Осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osiguruvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 09:23:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osiguruvanje/ 32 32 Шест земји од ЕУ добија рок од два месеци за имплементација на Директивата за осигурување на возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shest-zemji-od-eu-dobija-rok-od-dva-mesetsi-za-implementatsija-na-direktivata-za-osiguruvane-na-vozila/ Fri, 15 Nov 2024 09:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=837997

Европската комисија упати последно предупредување до шест земји членки на ЕУ и им даде рок од два месеци да ја имплементираат Директивата на Унијата за осигурување на моторни возила.

Во предупредувањето упатено до Бугарија, Летонија, Малта, Португалија, Романија и Шпанија, Еврокомисијата посочува дека доколку не се усогласат со наведената Директива, против нив би можела да биде покрената постапка пред Судот на правдата на ЕУ.

Како што соопшти ЕК, одлуката за испраќање на „образложени мислења“ до шесте земји членки е донесена затоа што тие „не ја информирале дали целосно ја имплементирале изменетата Директива за осигурување на моторни возила во нивните национални законодавства“.

Крајниот рок за вклучување на одредбите од оваа Директива на ЕУ во националните законодавства на земјите членки беше на 23 декември 2023 година. Откако оцени дека шесте наведени земји не ја имплементирале регулативата до утврдениот рок, Еврокомисијата им испрати формални известувања за тоа, но, како што се наведува во соопштението, од нив не добила „задоволителен одговор“ на укажувањата.

Поради ова, ЕК сега реши да им даде дополнителен рок од два месеци за усогласување или во спротивно „може да реши да ги упати случаите до Судот на правдата на Европската Унија“.

Директивата за осигурување на моторни возила има за цел да ја зајакне заштитата на жртвите од сообраќајни несреќи во ЕУ. Со измените се прецизира опсегот на оваа заштита, се олеснува следењето на задолжителното осигурување на моторните возила и се создава механизам за обештетување на жртвите во случај на несолвентност на одговорниот за сообраќајната несреќа. Со овие измени, исто така, се олеснува и постапката за промена на осигурителните компании и на осигурениците им се гарантира еднаков и недискриминаторски третман.

The post Шест земји од ЕУ добија рок од два месеци за имплементација на Директивата за осигурување на возила appeared first on Република.

]]>

Европската комисија упати последно предупредување до шест земји членки на ЕУ и им даде рок од два месеци да ја имплементираат Директивата на Унијата за осигурување на моторни возила. Во предупредувањето упатено до Бугарија, Летонија, Малта, Португалија, Романија и Шпанија, Еврокомисијата посочува дека доколку не се усогласат со наведената Директива, против нив би можела да биде покрената постапка пред Судот на правдата на ЕУ. Како што соопшти ЕК, одлуката за испраќање на „образложени мислења“ до шесте земји членки е донесена затоа што тие „не ја информирале дали целосно ја имплементирале изменетата Директива за осигурување на моторни возила во нивните национални законодавства“. Крајниот рок за вклучување на одредбите од оваа Директива на ЕУ во националните законодавства на земјите членки беше на 23 декември 2023 година. Откако оцени дека шесте наведени земји не ја имплементирале регулативата до утврдениот рок, Еврокомисијата им испрати формални известувања за тоа, но, како што се наведува во соопштението, од нив не добила „задоволителен одговор“ на укажувањата. Поради ова, ЕК сега реши да им даде дополнителен рок од два месеци за усогласување или во спротивно „може да реши да ги упати случаите до Судот на правдата на Европската Унија“. Директивата за осигурување на моторни возила има за цел да ја зајакне заштитата на жртвите од сообраќајни несреќи во ЕУ. Со измените се прецизира опсегот на оваа заштита, се олеснува следењето на задолжителното осигурување на моторните возила и се создава механизам за обештетување на жртвите во случај на несолвентност на одговорниот за сообраќајната несреќа. Со овие измени, исто така, се олеснува и постапката за промена на осигурителните компании и на осигурениците им се гарантира еднаков и недискриминаторски третман.

