осиромашен ураниум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osiromashen-uranium/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Sep 2023 08:08:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осиромашен ураниум Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osiromashen-uranium/ 32 32 „Знак на нечовечност“ вели Русија за испраќањето на муниција со осиромашен ураниум од САД за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/znak-na-nechovechnost-veli-rusija-za-isprakaneto-na-munitsija-so-osiromashen-uranium-od-sad-za-ukraina/ Thu, 07 Sep 2023 08:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=679563

Руската амбасада во САД ја осуди одлуката на Вашингтон да го снабдува Киев со муниција со осиромашен ураниум.

Одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност, соопшти Амбасадата на Русија и предупреди на ризиците поврзани со „подвижните радиоактивни облаци“ предизвикани од ова оружје.

САД најавија помош од милијарда долари за Украина, што треба да даде „нов поттик“ за контраофанзивата на Киев. Воениот дел од оваа помош во износ од 175 милиони долари предвидува испорака на муниција со осиромашен ураниум.

Употребата на муниција со осиромашен ураниум е контроверзна поради токсичните ризици за војската и населението.

Во соопштението од Руската амбасада се истакнува дека Вашингтон „одбива да го прифати неуспехот на така наречената контраофанзива на украинските вооружени сили“.

The post „Знак на нечовечност“ вели Русија за испраќањето на муниција со осиромашен ураниум од САД за Украина appeared first on Република.

]]>

Руската амбасада во САД ја осуди одлуката на Вашингтон да го снабдува Киев со муниција со осиромашен ураниум.
Одлуката на американската администрација да испрати муниција со осиромашен ураниум во Киев е јасен знак на нечовечност, соопшти Амбасадата на Русија и предупреди на ризиците поврзани со „подвижните радиоактивни облаци“ предизвикани од ова оружје.
САД најавија помош од милијарда долари за Украина, што треба да даде „нов поттик“ за контраофанзивата на Киев. Воениот дел од оваа помош во износ од 175 милиони долари предвидува испорака на муниција со осиромашен ураниум. Употребата на муниција со осиромашен ураниум е контроверзна поради токсичните ризици за војската и населението. Во соопштението од Руската амбасада се истакнува дека Вашингтон „одбива да го прифати неуспехот на така наречената контраофанзива на украинските вооружени сили“.

The post „Знак на нечовечност“ вели Русија за испраќањето на муниција со осиромашен ураниум од САД за Украина appeared first on Република.

]]>
Пентагон ќе испорачува на Украина проектили со осиромашен ураниум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-ke-isporachuva-na-ukraina-proektili-so-osiromashen-uranium/ Wed, 06 Sep 2023 20:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=679476

Од Пентагон соопштија дека американските власти одлучиле да ја снабдуваат Украина со муниција со осиромашен ураниум.

Како што велат од американската војска, таквите проектили се особено ефикасни против тенкови и оклопни воени возила.

Муницијата со осиромашен ураниум од 120 милиметри е наменета за борбените тенкови „Абрамс“ ветени на Киев како дел од новата транша од американската воена помош вредна 175 милиони долари“, се вели во соопштението на Пентагон.

https://republika.mk/vesti/svet/bajden-sad-isprakaat-31-tenk-abrams-vo-ukraina/

The post Пентагон ќе испорачува на Украина проектили со осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>

Од Пентагон соопштија дека американските власти одлучиле да ја снабдуваат Украина со муниција со осиромашен ураниум. Како што велат од американската војска, таквите проектили се особено ефикасни против тенкови и оклопни воени возила.
Муницијата со осиромашен ураниум од 120 милиметри е наменета за борбените тенкови „Абрамс“ ветени на Киев како дел од новата транша од американската воена помош вредна 175 милиони долари“, се вели во соопштението на Пентагон.
https://republika.mk/vesti/svet/bajden-sad-isprakaat-31-tenk-abrams-vo-ukraina/

The post Пентагон ќе испорачува на Украина проектили со осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>
Волстрит Џурнал: Администрацијата на Бајден ќе одобри на Украина муниција со осиромашен ураниум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/volstrit-dhurnal-administratsijata-na-bajden-ke-odobri-na-ukraina-munitsija-so-osiromashen-uranium/ Tue, 13 Jun 2023 12:36:04 +0000 https://republika.mk/?p=650884

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да обезбеди за Украина муниција со осиромашен ураниум наменета за тенковите „Абрамс“ што САД му ги даваат на Киев, објави денеска Волстрит Џурнал.

