Оскари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oskari/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 09:16:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оскари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oskari/ 32 32 „Очигледно многу работи се случувале на таа почва“: На Глен Клоуз „Пред дождот“ никако не ѝ излегува од мислите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ochigledno-mnogu-raboti-se-sluchuvale-na-taa-pochva-na-glen-klouz-pred-dozhdot-nikako-ne-izleguva-od-mislite/ Tue, 12 Mar 2024 09:16:28 +0000 https://republika.mk/?p=753916

Холивудската актерка Глен Клоуз го избра филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во промотивно видео пред оскаровската церемонија во кое на филмски уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја. Во 1.51 минута од видеото Клоуз го избира токму македонскиот филм, кој беше номиниран за „Оскар“ за странски филм во 1994.

https://youtu.be/qaqBJjgE8ts?si=vkhSX_OY92OkHwU6

Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите, вели Клоуз.

Филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако излезе во 1994 година.

The post „Очигледно многу работи се случувале на таа почва“: На Глен Клоуз „Пред дождот“ никако не ѝ излегува од мислите appeared first on Република.

]]>

Холивудската актерка Глен Клоуз го избра филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во промотивно видео пред оскаровската церемонија во кое на филмски уметници им се поставува прашањето кој филм ги инспирирал да посакаат да патуваат во некоја земја. Во 1.51 минута од видеото Клоуз го избира токму македонскиот филм, кој беше номиниран за „Оскар“ за странски филм во 1994. https://youtu.be/qaqBJjgE8ts?si=vkhSX_OY92OkHwU6
Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стар и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите, вели Клоуз.
Филмот „Пред дождот“ годинава одбележува 30 години откако излезе во 1994 година.

The post „Очигледно многу работи се случувале на таа почва“: На Глен Клоуз „Пред дождот“ никако не ѝ излегува од мислите appeared first on Република.

]]>
Очекувано „Опенхајмер“ триумфираше и на „Оскарите“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ochekuvano-openhajmer-triumfirashe-i-na-oskarite/ Mon, 11 Mar 2024 08:04:33 +0000 https://republika.mk/?p=753488

Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Опенхајмер“ (Oppenheimer) триумфираше со седум освоени одличија, од вкупно 13 номинации. Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел.

„Опенхајмер“, на годинашното, 96-то доделување „Оскари“, ги доби признанијата за најдобар филм, машка главна улога (Килијан Марфи), машка споредна улога (Роберт Дауни Џуниор), режисер (Кристофер Нолан), како и најдобра кинематографија, монтажа и филмска музика.

Вредните статуетки за главна и споредна женска улога отидоа, соодветно - кај Ема Стоун (за филмот „Бедни суштества“) и Дејвин Џој Рендолф („Останатите“). „Бедни суштества“ ги освои и трите „Оскари“ за продукциски дизајн, шминка и фризура и за костимографија.

Најдобро оригинално сценарио, според Академијата, е она за „Анатомија на падот“ на француската режисерка-сценаристка Жустин Трије. Најдобро адаптирано сценарио има филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон.

„Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби „Зона на интерес“ (The Zone of Interest) продуциран во Обединетото Кралство и Полска. Ова остварување ја освои и наградата за звук.

Одличјето за најдобри визуелни ефекти го доби филмот „Годзила минус еден“ од Јапонија.

Најдобра филмска песна е „What Was I Made For?“ на Били Ајлиш од филмот „Барби“.

 

Најдобар цртан филм, според американската Академија, е јапонскиот „Момчето и Херон“. Најдобар краток филм е „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“. За најдобар анимиран краток филм е прогласен „Војната е завршена“.

Најградата за документарен филм му припадна на режисерот Мстислав Чернов за „20 дена во Мариопољ“. Најдобар краток документарец е „Последниот дуќан за поправки“ на Бен Праудфут и Крис Бауерс.

The post Очекувано „Опенхајмер“ триумфираше и на „Оскарите“ appeared first on Република.

]]>

Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели „Оскарите“ на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот „Опенхајмер“ (Oppenheimer) триумфираше со седум освоени одличија, од вкупно 13 номинации. Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел. „Опенхајмер“, на годинашното, 96-то доделување „Оскари“, ги доби признанијата за најдобар филм, машка главна улога (Килијан Марфи), машка споредна улога (Роберт Дауни Џуниор), режисер (Кристофер Нолан), како и најдобра кинематографија, монтажа и филмска музика. Вредните статуетки за главна и споредна женска улога отидоа, соодветно - кај Ема Стоун (за филмот „Бедни суштества“) и Дејвин Џој Рендолф („Останатите“). „Бедни суштества“ ги освои и трите „Оскари“ за продукциски дизајн, шминка и фризура и за костимографија. Најдобро оригинално сценарио, според Академијата, е она за „Анатомија на падот“ на француската режисерка-сценаристка Жустин Трије. Најдобро адаптирано сценарио има филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон. „Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби „Зона на интерес“ (The Zone of Interest) продуциран во Обединетото Кралство и Полска. Ова остварување ја освои и наградата за звук. Одличјето за најдобри визуелни ефекти го доби филмот „Годзила минус еден“ од Јапонија. Најдобра филмска песна е „What Was I Made For?“ на Били Ајлиш од филмот „Барби“.   Најдобар цртан филм, според американската Академија, е јапонскиот „Момчето и Херон“. Најдобар краток филм е „Прекрасната приказна за Хенри Шугар“. За најдобар анимиран краток филм е прогласен „Војната е завршена“. Најградата за документарен филм му припадна на режисерот Мстислав Чернов за „20 дена во Мариопољ“. Најдобар краток документарец е „Последниот дуќан за поправки“ на Бен Праудфут и Крис Бауерс.

