-uchilishte/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 15:50:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png основно училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovno-uchilishte/ 32 32 Деца се истепале на час во основно училиште во Ѓорче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detsa-se-istepale-na-chas-vo-osnovno-uchilishte-vo-gorche/ Thu, 07 Nov 2024 16:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=835238

Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје, Д.Н.(38) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот, за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг ученик.

За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, велат од МВР.

The post Деца се истепале на час во основно училиште во Ѓорче appeared first on Република.

]]>

Дете од тетовско основно училиште со метален боксирач претепа соученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dete-od-tetovsko-osnovno-uchilishte-so-metalen-boksirach-pretepa-souchenik/ Fri, 27 Sep 2024 10:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=820201

Вчера во 15.25 часот во СВР Тетово, А.А.(40) од Тетово пријавил дека околу 12.00 часот во тетовско основно училиште, неговиот малолетен син, по кратка расправија, бил физички нападнат од друг малолетник, ученик во истото училиште.

Како што пријавил таткото, ученикот напаѓач користел и метален боксирач.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Дете од тетовско основно училиште со метален боксирач претепа соученик appeared first on Република.

]]>

Вчера во 15.25 часот во СВР Тетово, А.А.(40) од Тетово пријавил дека околу 12.00 часот во тетовско основно училиште, неговиот малолетен син, по кратка расправија, бил физички нападнат од друг малолетник, ученик во истото училиште. Како што пријавил таткото, ученикот напаѓач користел и метален боксирач. Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Дете од тетовско основно училиште со метален боксирач претепа соученик appeared first on Република.

]]>
Во скопско основно училиште пронајдена почината вработена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-skopsko-osnovno-uchilishte-pronajdena-pochinata-vrabotena/ Thu, 26 Sep 2024 14:38:50 +0000 https://republika.mk/?p=819931

На 25.09. во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија во основно училиште во нас.Илинден, скопско, била пронајдена почината С.М.(50) од Скопје, вработена во училиштето.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, соопшти МВР.

The post Во скопско основно училиште пронајдена почината вработена appeared first on Република.

Скандал во Струга: Избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката забранила да се пее македонската химна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandal-vo-struga-izbegnat-intsident-na-odbelezhuvaneto-na-patronatot-na-ou-braka-miladinovtsi-direktorkata-zabranila-da-se-pee-makedonskata-himna/ Wed, 05 Jun 2024 19:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=785080

Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето, објави МКД.мк.

Дополнително, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и окупацијата на фашистичките окупатори. МКД.мк уште дознава дека родителите на учениците веќе поднеле кривична пријава против директорката Жута како и претставка до Државниот просветен инспекторат.

На одбележувањето на патронатот основното училиште Браќа Миладиновци во Струга денеска, за малку бил избегнат инцидент откако директорката на училиштето, Албана Жута во своето обраќање користела реторика со политичка конотација и погрешни историски факти, при што таа на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и дека треба „да се вратат на патиштата што тогаш биле зацртани“.

Говорот на Жута предизвикал негодување кај присутните кои ја исвиркале директорката, а македонските наставници се обиделе да го прекинат говорот на по што наишле на груба и насилничка реакција на професорите Албанци кои се заканувале со физичка пресметка.

МКД.мк дознава дека на директорката ѝ било предочено дека говорот содржи исторски невистини, но таа на стручните луѓе од училиштето им кажала дека таа е директорка на училиштетот и дека ќе прави што сака.

Според информациите на МКД.мк за денешниот инцидент веќе е поднесена кривична пријава и претставка до Државниот просветен инспекторат.

The post Скандал во Струга: Избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката забранила да се пее македонската химна appeared first on Република.

]]>

Директорката на основното училиште Браќа Миладиновци од Струга, Албана Жута, денеска спротивно на законот забранила да се пее македонската химна на одбележувањето на патронатот на училиштето, објави МКД.мк. Дополнително, Жута во својот говор пред присутните на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и окупацијата на фашистичките окупатори. МКД.мк уште дознава дека родителите на учениците веќе поднеле кривична пријава против директорката Жута како и претставка до Државниот просветен инспекторат. На одбележувањето на патронатот основното училиште Браќа Миладиновци во Струга денеска, за малку бил избегнат инцидент откако директорката на училиштето, Албана Жута во своето обраќање користела реторика со политичка конотација и погрешни историски факти, при што таа на албански јазик истакнала дека училиштето треба да го врати името Лирија од периодот на Втората светска војна и дека треба „да се вратат на патиштата што тогаш биле зацртани“. Говорот на Жута предизвикал негодување кај присутните кои ја исвиркале директорката, а македонските наставници се обиделе да го прекинат говорот на по што наишле на груба и насилничка реакција на професорите Албанци кои се заканувале со физичка пресметка. МКД.мк дознава дека на директорката ѝ било предочено дека говорот содржи исторски невистини, но таа на стручните луѓе од училиштето им кажала дека таа е директорка на училиштетот и дека ќе прави што сака. Според информациите на МКД.мк за денешниот инцидент веќе е поднесена кривична пријава и претставка до Државниот просветен инспекторат.

