оскари 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oskari-2022/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Apr 2022 08:14:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оскари 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oskari-2022/ 32 32 Вил Смит ја напушти Академијата, очекува и други последици за инцидентот https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vil-smit-ja-napushti-akademijata-ochekuva-i-drugi-posledici-za-incidentot/ Sat, 02 Apr 2022 08:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=482223

Актерот Вил Смит ја напушти американската Академија на филмски уметности и науки откако на доделувањето на „Оскарите“ му удри шлаканица на комичарот Крис Рок.

Ја изневерив довербата на Академијата, на останатите номинирани и на победниците им ја ускратив приликата да слават и да бидат прославени поради исклучителната работа. Го напуштам членството во Академијата и ќе ги прифатам сите идни последици кои Одборот ги смета за соодветни. Листата на оние кои ги повредив е долга и ги вклучува Крис Рок, неговото семејство, моите сакани пријатели, сите присутни и светската публика која настанот го следеше од дома, стои во изјавата на актерот.

The post Вил Смит ја напушти Академијата, очекува и други последици за инцидентот appeared first on Република.

]]>

Смит се извини: Шегата за медицинската состојба на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно https://arhiva3.republika.mk/scena/film/smit-se-izvini-shegata-za-medicinskata-sostojba-na-dzejda-beshe-premnogu-za-mene-i-reagirav-emotivno/ Tue, 29 Mar 2022 07:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=480106

Вил Смит му се извини на Крис Рок за инцидентот на Оскарите, кога му удри шамар на сцената, опишувајќи го своето однесување како неприфатливо и неоправдано. Во исто време, Академијата за филмска уметност и наука кажа дека би можела да преземе мерки против Смит, иако одземањето на Оскарот, што му беше доделен набргу потоа, не е спомнато.

„Академијата не одобрува насилство во која било форма. Вечерва со задоволство ги прославуваме нашите 94-ти оскаровци, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните колеги и љубители на филмот ширум светот“.

„Сакам јавно да му се извинам на Крис. Претерав и тоа беше погрешно“, изјави Смит.

View this post on Instagram

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Тој се качи на сцената откако Рок кажа шега за избричената глава на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит, која се бори со алопеција поради што ѝ опаѓа косата, при што го удри и потоа се врати на своето место во публиката. Набргу потоа, Смит го прими Оскарот за најдобра машка улога и се извини, но не и на Рок.

„Насилство во секоја форма е отровно и уништувачко. Моето однесување беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на нечија сметка се дел од нашата работа, но шегата за медицинската состојба на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно“, напиша Смит на Инстаграм.

Џејда има алопеција, односно опаѓање на косата од 2018 година. Алопеција може да се појави каде било на телото, но најчесто се појавува на главата и тоа повеќе кај мажите. Причините можат да бидат наследни, медицински или поради хормонски промени.

The post Смит се извини: Шегата за медицинската состојба на Џејда беше премногу за мене и реагирав емотивно appeared first on Република.

Синот на Вил и Џејда се иссили на „Твитер“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/sinot-na-vil-i-dzejda-se-issili-na-tviter/ Mon, 28 Mar 2022 09:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=479690

Синоќешното 94. по ред доделување на филмските награди „Оскар“ помина и историската победа на „Кода“, поминаа засенети од скандалот кој го предизвика актерот Вил Смит, откако му удри шлаканица и го опцу колегата Крис Рок поради шега.

https://republika.mk/scena/film/akademijata-po-skandaloznoto-odnesuvanje-na-vil-smit-ne-odobruvame-nasilstvo/

На „Твитер“ се огласи и синот на Вил Смит и Џејда Пинкет, кој на сите им порача дека во нивното семејство „така го прават тоа“.

The post Синот на Вил и Џејда се иссили на „Твитер“ appeared first on Република.

]]>

Синоќешното 94. по ред доделување на филмските награди „Оскар“ помина и историската победа на „Кода“, поминаа засенети од скандалот кој го предизвика актерот Вил Смит, откако му удри шлаканица и го опцу колегата Крис Рок поради шега. https://republika.mk/scena/film/akademijata-po-skandaloznoto-odnesuvanje-na-vil-smit-ne-odobruvame-nasilstvo/ На „Твитер“ се огласи и синот на Вил Смит и Џејда Пинкет, кој на сите им порача дека во нивното семејство „така го прават тоа“.