The post Шест земји од ЕУ добија рок од два месеци за имплементација на Директивата за осигурување на возила appeared first on Република.

]]>
Да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите, побара Финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/da-se-stavi-vo-miruvane-poskapuvaneto-na-osiguruvaneto-na-avtomobilite-pobara-finansii/ Mon, 29 Apr 2024 13:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=772226

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување.

На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година.

Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите, имајќи предвид дека компаниите ниту поединечно, ниту преку Националното биро за осигурување го немаат известено регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето ниту Комисијата дека планираат да ги зголемат трошоците по основ на премијата за вршење на дејноста на осигурување, и на тој начин не е обезбеден инклузивен пристап и кооперативност со сите засегнатите страни при донесување на одлуките.

Комисијата побара од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да изготви анализа за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на друштвата за осигурување, во насока на заштита на крајните корисници, а со цел обезбедување сеопфатна информација за донесување објективна и транспарентна одлука. Во правец на ова е укажувањето кон регулаторот за ставање во мирување на одлуката за зголемување на цената на трошоците од страна на друштвата за осигурување.

Истовремено, побара од друштвата за осигурување преку Националното биро да дадат свој придонес во изготвување на анализата и предлог-заклучоци за промена на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

The post Да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите, побара Финансии appeared first on Република.

]]>

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување. На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден да им предложи на друштвата за осигурување до крајот на денешниот ден да ги стават во мирување одлуките за зголемување на трошоците и да ги вратат на ниво од пред 25 април 2024 година. Ваквото укажување е со цел обезбедување транспарентност и предвидливост на процесите, имајќи предвид дека компаниите ниту поединечно, ниту преку Националното биро за осигурување го немаат известено регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето ниту Комисијата дека планираат да ги зголемат трошоците по основ на премијата за вршење на дејноста на осигурување, и на тој начин не е обезбеден инклузивен пристап и кооперативност со сите засегнатите страни при донесување на одлуките. Комисијата побара од регулаторот, односно Агенцијата за супервизија на осигурувањето, да изготви анализа за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на друштвата за осигурување, во насока на заштита на крајните корисници, а со цел обезбедување сеопфатна информација за донесување објективна и транспарентна одлука. Во правец на ова е укажувањето кон регулаторот за ставање во мирување на одлуката за зголемување на цената на трошоците од страна на друштвата за осигурување. Истовремено, побара од друштвата за осигурување преку Националното биро да дадат свој придонес во изготвување на анализата и предлог-заклучоци за промена на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

The post Да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите, побара Финансии appeared first on Република.

]]>
Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/komisijata-za-osiguruvane-od-avtomobilska-odgovornost-ke-odluchuva-za-poskapuvaneto-na-polisata/ Mon, 29 Apr 2024 07:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=772065

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување. Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата appeared first on Република.

]]>
В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/v-ponedelnik-ke-se-znae-dali-ke-poskapi-polisata-za-zadolzhitelnoto-avto-osiguruvane/ Sat, 27 Apr 2024 10:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=771623

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в понеделник на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството за финансии претходно вчера заради донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница на која ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки и заклучи в понеделник на нова седница да донесе одлука. Врз основа на добиеното известување од страна на АСО, која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството вчера се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

Токму АСО го информира Министерството дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до нив за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

-По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, велат од АСО.

Затоа, додаваат, во рамите на своите надлежности доставиле предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност.

Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени.

-Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, посочуваат од НБО и додаваат дека имаме најниска цена во регионот на осигурување од автоодговорност.

Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании.

-Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, прецизираат од НБО.

Зголемувањето на цената за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи.

Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај.

Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, порача Битиќи на Фејсбук.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување appeared first on Република.

