основно јавно обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovno-javno-obvinitelstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 08:52:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png основно јавно обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovno-javno-obvinitelstvo/ 32 32 Комбето од вчерашната несреќа кај Катланово оди на вештачење, ќе се испитуваат околностите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kombeto-od-vcherashnata-nesreka-kaj-katlanovo-odi-na-veshtachene-ke-se-ispituvaat-okolnostite/ Thu, 17 Oct 2024 08:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=827933

Основното јавно обвинителство Скопје интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.

Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на лице место и за обдукција на починатите.

Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот.

МВР утринава соопшти дека три лица го загубија животот, а петмина се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово. Несреќата се случила во 17:35 часот, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

The post Комбето од вчерашната несреќа кај Катланово оди на вештачење, ќе се испитуваат околностите appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес. Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на лице место и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот. МВР утринава соопшти дека три лица го загубија животот, а петмина се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово. Несреќата се случила во 17:35 часот, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело.
-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

The post Комбето од вчерашната несреќа кај Катланово оди на вештачење, ќе се испитуваат околностите appeared first on Република.

]]>
Маж им дал тешки лекови на децата, па ги оставил да се мачат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-im-dal-teshki-lekovi-na-detsata-pa-gi-ostavil-da-se-machat/ Sat, 13 Jul 2024 16:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=796462

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за – Тешки дела против здравјето на луѓето, според член 217 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 212 став 1, како и за кривично дело – Излагање на опасност според член 134 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, додека на 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четири деца на возраст од 15 до 17 години, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето.

Тој заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови “тергатол 200 мг”, “запира 10 мг” и “дијазепам 5 мг” кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение.

Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето.

Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле оштетените деца во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај децата било констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта.

Осомничениот претходно станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно самиот ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи и до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Маж им дал тешки лекови на децата, па ги оставил да се мачат appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за – Тешки дела против здравјето на луѓето, според член 217 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 212 став 1, како и за кривично дело – Излагање на опасност според член 134 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, додека на 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четири деца на возраст од 15 до 17 години, ставил во промет лекови што се штетни за здравјето. Тој заедно со децата почнал да конзумира алкохол и во текот на вечерта извадил лекови “тергатол 200 мг”, “запира 10 мг” и “дијазепам 5 мг” кои ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил на малолетниците да ги испијат за подобро расположение. Им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохолот, иако бил свесен за штетната последица што може да настапи и со тоа тешко им го нарушил здравјето. Следниот ден попладнето полициски службеници ги пронашле оштетените деца во неговиот дом во бессознание и со сериозно влошена здравствена состојба. Со возило на итна медицинска помош биле префрлени на Клиниката за токсикологија, каде што кај децата било констатирано високо присуство на бензодијазепини во крвта. Осомничениот претходно станал и во дневната соба ги затекнал децата како лежат во сериозно влошена здравствена состојба која претходно самиот ја предизвикал, но и покрај тоа ги оставил без помош. Надлежниот јавен обвинител оцени дека се исполнети законските основи и до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Маж им дал тешки лекови на децата, па ги оставил да се мачат appeared first on Република.

]]>
Истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istraga-za-teshka-telesna-povreda-so-smrtni-posleditsi-vo-zatvorot-idrizovo/ Tue, 25 Jun 2024 13:50:45 +0000 https://republika.mk/?p=790710

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска сп став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

The post Истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска сп став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, осуденик на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово – Скопје, на 31 мај тешко телесно повредил друг осуденик. Физички го нападнал во затворот со тупаници и клоци, а од нанесените тешки повреди оштетениот починал на 22 јуни. Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и опасност тој да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

The post Истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово appeared first on Република.

]]>
Двојно убиство во Стајковци – ОЈО Скопје изврши увид, убиени братот и сопругата на починатиот брат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvojno-ubistvo-vo-stajkovtsi-ojo-skopje-izvrshi-uvid-ubieni-bratot-i-soprugata-na-pochinatiot-brat/ Tue, 14 May 2024 16:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=778060

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.