The post Синот на Вил и Џејда се иссили на „Твитер“ appeared first on Република.

]]>
Академијата по скандалозното однесување на Вил Смит: Не одобруваме насилство https://arhiva3.republika.mk/scena/film/akademijata-po-skandaloznoto-odnesuvanje-na-vil-smit-ne-odobruvame-nasilstvo/ Mon, 28 Mar 2022 09:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=479683

Американската филмаска академија, која ги доделува наградите Оскари, преку „Твитер“ се огласи по скандалозната шлаканица која актерот Вил Смит му ја удри на колегата Крис Рок.

https://republika.mk/scena/film/skandal-na-oskarite-vil-smit-go-udri-v-lice-i-go-opcu-kris-rok-na-scena/

Академијата не одобрува насилство од каква било форма. Вечерва со задоволство ги прославуваме нашите 94-ти победници на Оскар, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните врсници и љубители на филмот ширум светот, велат од Академијата.

The post Академијата по скандалозното однесување на Вил Смит: Не одобруваме насилство appeared first on Република.

]]>

Американската филмаска академија, која ги доделува наградите Оскари, преку „Твитер“ се огласи по скандалозната шлаканица која актерот Вил Смит му ја удри на колегата Крис Рок. https://republika.mk/scena/film/skandal-na-oskarite-vil-smit-go-udri-v-lice-i-go-opcu-kris-rok-na-scena/
Академијата не одобрува насилство од каква било форма. Вечерва со задоволство ги прославуваме нашите 94-ти победници на Оскар, кои го заслужуваат овој момент на признание од нивните врсници и љубители на филмот ширум светот, велат од Академијата.

The post Академијата по скандалозното однесување на Вил Смит: Не одобруваме насилство appeared first on Република.

]]>
Вил Смит му влепи шлаканица на комичарот Крис Рок: Не ставај ја жена ми со твојата еб**а уста! https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vil-smit-mu-vlepi-shlakanica-na-komicharot-kris-rok-ne-stavaj-ja-zena-mi-so-tvojata-eb-a-usta/ Mon, 28 Mar 2022 09:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=479664

На доделувањето на Оскарите се случи инцидент, кога комичарот Крис Рок ја коментираше Џејда Пинкет-Смит, сопругата на Вил Смит. Тој пак, веднаш потоа отиде до сцената и му удри шлаканица на својот колега. – Не ја спомнувај жена ми со твојата еб**а уста!, извика Смит.

Од она што требаше да излезе шега, за Вил Смит беше навреда кога колегата Крис Рок му рече дека неговата сопруга Џејда може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел зошто нема коса, па стана и му удри шлаканица на сцената.

„Џејдa, едвај го чекам вториот дел од тој филм“, рече Крис, а актерката ги преврте очите.

Кавгата продолжи и со пцовки од страна на Вил Смит, на што публиката остана шокирана, мислејќи отпрвин дека се работи за шега, но кога Вил Смит почна гласно да го пцуе Крис Рок, на сите им стана јасно дека малку недостасувало да дојде и до физичка пресметка на сцената.

Снимката брзо стана вирална, зошто никој не очекуваше ваков испад на актерот и немаа време да реагираат на пцовките кои за првпат се слушнаа на Оскарите без цензура.

Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џада која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција од која ја загубила косата за само еден ден, а потоа воопшто не и порасанла и за тоа нема лек.

Вил Смит пак, кусо потоа го доби одличјето за најдобар глумец за улогата во „Кралот Ричард“, па во говорот, со солзи, сепак говореше за љубовта меѓу луѓето – особено меѓу својот народ. Тој притоа напомна и дека по своевидниот скандал, глумецот Дензел Вашингтон го повикал и го потсетил да се смири, оти „во најважните мигови ѓаволот доаѓа по своето“, како што му рекол дека обично се случува.

Брачната двојка Смит подолго време е во незавидни односи со Крис Рок.

The post Вил Смит му влепи шлаканица на комичарот Крис Рок: Не ставај ја жена ми со твојата еб**а уста! appeared first on Република.

