основна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovna/ За подобро да се разбереме Wed, 11 May 2022 11:32:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png основна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osnovna/ 32 32 Зголемена основната каматна стапка! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemena-osnovnata-kamatna-stapka/ Wed, 11 May 2022 11:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=500999

Народната банка изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени за основната каматна стапка и таа сега е на ниво од 1,75 проценти.

Оттаму информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.

Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања. Оттука е и потребата од монетарна реакција, и покрај надолните ризици за економскиот раст и за домашната побарувачка, се вели во соопштението.

Според централната банка годинава инфлацијата ќе биде повисока од очекувањата според последните проекции.

Главните фактори за поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, пред сѐ цените на храната и енергијата, поради растот на цените на примарните производи на светските берзи. Овие преносни ефекти се видливи особено кај економиите како нашата, каде што голем дел од потрошувачката е увозна и каде што учеството на храната и енергијата во потрошувачката кошничка е високо. Имајќи предвид дека храната и енергијата се влезна компонента кај повеќе други производи и услуги, растот на цените станува пошироко распространет. Оттука, поголема динамика се забележува и кај движењето на базичната инфлација. Тековните оцени и натаму упатуваат на отсуство на поизразени притисоци од побарувачката врз цените, а со воениот конфликт во Украина се нагласуваат надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период. Сепак, неопходни се претпазливи домашни политики коишто нема да предизвикаат дополнителни притисоци и од страната на потрошувачкат,  – појаснуваат од Народната банка.

Девизните резерви се во сигурна зона и девизниот пазар е стабилен.

The post Зголемена основната каматна стапка! appeared first on Република.

]]>

Народната банка изврши дополнително зголемување за 0,25 процентни поени за основната каматна стапка и таа сега е на ниво од 1,75 проценти. Оттаму информираат дека при донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.