The post Очекувано „Опенхајмер“ триумфираше и на „Оскарите“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва ќе се одржи 96. доделување на Оскарите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vecherva-ke-se-odrzhi-96-dodeluvane-na-oskarite/ Sun, 10 Mar 2024 10:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=753256

Девеесет и шестото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки ќе се одржи вечерва во театарот Долби во Холивуд. Водител на шоуто ќе биде Џими Кимел.

Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе почне во 23:30, а на полноќ почнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3:30 наутро.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има осум номинации.

Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.

Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.

Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди.

Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.

The post Вечерва ќе се одржи 96. доделување на Оскарите appeared first on Република.

]]>

Девеесет и шестото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки ќе се одржи вечерва во театарот Долби во Холивуд. Водител на шоуто ќе биде Џими Кимел. Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе почне во 23:30, а на полноќ почнува 96-та Оскаровска церемонија и ќе трае до 3:30 наутро. Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации. Филмот „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има осум номинации. Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“, „Барби“, „Останатите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“. Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун. Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди. Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.

The post Вечерва ќе се одржи 96. доделување на Оскарите appeared first on Република.

]]>
96. Оскари утревечер на МТВ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/96-oskari-utrevecher-na-mtv/ Sat, 09 Mar 2024 12:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=752972

Утревечер, недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија  ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната  награда на Академијата за филмски уметности и науки.

Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел.

Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија  и ќе трае до 3.30. наутро.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации.  Филмот  „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има 8 номинации.

Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“,  „Барби“, „Останатите“,  „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.

Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.

Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди. 

Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.

Во вторник, 12 март од 21 ч. ќе се емитува скратена двочасовна снимка на Македонската Телевизија. 

The post 96. Оскари утревечер на МТВ appeared first on Република.

]]>

Утревечер, недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија  ќе се емитува преносот од 96-тото доделување на Оскарите, престижната  награда на Академијата за филмски уметности и науки.

Водител на шоуто во театарот Долби во Холивуд ќе биде Џими Кимел.

Доаѓањето на ѕвездите на Црвениот тепих ќе започне во 23.30, а на полноќ започнува 96-та Оскаровска церемонија  и ќе трае до 3.30. наутро.

Филмот на Кристофер Нолан, „Опенхајмер“ води со 13 номинации, а „Кутри суштества“ на Јоргос Лантимос има 11 номинации.  Филмот  „Убиства на цветната месечина“ доби 10 номинации, а „Барби“ има 8 номинации.

Во категоријата за најдобар филм номинирани се: „Американска фикција“,„Анатомија на падот“,  „Барби“, „Останатите“,  „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минати животи“, „Кутри суштества“ и „Зона на интерес“.

Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џиамати, Килијан Марфи и Џефри Рајт се номинирани за најдобар актер, а за најдобра актерка номинирани се Анет Бенинг, Лили Гледстон, Сандра Хулер, Кери Малиган и Ема Стоун.

Како презентери ќе се појават Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди. 

Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи се меѓу изведувачите на номинираните филмски песни кои ќе бидат изведени на Оскаровската сцена.

Во вторник, 12 март од 21 ч. ќе се емитува скратена двочасовна снимка на Македонската Телевизија. 

The post 96. Оскари утревечер на МТВ appeared first on Република.

]]>
Од 2026 година се воведува нова категорија на Оскарите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/od-2026-godina-se-voveduva-nova-kategorija-na-oskarite/ Sat, 10 Feb 2024 17:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=742591

Нов Оскар за најдобар кастинг ќе биде воведен од 2026 година, објави Академијата за филмски уметности и науки, која ги организира Оскарите.

Извршните директори на Академијата, Бил Крамер и Џенет Јанг, рекоа во соопштението дека кастинг директорите „играат суштинска улога во снимањето на филмовите“.

„Како што Академијата се развива, ние сме горди што додаваме кастинг во дисциплините што ги препознаваме и славиме“, порачале тие.

Оскарот за најдобар кастинг ќе биде првата нова натпреварувачка категорија од 2002 година, кога беше воведена наградата за најдобар анимиран филм, потсетува Би-Би-Си.

Оскарите годинава, чиј водител е американскиот водител Џими Кимел, ќе се одржи во Лос Анџелес на 10 март.