]]>

На доделувањето на Оскарите се случи инцидент, кога комичарот Крис Рок ја коментираше Џејда Пинкет-Смит, сопругата на Вил Смит. Тој пак, веднаш потоа отиде до сцената и му удри шлаканица на својот колега. – Не ја спомнувај жена ми со твојата еб**а уста!, извика Смит. Од она што требаше да излезе шега, за Вил Смит беше навреда кога колегата Крис Рок му рече дека неговата сопруга Џејда може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел зошто нема коса, па стана и му удри шлаканица на сцената.
„Џејдa, едвај го чекам вториот дел од тој филм“, рече Крис, а актерката ги преврте очите.
Кавгата продолжи и со пцовки од страна на Вил Смит, на што публиката остана шокирана, мислејќи отпрвин дека се работи за шега, но кога Вил Смит почна гласно да го пцуе Крис Рок, на сите им стана јасно дека малку недостасувало да дојде и до физичка пресметка на сцената. Снимката брзо стана вирална, зошто никој не очекуваше ваков испад на актерот и немаа време да реагираат на пцовките кои за првпат се слушнаа на Оскарите без цензура. Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џада која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција од која ја загубила косата за само еден ден, а потоа воопшто не и порасанла и за тоа нема лек. Вил Смит пак, кусо потоа го доби одличјето за најдобар глумец за улогата во „Кралот Ричард“, па во говорот, со солзи, сепак говореше за љубовта меѓу луѓето – особено меѓу својот народ. Тој притоа напомна и дека по своевидниот скандал, глумецот Дензел Вашингтон го повикал и го потсетил да се смири, оти „во најважните мигови ѓаволот доаѓа по своето“, како што му рекол дека обично се случува. Брачната двојка Смит подолго време е во незавидни односи со Крис Рок.

The post Вил Смит му влепи шлаканица на комичарот Крис Рок: Не ставај ја жена ми со твојата еб**а уста! appeared first on Република.

]]>
Минута молк за Украина на доделувањето на Оскарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/minuta-molk-za-ukraina-na-dodeluvanjeto-na-oskarite/ Mon, 28 Mar 2022 06:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=479539

Церемонијата на доделувањето на Оскарите беше прекината поради едноминутно молчење за Украина, со порака на екраните во која се повикува на помош на оваа земја изложена на руска агресија.

На екраните беше емитувана порака во која се повикува на момент на молк за поддршка на „народот на Украина кој моментално се соочува со инвазија, конфликт и предрасуди во нивните сопствени граници“.

Во пораката се додаде дека на милиони семејства им е потребна храна, лекови и вода за пиење, а гледачите се повикуваат да испратат хуманитарна помош.

„Ве повикуваме да ја поддржите Украина на кој било начин“, гласеше пораката со хаштаг #StandWithUkraine.

The post Минута молк за Украина на доделувањето на Оскарите appeared first on Република.

]]>

Церемонијата на доделувањето на Оскарите беше прекината поради едноминутно молчење за Украина, со порака на екраните во која се повикува на помош на оваа земја изложена на руска агресија. На екраните беше емитувана порака во која се повикува на момент на молк за поддршка на „народот на Украина кој моментално се соочува со инвазија, конфликт и предрасуди во нивните сопствени граници“. Во пораката се додаде дека на милиони семејства им е потребна храна, лекови и вода за пиење, а гледачите се повикуваат да испратат хуманитарна помош. „Ве повикуваме да ја поддржите Украина на кој било начин“, гласеше пораката со хаштаг #StandWithUkraine.

The post Минута молк за Украина на доделувањето на Оскарите appeared first on Република.

]]>
Шон Пен: Ако Зеленски не зборува на доделувањето, јавно ќе ги уништам моите статуетки Оскар! https://arhiva3.republika.mk/scena/film/shon-pen-ako-zelenski-ne-zboruva-na-dodeluvanjeto-javno-kje-gi-unishtam-moite-statuetki-oskar/ Sun, 27 Mar 2022 12:36:35 +0000 https://republika.mk/?p=479299

Зборувајќи за Си-Ен-Ен, холивудскиот актер Шон Пен, кој престојуваше во Украина и Полска каде снима документарец за нивната бегалска мака, вети дека јавно ќе ги стопи своите статуетки за Оскар доколку телото за доделување награди одбие да му понуди на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува на настанот што ќе се одржи ноќва.

