основни производи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovni-proizvodi/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Oct 2022 19:54:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png основни производи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovni-proizvodi/ 32 32 Ковачевски од Прилеп: Со новите мерки цените на основните производи ќе се намалат за најмалку 10% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-od-prilep-so-novite-merki-cenite-na-osnovnite-proizvodi-kje-se-namalat-za-najmalku-10/ Fri, 28 Oct 2022 20:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=566994

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Прилеп рече дека власта не бега од предизвиците туку е посветена на нивно решавање, за, како што вели, да не страда народот и да не трпат компаниите.

Последната мерка на Владата која наскоро започнува со реализација е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. Според првичните проценки очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10%, рече Ковачевски.

Тој информира дека е максимилизирано производството на струја и веќе неколку денови ЕСМ произведува 100% од потребите домашни за струја.

Бидете спокојни, струја ќе има доволно и постојано за целиот период од кризата, но треба и секој од нас да покаже рационалност и да штеди. Уште во првите денови од мојот мандат ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно повеќе отколку минималната плата која во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше под 9.000 денари. По новата методологија пензиите за 6 месеци ги зголемивме за рекордни 10 отсто. Следното зголемување кое се очекува да изнесува повторно околу 6 отсто ќе се случи во март 2023 со што за една година ќе имаме вкупно покачување на пензиите за 16 отсто, рече тој.

Ковачевски кажа дека во овие четири месеци пред нас финансиски ќе бидат помогнати над 200.000 граѓани.

Пензионерите со пензии до 14.000 денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, ќе добиваат помеѓу 1.500 и 3.000 денари во следните четири месеци како помош да се справат со кризата. Сосема различен пристап од антидржавниот и деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кој гласи: кочење, блокади и фабрикување лаги и невистини, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски од Прилеп: Со новите мерки цените на основните производи ќе се намалат за најмалку 10% appeared first on Република.

]]>

Грција ги замрзнува цените на 50 основни производи по сите супермаркети https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-gi-zamrznuva-cenite-na-50-osnovni-proizvodi-po-site-supermarketi/ Thu, 27 Oct 2022 08:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=566169

Со поддршка од владејачката Нова демократија и опозициската ПАСОК- Движење на промена, грчкиот Парламент ја изгласа т.н. „кошничка за домаќинствата” за супермаркетите, односно групата од 50 основни производи, чии цени ќе треба или да останат исти или да има минимални покачувања.

Конкретниот амандман беше доставен од Министерството за развој и инвестиции на Грција, а предвидува маркетите со годишен профит од над 90 милиони евра, задолжително, до надлежното Министерство да испраќаат листа со производи за широка потрошувачка („кошничка за домаќинствата”), кои се неопходни за пристоен живот и обврзани се да биде вклучен најмалку еден производ од секоја категорија, чија цена ќе биде прифатлива и пониска во споредба со останатите производи од истата категорија.

Во случај да не се испрати листата со производи, предвидена е парична казна за супермаркетите во висина од 5.000 евра дневно, за секој задоцнет ден.

За помалите маркети, „кошничката за домаќинствата” не е задолжителна, туку е произволна.

Конкретната одлука ќе биде во сила до 31 март 2023 година, категориите производи ќе ги одреди Министерството за развој и инвестиции, а во следните денови ќе биде објавена министерска одлука со сите детали.

Според грчките медиуми, се очекува следната седмица кошничката за домаќинствата да биде и официјално воведена во маркетите, ќе содржи 30 категории со 50 производи меѓу кои: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко, јогурт, сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата да се задржат на што е можно пониско ниво.

The post Грција ги замрзнува цените на 50 основни производи по сите супермаркети appeared first on Република.

]]>

Со поддршка од владејачката Нова демократија и опозициската ПАСОК- Движење на промена, грчкиот Парламент ја изгласа т.н. „кошничка за домаќинствата” за супермаркетите, односно групата од 50 основни производи, чии цени ќе треба или да останат исти или да има минимални покачувања. Конкретниот амандман беше доставен од Министерството за развој и инвестиции на Грција, а предвидува маркетите со годишен профит од над 90 милиони евра, задолжително, до надлежното Министерство да испраќаат листа со производи за широка потрошувачка („кошничка за домаќинствата”), кои се неопходни за пристоен живот и обврзани се да биде вклучен најмалку еден производ од секоја категорија, чија цена ќе биде прифатлива и пониска во споредба со останатите производи од истата категорија. Во случај да не се испрати листата со производи, предвидена е парична казна за супермаркетите во висина од 5.000 евра дневно, за секој задоцнет ден. За помалите маркети, „кошничката за домаќинствата” не е задолжителна, туку е произволна. Конкретната одлука ќе биде во сила до 31 март 2023 година, категориите производи ќе ги одреди Министерството за развој и инвестиции, а во следните денови ќе биде објавена министерска одлука со сите детали. Според грчките медиуми, се очекува следната седмица кошничката за домаќинствата да биде и официјално воведена во маркетите, ќе содржи 30 категории со 50 производи меѓу кои: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко, јогурт, сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата да се задржат на што е можно пониско ниво.

The post Грција ги замрзнува цените на 50 основни производи по сите супермаркети appeared first on Република.

]]>