 

The post Од 2026 година се воведува нова категорија на Оскарите appeared first on Република.

]]>

Нов Оскар за најдобар кастинг ќе биде воведен од 2026 година, објави Академијата за филмски уметности и науки, која ги организира Оскарите. Извршните директори на Академијата, Бил Крамер и Џенет Јанг, рекоа во соопштението дека кастинг директорите „играат суштинска улога во снимањето на филмовите“.
„Како што Академијата се развива, ние сме горди што додаваме кастинг во дисциплините што ги препознаваме и славиме“, порачале тие.
Оскарот за најдобар кастинг ќе биде првата нова натпреварувачка категорија од 2002 година, кога беше воведена наградата за најдобар анимиран филм, потсетува Би-Би-Си. Оскарите годинава, чиј водител е американскиот водител Џими Кимел, ќе се одржи во Лос Анџелес на 10 март.  

The post Од 2026 година се воведува нова категорија на Оскарите appeared first on Република.

]]>
Џими Кимел четврти пат водител на „Оскарите“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dhimi-kimel-chetvrti-pat-voditel-na-oskarite/ Thu, 16 Nov 2023 09:47:06 +0000 https://republika.mk/?p=702088

 Комичарот Џими Кимел четврти пат ќе биде домаќин на Доделеувањето „Оскари“, објавија вчера организаторите на најпрестижната свеченост во Холивуд.

- Отсекогаш сум сонувал четири пати да бидам домаќин на „Оскарите“!, се пошегува 56-годишниот американски глумец и водител на „Шоуто на Џими Кимел“.

Тој беше водител во 2017., 2018. и оваа 2023 година. Следното, 96-то доделување ќе се одржи на 10 март 2024 година.

„Џими се етаблира како еден од најголемите водители на 'Оскарите' на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор“, изјавија извршните продуценти на годишната манифестација, Раџ Капур и Кети Мулан, поздравувајќи ја веста.

Оскарите веќе неколку години имаат ниска гледаност, а еден од начините да се врати преносот „во златното доба“, кога го гледаа 50 милиони гледачи - е лице како Кимел, сметаат одговорните.

Овојпат доделувањето на престижната филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечниот застој поради штрајкот на сценаристите и глумците. Овој штрајк, каков што не е забележан од 1960 година, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и филмските работници, потпалени и од стрим-услугите, како и од новостите со вештачката интелигенција во индустријата.

The post Џими Кимел четврти пат водител на „Оскарите“ appeared first on Република.

]]>

 Комичарот Џими Кимел четврти пат ќе биде домаќин на Доделеувањето „Оскари“, објавија вчера организаторите на најпрестижната свеченост во Холивуд. - Отсекогаш сум сонувал четири пати да бидам домаќин на „Оскарите“!, се пошегува 56-годишниот американски глумец и водител на „Шоуто на Џими Кимел“. Тој беше водител во 2017., 2018. и оваа 2023 година. Следното, 96-то доделување ќе се одржи на 10 март 2024 година. „Џими се етаблира како еден од најголемите водители на 'Оскарите' на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор“, изјавија извршните продуценти на годишната манифестација, Раџ Капур и Кети Мулан, поздравувајќи ја веста. Оскарите веќе неколку години имаат ниска гледаност, а еден од начините да се врати преносот „во златното доба“, кога го гледаа 50 милиони гледачи - е лице како Кимел, сметаат одговорните. Овојпат доделувањето на престижната филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечниот застој поради штрајкот на сценаристите и глумците. Овој штрајк, каков што не е забележан од 1960 година, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и филмските работници, потпалени и од стрим-услугите, како и од новостите со вештачката интелигенција во индустријата.

The post Џими Кимел четврти пат водител на „Оскарите“ appeared first on Република.

]]>
Најемотивниот настап на Оскарите: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди https://arhiva3.republika.mk/scena/film/najemotivniot-nastap-na-oskarite-dhon-travolta-niz-solzi-najavi-pesna-posvetena-na-pochinatite-zvezdi/ Mon, 13 Mar 2023 10:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=619060

Лени Кравиц имаше емотивен настап за време на сегментот „In Memoriam“ на 95-тото доделување на Оскарите во чест на ѕвездите кои починаа во изминатата година.

Настапот го најави Џон Траволта, кој се обиде да ги задржи солзите.

Но, во тоа не успеа, па низ солзи го најави Лени Кравиц, а особено го растажи споменот на Оливија Њутн-Џон, неговата колешка од „Брилијантин“.

The post Најемотивниот настап на Оскарите: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди appeared first on Република.

]]>

Лени Кравиц имаше емотивен настап за време на сегментот „In Memoriam“ на 95-тото доделување на Оскарите во чест на ѕвездите кои починаа во изминатата година. Настапот го најави Џон Траволта, кој се обиде да ги задржи солзите. Но, во тоа не успеа, па низ солзи го најави Лени Кравиц, а особено го растажи споменот на Оливија Њутн-Џон, неговата колешка од „Брилијантин“.

