основни училишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovni-uchilishta/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 11:59:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png основни училишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovni-uchilishta/ 32 32 Холандија ги забрани мобилните телефони и во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/holandija-gi-zabrani-mobilnite-telefoni-i-vo-osnovnite-uchilishta/ Mon, 02 Sep 2024 11:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=812301

Националната забрана за мобилни телефони во холандските училишта стапи на сила во понеделникот. На почетокот од оваа година мобилните телефони беа забранети во училниците во средните училишта, а сега со почетокот на новата учебна година оваа мерка е проширена и во основните училишта.

Министерството за образование во Хаг соопшти дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната способност за концентрирање, што има штетно влијание врз перформансите во учењето.

Телефоните сè уште можат да се користат на час доколку се неопходни за содржината на часот, на пример, кога се учи за медиумските вештини. Учениците можат да користат мобилни телефони и доколку е потребно поради здравствени причини, а училиштата се одговорни за спроведување на забраната на лице место.

И атмосферата се подобрува во училиштата каде мобилните телефони се забранети дури и за време на одморите, објави телевизискиот канал NOS.

„Паузите (меѓу часовите) се посоцијални затоа што учениците во крајна линија почесто да разговараат меѓу себе“, вели истражувачот Лоес Паувелс од Универзитетот Радбауд во Нијмеген.

Забраната на мобилни телефони во училиштата е тема на контроверзна дебата во Холандија. Но, во исто време, многу родители тврдеа дека децата од основно училиште воопшто не треба да имаат паметни телефони, токму поради ризикот од зависност од социјалните мрежи.

Грција и Италија ги забранија мобилните телефони во училниците, додека Германија веќе подолго време дебатира за таков потег.

Една неодамнешна студија на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) препорачува ограничена и одговорна употреба на мобилни телефони во училиштата.

 

The post Холандија ги забрани мобилните телефони и во основните училишта appeared first on Република.

]]>

Националната забрана за мобилни телефони во холандските училишта стапи на сила во понеделникот. На почетокот од оваа година мобилните телефони беа забранети во училниците во средните училишта, а сега со почетокот на новата учебна година оваа мерка е проширена и во основните училишта. Министерството за образование во Хаг соопшти дека мобилните телефони го одвлекуваат вниманието на учениците и ја намалуваат нивната способност за концентрирање, што има штетно влијание врз перформансите во учењето. Телефоните сè уште можат да се користат на час доколку се неопходни за содржината на часот, на пример, кога се учи за медиумските вештини. Учениците можат да користат мобилни телефони и доколку е потребно поради здравствени причини, а училиштата се одговорни за спроведување на забраната на лице место. И атмосферата се подобрува во училиштата каде мобилните телефони се забранети дури и за време на одморите, објави телевизискиот канал NOS. „Паузите (меѓу часовите) се посоцијални затоа што учениците во крајна линија почесто да разговараат меѓу себе“, вели истражувачот Лоес Паувелс од Универзитетот Радбауд во Нијмеген. Забраната на мобилни телефони во училиштата е тема на контроверзна дебата во Холандија. Но, во исто време, многу родители тврдеа дека децата од основно училиште воопшто не треба да имаат паметни телефони, токму поради ризикот од зависност од социјалните мрежи. Грција и Италија ги забранија мобилните телефони во училниците, додека Германија веќе подолго време дебатира за таков потег. Една неодамнешна студија на Организацијата за економска соработка и развој (OECD) препорачува ограничена и одговорна употреба на мобилни телефони во училиштата.  

The post Холандија ги забрани мобилните телефони и во основните училишта appeared first on Република.

]]>
Затворени кујните во четири основни училишта во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zatvoreni-kujnite-vo-chetiri-osnovni-uchilishta-vo-karposh-otkako-uchenitsi-se-zarazija-so-salmonela/ Wed, 08 Nov 2023 14:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=699582

Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош.

Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела.

https://republika.mk/zivot/zdravje/uchenitsi-od-tri-osnovni-uchilishta-vo-karopsh-se-zarazeni-so-salmonela/

Во ООУ "Војдан Чернодрински" од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 3 ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела. Во ООУ "Јан Амос Коменски" од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 1 ученик е потврдено дека има салмонела. Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение. Во ООУ "Владо Тасевски" има потврдени 5 случаи од 1 до 4 одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште, информираат од Општина Карпош.

Оттаму посочуваат дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден се земени брисеви од сите работни површини во сите основни училишта.

Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ Димо Хаџи Димов каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта, велат од Општина Карпош.

Резултатите се очекуваат најдоцна до сабота. с

 

The post Затворени кујните во четири основни училишта во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела appeared first on Република.

