ослободување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osloboduvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jan 2024 17:23:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ослободување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osloboduvanje/ 32 32 Русија одбележа 80 години од ослободувањето на Ленинград https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-odbelezha-80-godini-od-osloboduvaneto-na-leningrad/ Sat, 27 Jan 2024 17:23:28 +0000 https://republika.mk/?p=737563

Во Санкт Петербург денеска се одбележуваат 80 години од целосното ослободување на градот, кој тогаш се викаше Ленинград, од нацистичката блокада за време на Втората светска војна.

Претседателката на Советот на Руската Федерација Валентина Матвиенко положи венец на споменикот на Татковината на Меморијалните гробишта Пискаревско во Санкт Петербург.

Учесниците на церемонијата им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење и положија венци и цвеќе.

Меморијалните гробишта Пискаревское се едно од местата на масовните гробници на жртвите од опсадата на Ленинград и војниците на Ленинградскиот фронт.

Почит искажа и рускиот претседател Владимир Путин. За време на неговата посета на меморијалниот комплекс, Путин положи цвеќе на масовната гробница каде што е погребан неговиот брат, кој починал како дете за време на опсадата. Оставајќи букет црвени рози, клекна и останал на гробот некое време, пренесуваат локалните медиуми.

Опсадата на Ленинград, која започна на 8 септември 1941 година, траеше речиси 900 дена, а беше пробиена на 18 јануари 1943 година, но граѓаните мораа да чекаат уште една година за да биде целосно укината на 27 јануари 1944 година.

За време на опсадата на Ленинград починаа најмалку 1.093.842 луѓе. ссм/

 

The post Русија одбележа 80 години од ослободувањето на Ленинград appeared first on Република.

]]>

Во Санкт Петербург денеска се одбележуваат 80 години од целосното ослободување на градот, кој тогаш се викаше Ленинград, од нацистичката блокада за време на Втората светска војна. Претседателката на Советот на Руската Федерација Валентина Матвиенко положи венец на споменикот на Татковината на Меморијалните гробишта Пискаревско во Санкт Петербург. Учесниците на церемонијата им оддадоа почит на жртвите со едноминутно молчење и положија венци и цвеќе. Меморијалните гробишта Пискаревское се едно од местата на масовните гробници на жртвите од опсадата на Ленинград и војниците на Ленинградскиот фронт. Почит искажа и рускиот претседател Владимир Путин. За време на неговата посета на меморијалниот комплекс, Путин положи цвеќе на масовната гробница каде што е погребан неговиот брат, кој починал како дете за време на опсадата. Оставајќи букет црвени рози, клекна и останал на гробот некое време, пренесуваат локалните медиуми. Опсадата на Ленинград, која започна на 8 септември 1941 година, траеше речиси 900 дена, а беше пробиена на 18 јануари 1943 година, но граѓаните мораа да чекаат уште една година за да биде целосно укината на 27 јануари 1944 година. За време на опсадата на Ленинград починаа најмалку 1.093.842 луѓе. ссм/  

The post Русија одбележа 80 години од ослободувањето на Ленинград appeared first on Република.

]]>
Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-go-odbelezuva-13-noemvri-denot-na-osloboduvanjeto/ Sun, 13 Nov 2022 07:33:35 +0000 https://republika.mk/?p=573174

Со положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и со културни и спортски манифестации, денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел” и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата.

Детскиот културен центар „Карпош” и година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022″, на која учествуваат децата од предучилишните установи.

Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.

Годинава манифестацијата ќе се одржи во виртуелно издание, од 12:00 часот на фејсбук страната и на You Tube каналот на центарот на следниот линк https://www.facebook.com/dkckarposhhttps://www.youtube.com/watch?v=4MgqgL6Oz1U

По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје” и на нивниот Фејсбук.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.

По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер”, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

The post Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето appeared first on Република.

]]>

Со положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје и на Партизанските гробишта во Бутел, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и со културни и спортски манифестации, денеска ќе се одбележи 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје. Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел” и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата. Детскиот културен центар „Карпош” и година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022″, на која учествуваат децата од предучилишните установи. Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје. Годинава манифестацијата ќе се одржи во виртуелно издание, од 12:00 часот на фејсбук страната и на You Tube каналот на центарот на следниот линк https://www.facebook.com/dkckarposhhttps://www.youtube.com/watch?v=4MgqgL6Oz1U По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје” и на нивниот Фејсбук. На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер”, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

The post Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето appeared first on Република.

]]>