The post Најемотивниот настап на Оскарите: Џон Траволта низ солзи најави песна посветена на починатите ѕвезди appeared first on Република.

]]>
Џими Кимел повторно ќе биде домаќин на доделувањето на „Оскарите“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dzimi-kimel-povtorno-kje-bide-domakjin-na-dodeluvanjeto-na-oskarite/ Tue, 08 Nov 2022 09:22:53 +0000 https://republika.mk/?p=571292

Џими Кимел повторно ќе биде домаќин на доделувањето на „Оскарите“ следната 2023 година, објавија организаторите вчера.

Американската Академија за филмски уметности и науки се надева дека Кимел, познатиот американски комичар и водител, кој беше домаќин на „Оскарите“ во 2017 и 2018 година, ќе помогне да се зголеми гледаноста на ТВ-настанот, по испадот на Вил Смит и шлаканицата врз Крис Рок годинава. Прикажувањето на престижното доделување годинава на мрежата „Еј-би-си Волт Дизни“, ја забележа втората најниска гледаност во неговата историја, а остана обележана токму по неславната шлаканица.

Џими е совршен домаќин кој ќе ни помогне да препознаеме неверојатни уметници и филмови на следното 95-то доделување на Оскарите. Љубовта кон филмовите, стручноста за ТВ-пренос во живо и способноста за поврзување со публиката ќе создадат незаборавно искуство за милиони наши гледачи ширум светот“, велат во соопштението директорот на Академијата, Бил Крејмер и претседателката Џенет Јанг.

Свеченоста на доделувањето ќе се одржи на 12 март во „Долби театарот“ во Лос Анџелес, САД.

Да се ​​биде поканет да биде домаќин на Оскарите по третпат е или голема чест или стапица… Во секој случај, ѝ благодарам на Академијата што ми го постави прашањето толку брзо откако сите добри момци рекоа „не“!, изјави Кимел.

Смит, кој доби „Оскар“ за најдобра машка улога за „Кралот Ричард“, јавно му се извини на Рок помалку од еден час по инцидентот со комичарот. Нему му беше забрането да присуствува на „Оскарите“ 10 години, но сепак има право да биде номиниран и да добие одличје.

The post Џими Кимел повторно ќе биде домаќин на доделувањето на „Оскарите“ appeared first on Република.

]]>

Џими Кимел повторно ќе биде домаќин на доделувањето на „Оскарите“ следната 2023 година, објавија организаторите вчера. Американската Академија за филмски уметности и науки се надева дека Кимел, познатиот американски комичар и водител, кој беше домаќин на „Оскарите“ во 2017 и 2018 година, ќе помогне да се зголеми гледаноста на ТВ-настанот, по испадот на Вил Смит и шлаканицата врз Крис Рок годинава. Прикажувањето на престижното доделување годинава на мрежата „Еј-би-си Волт Дизни“, ја забележа втората најниска гледаност во неговата историја, а остана обележана токму по неславната шлаканица.
Џими е совршен домаќин кој ќе ни помогне да препознаеме неверојатни уметници и филмови на следното 95-то доделување на Оскарите. Љубовта кон филмовите, стручноста за ТВ-пренос во живо и способноста за поврзување со публиката ќе создадат незаборавно искуство за милиони наши гледачи ширум светот“, велат во соопштението директорот на Академијата, Бил Крејмер и претседателката Џенет Јанг.
Свеченоста на доделувањето ќе се одржи на 12 март во „Долби театарот“ во Лос Анџелес, САД.
Да се ​​биде поканет да биде домаќин на Оскарите по третпат е или голема чест или стапица… Во секој случај, ѝ благодарам на Академијата што ми го постави прашањето толку брзо откако сите добри момци рекоа „не“!, изјави Кимел.
Смит, кој доби „Оскар“ за најдобра машка улога за „Кралот Ричард“, јавно му се извини на Рок помалку од еден час по инцидентот со комичарот. Нему му беше забрането да присуствува на „Оскарите“ 10 години, но сепак има право да биде номиниран и да добие одличје.

The post Џими Кимел повторно ќе биде домаќин на доделувањето на „Оскарите“ appeared first on Република.

]]>
Во Украина доделени „Оскари“ за најдобри видеа од војната https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vo-ukraina-dodeleni-oskari-za-najdobri-videa-od-vojnata/ Mon, 11 Apr 2022 09:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=486626

Украина разурната од војна ги доби своите Оскари. Нивната церемонија беше вешто монтирана од Министерството за одбрана во форма на пропагандни филмови неодамна објавени на Твитер, во кои тие ги прикажуваат славните моменти од нивната борба против Русите.
Наместо актери, режисери и други филмаџии, беспилотни летала, трактори и проектили се победници во оваа верзија на Оскарите.