The post Скандал во Струга: Избегнат инцидент на одбележувањето на патронатот на ОУ „Браќа Миладиновци“, директорката забранила да се пее македонската химна appeared first on Република.

]]>
Малолетно девојче нападнало соученик пред училиште во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletno-devojche-napadnalo-souchenik-pred-uchilishte-vo-aerodrom/ Sun, 19 May 2024 14:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=779854

На 18.05.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Д.С.Н.(45) од Скопје пријавила дека на 16.05.2024 околу 09.30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговата соученичка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

The post Малолетно девојче нападнало соученик пред училиште во Аеродром appeared first on Република.

]]>

На 18.05.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Д.С.Н.(45) од Скопје пријавила дека на 16.05.2024 околу 09.30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговата соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.  

The post Малолетно девојче нападнало соученик пред училиште во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Дојава за поставени бомби во основното училиште „Братиство – единство“ и околу градските гробишнта во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojava-za-postaveni-bombi-vo-osnovnoto-uchilishte-bratistvo-edinstvo-i-okolu-gradskite-grobishnta-vo-ohrid/ Wed, 28 Feb 2024 10:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=749200

Дојави за поставени бомби во основното училиште „Братство - единство“ во Охрид и просторот околу градиските гробишта во овој град, објави порталот „Охрид1“.

Евакуирани се учениците, а надлежните го пребаруваат теренот.

Дојава за поставена експлозивна направа на просторот околу градските гробишта во Охрид. Патот затворен за сообраќај поради безбедносни причини. Во моментов се прават солуции за пренасочување и непречено одвивање на сообраќајот, додека се пребарува теренот, пишува „Охрид1“.

The post Дојава за поставени бомби во основното училиште „Братиство – единство“ и околу градските гробишнта во Охрид appeared first on Република.

]]>

Дојави за поставени бомби во основното училиште „Братство - единство“ во Охрид и просторот околу градиските гробишта во овој град, објави порталот „Охрид1“. Евакуирани се учениците, а надлежните го пребаруваат теренот. Дојава за поставена експлозивна направа на просторот околу градските гробишта во Охрид. Патот затворен за сообраќај поради безбедносни причини. Во моментов се прават солуции за пренасочување и непречено одвивање на сообраќајот, додека се пребарува теренот, пишува „Охрид1“.  

The post Дојава за поставени бомби во основното училиште „Братиство – единство“ и околу градските гробишнта во Охрид appeared first on Република.

]]>
Пиштол пронајден во дворот на тетовско основно училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pishtol-pronajden-vo-dvorot-na-tetovsko-osnovno-uchilishte/ Fri, 01 Dec 2023 10:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=718296

Вчера во 16:45 часот во СВР Тетово пријавено е дека 33-годишен вработен во тетовско основно училиште, на спортско игралиште во кругот на училиштето, пронашол пиштол.

Пиштолот е подигнат за вештачење и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Пиштол пронајден во дворот на тетовско основно училиште appeared first on Република.

Второодделенец соблекува и повредува соученици во училиште во Аеродром, најмалку седум деца се отпишани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vtorooddelenets-soblekuva-i-povreduva-souchenitsi-vo-uchilishte-vo-aerodrom-najmalku-sedum-detsa-se-otpishani/ Tue, 28 Nov 2023 12:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=717153

Ученик од второ одделение во основно училиште во скопската населба Аеродром агресивно се однесува, па дури и физички ги повредува соучениците, а пред некое време ѝ ги соблекол панталоните и долната облека на соученичка додека миела раце во тоалетот. Родителите со кои зборуваше МКД.мк и чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата велат дека децата ги праќаат во училиште, а не на фронт. Тие бараат да се реши ситуацијата, која трае повеќе од една година, но состојбата не се менува.

Деновиве, како што тврдат родителите, проблематичниот ученик не оди на училиште, но никој не им кажува дали е можеби префрлен во друго училиште или која е причината за неговото отсуство.

