основни и средни училишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovni-i-sredni-uchilishta/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 08:26:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png основни и средни училишта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovni-i-sredni-uchilishta/ 32 32 700 професионалци за ментално здравје од сите основни и средни училишта обучени за новата Програма за психосоцијална помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/700-profesionaltsi-za-mentalno-zdravje-od-site-osnovni-i-sredni-uchilishta-obucheni-za-novata-programa-za-psihosotsijalna-pomosh/ Fri, 12 May 2023 08:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=640017

Околу 700 стручни соработници, професионалци за ментално здравје од сите основни и средни училишта во текот на 2022 и 2023 година биле обучени за новата Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Од МОН велат дека истите се дел од заедниците за размена и колегијална поддршка.

Оваа мрежа на стручни соработници, всушност ќе преземе водечка улога на ниво на училиште во спроведување на активностите за унапредување на социо-емоционални компетенции и зајакнување на психолошката отпорност кај учениците и возрасните, додаваат од МОН.

За спречување на сите форми на насилно однесување, обуки за стручните служби во сите основни и средни училишта, како и подобрување на здравјето и добросостојбата на учениците, се разговараше на работна средба помеѓу претставници од МОН, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието со тим од професионалци и експерти за ментално здравје.

Резултат од средбата на која присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани е постигнатата согласност за заедничка координација и искористување на расположливите ресурси во облик на прирачници и обучен кадар при креирање на краткорочни и среднорочни активности за враќање на довербата и чувството на безбедност во училиштата.

Шаќири ги информираше присутните дека МОН спроведува активности за поттикнување на отворен разговор и вклучување на што повеќе чинители кои ќе дадат придонес во креиањето позитивна клима во училиштата. Тој изрази благодарност до УНИЦЕФ за досегашното партнерство и за поддршката која ќе следи во наредниот период, а особено за учеството во спроведување на обуките за стручните служби во сите училишта, за родителите и учениците, сè со единствена цел учениците и вработените во училиштата да се чувствуваат сигурни и безбедни во образовните институции.

 

The post 700 професионалци за ментално здравје од сите основни и средни училишта обучени за новата Програма за психосоцијална помош appeared first on Република.

]]>

Околу 700 стручни соработници, професионалци за ментално здравје од сите основни и средни училишта во текот на 2022 и 2023 година биле обучени за новата Програма за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Од МОН велат дека истите се дел од заедниците за размена и колегијална поддршка.
Оваа мрежа на стручни соработници, всушност ќе преземе водечка улога на ниво на училиште во спроведување на активностите за унапредување на социо-емоционални компетенции и зајакнување на психолошката отпорност кај учениците и возрасните, додаваат од МОН.
За спречување на сите форми на насилно однесување, обуки за стручните служби во сите основни и средни училишта, како и подобрување на здравјето и добросостојбата на учениците, се разговараше на работна средба помеѓу претставници од МОН, УНИЦЕФ и Бирото за развој на образованието со тим од професионалци и експерти за ментално здравје. Резултат од средбата на која присуствуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Патриција ДиЏовани е постигнатата согласност за заедничка координација и искористување на расположливите ресурси во облик на прирачници и обучен кадар при креирање на краткорочни и среднорочни активности за враќање на довербата и чувството на безбедност во училиштата. Шаќири ги информираше присутните дека МОН спроведува активности за поттикнување на отворен разговор и вклучување на што повеќе чинители кои ќе дадат придонес во креиањето позитивна клима во училиштата. Тој изрази благодарност до УНИЦЕФ за досегашното партнерство и за поддршката која ќе следи во наредниот период, а особено за учеството во спроведување на обуките за стручните служби во сите училишта, за родителите и учениците, сè со единствена цел учениците и вработените во училиштата да се чувствуваат сигурни и безбедни во образовните институции.  

The post 700 професионалци за ментално здравје од сите основни и средни училишта обучени за новата Програма за психосоцијална помош appeared first on Република.

]]>