Како што јави дописникот на МИА, испраќањето на таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици.

Се наведува дека Пентагон настојувал тенковите што САД ги обезбедува за Украина да бидат вооружени со муниција со осиромашен ураниум, што е регуларно употребувана од американската армија, и е мошне ефективна против руските тенкови.

Според воените познавачи, испукана во брзи рафали муницијата има потенцијал да продре во предниот оклоп на каков и да било руски тенк.

Проектилот удира како товарен воз. Тој е многу долг и многу тежок, со тоа на непријателските штитови во една точка се собира огромна кинетичка енергија, изјави Скот Бостон, одбранбен аналитичар.

Предлогот отворил дебати во Белата куќа каде некои официјални лица изразиле загриженост дека испраќање таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици.

Ова е првпат да се известува за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум, а во време на голема контраофанзива на украинската војска за придобивање назад на териториите што Русија ги одзеде во текот на веќе на речиси 15 месечната војна.

Главна цел на администрацијата на Бајден е да овозможи Украина на бојното поле да изврши колку што е можно поголем прогрес за Киев да зазеде силна преговарачка позиција, во случај на можни мировни преговори.

The post Волстрит Џурнал: Администрацијата на Бајден ќе одобри на Украина муниција со осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да обезбеди за Украина муниција со осиромашен ураниум наменета за тенковите „Абрамс“ што САД му ги даваат на Киев, објави денеска Волстрит Џурнал. Како што јави дописникот на МИА, испраќањето на таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици. Се наведува дека Пентагон настојувал тенковите што САД ги обезбедува за Украина да бидат вооружени со муниција со осиромашен ураниум, што е регуларно употребувана од американската армија, и е мошне ефективна против руските тенкови. Според воените познавачи, испукана во брзи рафали муницијата има потенцијал да продре во предниот оклоп на каков и да било руски тенк.
Проектилот удира како товарен воз. Тој е многу долг и многу тежок, со тоа на непријателските штитови во една точка се собира огромна кинетичка енергија, изјави Скот Бостон, одбранбен аналитичар.
Предлогот отворил дебати во Белата куќа каде некои официјални лица изразиле загриженост дека испраќање таква муниција може да предизвика критики до Вашингтон за тоа дека оружјето носи здравствени и еколошки ризици. Ова е првпат да се известува за снабдување на Украина со муниција со осиромашен ураниум, а во време на голема контраофанзива на украинската војска за придобивање назад на териториите што Русија ги одзеде во текот на веќе на речиси 15 месечната војна. Главна цел на администрацијата на Бајден е да овозможи Украина на бојното поле да изврши колку што е можно поголем прогрес за Киев да зазеде силна преговарачка позиција, во случај на можни мировни преговори.

The post Волстрит Џурнал: Администрацијата на Бајден ќе одобри на Украина муниција со осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>
Русија распоредува нуклеарно оружје во Белорусија за да одговори на употребата на осиромашен ураниум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-rasporeduva-nuklearno-oruzhje-vo-belorusija-za-da-odgovori-na-upotrebata-na-munitsija-so-osiromashen-uranium/ Sat, 25 Mar 2023 18:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=623663

Русија постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин за руските медиуми.

Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ за неширење нуклеарно оружје, рече Путин и додаде дека САД стационирале нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници, пренесе ТАСС.

Путин порача дека Русија ќе одговори на употребата на муниција со осиромашен ураниум.