The post Двојно убиство во Стајковци – ОЈО Скопје изврши увид, убиени братот и сопругата на починатиот брат appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат. Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди. Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција.

The post Двојно убиство во Стајковци – ОЈО Скопје изврши увид, убиени братот и сопругата на починатиот брат appeared first on Република.

]]>
Професионален војник додека чувал стража во Идризово на затворениците им доставувал мобилни телефони https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/profesionalen-vojnik-dodeka-chuval-strazha-vo-idrizovo-na-zatvorenitsite-im-dostavuval-mobilni-telefoni/ Fri, 02 Feb 2024 14:50:50 +0000 https://republika.mk/?p=739803

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 1 февруари во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на затворот, бил ангажиран како надворешно – статично обезбедување од стражарна кула на оградниот ѕид на затворскиот објект. Притоа, тој презел дејствие со кое ги пречекорил границите на своите службени овластувања со намера за двајца осуденици кои издржувале казна затвор во затвореното одделение и на кои согласно куќниот ред во затворот им се забранети мобилни телефони, да им прибави и да им овозможи користење на мобилни телефони и комуникација без надзор на затворска полиција.

Откако претходно скрил десет мобилни телефони во тактичкиот елек од униформата која ја носел, тој го напуштил стражарното место и знаејќи дека осудениците биле пуштени на дневна прошетка и го чекаат, застанал до ѕидот од кабината и последователно преку две заштитни огради им ги фрлал мобилните телефони, со цел да им овозможи комуникација без надзор.

Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

 

The post Професионален војник додека чувал стража во Идризово на затворениците им доставувал мобилни телефони appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 1 февруари во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на затворот, бил ангажиран како надворешно – статично обезбедување од стражарна кула на оградниот ѕид на затворскиот објект. Притоа, тој презел дејствие со кое ги пречекорил границите на своите службени овластувања со намера за двајца осуденици кои издржувале казна затвор во затвореното одделение и на кои согласно куќниот ред во затворот им се забранети мобилни телефони, да им прибави и да им овозможи користење на мобилни телефони и комуникација без надзор на затворска полиција. Откако претходно скрил десет мобилни телефони во тактичкиот елек од униформата која ја носел, тој го напуштил стражарното место и знаејќи дека осудениците биле пуштени на дневна прошетка и го чекаат, застанал до ѕидот од кабината и последователно преку две заштитни огради им ги фрлал мобилните телефони, со цел да им овозможи комуникација без надзор. Бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.  

The post Професионален војник додека чувал стража во Идризово на затворениците им доставувал мобилни телефони appeared first on Република.

]]>
ОЈО: Не е запрена постапката против осомничениот во предметот за убиствата кај Шиша бар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-ne-e-zaprena-postapkata-protiv-osomnicheniot-vo-predmetot-za-ubistvata-kaj-shisha-bar/ Wed, 29 Nov 2023 20:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=717344

Основното јавно обвинителство Скопје го демантира информацијата која беше објавена на Република, а преземена од Канал 5 Телевизија дека единствениот осомничен за убиствата во Шиша бар е ослободен од сите обвиненија.

Лицето кое што го наведувате не е единствен осомничен во предметот, а постапката против него не е запрена. Тој е осомничен за дејствија на помагање при сторување на кривичното дело. Со оглед на тоа што во моментов притворската мерка не е неопходна за обезбедување на неговото присуство, јавниот обвинител согласно своите законски надлежности предложи таа да биде заменета со мерки на претпазливост. За истиот настан уште едно лице е осомничено и му е определена мерка притвор - стои во информацијата од Обвинителството.

Република ја повлекува преземената информација.