]]>

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност в понеделник на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување. Од Министерството за финансии нагласуваат дека техничката премија останува непроменета, а со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци). Министерството за финансии претходно вчера заради донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница на која ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки и заклучи в понеделник на нова седница да донесе одлука. Врз основа на добиеното известување од страна на АСО, која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството вчера се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата. Токму АСО го информира Министерството дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до нив за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат. Од АСО сметаат дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании. -По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано, велат од АСО. Затоа, додаваат, во рамите на своите надлежности доставиле предлог до Министерството за финансии да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност и со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Од НБО, пак, велат дека актуелните пазарни услови предизвикаа неопходност од промена на цената на полисата за задолжителното авто осигурување и додаваат дека процентот на пораст секоја осигурителна компанија сама го дефинира, зависно од деловната политика и направената анализа. Оттаму објаснуваат дека се работи за европски компании кои одлуките ги носат врз основа на сериозни повеќегодишни анализи, кои покажуваат дека бизнисот за осигурување на автоодговорност е неодржлив со сегашните цени. -Порастот на цената е предизвикан од континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, порастот на цената на резервните делови, порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција. Општиот пораст на цените од 2008 до 2023 година изнесува 61,56 отсто. Истовремено цената за осигурување од автомобилска одговорност не е променета веќе 15 години и е единствената категорија во нашата земја која не претрпела зголемување на цена, посочуваат од НБО и додаваат дека имаме најниска цена во регионот на осигурување од автоодговорност. Нагласуваат дека досегашната цена на задолжителното авто осигурување била непазарна, прениска, меѓу најниските во регионот, непроменета уште од 2008 година и дека ја доведува во прашање исплатливоста на работењето на осигурителните компании. -Без поскапувањето овој бизнис е неодржлив и ќе биде полека напуштен од страна на осигурителните компании. Финансиските институции имаат обврска да работат по строго дефинирани одржливи параметри, со цел зајакнување на стабилноста на финансискиот систем. Како потсетување, во 2008 година цената на автомобилската одговорност беше намалена за 30 отсто, но, денес условите за работење се променети и неодржливо е за Осигурителните компании да работат со цени на ова ниво, прецизираат од НБО. Зголемувањето на цената за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании вчера на својот Фејсбук профил го коментираше и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на владина седница. Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните, напиша Битиќи. Тој ги повика Министерството за финансии и Комисијата за заштитата на конкуренција да постапат по овој случај. Го повикувам ресорното Министерство за финансии и Комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, порача Битиќи на Фејсбук. Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото.

The post В понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување appeared first on Република.

]]>
Тарифникот за поскапување на автоодговорноста не е одобрен од Влада: За Битиќи ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tarifnikot-za-poskapuvane-na-avtoodgovornosta-ne-e-odobren-od-vlada-za-bitiki-ova-e-primer-za-dlabokata-drzhava-koja-mora-da-se-iskoreni/ Fri, 26 Apr 2024 12:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=771424

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании, порача вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи откако беше обелоденето дека има нови поскапи цени на осигурителните полиси за регистрација на возилата.

Според него, ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања 2 пати е доставен до Владата и 2 пати не е одобрен на владина седница.

Битиќи оценува дека ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на автоосигурувањето на грбот на граѓаните.

Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени. Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, објави вицепремиерот на социјалните мрежи.

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста. Цените се поскапени за 15,4 отсто.

Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ ќе плаќаат 6.292 денари наместо 5.453 денари, односно 839 денари повеќе. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ, пак, се зголемува од 6.166 на 7.116 денари. За колите со моќност од 66 до 84 КВ цената на осигурувањето се зголемува од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со моќност од 84 до 110 КВ. Конечно, осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе изнесува 11.879 денари, а досега изнесуваше 10.294 денари.

Новите цени стапиле на сила на 25-ти април.

The post Тарифникот за поскапување на автоодговорноста не е одобрен од Влада: За Битиќи ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени appeared first on Република.