Русија има многу такви оружја, но тие досега не се користеа“, рече Путин, додавајќи дека оние што користат таква муниција ќе ја користат против сопствениот народ.

Како што рече претседателот на Русија, земјата нема да дозволи претерана милитаризација на економијата. Тој исто така рече дека со ограничувањето на употребата на долари, САД ја сечат гранката на која седат.

The post Русија распоредува нуклеарно оружје во Белорусија за да одговори на употребата на осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>

Русија постигна договор со соседна Белорусија за распоредување на тактичко нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави рускиот претседател Владимир Путин за руските медиуми.
Ваквиот потег нема да ги прекрши обврските од договорот СТАРТ за неширење нуклеарно оружје, рече Путин и додаде дека САД стационирале нуклеарно оружје на територијата на европските сојузници, пренесе ТАСС.
Путин порача дека Русија ќе одговори на употребата на муниција со осиромашен ураниум.
Русија има многу такви оружја, но тие досега не се користеа“, рече Путин, додавајќи дека оние што користат таква муниција ќе ја користат против сопствениот народ.
Како што рече претседателот на Русија, земјата нема да дозволи претерана милитаризација на економијата. Тој исто така рече дека со ограничувањето на употребата на долари, САД ја сечат гранката на која седат.

The post Русија распоредува нуклеарно оружје во Белорусија за да одговори на употребата на осиромашен ураниум appeared first on Република.

]]>
Што е осиромашен ураниум: Беше користен во бомбардирњето на Србија, војната во Ирак, дали следна е Украина? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-e-osiromashen-uranium-beshe-koristen-vo-bombardirneto-na-srbija-vojnata-vo-irak-dali-sledna-e-ukraina/ Fri, 24 Mar 2023 07:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=623062

Заменичката на британскиот секретар за одбрана Анабел Голди потврди дека Лондон испраќа артилериски гранати со јадра со осиромашен ураниум во Украина. Нејзината изјава предизвика исклучително остра реакција на руските власти, вклучително и на претседателот Владимир Путин.

Но, како што пишува Би-Би-Си Русија, украински и руски експерти за оружје објавија дека муниција со збогатен ураниум се произведува и во Русија.

Голди изјави дека оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум ќе и бидат доставени на Украина. „Ваквите проектили се многу ефикасни против современите тенкови и оклопни возила.

Оваа објава предизвика жестока реакција кај руските власти, кои се заканија дека сериозно ќе размислат како да одговорат на тоа.

Што е осиромашен ураниум?

Осиромашениот ураниум е нуспроизвод во производството на збогатен ураниум. Неговите карактеристики се големата густина и цврстина, поради што се користи во производството на оклоп за воена опрема, но и за муниција - главно јадра за оклопни проектили.

Осиромашениот ураниум не е многу радиоактивен, иако се смета за токсичен и канцероген. На веб-страницата на Европската Унија се наведува дека муницијата со осиромашен ураниум претходно била користена во Заливските војни, во Србија и во Косово. Нивната употреба предизвика загриженост за здравствените ризици од изложеност на ураниумска прашина.

На веб-страницата на ЕУ е наведено дека во текот на неколку студии се пронајдени недоволни докази за штетноста на супстанцијата, но заклучоците на експертите се толкуваат на различни начини. Од друга страна, на веб-страницата на Агенцијата за заштита на животната средина е наведено дека осиромашениот ураниум е опасен доколку навлезе во телото.

Во резолуцијата за употреба на осиромашен ураниум, усвоена од Генералното собрание на ОН во 2018 година, се наведува, повикувајќи се на студиите на МААЕ, „дека радиолошката закана за населението и животната средина предизвикана од контаминација на територијата со мали честички на осиромашен ураниум ослободени како резултат на употребата на муниција не е значајна“.

Сепак, во резолуцијата се додава дека во одредени ситуации постои ризик од изложување на радијација за луѓето кои се во директен контакт со фрагменти или муниција што содржи осиромашен ураниум.