Училиштето знае за ова однесување на второодделенецот бидејќи родителите испраќале писмени дописи до директорката за преместување на нивните деца во друго одделение или за испишување на агресивниот ученик. До сега од овој клас и училиште самоиницијативно се отпишале дури седум ученици.

Стручни служби од училиштето присуствувале на час и седеле за да го набљудуваат однесувањето на детето, но додека било со придружба однесувањето на детето било во ред.

Што се случува, зошто детето отсуствува подолго и дали повторно ќе се врати во училишните клупи, никој во одделението не знае.

Целата сторија на МКД.мк

The post Второодделенец соблекува и повредува соученици во училиште во Аеродром, најмалку седум деца се отпишани appeared first on Република.

]]>

Ученик од второ одделение во основно училиште во скопската населба Аеродром агресивно се однесува, па дури и физички ги повредува соучениците, а пред некое време ѝ ги соблекол панталоните и долната облека на соученичка додека миела раце во тоалетот. Родителите со кои зборуваше МКД.мк и чиј идентитет ѝ е познат на редакцијата велат дека децата ги праќаат во училиште, а не на фронт. Тие бараат да се реши ситуацијата, која трае повеќе од една година, но состојбата не се менува. Деновиве, како што тврдат родителите, проблематичниот ученик не оди на училиште, но никој не им кажува дали е можеби префрлен во друго училиште или која е причината за неговото отсуство. Училиштето знае за ова однесување на второодделенецот бидејќи родителите испраќале писмени дописи до директорката за преместување на нивните деца во друго одделение или за испишување на агресивниот ученик. До сега од овој клас и училиште самоиницијативно се отпишале дури седум ученици. Стручни служби од училиштето присуствувале на час и седеле за да го набљудуваат однесувањето на детето, но додека било со придружба однесувањето на детето било во ред. Што се случува, зошто детето отсуствува подолго и дали повторно ќе се врати во училишните клупи, никој во одделението не знае. Целата сторија на МКД.мк

The post Второодделенец соблекува и повредува соученици во училиште во Аеродром, најмалку седум деца се отпишани appeared first on Република.

]]>
Во основно училиште во Чаир, малолетник со закана со пиштол му зел пари на друг малолетник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-osnovno-uchilishte-vo-chair-maloletnik-so-zakana-so-pishtol-mu-zel-pari-na-drug-maloletnik/ Fri, 19 May 2023 17:07:01 +0000 https://republika.mk/?p=642772

На 19.05.2023 година, околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето.

Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Во основно училиште во Чаир, малолетник со закана со пиштол му зел пари на друг малолетник appeared first on Република.

]]>

На 19.05.2023 година, околу 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода малолетник од Скопје. Според пријавеното, тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето. Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Во основно училиште во Чаир, малолетник со закана со пиштол му зел пари на друг малолетник appeared first on Република.

]]>
МВР постапува по случајот со девојчето од Центар што напиша список со закани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-postapuva-po-sluchajot-so-devojcheto-od-tsentar-shto-napisha-spisok-so-zakani/ Thu, 11 May 2023 07:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=639512

Градоначалникот на скопската општина Центар Горан Герасимовски соопшти дека во однос на списокот, напишан од ученичка, со закани кон своите соученици, преземени се сите мерки од страна на училиштето, а за случајот постапува и Министерството за внатрешни работи.

Што се однесува до самиот настан, вчера разговарав со директорката на училиштето, но и со сите директори на основните училишта во Општината. Тие веќе од денеска преку наставниците интензивно комуницираат со родителите и децата, предупредувајќи ги од последиците од ваквите постапки, кои некои од децата ги разбрале како игра или шега. Очекувам сите наставници, но пред се родителите да разговараат со своите деца и да им укажат колку е опасно да го користат овој немил настан, дури ни на шега, да не прават слични списоци или на кој било начин да си поигруваат со ужасната трагедија, посочува Герасимовски.

Повторува дека во најкус рок ќе бидат започнати нови програми за спречување на насилство во училиштата и нови проекти кои ќе значат побезбедни ученици и поздрава околина за раст и развој.

Уште еднаш апелирам да не се крева паника од овој случај, туку максимално одговорно секој поединец, секој родител или старател да поразговара со своите деца. Мора да укажеме и да ја подигнеме свеста дека со „таа тема" нема играње, посочува градоначалникот на Центар Герасимовски.

The post МВР постапува по случајот со девојчето од Центар што напиша список со закани appeared first on Република.

