основно образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovno-obrazovanie/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 11:20:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png основно образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovno-obrazovanie/ 32 32 Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekoja-godina-e-se-polosho-vrsnichkoto-nasilstvo-najmnogu-go-ima-vo-osnovnite-uchilishta-zhrtvi-se-povlecheni-detsa-koi-poteknuvat-od-posiromashni-semejstva-i-detsa-so-poprechenosti/ Tue, 19 Nov 2024 11:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=839579

Оваа година во канцеларијата на Народниот првобранител стасале тресетина претставки за врсничко насилство. Состојбата секоја година се влошува. Врсничкото насилство е позастапено во основните училишта, дури и во второ и трето одделение, а жртви најчесто се послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства...

Ова беше кажано од Канцеларијата на народниот првобранител кој го одбележува Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Беше најавена претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!" во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото" финансиран од Европската Унија.

Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, изјави дека оваа година имаат триесетина претставки за врсничко насилство, дека состојбата секоја година се влошува и оти најзастапено е кај ученици во основните училишта, дури, рече, и кај деца од второ и трето одделение, а помалку го има во средните училишта.

При посети на училиштата и во разговор со ученици, тимовите на НП констатирале дека врсничкото насилство често се користи како алатка за прикажување моќ или доминација на некои деца меѓу нивните соученици. Состојба во училиштата, рече таа, „во моментов алармира дека многу мора да се вложи во промена“.

Како жртви секогаш се јавуваат или послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Податоците покажуваат дека состојбата е иста, ако не и полоша за разлика од претходната година. Претставките што ги добиваме покажуваат дека, за жал, врсничкото насилство сѐ уште е присутно и тоа особено во училиштата, а го има и надвор, во парковите. Наместо другарување, користиме насилство. Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа.

Нагласи дека ставот на НП, кој го истакнуваат секоја година, е дека „мора да се укаже на штетните последици од врсничкото насилство и децата од мали нозе мора да ги воспитаме и едуцираме дека конфликтите се решаваат преку дијалог, а не со употреба на сила“.

Според неа, треба да се доекипираат и стручните служби за да препознаат насилство и како да преземат мерки за заштита, притоа посочувајќи дека довербата во нив е „на најниско ниво“, исто како што е слаба довербата и во класните раководители.

На прашањето што презема НП, согласно неговите надлежности, откако ќе добие претставка за врсничко насилство, таа одговори дека доколку е претставката доволно јасна и ги содржи потребните податоци со кои се потврдува насилство и повреда на правото на детето, НП доставува укажување до директорот на училиштето со насока како проблемот да се надмине.

Во случај кога со претставката не може целосно да се потврдат определени сознанија, тогаш се обраќаме до самото училиште за испитување на претставката, бараме докази, и многу често, речиси најчесто, го вклучуваме и Државниот просветен инспекторат кој согласно надлежностите има обврска да изврши вонреден надзор. И секогаш постапуваат по нашите барања, доставуваат докази и во зависност од утврдената состојба, понатаму преземаме мерки, додаде Бајрамовска-Мустафа.

The post Секоја година е сè полошо, врсничкото насилство најмногу го има во основните училишта, жртви се повлечени деца кои потекнуват од посиромашни семејства и деца со попречености appeared first on Република.

]]>

Оваа година во канцеларијата на Народниот првобранител стасале тресетина претставки за врсничко насилство. Состојбата секоја година се влошува. Врсничкото насилство е позастапено во основните училишта, дури и во второ и трето одделение, а жртви најчесто се послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Ова беше кажано од Канцеларијата на народниот првобранител кој го одбележува Светскиот ден на детето – 20 Ноември. Беше најавена претстојната кампања за подигнување на свеста за промовирање на правата на децата и нивна заштита од насилство, вклучително и од врсничкото. Дел од кампањата е и видеото „Да го прекинеме кругот на врсничкото насилство!" во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото" финансиран од Европската Унија. Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, изјави дека оваа година имаат триесетина претставки за врсничко насилство, дека состојбата секоја година се влошува и оти најзастапено е кај ученици во основните училишта, дури, рече, и кај деца од второ и трето одделение, а помалку го има во средните училишта. При посети на училиштата и во разговор со ученици, тимовите на НП констатирале дека врсничкото насилство често се користи како алатка за прикажување моќ или доминација на некои деца меѓу нивните соученици. Состојба во училиштата, рече таа, „во моментов алармира дека многу мора да се вложи во промена“.
Како жртви секогаш се јавуваат или послабите деца, децата кои се поповлечени, многу често децата со попреченост или децата кои потекнуваат од многу посиромашни или недоволно едуцирани семејства... Податоците покажуваат дека состојбата е иста, ако не и полоша за разлика од претходната година. Претставките што ги добиваме покажуваат дека, за жал, врсничкото насилство сѐ уште е присутно и тоа особено во училиштата, а го има и надвор, во парковите. Наместо другарување, користиме насилство. Споредено со минатата година, податоците покажуваат дека во институцијата Народен правобранител бројот на претставки повторно се движи околу триесет, најчесто за физичко насилство, но нашите посети во училиштата покажуваат дека, за жал, ние сѐ уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа, преку проектот на ЕУ, одлучивме со видео да почнеме кампања за подигање на свеста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство, изјави Бајрамовска-Мустафа.
Нагласи дека ставот на НП, кој го истакнуваат секоја година, е дека „мора да се укаже на штетните последици од врсничкото насилство и децата од мали нозе мора да ги воспитаме и едуцираме дека конфликтите се решаваат преку дијалог, а не со употреба на сила“. Според неа, треба да се доекипираат и стручните служби за да препознаат насилство и како да преземат мерки за заштита, притоа посочувајќи дека довербата во нив е „на најниско ниво“, исто како што е слаба довербата и во класните раководители. На прашањето што презема НП, согласно неговите надлежности, откако ќе добие претставка за врсничко насилство, таа одговори дека доколку е претставката доволно јасна и ги содржи потребните податоци со кои се потврдува насилство и повреда на правото на детето, НП доставува укажување до директорот на училиштето со насока како проблемот да се надмине.