The post ОЈО: Не е запрена постапката против осомничениот во предметот за убиствата кај Шиша бар appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје го демантира информацијата која беше објавена на Република, а преземена од Канал 5 Телевизија дека единствениот осомничен за убиствата во Шиша бар е ослободен од сите обвиненија. Лицето кое што го наведувате не е единствен осомничен во предметот, а постапката против него не е запрена. Тој е осомничен за дејствија на помагање при сторување на кривичното дело. Со оглед на тоа што во моментов притворската мерка не е неопходна за обезбедување на неговото присуство, јавниот обвинител согласно своите законски надлежности предложи таа да биде заменета со мерки на претпазливост. За истиот настан уште едно лице е осомничено и му е определена мерка притвор - стои во информацијата од Обвинителството. Република ја повлекува преземената информација.

The post ОЈО: Не е запрена постапката против осомничениот во предметот за убиствата кај Шиша бар appeared first on Република.

]]>
Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vishoto-javno-obvinitelstvo-bara-ukinuvane-na-prvostepenata-presuda-za-talir-2-dali-krivichniot-sud-i-jo-rabotele-po-politichka-narachka/ Fri, 24 Nov 2023 09:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=715722

Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија. Во овој случај во кој се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик. Вишото јавно обвинителство констатира дека Основното направило превид и неправилно ја утврдило фактичката состојба, а згора на тоа направило неколку процесни грешки во првостепената постапка. Направени се серија пропусти, од суштински и формален аспект. Затоа ниту една од страните никогаш не пријавила или не изразила незадовлство во однос на договорот, односно не се чуствувале оштетени.

 

Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир.

Треба да се напомене дека иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Во дописот точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми туку на политички флоскули и обвинувања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/
д дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски коментирајќи го овој случај истакна дека поради политички причини партијата се држи во заложништво од политичко-судска спрега со цел да се прави притисок.

Јавниот обвинтел процесот го подели на два дела, односно констатирани се пропустите на пресудата и Обвинтелството во прв степен и измените во КЗ кои не импицираат кон правното лице туку кон лицата кои што се дел од овој процес. Но, мора да бидеме внимателни-објасни Мицкоски во „Само интервју“.

Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која поранежниот партиски лидер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

The post Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! appeared first on Република.

]]>

Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија. Во овој случај во кој се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик. Вишото јавно обвинителство констатира дека Основното направило превид и неправилно ја утврдило фактичката состојба, а згора на тоа направило неколку процесни грешки во првостепената постапка. Направени се серија пропусти, од суштински и формален аспект. Затоа ниту една од страните никогаш не пријавила или не изразила незадовлство во однос на договорот, односно не се чуствувале оштетени.   Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир. Треба да се напомене дека иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Во дописот точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми туку на политички флоскули и обвинувања. https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/ д дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски коментирајќи го овој случај истакна дека поради политички причини партијата се држи во заложништво од политичко-судска спрега со цел да се прави притисок.
Јавниот обвинтел процесот го подели на два дела, односно констатирани се пропустите на пресудата и Обвинтелството во прв степен и измените во КЗ кои не импицираат кон правното лице туку кон лицата кои што се дел од овој процес. Но, мора да бидеме внимателни-објасни Мицкоски во „Само интервју“.
Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која поранежниот партиски лидер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

The post Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! appeared first on Република.

]]>
OJO за случајот „делчевски ниви“: Ќе има обвинените за давање лажен исказ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-za-sluchajot-delchevski-nivi-ke-ima-obvinenite-za-davane-lazhen-iskaz/ Thu, 19 Oct 2023 12:42:58 +0000 https://republika.mk/?p=692873

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за запирање на истражната постапка против седум лица, од кои две осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, додека останатите им помогнале во извршувањето на делото.

Станува збор случајот познат како „Делчевски ниви” за земјиште во Делчевско што го купила „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од пазарната вредност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zaglavija-traktorite-od-delchevskite-nivi-propadna-lagata-deka-vo-lazhnata-afera-se-vklucheni-mitskoski-i-vmro-dpmne/

Постапката, како што информираат од ОЈО Скопје, е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, за што веќе е оформен и предмет за давање на лажен исказ.