Во декември минатата година, Генералното собрание на ОН усвои друга резолуција во која се наведува дека студиите спроведени од релевантни меѓународни организации не даваат доволно целосна слика за обемот на можните долгорочни последици за луѓето и животната средина во случај на употреба на оружје и муниција што содржи осиромашен ураниум.

Реакцијата на Кремљ

Кремљ соопшти дека употребата на таква муниција во Украина ќе се смета за употреба на „валкана бомба“, а Путин се закани дека Русија ќе реагира доколку Велика Британија навистина ја достави муницијата на Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека испораката на оваа муниција е показател дека Западот го крши меѓународното хуманитарно право, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, одговарајќи на прашањето дали постои можност за нуклеарен судир, рече дека ова е чекор напред на тој пат.

Би-Би-Си Русија наведува дека многу војски во светот користат вакво и слично оружје и муниција. Поткалибарските проектили се состојат од тенко јадро, кое е направено од тешки и издржливи легури со употреба на волфрам или осиромашен ураниум, и школка, која треба да биде лесна.

Ваквите проектили можат да бидат исклучително ефикасни против оклопни возила, а биле користени во Втората светска војна и со нив се вооружени сите модерни тенкови. Многу од нив користат осиромашен ураниум.

Во СССР и Русија, ваквите гранати се развиваат од 1980-тите. Сепак, сè уште нема докази дека руската војска користи муниција со осиромашен ураниум во војната против Украина.

Не постои недвосмислено мислење за тоа како осиромашениот ураниум може да биде штетен по здравјето, но тоа е многу ефикасна муниција со голема можност за пенетрација на оклоп. Би-Би-Си Русија наведува дека жестоката реакција на руските власти во овој случај дошла не поради опасноста што може да ја нанесе по здравјето осиромашениот ураниум, туку затоа што украинските војници ќе можат поефикасно да ги погодат руските тенкови

The post Што е осиромашен ураниум: Беше користен во бомбардирњето на Србија, војната во Ирак, дали следна е Украина? appeared first on Република.