]]>

Кујните во три училишта, заедно со магацинскиот простор во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош се затворени откако се потврдени случаи на девет деца заразени со салмонела, информираат од Општина Карпош. Во ООУ „Војдан Чернодрински“ се заразени три ученици, во „Владо Тасевски“ пет, а во „Јан Амос Коменски“ има еден ученик заразен од салмонела. https://republika.mk/zivot/zdravje/uchenitsi-od-tri-osnovni-uchilishta-vo-karopsh-se-zarazeni-so-salmonela/
Во ООУ "Војдан Чернодрински" од 180 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 3 ученици од Центарот за јавно здравје има потврда дека имаат салмонела. Во ООУ "Јан Амос Коменски" од 350 ученици кои се хранат во училишната кујна (појадок и ручек), само кај 1 ученик е потврдено дека има салмонела. Во двете училишта станува збор за ученици од прво одделение. Во ООУ "Владо Тасевски" има потврдени 5 случаи од 1 до 4 одделение, од 350 деца кои примаат храна во училиште, информираат од Општина Карпош.
Оттаму посочуваат дека во петокот за појадок имало мекици без јајца, а за ручек спанаќ без месо со кисело млеко. Во текот на вчерашниот и денешниот ден се земени брисеви од сите работни површини во сите основни училишта.
Фирмата која врши снабдување со храна во сите основни училишта во Карпош сама побарала вонреден преглед. До добивањето на резултатите ќе бидат затворени кујните во овие три училишта, како и кујната во ООУ Димо Хаџи Димов каде што нема регистрирани случаи, но е сместен магацинот од каде се снабдуваат другите училишта, велат од Општина Карпош.
Резултатите се очекуваат најдоцна до сабота. с  

The post Затворени кујните во четири основни училишта во Карпош, откако ученици се заразија со салмонела appeared first on Република.

]]>
Ученици од три основни училишта во Карпош се заразени со салмонела https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/uchenitsi-od-tri-osnovni-uchilishta-vo-karopsh-se-zarazeni-so-salmonela/ Wed, 08 Nov 2023 14:07:09 +0000 https://republika.mk/?p=699563

Седум  ученици од три основни училишта во скопската Општина Каропш се заразени со салмонела, потврди за „Република“ д-р Лулзиме Бајрами, специјалист по епидемиологија  во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје.

Заразени се ученици од основните училишта „Владо Тасевски“, „Јан Амос Коменски“ и „Војдан Чернодрински“.

Екипата од ЦЈЗ е на терен, уште не се вратени од посетата на училиштата. Кога ќе ги добиеме сите информации, ќе ја информираме јавноста. Засега станува збор за шест ученици, ни рече д-р Бајрами.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Рената Младеновска ни изјави дека денеска се вршат вонредни инспекциски надзори во објектите кои се засегнати со конкретната состојба со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување“.

Салмонела е бактерија која се пренесува преку храна што содржи јајца, која е недоволно зготвена или направена од заразени прехранбени кондиторски производи чувани на несоодветна температура и средина.

Појавата на првите симптоми кај лица заразени со салмонела се појавуваат во период од 6 до 72 часа по консумирање на контаминирана храна. Најчести симптоми се стомачни грчеви, гадење, повраќање и дијареа, понекогаш и висока температура. Болеста трае од 4 до 7 дена, а понекогаш и подолго.

 

The post Ученици од три основни училишта во Карпош се заразени со салмонела appeared first on Република.

]]>

Седум  ученици од три основни училишта во скопската Општина Каропш се заразени со салмонела, потврди за „Република“ д-р Лулзиме Бајрами, специјалист по епидемиологија  во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје. Заразени се ученици од основните училишта „Владо Тасевски“, „Јан Амос Коменски“ и „Војдан Чернодрински“.
Екипата од ЦЈЗ е на терен, уште не се вратени од посетата на училиштата. Кога ќе ги добиеме сите информации, ќе ја информираме јавноста. Засега станува збор за шест ученици, ни рече д-р Бајрами.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) д-р Рената Младеновска ни изјави дека денеска се вршат вонредни инспекциски надзори во објектите кои се засегнати со конкретната состојба со цел надзор над санитарно хигиенската и епидемиолошката состојба во објектите, откривање на изворот на зараза и прекинување на синџирот на пренос на заразното заболување“. Салмонела е бактерија која се пренесува преку храна што содржи јајца, која е недоволно зготвена или направена од заразени прехранбени кондиторски производи чувани на несоодветна температура и средина. Појавата на првите симптоми кај лица заразени со салмонела се појавуваат во период од 6 до 72 часа по консумирање на контаминирана храна. Најчести симптоми се стомачни грчеви, гадење, повраќање и дијареа, понекогаш и висока температура. Болеста трае од 4 до 7 дена, а понекогаш и подолго.  

The post Ученици од три основни училишта во Карпош се заразени со салмонела appeared first on Република.