На двајцата првоосомничени им се ставаше на товар дека во текот на 2021 година заеднички,  во вршење на службата, со намера за друг да прибават противправна имотна корист, ги довеле во заблуда  членовите на Управниот одбор на оштетеното правно лице – ЕВН Македонија АД Скопје, а потоа и овластено лице да извршат незаконита исплата во постапка за купување недвижен имот – земјиште со намена за изградба на фотонапонски волтаици. Притоа не ги почитувале и ги заобиколиле интерните постапки во работата на правните лица, не ги извршиле неопходните претходни проверки кои што биле должни да ги извршат и со тоа делувале ЕВН АГ АВСТРИЈА, во својство на доминантен акционер во ЕВН Македонија АД Скопје да ја оцени како исплатлива-погодна и да ја одобри инвестицијата за купување недвижен имот, односно вкупно 48 катастарски парцели во неколку катастарски општини.

Основ за поведување на постапката за кривично дело, чие битие се заснова на доведување во заблуда на овластените лица да извршат незаконита исплата, беа првичните искази на членовите во Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје, кои тврдеа дека не би гласале за одлуката за купување доколку ги знаеле фактите во врска со дел од предметните парцели, поточно дека се работи за земјишта-шуми, земјишта со непристапен пат и земјишта кои се наоѓаат во заштитено подрачје, информираат од ОЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител во текот на постапката ја прибра целокупната документација поврзана со носењето на одлуките и со склучувањето на договорите за купување на парцелите, која беше предмет на вештачења. Дополнително, беа извршени распити на сите лица кои имаа определени сознанија.

– Меѓутоа, во текот на истражната постапка, членовите на Управниот одбор го сменија својот исказ и изјавија дека откако ги разгледале прибраните докази сметаат дека не биле доведени во заблуда и не биле измамени од осомничените во поглед на постапката и дека повторно би го одобриле купувањето на предметниот имот. Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје именуван од страна на Владата изјави дека правното лице не е оштетено преку дејствијата на осомничените и дека во случајот нема незаконита исплата. Имајќи ја предвид изјавата на застапникот и воедно заштитникот на државниот капитал во правното лице ЕВН Македонија АД Скопје,  која во конкретниот случај е круцијална за докажување на заблудата како обележје на кривичното дело, јавниот обвинител во предметот донесе одлука за запирање на истрагата, велат од ОЈО Скопје.

Со оглед на тоа што во дел од исказот пред јавен обвинител застапникот на државниот капитал презентираше и лажни факти во поглед на извршените претходни проверки на земјиштето кое било предмет на купопродажба, Основното јавно обвинителство Скопје за овој дел од исказот оформи предмет со кој поведува постапка против овој сведок за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 од Кривичниот законик.

– Тој исказ пред јавниот обвинител, иако обвинителството смета дека е лажен, не влијае во конкретната постапка која е запрена, бидејќи членовите на Управниот одбор во текот на постапката се премислија  и сега категорично негираат дека биле во заблуда или измамени за да одобрат купување на земјиштата, информираат од ОЈО Скопје.

 

The post OJO за случајот „делчевски ниви“: Ќе има обвинените за давање лажен исказ appeared first on Република.