Училиште од Велес со двајца директори, еден назначен од министер, еден од градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchilishte-od-veles-so-dvajtsa-direktori-eden-naznachen-od-minister-eden-od-gradonachalnik/ Thu, 29 Dec 2022 20:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=591636

Двајца наставници од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес во текот на денешниот ден добиле решенија за директори, едниот од градоначалникот Марко Колев, другиот од министерот за образование Јетон Шаќири, објави „А1он“.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако од просветниот и општинскиот инспектор биле утврдени неправилности во постапката за именување на директор на истото училиште.

Но исто така и министерот Шаќири изготвил свое решение.

Министерот според оваа постапка се поставил над Законот за основно образование и надвор од неговата надлежност поставил негов директор игнорирајќи ги записниците од инспекторите. Според истиот закон надлежен орган за назначување на директор или в.д директор е градоначалникот, но не и министерот. Очигледно е дека има прекршување на законите во поглед на надлежностите, но дали некој ќе реагира“, велат извори за „А1он“.

The post Училиште од Велес со двајца директори, еден назначен од министер, еден од градоначалник appeared first on Република.

]]>

Двајца наставници од основното училиште „Блаже Конески“ од Велес во текот на денешниот ден добиле решенија за директори, едниот од градоначалникот Марко Колев, другиот од министерот за образование Јетон Шаќири, објави „А1он“. Градоначалникот на Велес, Марко Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако од просветниот и општинскиот инспектор биле утврдени неправилности во постапката за именување на директор на истото училиште. Но исто така и министерот Шаќири изготвил свое решение.
Министерот според оваа постапка се поставил над Законот за основно образование и надвор од неговата надлежност поставил негов директор игнорирајќи ги записниците од инспекторите. Според истиот закон надлежен орган за назначување на директор или в.д директор е градоначалникот, но не и министерот. Очигледно е дека има прекршување на законите во поглед на надлежностите, но дали некој ќе реагира“, велат извори за „А1он“.
 
The post Училиште од Велес со двајца директори, еден назначен од министер, еден од градоначалник appeared first on Република.

]]>
Училишната сала во Стајковци ќе го носи името на херојот Бобан Ивановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/uchilishnata-sala-vo-stajkovci-kje-go-nosi-imeto-na-herojot-boban-ivanovikj/ Tue, 24 May 2022 13:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=506407

Денес 24.05.2022 година по повод празникот Св. Кирил и Методиј кој е патрон на населеното место Стајковци се оддржа настан за положување свежо цвеже и оддавање почит пред споменикот на Бобан Ивановиќ кој како припадник на специјалните единици на МВР загина во вооружената пресметка во Диво Насеље.

На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој истакна:

Бобан Ивановиќ и Горан Стојменовиќ се двајцата херои кои беа наши сограѓани, а загинаа во Диво Насеље.

Како градоначалник на општина Гази Баба нема да дозволам нивниот лик и дело да се заборави.

За таа цел ќе доставам предлог до училишниот одбор на општинското основно училиште Кирил и Методиј во Стајковци во кој ќе предложам училишната сала која е во изградба да го носи името на Бобан Ивановиќ.

Со оваа одлука неговото име и дело никогаш повеќе нема да бидат заборавени – истакна Стефковски.

На настанот покрај свежо цвеќе положија: делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски, делегација на Советот на општина Гази Баба предводена од претседателот Дијана Илиевска, делегација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во состав на пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, делегација на семејството на Бобан Ивановиќ, делегација на Месната заедница Стајковци и други делегации.

The post Училишната сала во Стајковци ќе го носи името на херојот Бобан Ивановиќ appeared first on Република.

]]>

Денес 24.05.2022 година по повод празникот Св. Кирил и Методиј кој е патрон на населеното место Стајковци се оддржа настан за положување свежо цвеже и оддавање почит пред споменикот на Бобан Ивановиќ кој како припадник на специјалните единици на МВР загина во вооружената пресметка во Диво Насеље. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски кој истакна:
Бобан Ивановиќ и Горан Стојменовиќ се двајцата херои кои беа наши сограѓани, а загинаа во Диво Насеље. Како градоначалник на општина Гази Баба нема да дозволам нивниот лик и дело да се заборави. За таа цел ќе доставам предлог до училишниот одбор на општинското основно училиште Кирил и Методиј во Стајковци во кој ќе предложам училишната сала која е во изградба да го носи името на Бобан Ивановиќ. Со оваа одлука неговото име и дело никогаш повеќе нема да бидат заборавени – истакна Стефковски.
На настанот покрај свежо цвеќе положија: делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски, делегација на Советот на општина Гази Баба предводена од претседателот Дијана Илиевска, делегација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во состав на пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, делегација на семејството на Бобан Ивановиќ, делегација на Месната заедница Стајковци и други делегации.    

