осигурана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osigurana/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 13:17:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png осигурана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osigurana/ 32 32 Љутков: Непријатно ми е да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, ниту една од нив не е осигурана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-neprijatno-mi-e-da-kazham-vo-kakva-situatsija-se-ostaveni-natsionalnite-institutsii-nitu-edna-od-niv-ne-e-osigurana/ Tue, 27 Aug 2024 13:17:43 +0000 https://republika.mk/?p=810623

Ниту една национална установа од културата не е осигурана. Со ребалансот обезбедивме буџет да ги осигураме и веќе во тек е постапката за јавната набавка, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, обвинувајќи дека поради недомаќинското работење на претходната власт наместо за капитални инвестиции и подобрување на условите со ребалансот на Буџетот годинава фокусот бил да се обезбедат средства за плати и покривање на загубите.

Нејасно е, посочи Љутков, зошто не се предвидени средства за овие работи „дали биле сигурни дека нема да бидат повеќе власт, па го креирале буџетот до јули месец или е тоа од не знаење“.

Ние со соочивме со ваков проблем, доаѓа ребалансот на буџетот нас ни фалат 248 милиони денари само за плати за до крајот на годината, нагласи Љутков.

Прашан дали се предвидени покачувања на плати на културните работници, Љутков рече дека се што е уредено со закон треба да биде испочитувано.

Се што е уредено според закон ние треба да го испочитуваме, дали е тоа уредено според општиот колективен или посебниот колективен договор, ќе треба да се испочитува. Прашањето е зошто, бидејќи знаете дека во 2024 ќе треба да го испочитувате колективниот договор бидејќи минималната плата најавуваа дека ќе се зголеми во 2024 година, прашањето е зошто не сте ги предвиделе тие средства кои се некаде околу 250 милиони денари, изјави Љутков, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје.

Како нов министер, Љутков посочи дека морал да обезбеди од Влада некаде околу 7/8 милиони дополнителни средства само да ги покриеме загубите, наместо со тие 7/8 милиони до крајот на годината да сечевме лента на новиот Турски театар.

Тие работеле недомаќински и не ги предвидувале средства, не платиле 5 милиони денари за кобис. Не ги предвиделе. Тоа со ребалансот моравме да го обезбедиме. Немаат платено осигурување за националните установи и ред други работи што ми е непријатно да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, изјави Љутков.

Љутков, меѓу другото, посочи дека од 2017 година до сега сите процеси во делот на капиталните инвестиции се на минимално ниво.

Значи, се е оставено на забот на времето. Ние денеска се соочуваме прво, бидејќи буџетот е во катастрофална состојба, со тимот на Министерството за култура работиме како да ги довршиме проектите коишто се започнати пред 15 години, а не да почнеме со процес на изградба на нови. Значи, мора во овој мандат да ги завршиме сите објекти во делот на културата коишто се започнати како процес и мораме да реновираме дел од институциите коишто се во катастрофална состојба како што е НУБ, рече Љутков.

Во партиската програма, нагласи Љутков, пишува дека тој процес ќе биде 2025-2035 и посочи дека во меѓувреме ќе изработуваат проекти и ќе се прави ревизија и на постоечките за, како што рече „да видиме до која фаза и што можеме да направиме во овој мандат“.

Прашан за проектот за конаците во Музејот во Велес, Љутков рече дека тој секако е многу стар проект и ќе треба да се направи и препроцена во однос на тоа колку чини.

Верувајте ако некој проект е направен во 2015 вие морате и внатре во сценската технологија да направите измена бидејќи тоа е веќе застарена технологија, посочи тој.

The post Љутков: Непријатно ми е да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, ниту една од нив не е осигурана appeared first on Република.