]]>

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за запирање на истражната постапка против седум лица, од кои две осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик, додека останатите им помогнале во извршувањето на делото. Станува збор случајот познат како „Делчевски ниви” за земјиште во Делчевско што го купила „ЕВН електрани“ 40 пати поскапо од пазарната вредност. https://republika.mk/vesti/makedonija/zaglavija-traktorite-od-delchevskite-nivi-propadna-lagata-deka-vo-lazhnata-afera-se-vklucheni-mitskoski-i-vmro-dpmne/ Постапката, како што информираат од ОЈО Скопје, е запрена поради сменети искази на членови на Управниот одбор на ЕВН, за што веќе е оформен и предмет за давање на лажен исказ.
На двајцата првоосомничени им се ставаше на товар дека во текот на 2021 година заеднички,  во вршење на службата, со намера за друг да прибават противправна имотна корист, ги довеле во заблуда  членовите на Управниот одбор на оштетеното правно лице – ЕВН Македонија АД Скопје, а потоа и овластено лице да извршат незаконита исплата во постапка за купување недвижен имот – земјиште со намена за изградба на фотонапонски волтаици. Притоа не ги почитувале и ги заобиколиле интерните постапки во работата на правните лица, не ги извршиле неопходните претходни проверки кои што биле должни да ги извршат и со тоа делувале ЕВН АГ АВСТРИЈА, во својство на доминантен акционер во ЕВН Македонија АД Скопје да ја оцени како исплатлива-погодна и да ја одобри инвестицијата за купување недвижен имот, односно вкупно 48 катастарски парцели во неколку катастарски општини.
Основ за поведување на постапката за кривично дело, чие битие се заснова на доведување во заблуда на овластените лица да извршат незаконита исплата, беа првичните искази на членовите во Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје, кои тврдеа дека не би гласале за одлуката за купување доколку ги знаеле фактите во врска со дел од предметните парцели, поточно дека се работи за земјишта-шуми, земјишта со непристапен пат и земјишта кои се наоѓаат во заштитено подрачје, информираат од ОЈО Скопје. Надлежниот јавен обвинител во текот на постапката ја прибра целокупната документација поврзана со носењето на одлуките и со склучувањето на договорите за купување на парцелите, која беше предмет на вештачења. Дополнително, беа извршени распити на сите лица кои имаа определени сознанија.
– Меѓутоа, во текот на истражната постапка, членовите на Управниот одбор го сменија својот исказ и изјавија дека откако ги разгледале прибраните докази сметаат дека не биле доведени во заблуда и не биле измамени од осомничените во поглед на постапката и дека повторно би го одобриле купувањето на предметниот имот. Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје именуван од страна на Владата изјави дека правното лице не е оштетено преку дејствијата на осомничените и дека во случајот нема незаконита исплата. Имајќи ја предвид изјавата на застапникот и воедно заштитникот на државниот капитал во правното лице ЕВН Македонија АД Скопје,  која во конкретниот случај е круцијална за докажување на заблудата како обележје на кривичното дело, јавниот обвинител во предметот донесе одлука за запирање на истрагата, велат од ОЈО Скопје.
Со оглед на тоа што во дел од исказот пред јавен обвинител застапникот на државниот капитал презентираше и лажни факти во поглед на извршените претходни проверки на земјиштето кое било предмет на купопродажба, Основното јавно обвинителство Скопје за овој дел од исказот оформи предмет со кој поведува постапка против овој сведок за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 од Кривичниот законик.
– Тој исказ пред јавниот обвинител, иако обвинителството смета дека е лажен, не влијае во конкретната постапка која е запрена, бидејќи членовите на Управниот одбор во текот на постапката се премислија  и сега категорично негираат дека биле во заблуда или измамени за да одобрат купување на земјиштата, информираат од ОЈО Скопје.
 

The post OJO за случајот „делчевски ниви“: Ќе има обвинените за давање лажен исказ appeared first on Република.

]]>
Обвинителството обезбеди обемен доказен материјал за Онкологија, во тек се распити на 20 пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-obezbedi-obemen-dokazen-materijal-za-onkologija-vo-tek-se-raspiti-na-20-patsienti/ Thu, 14 Sep 2023 11:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=681883

До овој момент од Клиниката за радиотерапија и онкологија е обезбеден обемен доказен материјал и документација која веќе е предмет на анализа. Дополнително, во тек се распити и на 20-тина пациенти кои до овој момент доброволно се јавија на телефонската линија на Основното јавно обвинителство Скопје за да ѝ помогнат на истрагата со свои сознанија, информираат од ЈО.