Во најочекуваната и најнеизвесната категорија, победник беше филмот „Руски воени бродови“, се е… во Бердјанск. Тоа е видео кое го прикажува уништувањето на рускиот десантен брод Саратов, при што вон употреба биле ставени 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 војници на него.

The post Во Украина доделени „Оскари“ за најдобри видеа од војната appeared first on Република.

]]>

Украина разурната од војна ги доби своите Оскари. Нивната церемонија беше вешто монтирана од Министерството за одбрана во форма на пропагандни филмови неодамна објавени на Твитер, во кои тие ги прикажуваат славните моменти од нивната борба против Русите. Наместо актери, режисери и други филмаџии, беспилотни летала, трактори и проектили се победници во оваа верзија на Оскарите. Во најочекуваната и најнеизвесната категорија, победник беше филмот „Руски воени бродови“, се е… во Бердјанск. Тоа е видео кое го прикажува уништувањето на рускиот десантен брод Саратов, при што вон употреба биле ставени 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 војници на него.

The post Во Украина доделени „Оскари“ за најдобри видеа од војната appeared first on Република.

]]>
Холивудските ѕвезди со сино-жолти панделки на фустаните и смокинзите и дадоа поддршка на Украина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/holivudskite-dzvezdi-so-sino-zolti-pandelki-na-fustanite-i-smokinzite-i-dadoa-poddrshka-na-ukraina/ Mon, 28 Mar 2022 12:56:42 +0000 https://republika.mk/?p=479884

Бројни ѕвезди сакаа да ја изразат својата поддршка за земјата погодена од руската инвазија. Од сини панделки закачени на фустаните и смокинзите, до говорот на Мила Кунис и до едноминутното молчење во театарот Долби.

Имаше и ѕвезди кои решија да се појават на црвениот тепих со мали „скриени пораки“ во нивните модни комбинации за поддршка на Украина. На пример, некои познати личности закачија сина лента со хаштагот #withrefugees на нивните фустани: меѓу нив актерката Џејми Ли Кертис, композиторот Алберто Иглесијас, Дајан Ворен, Јун Јух-јунг , Паоло Соренто…

Џејсон Момоа, од друга страна, избра да додаде жолто-сино марамче на својот темен смокинг, вметнат во џебот од сакото.

Даг Хемхил, член на персоналот на наградуваниот филм Дина, со игла закачи украинско знаменце на реверот од неговото сако, додека други ѕвезди сакаа да им се слушне и гласот.

Во својот говор за прослава на 50-годишнината од „Кум“, Френсис Форд Копола извика „Да живее Украина“.

 

The post Холивудските ѕвезди со сино-жолти панделки на фустаните и смокинзите и дадоа поддршка на Украина appeared first on Република.

]]>

Бројни ѕвезди сакаа да ја изразат својата поддршка за земјата погодена од руската инвазија. Од сини панделки закачени на фустаните и смокинзите, до говорот на Мила Кунис и до едноминутното молчење во театарот Долби.

Имаше и ѕвезди кои решија да се појават на црвениот тепих со мали „скриени пораки“ во нивните модни комбинации за поддршка на Украина. На пример, некои познати личности закачија сина лента со хаштагот #withrefugees на нивните фустани: меѓу нив актерката Џејми Ли Кертис, композиторот Алберто Иглесијас, Дајан Ворен, Јун Јух-јунг , Паоло Соренто… Џејсон Момоа, од друга страна, избра да додаде жолто-сино марамче на својот темен смокинг, вметнат во џебот од сакото. Даг Хемхил, член на персоналот на наградуваниот филм Дина, со игла закачи украинско знаменце на реверот од неговото сако, додека други ѕвезди сакаа да им се слушне и гласот. Во својот говор за прослава на 50-годишнината од „Кум“, Френсис Форд Копола извика „Да живее Украина“.  

The post Холивудските ѕвезди со сино-жолти панделки на фустаните и смокинзите и дадоа поддршка на Украина appeared first on Република.

]]>
„Кода“ триумфираше на Оскарите, „Дина“ со најмногу освоени статуетки https://arhiva3.republika.mk/scena/film/koda-triumfirashe-na-oskarite-dina-so-najmnogu-osvoeni-statuetki/ Mon, 28 Mar 2022 07:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=479596

Филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ триумфираше на годинешните Оскари, со три номинации и освоени Оскари во сите три категории. Академијата за филмски уметности и науки годинава повторно ги заостри протоколите за Ковид-19 за оние кои беа присутни на церемонијата на Оскарите во 2022 година во Долби театарот.

Оние кои тестирале позитивно за Ковид-19 во првите пет дена од датумот на нивниот прв позитивен тест, не им беше дозволено да присуствуваат на церемонијата. Оние кои биле позитивни на тестот во рок од 6-10 дена мораа да обезбедат негативен PCR тест кој го спроведува медицински професионалец пред самата церемонија. Оние кои се над 10 дена надвор од нивниот прв позитивен резултат на тестот мораа да дадат негативен резултат од антиген тестот од медицински надзорник.

