оштетување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oshtetuvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 01 Mar 2023 12:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оштетување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oshtetuvanje/ 32 32 Продолжува оштетувањето на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно, целосно е уништена источната периферија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno-tselosno-e-unishtena-istochnata-periferija/ Wed, 01 Mar 2023 11:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=614645

Центар за истражување на предисторијата известува дека археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно и понатаму се оштетува поради експлоатација на јаглен.

За жал, и покрај укажувањата на Управата за заштита на културно наследство и Завод и музеј – Битола да се запре оштетувањето на локалитетот до негово истражување, противзаконски се продолжи со копањето за јаглен во рамки на оваа значајна неолитска населба. Како резултат на овој крајно неетичен чин, целосно е уништена источната периферија на локалитетот со што е оневозможено негово истражување и трајно се изгубени битни информации поврзани со животот во неолитот“, велат од овој центар.

Како што велат оттаму, при девастирачките работи со багери оштетени се неколку ровови и повеќе неолитски куќи, а исфрлени се и илјадници остатоци од керамички садови, фигурини и алатки.

Благодарение на резултатите добиени од геомагнетното скенирање може да се увиди кои делови од локалитетот се уништени и оштетени, што претставува несовесно и намерно остранување на евидентни археолошки содржини. Направениот укоп за јаглен во источниот дел на локалитетот ќе предизвика натамошен одрон на археолошките слоеви што се наоѓаат до него, како и континуирано оштетување на локалитетот. Ваквото неодговорно уништување на археолошки локалитети е недозволиво, особено што Македонија е потписничка на Фаро конвенцијата иницирана од Советот на Европа, при што државите се заложуваат да го заштитат културното наследство. Оштетувањето на локалитетот Влахо веќе предизвикува остри реакции од страна на меѓународните институции и стручњаци кои го осудуваат овој вандалски чин. Тоа воедно дава и лоша слика за земјата во која не се почитуваат законите за заштита на културното наследство“ додаваат оттаму.

The post Продолжува оштетувањето на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно, целосно е уништена источната периферија appeared first on Република.

]]>