Се извлекуваат податоците со истории за третманот на групи пациенти кои примале биолошка терапија на Клиниката, како и медицински истории на уште околу 40-тина пациенти за кои се врши директна проверка на податоците за лекувањето. Основното јавно обвинителство Скопје формираше тим од експерти кои вршат анализа на целокупното економско-финансиско работење на Клиниката, како и анализа на податоците од здравствените истории на пациентите, стои во сопштението од Обвинителството во врска со постапувањето по случувањата во Онкологија.

Оттаму дополнуваат дека надлежните јавни обвинители извршиле распит на повеќемина вработени на Клиниката за онкологија, како и на двајца експерти, а во тек се и распити на 20-тина пациенти кои доброволно се јавиле во ЈО за да ѝ помогнат на истрагата со свои сознанија.

Во насока на целосно расчистување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, кое по наредба на јавниот обвинител врши анализа на компјутерските податоци одземени при извршените претреси на три локации.

Единицата за финансиски истраги при МВР е задолжена да изврши финансиска истрага, а определени дејствија се побарани и од Управата за финансиско разузнавање. Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, согласно своите надлежности, треба да изготват и да достават извештаи за работата на Клиниката, стои во соопштението од ЈО.

Се додава дека во дејствијата кои се преземаат во однос на наодите од ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија во врска со Клиниката за онкологија, јавното обвинителство ќе ги вклучи и ревизорите кои го изготвувале извештајот и ги констатирале состојбите.

За пациенти од земјите кои се лекувале со одредени терапии во Македонија, како и за евентуални сознанија за илегална препродажба на лекови за третман на онколошки пациенти во тие земји, од Обвинителството велат дека ќе побараат податоци од надлежните органи во Косово и Албанија, користејќи ги каналите за меѓународна соработка и размена на информации.

Неформалната група пациенти од Клиниката за онкологија вчера до Основното јавно обвинителство Скопје достави список од тројца директни пациенти и еден близок сродник на пациент на Клиниката кои би биле вклучени и би добиле директен увид во сите докази прибрани во текот на постапката. Во текот на денешниот ден, јавните обвинители ќе ги контактираат тие лица за да ги повикаат во Обвинителството да потпишат изјави за тајност и да ја договорат динамиката на активностите, информираат оттаму.

Наводите за злоупотреба на терапијата за рак на Клиниката за онкологија предизвика низа реакции од сите страни. Надлежните уверуваат дека се прибираат докази и се истражуваат наводите за сторени кривични дела, а граѓаните и пациентите организираат протести пред Влада и пред Јавното обвинителство, барајќи одговорност.

The post Обвинителството обезбеди обемен доказен материјал за Онкологија, во тек се распити на 20 пациенти appeared first on Република.

