оси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osi/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 07:34:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osi/ 32 32 Четиригодишно дете во Грција случајно проголтало две оси, итно било пренесено во болница https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/chetirigodishno-dete-vo-grtsija-sluchajno-progoltalo-dve-osi-itno-bilo-preneseno-vo-bolnitsa/ Tue, 18 Jul 2023 07:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=662519

Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“.

На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница.

Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен, кој се смета за еден од најчестите видови оси, има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза интервенција.

Луѓето кои имаат утврден ризик да добијат алергиски реакции од секаков вид на оси мора секогаш да имаат препишан лек со себе, а најчесто тоа е еден од антихистаминиците, велат лекарите.

The post Четиригодишно дете во Грција случајно проголтало две оси, итно било пренесено во болница appeared first on Република.

]]>

Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“. На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница. Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен, кој се смета за еден од најчестите видови оси, има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза интервенција. Луѓето кои имаат утврден ризик да добијат алергиски реакции од секаков вид на оси мора секогаш да имаат препишан лек со себе, а најчесто тоа е еден од антихистаминиците, велат лекарите.  

The post Четиригодишно дете во Грција случајно проголтало две оси, итно било пренесено во болница appeared first on Република.

]]>
Спасен велешанец кој бил донесен во болница во кома, целиот искасан од оси https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasen-veleshanec-koj-bil-donesen-vo-bolnica-vo-koma-celiot-iskasan-od-osi/ Tue, 12 Jul 2022 14:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=527599

Маж на околу 60 години од велешката населба Речани, целиот искасан од оси и во состојба на кома, денеска со Брза помош бил однесен итно во велешката болница.

Д-р Милка Панова од Брза помош во Велес, за МИА изјави дека повикот го добиле во 11.05 часот и кога стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот, со повеќе убоди од оси на рацете, лицето и по целото тело.

Веднаш го реанимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е алергично на оси и во состојба на кома, итно со нашето возило на Брза помош го однесовме во велешката болница, информира д-р Панова.

Д-р Eлена Левкова-Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, за МИА изјави дека мажот бил донесен во тешка состојба, но по укажаната медицинска помош и по неколкучасовно посматрање се освестил и во добра здравствена состојба од велешката болница бил пуштен на домашно лекување.

Д-р Панова од Брзата помош вели дека каснувањата од оси, пчели, стршлени и други инсекти е често во летните месеци. Дел од каснатите сами се јавуваат во Брза помош, а има и во тешка состојба за кои случајот го пријавуваат нивни роднини и пријатели и случајни минувачи.

Препорачливо е граѓаните да внимаваат каде и како се движат, а посебно оние кои се алергични на оси, пчели и други инсекти, да ја носат со себе потребната терапија за да го заштитат својот живот. Некои од алергичните кои не се заштитени, за жал, завршуваат и фатално, предупредува д-р Панова.

Таа информира дека годинава немало пријави за каснување од змија како во изминатите лета кога најчесто биле каснати луѓе кои работат во полињата и на отворено.

The post Спасен велешанец кој бил донесен во болница во кома, целиот искасан од оси appeared first on Република.

]]>

Маж на околу 60 години од велешката населба Речани, целиот искасан од оси и во состојба на кома, денеска со Брза помош бил однесен итно во велешката болница. Д-р Милка Панова од Брза помош во Велес, за МИА изјави дека повикот го добиле во 11.05 часот и кога стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот, со повеќе убоди од оси на рацете, лицето и по целото тело.
Веднаш го реанимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е алергично на оси и во состојба на кома, итно со нашето возило на Брза помош го однесовме во велешката болница, информира д-р Панова.
Д-р Eлена Левкова-Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, за МИА изјави дека мажот бил донесен во тешка состојба, но по укажаната медицинска помош и по неколкучасовно посматрање се освестил и во добра здравствена состојба од велешката болница бил пуштен на домашно лекување. Д-р Панова од Брзата помош вели дека каснувањата од оси, пчели, стршлени и други инсекти е често во летните месеци. Дел од каснатите сами се јавуваат во Брза помош, а има и во тешка состојба за кои случајот го пријавуваат нивни роднини и пријатели и случајни минувачи.