]]>
Химната ќе се интонира и во основните училишта во општина Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/himnata-ke-se-intonira-i-vo-osnovnite-uchilishta-vo-opshtina-karposh/ Wed, 01 Nov 2023 18:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=697197

На предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, советниците во скопската општина Карпош ја изгласаа одлуката за интонирање на химната на Република Македонија во основните училишта.

Претходно, ваква одлука донесоа и скопските општини Аеродром и Гази Баба, со цел кај децата од мали да им се развие љубовта кон татковината.

Химната се интонира секој понеделник, пред почетокот на наставата.

The post Химната ќе се интонира и во основните училишта во општина Карпош appeared first on Република.

]]>

На предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалцијата, советниците во скопската општина Карпош ја изгласаа одлуката за интонирање на химната на Република Македонија во основните училишта. Претходно, ваква одлука донесоа и скопските општини Аеродром и Гази Баба, со цел кај децата од мали да им се развие љубовта кон татковината. Химната се интонира секој понеделник, пред почетокот на наставата.

The post Химната ќе се интонира и во основните училишта во општина Карпош appeared first on Република.

]]>
Во основните училишта во Гази Баба од денеска наставата се следи без мобилни телефони https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-osnovnite-uchilishta-vo-gazi-baba-od-deneska-nastavata-se-sledi-bez-mobilni-telefoni/ Fri, 13 Oct 2023 12:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=690956

Од денеска во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони.

Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес, сметаат надлежните.

За таа цел, сите основни училишта набавиле специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница.

Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот.

 

The post Во основните училишта во Гази Баба од денеска наставата се следи без мобилни телефони appeared first on Република.

]]>

Од денеска во сите општински основни училишта на територија на општина Гази Баба се воспоставува настава без мобилни телефони.
Наставата без мобилни телефони ќе придонесе да се зголеми квалитетот на образовниот процес, сметаат надлежните.
За таа цел, сите основни училишта набавиле специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница. Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот.  

The post Во основните училишта во Гази Баба од денеска наставата се следи без мобилни телефони appeared first on Република.

]]>
Повторно дојави за бомби во основни училишта во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povtorno-dojavi-za-bombi-vo-osnovni-uchilishta-vo-belgrad/ Wed, 17 May 2023 08:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=641618

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми.

Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац.

Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо.

Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави.

 

The post Повторно дојави за бомби во основни училишта во Белград appeared first on Република.

]]>

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо. Српското МВР соопшти дека полицијата е на терен и ги проверува сите пријави.  

The post Повторно дојави за бомби во основни училишта во Белград appeared first on Република.

]]>
Денеска дојави за бомби во основни училишта во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-dojavi-za-bombi-vo-osnovni-uchilishta-vo-skopje/ Tue, 07 Feb 2023 12:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=605973

Нови дојави за бомби денеска се испратени до неколку основни училишта во Скопје.

Според информации на „Република“, дојави дека се поставени бомби има во „Димитар Миладинов“, Коле Неделковски“, „Киро Глигоров“ и „Гоце Делчев“ во Центар.

Во дел од училиштата, децата се веќе евакуирани и пуштени дома.

Наскоро се очекува и потврда од МВР во колку училишта и дали има информации и за други објекти каде денеска се пристигнати дојави за бомби.

Од почетокот на второто полугодие, ова е вторпат да има закани со бомби.

The post Денеска дојави за бомби во основни училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>

Нови дојави за бомби денеска се испратени до неколку основни училишта во Скопје. Според информации на „Република“, дојави дека се поставени бомби има во „Димитар Миладинов“, Коле Неделковски“, „Киро Глигоров“ и „Гоце Делчев“ во Центар. Во дел од училиштата, децата се веќе евакуирани и пуштени дома. Наскоро се очекува и потврда од МВР во колку училишта и дали има информации и за други објекти каде денеска се пристигнати дојави за бомби. Од почетокот на второто полугодие, ова е вторпат да има закани со бомби.

The post Денеска дојави за бомби во основни училишта во Скопје appeared first on Република.

]]>
Ќе се реконструираат основни училишта во Сарај, Дебар, Чаир, Вељуса, Јосифово, Чергане, Камење и Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-rekonstruiraat-osnovni-uchilishta-vo-saraj-debar-chair-veljusa-josifovo-chergane-kamenje-i-kumanovo/ Mon, 18 Jul 2022 12:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=530676

Министерството за образование и наука соопшти дека согласно планот, во период кој следи, ќе се реконструираат основните училишта „Дитурија“ во Сарај, „Братство единство“ (Пенестриа) во Дебар, „Јашар Беј“ во скопската општина Чаир, „Гоце Делчев" во струмичкото село Вељуса, „Страшо Пинџур“ во село Јосифово, Валандово, како и основното училиште „Перпарими “во гостиварско Чергане, основното училиште „Сабедин Бајрами“ село Камење во Боговиње и ООУ„11 октомври“ во Куманово.