Сите присутни мораа да бидат целосно вакцинирани и да направат два ПЦР тестови, еден на 24 март и еден од 26-те. Маските и социјалното дистанцирање беа задолжителни за присутните во театарот Долби. Присутните членови на печатот, мораа да обезбедат еден негативен PCR тест.

Годинава, вестернот „Моќта на кучето“ доби 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

Презентери на манифестацијата беа Ентони Хопкинс, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џи Ленхол, а Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ги изведоа номинираните оригинални филмски песни.

На годишеното издание за првпат женската тројка Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс беа водителки.

Церемонијата започна со изведбата на Бјонси на песната „Биди жив“ од филмот „Кралот Ричард“, а потоа следуваа и оскарите за сите категории. Оскарот за најдобра Женска споредна улога го доби Аријана Де Боуз за улогата во римејкот на филмот „Приказна од западната страна“. Кај мажите во оваа категорија, Оскарот отиде во рацете на Трој Коцус за „Кода“ и тој е вториот актер со оштетен слух кој добива Оскар.

За најдобар звук Оскарот го доби филмот „Дина“, кој исто го доби оскарот и за директор на фотографија, за најдобри визуелни ефекти, најдобра оригинална филмска музика на Хамс Зимер, за најдобра филмска монтажа, за продукциски дизајн,

Оскарот за шминка и фризура отиде за филмот „Очите на Теми Феј“.

За најдобра филмска песна е „Нема време за умирање“ на Били Ајлиш и ова е трета песна од фимовите за Џемс Бонд што освојува Оскар по Адел и Сем Смит.

За најдобра костимографија Оскарот го доби филмот „Круела“.

Оскарот за најдобро оригинално сценарио го доби режисерот Кенет Брана за филмот „Белфаст“. За најдобро адаптирано сценарио, Оскарот го освои филмот „Кода“.

Оскарот за најдобар странски филм го доби јапонскиот филм „Вози го мојот автомобил“.

„Кралицата на кошарката“ го доби Оскарот за најдобар краток документарен филм. За најдобар долгометражен документарен филм Оскарот го доби „Лето на соулот“.

За најдобар анимиран филм е прогласен „Енканто“, за најдобар краток анимиран филм, Оскарот го доби „Бришачот на шофершајбни“, за најдобар краток филм Оскарот го доби „Долго збогување“.

Во главните категории, Оскарот за најдобра режија го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, таа е прва жена која двапати е номинирана о оваа категорија. „Борба на титаните“ беше оценета оваа категорија. Џејн беше номинирана за режија во 1994 za „Пијано“, но тогаш Спилберг го освои за „Шиндлеровата листа“, а сега Оскарот го освојува таа, наместо Спилберг за „Приказна од западната страна“.

За најдобра актерка во главна женска улога Оскарот го доби Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на Теми Феј.“ За најдобар актер во главна машка улога беше прогласен Вил Смит за „Кралот Ричард“.

Оскарот за најдобар филм го освои „Кода“. Со три номинации и сите три освоени Оскари, филмот е потресна приказна за лицата со оштетен слух.

Два дена пред официјалната цермонија, на 25 март беа доделени и почесните Оскари на Семјуел Л Џексон, сценаристката Елејн Меј и актерката Лив Улман, а хуманитарната награда „Џејн Хершоф“ му припадна на актерот Дени Гловер. Годинава се одбележаа и 60 години од првиот филм за Џемс Бонд, „Доктор Но“ и 50 години од „Кум“. На сцената се појави режисерот Франсис Фолд Копила со Ал Пачино и Роберт де Ниро, а на сцената се појавија и актерите од филмските евергрини „Евтини приказни“, Семјуел Л. Џексон, Ума Турман и Џон Траволта. Беше одадена и почит на сите филмски работници кои починаа минатата година. Преку посебен текст на екранот беше упатен и апел за помош за Украина.

Како најголем скандал на Оскарите беше кавгата помеѓу актерите Крис Рок и Вил Смит проследена со пцовки, од она што требаше да излезе шега, но за Вил Смит беше навреда кога колегата му рече дека неговата сопруга Џада може да ја игра „Г.И. Џејн“ во вториот дел зошто немаше коса, па стана и го удри на сцената.

The post „Кода“ триумфираше на Оскарите, „Дина“ со најмногу освоени статуетки appeared first on Република.