The post Училишната сала во Стајковци ќе го носи името на херојот Бобан Ивановиќ appeared first on Република.

]]>
Пет илјади родители се согласија нивните деца да учестуваат во скринингот за ковид во основните улилишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pet-iljadi-roditeli-se-soglasija-nivnite-deca-da-uchestuvaat-vo-skriningot-za-kovid-vo-osnovnite-ulilishta/ Fri, 18 Feb 2022 13:19:05 +0000 https://republika.mk/?p=460467

Скринингот во училиштата е веќе отпочнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје, соопштија од Министерството за здравство.

Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник.

Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје.

Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука, 

Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120.

Според Комисијта во моментот, во основните училишта има повеќе деца кои се заразени со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна.

The post Пет илјади родители се согласија нивните деца да учестуваат во скринингот за ковид во основните улилишта appeared first on Република.

]]>

Скринингот во училиштата е веќе отпочнат. Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Голем е интересот за учество во скринингот и досега се добиени околу 5.000 согласности од родители на деца во основните училишта во Скопје, соопштија од Министерството за здравство. Врз основа на добиените согласности, направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник. Во рамки на првата фаза ќе бидат опфатени училиштата на територија на град Скопје, а ќе бидат вклучени медицински екипи од Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Скопје.
Сите активности за спроведување на скринингот се одвиваат во постојана координација со Министерството за образование и наука, 
Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120. Според Комисијта во моментот, во основните училишта има повеќе деца кои се заразени со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна.

The post Пет илјади родители се согласија нивните деца да учестуваат во скринингот за ковид во основните улилишта appeared first on Република.

]]>
Oд денеска скринг за Ковид-19 во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-deneska-skring-za-kovid-19-vo-osnovnite-uchilishta/ Fri, 18 Feb 2022 07:18:09 +0000 https://republika.mk/?p=460165

Во основните училишта денеска почнува скринингот кој ќе покаже каква е трансмисијата на Ковид-19 меѓу учениците. Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици. Во средните училишта, состојбата е стабилна, но ќе се следи.

Скринингот ќе го спроведат тимови од здравствени работници кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат доставени на анализа во Институтот за јавно здравје и епидемиолошките служби, со цел да се добие реална слика за тоа како се пренесува вирусот во основните училишта.

– Комисијата донесе заклучок внимателно да се следи и анализира состојбата во училиштата и доколку се утврди какво било зголемување на бројките помеѓу учениците во однос на новозаразени да се направат скрининг тестирања во училиштата со цел да се утврди реалната состојба и опасноста за поширока трансмисија на вирусот помеѓу учениците. Започнуваме со скрининг во основните училишта каде бројката на новозаразени е зголемена. Во средните училиште таква состојба нема. Таму се следи епидемиолошката состојба и согласно извештаите од Институтот за јавно здравје е стабилна. Меѓутоа, загрижувачките бројки кои ги добивме од основните училишта беа аларм да иницираме и да аплицираме еден ваков скрининг што ќе ни покаже каква е трансмисијата во основните училишта, рече вчера на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

The post Oд денеска скринг за Ковид-19 во основните училишта appeared first on Република.

]]>

Во основните училишта денеска почнува скринингот кој ќе покаже каква е трансмисијата на Ковид-19 меѓу учениците. Скринингот се спроведува поради зголемениот број новозаболени ученици. Во средните училишта, состојбата е стабилна, но ќе се следи. Скринингот ќе го спроведат тимови од здравствени работници кои согласно методологијата што е утврдена ќе ги соберат податоците, кои ќе бидат доставени на анализа во Институтот за јавно здравје и епидемиолошките служби, со цел да се добие реална слика за тоа како се пренесува вирусот во основните училишта. – Комисијата донесе заклучок внимателно да се следи и анализира состојбата во училиштата и доколку се утврди какво било зголемување на бројките помеѓу учениците во однос на новозаразени да се направат скрининг тестирања во училиштата со цел да се утврди реалната состојба и опасноста за поширока трансмисија на вирусот помеѓу учениците. Започнуваме со скрининг во основните училишта каде бројката на новозаразени е зголемена. Во средните училиште таква состојба нема. Таму се следи епидемиолошката состојба и согласно извештаите од Институтот за јавно здравје е стабилна. Меѓутоа, загрижувачките бројки кои ги добивме од основните училишта беа аларм да иницираме и да аплицираме еден ваков скрининг што ќе ни покаже каква е трансмисијата во основните училишта, рече вчера на прес-конференција портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

The post Oд денеска скринг за Ковид-19 во основните училишта appeared first on Република.

]]>