]]>

До овој момент од Клиниката за радиотерапија и онкологија е обезбеден обемен доказен материјал и документација која веќе е предмет на анализа. Дополнително, во тек се распити и на 20-тина пациенти кои до овој момент доброволно се јавија на телефонската линија на Основното јавно обвинителство Скопје за да ѝ помогнат на истрагата со свои сознанија, информираат од ЈО.
Се извлекуваат податоците со истории за третманот на групи пациенти кои примале биолошка терапија на Клиниката, како и медицински истории на уште околу 40-тина пациенти за кои се врши директна проверка на податоците за лекувањето. Основното јавно обвинителство Скопје формираше тим од експерти кои вршат анализа на целокупното економско-финансиско работење на Клиниката, како и анализа на податоците од здравствените истории на пациентите, стои во сопштението од Обвинителството во врска со постапувањето по случувањата во Онкологија.
Оттаму дополнуваат дека надлежните јавни обвинители извршиле распит на повеќемина вработени на Клиниката за онкологија, како и на двајца експерти, а во тек се и распити на 20-тина пациенти кои доброволно се јавиле во ЈО за да ѝ помогнат на истрагата со свои сознанија. Во насока на целосно расчистување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, кое по наредба на јавниот обвинител врши анализа на компјутерските податоци одземени при извршените претреси на три локации.
Единицата за финансиски истраги при МВР е задолжена да изврши финансиска истрага, а определени дејствија се побарани и од Управата за финансиско разузнавање. Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, согласно своите надлежности, треба да изготват и да достават извештаи за работата на Клиниката, стои во соопштението од ЈО.
Се додава дека во дејствијата кои се преземаат во однос на наодите од ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија во врска со Клиниката за онкологија, јавното обвинителство ќе ги вклучи и ревизорите кои го изготвувале извештајот и ги констатирале состојбите. За пациенти од земјите кои се лекувале со одредени терапии во Македонија, како и за евентуални сознанија за илегална препродажба на лекови за третман на онколошки пациенти во тие земји, од Обвинителството велат дека ќе побараат податоци од надлежните органи во Косово и Албанија, користејќи ги каналите за меѓународна соработка и размена на информации.
Неформалната група пациенти од Клиниката за онкологија вчера до Основното јавно обвинителство Скопје достави список од тројца директни пациенти и еден близок сродник на пациент на Клиниката кои би биле вклучени и би добиле директен увид во сите докази прибрани во текот на постапката. Во текот на денешниот ден, јавните обвинители ќе ги контактираат тие лица за да ги повикаат во Обвинителството да потпишат изјави за тајност и да ја договорат динамиката на активностите, информираат оттаму.
Наводите за злоупотреба на терапијата за рак на Клиниката за онкологија предизвика низа реакции од сите страни. Надлежните уверуваат дека се прибираат докази и се истражуваат наводите за сторени кривични дела, а граѓаните и пациентите организираат протести пред Влада и пред Јавното обвинителство, барајќи одговорност.

The post Обвинителството обезбеди обемен доказен материјал за Онкологија, во тек се распити на 20 пациенти appeared first on Република.

]]>
Обвинителството постапува по три поднесените кривични пријави од австриската фирма АММА https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinitelstvoto-postapuva-po-tri-podnesenite-krivichni-prijavi-od-avstriskata-firma-amma/ Wed, 28 Jun 2023 13:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=656073

Основните јавни обвинителства во Гевгелија и Скопје, како и Вишото јавно обвинителство Скопје водат три посебни постапки, по поднесени кривични пријави од австриската фирма AMMA Import Export GmbH (AMMA), за кои во отворено писмо до медиумите вчера алармираше и австрискиот амбасадор, информираат денеска од Јавното обвинителство на Република  Македонија.

Иако во конкретниот случај во основа станува збор за граѓанско-правен однос меѓу правните субјекти, а нивните права се обезбедуваат во соодветни судски и други постапки, по поднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно, се вели во соопштението од ЈОРМ.

Од ЈОРМ, појаснуваат дека наведеното правно лице во 2021 година до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава за кривично дело – Измама и Злоупотреба на службена положба.

Надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи утврдил дека нема елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена, Австрија. По изјавената жалба на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство Скопје, информираат од ЈОРМ.

Во меѓувреме, истото правно лице поднесе пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело – Оштетување или повластување на доверители.

Пријавата е примена на 26.05.2023 година и надлежниот јавен обвинител веќе постапува, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења, велат од ЈОРМ.

До Основното јавно обвинителство Скопје, пак, истото правно лице на 23.06.2023 година поднесе кривична пријава против неименувани службени лица во Агенцијата за катастар за недвижности за Несовесно работење во службата, Фалсификување службена исправа и Компјутерски фалсификат.

Пријавата веќе е распоредена кај јавен обвинител, се проучува и се преземаат дејствија со цел да се испитаат наводите, да се обезбедат докази и да се идентификуваат евентуални сторители, се вели во соопштението од ЈОРМ.

Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.

The post Обвинителството постапува по три поднесените кривични пријави од австриската фирма АММА appeared first on Република.

]]>

Основните јавни обвинителства во Гевгелија и Скопје, како и Вишото јавно обвинителство Скопје водат три посебни постапки, по поднесени кривични пријави од австриската фирма AMMA Import Export GmbH (AMMA), за кои во отворено писмо до медиумите вчера алармираше и австрискиот амбасадор, информираат денеска од Јавното обвинителство на Република  Македонија. Иако во конкретниот случај во основа станува збор за граѓанско-правен однос меѓу правните субјекти, а нивните права се обезбедуваат во соодветни судски и други постапки, по поднесените кривични пријави се постапува исклучително ажурно, се вели во соопштението од ЈОРМ. Од ЈОРМ, појаснуваат дека наведеното правно лице во 2021 година до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава за кривично дело – Измама и Злоупотреба на службена положба. Надлежниот јавен обвинител, по проверка на сите наводи утврдил дека нема елементи на наведените кривични дела, туку елементи на граѓанско-правен однос за кој оштетените воделе постапка која е завршена пред Меѓународниот центар за арбитража во Виена, Австрија. По изјавената жалба на решението, предметот се наоѓа на постапување во Вишото јавно обвинителство Скопје, информираат од ЈОРМ. Во меѓувреме, истото правно лице поднесе пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за кривично дело – Оштетување или повластување на доверители. Пријавата е примена на 26.05.2023 година и надлежниот јавен обвинител веќе постапува, прибира докази, а по потреба ќе нареди и соодветни вештачења, велат од ЈОРМ. До Основното јавно обвинителство Скопје, пак, истото правно лице на 23.06.2023 година поднесе кривична пријава против неименувани службени лица во Агенцијата за катастар за недвижности за Несовесно работење во службата, Фалсификување службена исправа и Компјутерски фалсификат. Пријавата веќе е распоредена кај јавен обвинител, се проучува и се преземаат дејствија со цел да се испитаат наводите, да се обезбедат докази и да се идентификуваат евентуални сторители, се вели во соопштението од ЈОРМ. Австрискиот амбасадор Георг Вуцас, вчера во отворено писмо до медиумите насловено „Што ќе надвладее? Владеење на правотот и заштита на австриски инвестиции во Македонија или криминални договори за заробување на судството и правните службеници“ обвини дека фирмите ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробиле судството и службениците (извршителите и нотари) во случајот со австриската инвестиција во земјава на AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија и повика „да се отстранат сите неспособни и пристрасни судии и обвинителите во овие случаи“.

The post Обвинителството постапува по три поднесените кривични пријави од австриската фирма АММА appeared first on Република.

]]>
Ги тепала по телото и главата, децата од 4 и 5 години: Предложен притвор за мајката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gi-tepala-po-teloto-i-glavata-detsata-od-4-i-5-godini-predlozhen-pritvor-za-majkata/ Tue, 09 May 2023 19:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=639020

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди – хематоми.

Во конкретниот случај постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да се даде во бегство доколку биде пуштена да се брани од слобода. Со оглед на тоа што присуството на осомничената во оваа фаза oд кривичната постапка не може да се обезбеди со ниту една друга мерка за обезбедување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителството.

The post Ги тепала по телото и главата, децата од 4 и 5 години: Предложен притвор за мајката appeared first on Република.

]]>

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди – хематоми. Во конкретниот случај постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да се даде во бегство доколку биде пуштена да се брани од слобода. Со оглед на тоа што присуството на осомничената во оваа фаза oд кривичната постапка не може да се обезбеди со ниту една друга мерка за обезбедување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителството.

The post Ги тепала по телото и главата, децата од 4 и 5 години: Предложен притвор за мајката appeared first on Република.

]]>