]]>

Заменичката на британскиот секретар за одбрана Анабел Голди потврди дека Лондон испраќа артилериски гранати со јадра со осиромашен ураниум во Украина. Нејзината изјава предизвика исклучително остра реакција на руските власти, вклучително и на претседателот Владимир Путин. Но, како што пишува Би-Би-Си Русија, украински и руски експерти за оружје објавија дека муниција со збогатен ураниум се произведува и во Русија. Голди изјави дека оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум ќе и бидат доставени на Украина. „Ваквите проектили се многу ефикасни против современите тенкови и оклопни возила. Оваа објава предизвика жестока реакција кај руските власти, кои се заканија дека сериозно ќе размислат како да одговорат на тоа. Што е осиромашен ураниум? Осиромашениот ураниум е нуспроизвод во производството на збогатен ураниум. Неговите карактеристики се големата густина и цврстина, поради што се користи во производството на оклоп за воена опрема, но и за муниција - главно јадра за оклопни проектили. Осиромашениот ураниум не е многу радиоактивен, иако се смета за токсичен и канцероген. На веб-страницата на Европската Унија се наведува дека муницијата со осиромашен ураниум претходно била користена во Заливските војни, во Србија и во Косово. Нивната употреба предизвика загриженост за здравствените ризици од изложеност на ураниумска прашина. На веб-страницата на ЕУ е наведено дека во текот на неколку студии се пронајдени недоволни докази за штетноста на супстанцијата, но заклучоците на експертите се толкуваат на различни начини. Од друга страна, на веб-страницата на Агенцијата за заштита на животната средина е наведено дека осиромашениот ураниум е опасен доколку навлезе во телото. Во резолуцијата за употреба на осиромашен ураниум, усвоена од Генералното собрание на ОН во 2018 година, се наведува, повикувајќи се на студиите на МААЕ, „дека радиолошката закана за населението и животната средина предизвикана од контаминација на територијата со мали честички на осиромашен ураниум ослободени како резултат на употребата на муниција не е значајна“. Сепак, во резолуцијата се додава дека во одредени ситуации постои ризик од изложување на радијација за луѓето кои се во директен контакт со фрагменти или муниција што содржи осиромашен ураниум. Во декември минатата година, Генералното собрание на ОН усвои друга резолуција во која се наведува дека студиите спроведени од релевантни меѓународни организации не даваат доволно целосна слика за обемот на можните долгорочни последици за луѓето и животната средина во случај на употреба на оружје и муниција што содржи осиромашен ураниум. Реакцијата на Кремљ Кремљ соопшти дека употребата на таква муниција во Украина ќе се смета за употреба на „валкана бомба“, а Путин се закани дека Русија ќе реагира доколку Велика Британија навистина ја достави муницијата на Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека испораката на оваа муниција е показател дека Западот го крши меѓународното хуманитарно право, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, одговарајќи на прашањето дали постои можност за нуклеарен судир, рече дека ова е чекор напред на тој пат. Би-Би-Си Русија наведува дека многу војски во светот користат вакво и слично оружје и муниција. Поткалибарските проектили се состојат од тенко јадро, кое е направено од тешки и издржливи легури со употреба на волфрам или осиромашен ураниум, и школка, која треба да биде лесна. Ваквите проектили можат да бидат исклучително ефикасни против оклопни возила, а биле користени во Втората светска војна и со нив се вооружени сите модерни тенкови. Многу од нив користат осиромашен ураниум. Во СССР и Русија, ваквите гранати се развиваат од 1980-тите. Сепак, сè уште нема докази дека руската војска користи муниција со осиромашен ураниум во војната против Украина. Не постои недвосмислено мислење за тоа како осиромашениот ураниум може да биде штетен по здравјето, но тоа е многу ефикасна муниција со голема можност за пенетрација на оклоп. Би-Би-Си Русија наведува дека жестоката реакција на руските власти во овој случај дошла не поради опасноста што може да ја нанесе по здравјето осиромашениот ураниум, туку затоа што украинските војници ќе можат поефикасно да ги погодат руските тенкови

The post Што е осиромашен ураниум: Беше користен во бомбардирњето на Србија, војната во Ирак, дали следна е Украина? appeared first on Република.

]]>
Ако се Британците луди, нека испратат осиромашен ураниум во Киев, порача Лукашенко https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-se-britantsite-ludi-neka-ispratat-osiromashen-uranium-vo-kiev-poracha-lukashenko/ Wed, 22 Mar 2023 13:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=622452

Не треба да го поддржуваме трендот на ескалација на конфликтот во Украина, туку да бараме начини за решавање на проблемот по мирен пат, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, коментирајќи ги намерите на западните земји да ја снабдуваат Украина со муниција со осиромашен ураниум, пренесува БелТА.

Ако тие (Велика Британија) се луди, ќе му дадат поттик на овој процес. Тоа е најстрашната и најопасна работа, рече Лукашенко.

Претседателот истакна дека штом британската муниција експлодира на позициите на руските трупи, „одговорот ќе биде ужасен, лекција за целата планета“.

Мораме да се движиме (како што разговараа Путин и Ши Џјинпинг) кон мирно решение. Со ова се согласуваат и руското раководство и една од најголемите светски сили – Кина и многу други, рече Александар Лукашенко.

Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека покрај испраќањето на ескадрила борбени тенкови Челинџер 2 во Украина, Лондон ќе испрати и муниција, вклучително и оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум.

После тоа, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе биде принудена да реагира доколку колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента.

Американските трупи користеа муниција со осиромашен ураниум за време на операцијата „Пустинска бура“, бомбардирањето на Југославија и инвазијата на Ирак во 2003 година, пренесе Новости.рс.

The post Ако се Британците луди, нека испратат осиромашен ураниум во Киев, порача Лукашенко appeared first on Република.