]]>

Ниту една национална установа од културата не е осигурана. Со ребалансот обезбедивме буџет да ги осигураме и веќе во тек е постапката за јавната набавка, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, обвинувајќи дека поради недомаќинското работење на претходната власт наместо за капитални инвестиции и подобрување на условите со ребалансот на Буџетот годинава фокусот бил да се обезбедат средства за плати и покривање на загубите. Нејасно е, посочи Љутков, зошто не се предвидени средства за овие работи „дали биле сигурни дека нема да бидат повеќе власт, па го креирале буџетот до јули месец или е тоа од не знаење“.
Ние со соочивме со ваков проблем, доаѓа ребалансот на буџетот нас ни фалат 248 милиони денари само за плати за до крајот на годината, нагласи Љутков.
Прашан дали се предвидени покачувања на плати на културните работници, Љутков рече дека се што е уредено со закон треба да биде испочитувано.
Се што е уредено според закон ние треба да го испочитуваме, дали е тоа уредено според општиот колективен или посебниот колективен договор, ќе треба да се испочитува. Прашањето е зошто, бидејќи знаете дека во 2024 ќе треба да го испочитувате колективниот договор бидејќи минималната плата најавуваа дека ќе се зголеми во 2024 година, прашањето е зошто не сте ги предвиделе тие средства кои се некаде околу 250 милиони денари, изјави Љутков, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на НУБ „Св. Климент Охридски“ Скопје.
Како нов министер, Љутков посочи дека морал да обезбеди од Влада некаде околу 7/8 милиони дополнителни средства само да ги покриеме загубите, наместо со тие 7/8 милиони до крајот на годината да сечевме лента на новиот Турски театар.
Тие работеле недомаќински и не ги предвидувале средства, не платиле 5 милиони денари за кобис. Не ги предвиделе. Тоа со ребалансот моравме да го обезбедиме. Немаат платено осигурување за националните установи и ред други работи што ми е непријатно да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, изјави Љутков.
Љутков, меѓу другото, посочи дека од 2017 година до сега сите процеси во делот на капиталните инвестиции се на минимално ниво.
Значи, се е оставено на забот на времето. Ние денеска се соочуваме прво, бидејќи буџетот е во катастрофална состојба, со тимот на Министерството за култура работиме како да ги довршиме проектите коишто се започнати пред 15 години, а не да почнеме со процес на изградба на нови. Значи, мора во овој мандат да ги завршиме сите објекти во делот на културата коишто се започнати како процес и мораме да реновираме дел од институциите коишто се во катастрофална состојба како што е НУБ, рече Љутков.
Во партиската програма, нагласи Љутков, пишува дека тој процес ќе биде 2025-2035 и посочи дека во меѓувреме ќе изработуваат проекти и ќе се прави ревизија и на постоечките за, како што рече „да видиме до која фаза и што можеме да направиме во овој мандат“. Прашан за проектот за конаците во Музејот во Велес, Љутков рече дека тој секако е многу стар проект и ќе треба да се направи и препроцена во однос на тоа колку чини.
Верувајте ако некој проект е направен во 2015 вие морате и внатре во сценската технологија да направите измена бидејќи тоа е веќе застарена технологија, посочи тој.

The post Љутков: Непријатно ми е да кажам во каква ситуација се оставени националните институции, ниту една од нив не е осигурана appeared first on Република.

]]>
„Универзална“ не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/univerzalna-ne-e-osigurana-osigurana-e-firmata-shto-ja-rekonstruira-salata/ Tue, 23 Apr 2024 10:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=769676

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е несреќно дадена изјава, објави МКД.мк.

Секоја фирма што добила тендер за градба е законски обврзана да се осигура за одговорност за штета па согласно оваа законска обврска тоа го направила и фирмата Универзал Балкан, фирмата која треба да ја реконструира Универзална сала, објаснува изворот на МКД.мк

Станува збор за осигурување за одговорност за штета во случај ако фирмата предизвика штета кон трети лица односно луѓе што се вклучени во реализација на проектот или кон објектот што го гради или го реконстурира. Во случај да се утврди таква штета тогаш фирмата треба да ја плати штетата. Ако тоа не го направи фирмата тогаш обврските за наплата на штетата ги презема осигурителната компанија. Во конкретниот случај со Универзалната сала ниту може салата како објект да се осигура ниту некој би осигурал таква руина“, тврди изворот на МКД.мк кој е вклучен во реконструкцијата на Универзална сала.

Како што пишува порталот, во новиот дел кој фирмата Универзал Балкан го гради, а за кој е надлежна оваа фирма штета нема па следствено на тоа нема да има никаква потреба за исплата на штета ниту пак осигурителната компанија би ѝ исплатила пари на компанијата со кои, како што изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе продолжи градбата на Универзална сала.

„Но сепак, ако се утврди дека фирмата предизвикала било каква штета тогаш таа законски е обврзана да ја плати штетата“, вели изворот на МКД.мк.

The post „Универзална“ не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата appeared first on Република.

]]>

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е несреќно дадена изјава, објави МКД.мк. Секоја фирма што добила тендер за градба е законски обврзана да се осигура за одговорност за штета па согласно оваа законска обврска тоа го направила и фирмата Универзал Балкан, фирмата која треба да ја реконструира Универзална сала, објаснува изворот на МКД.мк