]]>

Филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ триумфираше на годинешните Оскари, со три номинации и освоени Оскари во сите три категории. Академијата за филмски уметности и науки годинава повторно ги заостри протоколите за Ковид-19 за оние кои беа присутни на церемонијата на Оскарите во 2022 година во Долби театарот. Оние кои тестирале позитивно за Ковид-19 во првите пет дена од датумот на нивниот прв позитивен тест, не им беше дозволено да присуствуваат на церемонијата. Оние кои биле позитивни на тестот во рок од 6-10 дена мораа да обезбедат негативен PCR тест кој го спроведува медицински професионалец пред самата церемонија. Оние кои се над 10 дена надвор од нивниот прв позитивен резултат на тестот мораа да дадат негативен резултат од антиген тестот од медицински надзорник. Сите присутни мораа да бидат целосно вакцинирани и да направат два ПЦР тестови, еден на 24 март и еден од 26-те. Маските и социјалното дистанцирање беа задолжителни за присутните во театарот Долби. Присутните членови на печатот, мораа да обезбедат еден негативен PCR тест. Годинава, вестернот „Моќта на кучето“ доби 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“. Презентери на манифестацијата беа Ентони Хопкинс, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џи Ленхол, а Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ги изведоа номинираните оригинални филмски песни. На годишеното издание за првпат женската тројка Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс беа водителки. Церемонијата започна со изведбата на Бјонси на песната „Биди жив“ од филмот „Кралот Ричард“, а потоа следуваа и оскарите за сите категории. Оскарот за најдобра Женска споредна улога го доби Аријана Де Боуз за улогата во римејкот на филмот „Приказна од западната страна“. Кај мажите во оваа категорија, Оскарот отиде во рацете на Трој Коцус за „Кода“ и тој е вториот актер со оштетен слух кој добива Оскар. За најдобар звук Оскарот го доби филмот „Дина“, кој исто го доби оскарот и за директор на фотографија, за најдобри визуелни ефекти, најдобра оригинална филмска музика на Хамс Зимер, за најдобра филмска монтажа, за продукциски дизајн, Оскарот за шминка и фризура отиде за филмот „Очите на Теми Феј“. За најдобра филмска песна е „Нема време за умирање“ на Били Ајлиш и ова е трета песна од фимовите за Џемс Бонд што освојува Оскар по Адел и Сем Смит. За најдобра костимографија Оскарот го доби филмот „Круела“. Оскарот за најдобро оригинално сценарио го доби режисерот Кенет Брана за филмот „Белфаст“. За најдобро адаптирано сценарио, Оскарот го освои филмот „Кода“. Оскарот за најдобар странски филм го доби јапонскиот филм „Вози го мојот автомобил“. „Кралицата на кошарката“ го доби Оскарот за најдобар краток документарен филм. За најдобар долгометражен документарен филм Оскарот го доби „Лето на соулот“. За најдобар анимиран филм е прогласен „Енканто“, за најдобар краток анимиран филм, Оскарот го доби „Бришачот на шофершајбни“, за најдобар краток филм Оскарот го доби „Долго збогување“. Во главните категории, Оскарот за најдобра режија го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, таа е прва жена која двапати е номинирана о оваа категорија. „Борба на титаните“ беше оценета оваа категорија. Џејн беше номинирана за режија во 1994 za „Пијано“, но тогаш Спилберг го освои за „Шиндлеровата листа“, а сега Оскарот го освојува таа, наместо Спилберг за „Приказна од западната страна“. За најдобра актерка во главна женска улога Оскарот го доби Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на Теми Феј.“ За најдобар актер во главна машка улога беше прогласен Вил Смит за „Кралот Ричард“. Оскарот за најдобар филм го освои „Кода“. Со три номинации и сите три освоени Оскари, филмот е потресна приказна за лицата со оштетен слух. Два дена пред официјалната цермонија, на 25 март беа доделени и почесните Оскари на Семјуел Л Џексон, сценаристката Елејн Меј и актерката Лив Улман, а хуманитарната награда „Џејн Хершоф“ му припадна на актерот Дени Гловер. Годинава се одбележаа и 60 години од првиот филм за Џемс Бонд, „Доктор Но“ и 50 години од „Кум“. На сцената се појави режисерот Франсис Фолд Копила со Ал Пачино и Роберт де Ниро, а на сцената се појавија и актерите од филмските евергрини „Евтини приказни“, Семјуел Л. Џексон, Ума Турман и Џон Траволта. Беше одадена и почит на сите филмски работници кои починаа минатата година. Преку посебен текст на екранот беше упатен и апел за помош за Украина. Како најголем скандал на Оскарите беше кавгата помеѓу актерите Крис Рок и Вил Смит проследена со пцовки, од она што требаше да излезе шега, но за Вил Смит беше навреда кога колегата му рече дека неговата сопруга Џада може да ја игра „Г.И. Џејн“ во вториот дел зошто немаше коса, па стана и го удри на сцената.

The post „Кода“ триумфираше на Оскарите, „Дина“ со најмногу освоени статуетки appeared first on Република.

]]>
В недела 94. доделување на Оскари https://arhiva3.republika.mk/scena/film/v-nedela-94-dodeluvanje-na-oskari/ Fri, 25 Mar 2022 10:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=478313

Во недела, 27 март, ќе се одржи 94-то доделување на Оскарите. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања од минатата година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Најавени се Ентони Хопкинс, Хали Бери, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џиленхол, Шон Мендез и многу други.

Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ќе ги изведат номинираните оригинални филмски песни.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд и Хајланд®, Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот.