 

The post Ќе се реконструираат основни училишта во Сарај, Дебар, Чаир, Вељуса, Јосифово, Чергане, Камење и Куманово appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука соопшти дека согласно планот, во период кој следи, ќе се реконструираат основните училишта „Дитурија“ во Сарај, „Братство единство“ (Пенестриа) во Дебар, „Јашар Беј“ во скопската општина Чаир, „Гоце Делчев" во струмичкото село Вељуса, „Страшо Пинџур“ во село Јосифово, Валандово, како и основното училиште „Перпарими “во гостиварско Чергане, основното училиште „Сабедин Бајрами“ село Камење во Боговиње и ООУ„11 октомври“ во Куманово.  

The post Ќе се реконструираат основни училишта во Сарај, Дебар, Чаир, Вељуса, Јосифово, Чергане, Камење и Куманово appeared first on Република.

]]>
Учениците во основните училишта ќе продолжат да носат маски, Владата не ја укина обврската https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenicite-vo-osnovnite-uchilishta-kje-prodolzat-da-nosat-maski-vladata-ne-ja-ukina-obvrskata/ Tue, 22 Mar 2022 20:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=476866

Учениците од основните училишта и во следниот период ќе мораат да носат заштитни маски за време на настава – Владата на денешната седница не ја донесе очекуваната одлука за укинување на оваа обврска, иако Комисијата за заразни болести пред повеќе од една недела тоа го препорача.

Од Владата велат дека во текот на денот немало состанок на Главниот координативен Кризен штаб, на кој треба да се разгледува овој предлог и доколку добие зелено светло, потоа да се најде на владина седница. Засега нема најава кога би можело да се случи тоа.

Комисијата за заразни болести препорача маските да не бидат задолжителни за децата од прво до деветто одделение, откако стана јасно дека состојбата со епидемијата стивнува, односно дека помина последниот бран на ковид-19.

Според официјалните бројки, во изминатата недела за 56 отсто е намален бројот на смртни случаи, а за 34 проценти има помалку хоспитализации.

The post Учениците во основните училишта ќе продолжат да носат маски, Владата не ја укина обврската appeared first on Република.

]]>

Учениците од основните училишта и во следниот период ќе мораат да носат заштитни маски за време на настава – Владата на денешната седница не ја донесе очекуваната одлука за укинување на оваа обврска, иако Комисијата за заразни болести пред повеќе од една недела тоа го препорача. Од Владата велат дека во текот на денот немало состанок на Главниот координативен Кризен штаб, на кој треба да се разгледува овој предлог и доколку добие зелено светло, потоа да се најде на владина седница. Засега нема најава кога би можело да се случи тоа. Комисијата за заразни болести препорача маските да не бидат задолжителни за децата од прво до деветто одделение, откако стана јасно дека состојбата со епидемијата стивнува, односно дека помина последниот бран на ковид-19. Според официјалните бројки, во изминатата недела за 56 отсто е намален бројот на смртни случаи, а за 34 проценти има помалку хоспитализации.

The post Учениците во основните училишта ќе продолжат да носат маски, Владата не ја укина обврската appeared first on Република.

]]>
Од утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-utre-pochnuva-skriningot-za-kovid-19-vo-osnovnite-uchilishta/ Thu, 17 Feb 2022 13:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=459902

Од утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта во Македонија. Обезбедени со тимови и здравствени работници, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, д- Злате Mехмедовиќ.

Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца кои се заразени со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна. Затоа утре ќе се почне со скринингот, а за таа цел, денеска родителите ќе добијат изјава за согласност, нивното дете да биде тестирано на Ковид-19.

Скринигот ќе се врши во училиштата, односно таму ќе се зема брис, нема да има потреба родителите да ги носат децата во здравствените домови.

Оние родители кои во текот на денешниот ден добиле изјава за согласаност дека се согласуваат децата да им бидат тестирани со брз тест, нивните деца ќе бидат тестирани во училиштата, рече претседателот на Комисијата д-р Александар Петличковски.

Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120.

The post Од утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта appeared first on Република.

]]>

Од утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта во Македонија. Обезбедени со тимови и здравствени работници, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, д- Злате Mехмедовиќ. Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца кои се заразени со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна. Затоа утре ќе се почне со скринингот, а за таа цел, денеска родителите ќе добијат изјава за согласност, нивното дете да биде тестирано на Ковид-19. Скринигот ќе се врши во училиштата, односно таму ќе се зема брис, нема да има потреба родителите да ги носат децата во здравствените домови.
Оние родители кои во текот на денешниот ден добиле изјава за согласаност дека се согласуваат децата да им бидат тестирани со брз тест, нивните деца ќе бидат тестирани во училиштата, рече претседателот на Комисијата д-р Александар Петличковски.
Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120.

The post Од утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта appeared first on Република.

]]>