оскари 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oskari-2023/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Mar 2023 07:33:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оскари 2023 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oskari-2023/ 32 32 Everything Everywhere All at Once триумфираше на 95-тото доделување „Оскари“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/everything-everywhere-all-at-once-triumfirashe-na-95-toto-dodeluvane-oskari/ Mon, 13 Mar 2023 07:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=618937

Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели вредните статуетки на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот за „Сѐ во исто време“ (Everything Everywhere All at Once) триумфираше на годинашното, 95-то доделување „Оскари“, со седум освоени одличја, од вкупно 11 номинации.

„Сѐ во исто време“ ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна улога (Мишел Јео), женска и машка споредна улога (Џејми Ли Кертис и Ке Хуј Кван), монтажа, како и најдобра режија и оригинално сценарио (и двете награди за Даниел Кван и Даниел Шајнерт).

Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел.

Кај мажите, во категоријата најдобра главна улога, „Оскарот“ отиде во рацете на Брендан Фрејзер за „Кит“.

Најдобро адаптирано сценарио, според Академијата, е она за филмот „Жените зборуваат“ на режисерката Сара Поли.

„Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби остварувањето „На Запад ништо ново“ (Im Westen nichts Neues) од Германија. Филмот ги освои и наградите за кинематографија, продукциски дизајн и филмска музика.

Одличјето за најдобар звук го доби филмот „Топ ган 2: Маверик“, а најдобри визуелни ефекти има „Аватар 2: Патот на водата“.

Наградата за шминка и фризура отиде за филмот „Кит“. Признанието за костимографија го доби филмот „Црниот Пантер: Ваканда Засекогаш“.

Најдобра филмска песна е „Naatu, Naatu“ од индиското остварување „Р.Р.Р.“

За најдобар анимиран филм е прогласен „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, а за краток анимиран филм, „Оскарот“ отиде кај „Момчето, кртот, лисицата и коњот“. Најдобар краток филм, според Академијата, е „Ирско збогување“.

Најдобар документарен филм е „Навални“ на режисерот Даниел Роер. Најдобар краток документарец е „Слонови шепкачи“ на Картики Гонсалвес.

The post Everything Everywhere All at Once триумфираше на 95-тото доделување „Оскари“ appeared first on Република.

]]>

Американската Академија за филмски уметности и науки ги додели вредните статуетки на свеченоста што се одржа утрово во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Филмот за „Сѐ во исто време“ (Everything Everywhere All at Once) триумфираше на годинашното, 95-то доделување „Оскари“, со седум освоени одличја, од вкупно 11 номинации. „Сѐ во исто време“ ги доби признанијата за најдобар филм, женска главна улога (Мишел Јео), женска и машка споредна улога (Џејми Ли Кертис и Ке Хуј Кван), монтажа, како и најдобра режија и оригинално сценарио (и двете награди за Даниел Кван и Даниел Шајнерт). Водител на емисијата беше комичарот Џими Кимел. Кај мажите, во категоријата најдобра главна улога, „Оскарот“ отиде во рацете на Брендан Фрејзер за „Кит“. Најдобро адаптирано сценарио, според Академијата, е она за филмот „Жените зборуваат“ на режисерката Сара Поли. „Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, го доби остварувањето „На Запад ништо ново“ (Im Westen nichts Neues) од Германија. Филмот ги освои и наградите за кинематографија, продукциски дизајн и филмска музика. Одличјето за најдобар звук го доби филмот „Топ ган 2: Маверик“, а најдобри визуелни ефекти има „Аватар 2: Патот на водата“. Наградата за шминка и фризура отиде за филмот „Кит“. Признанието за костимографија го доби филмот „Црниот Пантер: Ваканда Засекогаш“. Најдобра филмска песна е „Naatu, Naatu“ од индиското остварување „Р.Р.Р.“ За најдобар анимиран филм е прогласен „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, а за краток анимиран филм, „Оскарот“ отиде кај „Момчето, кртот, лисицата и коњот“. Најдобар краток филм, според Академијата, е „Ирско збогување“. Најдобар документарен филм е „Навални“ на режисерот Даниел Роер. Најдобар краток документарец е „Слонови шепкачи“ на Картики Гонсалвес.

The post Everything Everywhere All at Once триумфираше на 95-тото доделување „Оскари“ appeared first on Република.

]]>
„Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nema-da-si-sama-na-goran-stolevski-avstraliski-kandidat-za-oskar/ Wed, 02 Nov 2022 12:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=568772

Дебитантскиот долгометражен филм на австралискиот режисер Горан Столевски „Нема да си сама“ е австралиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар. Столевски е роден во Македонија, но живее и работи на релација Австралија-Велика Британија.

Во филмот, чие дејство се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век, играат и македонските актерки Сара Климоска, Верица Недеска и Камка Тоциновски.

 

The post „Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ appeared first on Република.

]]>

Дебитантскиот долгометражен филм на австралискиот режисер Горан Столевски „Нема да си сама“ е австралиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар. Столевски е роден во Македонија, но живее и работи на релација Австралија-Велика Британија. Во филмот, чие дејство се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век, играат и македонските актерки Сара Климоска, Верица Недеска и Камка Тоциновски.  

The post „Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ appeared first on Република.

]]>