Нема ништо поголемо што може да направи наградата Оскар од тоа да му даде шанса на Зеленски да разговара со сите нас, рекол Пен. Сфатив дека е донесена одлука тоа да не се направи. Не коментирам дали претседателот Зеленски го сака тоа или не, додал тој. Ако Академијата одлучи да не го поддржи раководството во Украина и луѓето кои добиваат куршуми и бомби за нас, заедно со украинските деца што се обидуваат да ги заштитат, тогаш мислам дека сите овие луѓе и секој дел од таа одлука ќе бидат најбезобразниот момент во историјата на Холивуд, рекол тој.
Шон Пен има освоено пет Оскари.

The post Шон Пен: Ако Зеленски не зборува на доделувањето, јавно ќе ги уништам моите статуетки Оскар! appeared first on Република.

]]>

Зборувајќи за Си-Ен-Ен, холивудскиот актер Шон Пен, кој престојуваше во Украина и Полска каде снима документарец за нивната бегалска мака, вети дека јавно ќе ги стопи своите статуетки за Оскар доколку телото за доделување награди одбие да му понуди на украинскиот претседател Володимир Зеленски да зборува на настанот што ќе се одржи ноќва. Нема ништо поголемо што може да направи наградата Оскар од тоа да му даде шанса на Зеленски да разговара со сите нас, рекол Пен. Сфатив дека е донесена одлука тоа да не се направи. Не коментирам дали претседателот Зеленски го сака тоа или не, додал тој. Ако Академијата одлучи да не го поддржи раководството во Украина и луѓето кои добиваат куршуми и бомби за нас, заедно со украинските деца што се обидуваат да ги заштитат, тогаш мислам дека сите овие луѓе и секој дел од таа одлука ќе бидат најбезобразниот момент во историјата на Холивуд, рекол тој. Шон Пен има освоено пет Оскари.

The post Шон Пен: Ако Зеленски не зборува на доделувањето, јавно ќе ги уништам моите статуетки Оскар! appeared first on Република.

]]>
Зеленски ќе се обрати на Ноќта на Оскарите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/zelenski-kje-se-obrati-na-nokjta-na-oskarite/ Sat, 26 Mar 2022 17:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=479026

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува на Ноќта на Оскарите  да се обрати преку видео врска. Церемонијата ќе се одржи во недела на 27 март во театарот Долби во Лос Анџелес, вечерта помеѓу недела и понеделник по македонско време.

Ова се навистина важни моменти во историјата на човештвото, и ние сме свесни за тоа – рече извршниот продуцент Вил Пакер за време на прес-конференцијата за Оскарите и додаде  – „среќни што успеавме да го организираме ова шоу“.

Пред неколку дена, Ејми Шумер, водителка на церемонијата заедно со Ванда Сајкс и Реџина Хол, предложи да му се даде простор на украинскиот претседател Володимир Зеленски со сателитска врска. Пакер не прецизираше дали идејата е прифатена или не, но објасни дека програата на настанот, до детали, се уште се дефинира.

Мила Кунис, која е Украинка и која заедно со нејзиниот сопруг Ештон Качер собраа 35 милиони евра за украинските бегалци, сепак треба да упати апел за време на шоуто.

Со свои размислувања за Украина ќе се обрати и Паоло Сорентино, чиј филм „Тоа беше Божја рака“ е номиниран за најдобар странски филм.

The post Зеленски ќе се обрати на Ноќта на Оскарите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се очекува на Ноќта на Оскарите  да се обрати преку видео врска. Церемонијата ќе се одржи во недела на 27 март во театарот Долби во Лос Анџелес, вечерта помеѓу недела и понеделник по македонско време.
Ова се навистина важни моменти во историјата на човештвото, и ние сме свесни за тоа – рече извршниот продуцент Вил Пакер за време на прес-конференцијата за Оскарите и додаде  – „среќни што успеавме да го организираме ова шоу“.
Пред неколку дена, Ејми Шумер, водителка на церемонијата заедно со Ванда Сајкс и Реџина Хол, предложи да му се даде простор на украинскиот претседател Володимир Зеленски со сателитска врска. Пакер не прецизираше дали идејата е прифатена или не, но објасни дека програата на настанот, до детали, се уште се дефинира. Мила Кунис, која е Украинка и која заедно со нејзиниот сопруг Ештон Качер собраа 35 милиони евра за украинските бегалци, сепак треба да упати апел за време на шоуто. Со свои размислувања за Украина ќе се обрати и Паоло Сорентино, чиј филм „Тоа беше Божја рака“ е номиниран за најдобар странски филм.

The post Зеленски ќе се обрати на Ноќта на Оскарите appeared first on Република.

]]>