Преносот на МРТ ќе започне 30 минути по полноќ, во ноќта недела кон понеделник со Црвената патека.

94-та Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.

The post В недела 94. доделување на Оскари appeared first on Република.

]]>

Во недела, 27 март, ќе се одржи 94-то доделување на Оскарите. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања од минатата година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“. На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Најавени се Ентони Хопкинс, Хали Бери, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џиленхол, Шон Мендез и многу други. Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ќе ги изведат номинираните оригинални филмски песни. Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд и Хајланд®, Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот. Преносот на МРТ ќе започне 30 минути по полноќ, во ноќта недела кон понеделник со Црвената патека. 94-та Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.

The post В недела 94. доделување на Оскари appeared first on Република.

]]>
Бијонсе е во преговори да ја изведе својата песна номинирана за „Оскар“, Be Alive на 27-ми март https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/bijonse-e-vo-pregovori-da-ja-izvede-svojata-pesna-nominirana-za-oskar-be-alive-na-27-mi-mart/ Wed, 23 Mar 2022 08:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=476948

„Оскарите 2022“ се за помалку од една недела, но сè уште се прават аранжмани во последен момент.

Медиумите откриваат дека Бијонсе е во преговори да ја изведе својата песна номинирана за „Оскар“, Be Alive, во текот на директниот телевизиски пренос на церемонијата на доделување „Оскари“, со можно камео појавување на Вил Смит.

Поп-дивата најверојатно ќе ја изведе нејзината оригинална песна Be Alive од саундтракот на „Крал Ричард“.

Ако дојде до реализација, 40-годишната музичарка би можела да прикаже сателитска презентација од тениските терени во Комптон, Калифорнија, при што ќе се приклучи Вил Смит.

Тимот на поп-дивата комуницира со продуцентите на најголемиот холивудски спектакл за можноста таа да ја отвори наградната церемонија в недела, 27 март.

The post Бијонсе е во преговори да ја изведе својата песна номинирана за „Оскар“, Be Alive на 27-ми март appeared first on Република.

]]>

„Оскарите 2022“ се за помалку од една недела, но сè уште се прават аранжмани во последен момент. Медиумите откриваат дека Бијонсе е во преговори да ја изведе својата песна номинирана за „Оскар“, Be Alive, во текот на директниот телевизиски пренос на церемонијата на доделување „Оскари“, со можно камео појавување на Вил Смит. Поп-дивата најверојатно ќе ја изведе нејзината оригинална песна Be Alive од саундтракот на „Крал Ричард“. Ако дојде до реализација, 40-годишната музичарка би можела да прикаже сателитска презентација од тениските терени во Комптон, Калифорнија, при што ќе се приклучи Вил Смит. Тимот на поп-дивата комуницира со продуцентите на најголемиот холивудски спектакл за можноста таа да ја отвори наградната церемонија в недела, 27 март.

The post Бијонсе е во преговори да ја изведе својата песна номинирана за „Оскар“, Be Alive на 27-ми март appeared first on Република.

]]>
За Оскарите во март нема да биде потребен доказ за вакцинација https://arhiva3.republika.mk/scena/film/za-oskarite-vo-mart-nema-da-bide-potreben-dokaz-za-vakcinacija/ Thu, 10 Feb 2022 12:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=456759

Нема да биде потребен доказ за вакцинација против коронавирус за да присуствувате на годинешните Оскари. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март.

Според британски „Гардијан“, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за ковид за присуство на церемонијата. Наместо тоа, од гостите ќе се бара негативен ПЦР-тест или негативен брз антигенски тест, објави „Холивуд репортер“.

Филмот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) на Нетфликс, ревизионистички вестерн кој го користи овој жанр за да ја истражи токсичната машкост, доминира со 12 номинации за Оскар. Веднаш зад него е „Дина“, голема адаптација на популарниот научно-фантастичен роман за кој некогаш се веруваше дека не може да се пренесе на големото платно, доби 10 номинации за Оскар. „Приказната од западната страна“ и „Белфаст“ добија по седум номинации.

The post За Оскарите во март нема да биде потребен доказ за вакцинација appeared first on Република.

]]>

Нема да биде потребен доказ за вакцинација против коронавирус за да присуствувате на годинешните Оскари. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март. Според британски „Гардијан“, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за ковид за присуство на церемонијата. Наместо тоа, од гостите ќе се бара негативен ПЦР-тест или негативен брз антигенски тест, објави „Холивуд репортер“. Филмот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) на Нетфликс, ревизионистички вестерн кој го користи овој жанр за да ја истражи токсичната машкост, доминира со 12 номинации за Оскар. Веднаш зад него е „Дина“, голема адаптација на популарниот научно-фантастичен роман за кој некогаш се веруваше дека не може да се пренесе на големото платно, доби 10 номинации за Оскар. „Приказната од западната страна“ и „Белфаст“ добија по седум номинации.

The post За Оскарите во март нема да биде потребен доказ за вакцинација appeared first on Република.

]]>