]]>

Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании, порача вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи откако беше обелоденето дека има нови поскапи цени на осигурителните полиси за регистрација на возилата. Според него, ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања 2 пати е доставен до Владата и 2 пати не е одобрен на владина седница. Битиќи оценува дека ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на автоосигурувањето на грбот на граѓаните. Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени. Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата, објави вицепремиерот на социјалните мрежи. Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за возилата под 44 киловати останува иста. Цените се поскапени за 15,4 отсто. Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ ќе плаќаат 6.292 денари наместо 5.453 денари, односно 839 денари повеќе. Осигурувањето за возилата со мотор од 55 до 65 КВ, пак, се зголемува од 6.166 на 7.116 денари. За колите со моќност од 66 до 84 КВ цената на осигурувањето се зголемува од 7.133 денари на 8.233 денари, а од 8.510 денари на 9.821 денари е поскапено осигурувањето за колите со моќност од 84 до 110 КВ. Конечно, осигурувањето за возилата со мотор над 110 КВ сега ќе изнесува 11.879 денари, а досега изнесуваше 10.294 денари. Новите цени стапиле на сила на 25-ти април.

The post Тарифникот за поскапување на автоодговорноста не е одобрен од Влада: За Битиќи ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени appeared first on Република.

]]>
Патувајте безгрижно со Патна асистенција од Винер Осигурување https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/patuvajte-bezgrizhno-so-patna-asistentsija-od-viner-osiguruvane/ Fri, 28 Jul 2023 13:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=666332

Еден од приоритетите на Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје како општествено одговорна компанија е да се грижи за своите клиенти и да обезбеди осигурителни покритија со кои тие добиваат целосна сигурност, но и помош и поддршка секогаш кога таа им е најпотребна.

Така, покрај осигурување од автомобилска одговорност, Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во соработка со ORYX Assistance, обезбеди можност за дополнително покритие за патна асистенција (помош на пат) што вклучува поправка на возилото на пат (мали поправки на лице место), превоз на возило во случај на сообраќајна незгода или дефект, како и алтернативен превоз, употреба на заменско возило или хотелско сместување.

Патната асистенција како услуга овозможува користење на услугите на техничка помош на пат во случај на сообраќајна несреќа, дефект на возилото, невнимателно ракување или надворешно влијание, во државата или на територија на Европа.

Повеќе информации за поволностите на патната асистенција и Општите услови за користењето на патната асистенција ќе најдете на следните линкови: Помош на пат за Македонија и Помош на пат за Европа.

Воедно, за дополнителни прашања и информации можете да се јавите во контакт центарот на Винер, на бројот 15999, или во некоја од филијалите во градовите низ земјата.

Отсега патувајте безгрижно, со дополнителните осигурителни пакети за Патна асистенција од Винер – Виена Иншуренс АД Скопје.

Комерцијална објава

The post Патувајте безгрижно со Патна асистенција од Винер Осигурување appeared first on Република.

]]>

Еден од приоритетите на Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје како општествено одговорна компанија е да се грижи за своите клиенти и да обезбеди осигурителни покритија со кои тие добиваат целосна сигурност, но и помош и поддршка секогаш кога таа им е најпотребна. Така, покрај осигурување од автомобилска одговорност, Винер – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во соработка со ORYX Assistance, обезбеди можност за дополнително покритие за патна асистенција (помош на пат) што вклучува поправка на возилото на пат (мали поправки на лице место), превоз на возило во случај на сообраќајна незгода или дефект, како и алтернативен превоз, употреба на заменско возило или хотелско сместување. Патната асистенција како услуга овозможува користење на услугите на техничка помош на пат во случај на сообраќајна несреќа, дефект на возилото, невнимателно ракување или надворешно влијание, во државата или на територија на Европа. Повеќе информации за поволностите на патната асистенција и Општите услови за користењето на патната асистенција ќе најдете на следните линкови: Помош на пат за Македонија и Помош на пат за Европа. Воедно, за дополнителни прашања и информации можете да се јавите во контакт центарот на Винер, на бројот 15999, или во некоја од филијалите во градовите низ земјата. Отсега патувајте безгрижно, со дополнителните осигурителни пакети за Патна асистенција од Винер – Виена Иншуренс АД Скопје. Комерцијална објава

The post Патувајте безгрижно со Патна асистенција од Винер Осигурување appeared first on Република.

]]>