]]>

Не треба да го поддржуваме трендот на ескалација на конфликтот во Украина, туку да бараме начини за решавање на проблемот по мирен пат, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, коментирајќи ги намерите на западните земји да ја снабдуваат Украина со муниција со осиромашен ураниум, пренесува БелТА.
Ако тие (Велика Британија) се луди, ќе му дадат поттик на овој процес. Тоа е најстрашната и најопасна работа, рече Лукашенко.
Претседателот истакна дека штом британската муниција експлодира на позициите на руските трупи, „одговорот ќе биде ужасен, лекција за целата планета“.
Мораме да се движиме (како што разговараа Путин и Ши Џјинпинг) кон мирно решение. Со ова се согласуваат и руското раководство и една од најголемите светски сили – Кина и многу други, рече Александар Лукашенко.
Британскиот заменик-секретар за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека покрај испраќањето на ескадрила борбени тенкови Челинџер 2 во Украина, Лондон ќе испрати и муниција, вклучително и оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум. После тоа, рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва ќе биде принудена да реагира доколку колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента. Американските трупи користеа муниција со осиромашен ураниум за време на операцијата „Пустинска бура“, бомбардирањето на Југославија и инвазијата на Ирак во 2003 година, пренесе Новости.рс.

The post Ако се Британците луди, нека испратат осиромашен ураниум во Киев, порача Лукашенко appeared first on Република.

]]>
Ќе завршите како НАТО во Југославија: Шојгу предупреди на опасноста од користење осиромашен ураниум во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ke-zavrshite-kako-nato-vo-jugoslavija-shojgu-predupredi-na-opasnosta-od-koristene-osiromashen-uranium-vo-ukraina/ Wed, 22 Mar 2023 08:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=622305

„Југословенско сценарио“ може да се случи во Украина ако Британија испрати оружје со осиромашен ураниум, коментираше рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, велејќи дека во случајот со бомбардирањето на Србија ураниумот имал негативни последици за самите војници на НАТО.

Имаше последици по здравјето на оние кои ја користеа таа муниција. Имаше сериозни медицински состојби и тие беа проучувани. Меѓутоа, тие не испитале какво влијание имала муницијата врз оние против кои била употребена – изјави рускиот министер, пренесува Тасс.

Британскиот заменик министер за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај испораката на борбени тенкови „Челинџер 2“, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати со осиромашен ураниум.

Руската амбасада во Лондон ја предупреди британската влада да не го снабдува Киев со таква муниција. Според руските дипломати, овој чекор е полн со ризици за натамошна ескалација на конфликтот.

Министерот Шојгу рече и дека најавата на Велика Британија значи дека сега има помалку чекори до нуклеарен конфликт.

The post Ќе завршите како НАТО во Југославија: Шојгу предупреди на опасноста од користење осиромашен ураниум во Украина appeared first on Република.

]]>

„Југословенско сценарио“ може да се случи во Украина ако Британија испрати оружје со осиромашен ураниум, коментираше рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, велејќи дека во случајот со бомбардирањето на Србија ураниумот имал негативни последици за самите војници на НАТО. Имаше последици по здравјето на оние кои ја користеа таа муниција. Имаше сериозни медицински состојби и тие беа проучувани. Меѓутоа, тие не испитале какво влијание имала муницијата врз оние против кои била употребена – изјави рускиот министер, пренесува Тасс. Британскиот заменик министер за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај испораката на борбени тенкови „Челинџер 2“, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати со осиромашен ураниум. Руската амбасада во Лондон ја предупреди британската влада да не го снабдува Киев со таква муниција. Според руските дипломати, овој чекор е полн со ризици за натамошна ескалација на конфликтот. Министерот Шојгу рече и дека најавата на Велика Британија значи дека сега има помалку чекори до нуклеарен конфликт.

The post Ќе завршите како НАТО во Југославија: Шојгу предупреди на опасноста од користење осиромашен ураниум во Украина appeared first on Република.

]]>