оштетени штедачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oshteteni-shtedachi/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Mar 2023 07:25:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оштетени штедачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oshteteni-shtedachi/ 32 32 Зошто обвинителството не реагира на јавното признание од Трифун Костовски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zoshto-obvinitelstvoto-ne-reagira-na-javnoto-priznanie-od-trifun-kostovski/ Thu, 09 Mar 2023 07:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=617518

Крадците станаа чесни луѓе. И за тоа придонесе неказнивоста која стана главна одлика во нашето општество. Се чини дека колку повеќе криминалот е поголем толку повеќе има реални шанси да не се одговара и случајот да се остави во заборав за да времето го надживее. Додека неказнивоста ги нарушува основните човекови вредности за слобода, правда и правичност и делува ретроградно во развојот на нашето општество.

Неказнивоста стана главна одлика и во случајот со Еуростандард банка како најголем криминал во банкарскиот сектор во поновата македонска историја. Сторен организиран грабеж на повеќе десетици милиони евра од сметките на депонентите земени и однесени во туѓи џебови. Поминаа две и пол години од затворањето на банката без ниту еден официјален заклучок за тоа како се крадело организирано во банката ниту пак дали некој ќе одговара. Надлежните институции молчат, молчи и обвинителството. А државата пак не реагира зошто институциите молчат и го игнорираат овој високо поставен криминален случај.

Се прашуваме зошто обвинителството не реагира и на јавното признание од Трифун Костовски дека свесно сторил кривично дело. Не само што јавно призна туку и пластично објасни во неколку наврати како со негов потпис и одобрување се украдени депозитите од Еуростандард банка. И тоа, како што јавно тврди Трифун Костовски, потпишан и одобрен криминален чин во присуство на високи функционери од Народна банка, државната институција која е законски надлежна да врши контрола над работењето на банките и да ги заштити депозитите на граѓаните и фирмите. А кривичното дело на Трифун Костовски се состои во нелегално земени три милиони евра од депозитите во Еуростандард банка и префрлени во соседната Комерцијална банка за да служат како обезбедување за доделени кредити на трети правни лица во 2019 година. Нелегално земени пари од сметките на депонентите во Еуростандард банка и никогаш не вратени назад. Јасно сторен криминал на кој обинителството молчи, не реагира. Како што молчи и за украдените десетици милиони евра од депозитите во Еуростандард банка, проследени со повеќе кривични дела на одговорните раководни лица од банката како што се злоупотреба на службена должност и овластување, измама, перење пари и други приноси од казниво дело, фалсификување документи и конечно, предизвикување стечај на банката.

Минатата година поминаа и законските рокови за изјаснување на обвинителството од покренатата истрага пред повеќе од две години за организираниот криминал во Еуростандард банка. Молкот и игнорирањето продолжуваат. До кога?

Здружение на оштетени штедачи од Еуростандард банка

The post Зошто обвинителството не реагира на јавното признание од Трифун Костовски? appeared first on Република.

]]>

Трифун Костовски, Николче Петкоски и Коста Костовски потпишувале неповратни кредити, ама истрага нема https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trifun-kostovski-nikolche-petkoski-i-kosta-kostovski-potpishuvale-nepovratni-krediti-ama-istraga-nema/ Wed, 25 Jan 2023 13:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=600900

Еуростандард банка се ограбувала со години за да на крај се затвори пред две и пол години. Веднаш откако се затвори, многу повикани и неповикани личности збореа за банката и сите се согласија дека се работи за масовен грабеж на депозити или организиран криминал кој се случувал во банката со години. Украдени се повеќе десетици милиони евра. И после толку поминато време нема ниту еден обвинет иако финансиската полиција констатира мрежа од фирми преку која се одлевале пари од депозитите како неповратни кредити одобрени од раководните лица во банката, реагираат оштетените штедачи од Еуростандард банка .

-Додека обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција започна истрага против четворица одговорни лица од банката за предизвикување стечај на банката и за перење пари пред речиси две години. И тоа е сé. Веќе две години нема ниту одлука од обвинителството ниту збор од надлежните институции за сторениот организиран криминал во Еуростандард банка. Нема никаква реакција ниту на јавното признание од Трифун Костовски, еден од осомничените лица за организираниот криминал, дека свесно сторил кривично дело поради кое исчезнале три милиони евра од депозитите во банката. Обвинителството и понатаму молчи додека законските рокови за нивна одлука од спроведената истрага за организираниот криминал во Еуростандард банка се веќе поминати уште минатата година. Па затоа се прашуваме дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!? Инаку, сите индикации покажуваат дека во Еуростандард банка се спроведувал континуиран грабеж на депозити со години. Не се почитувале ниту кредитната политика на банката, ниту политики и процедури за кредитен ризик. Се делеле кредити на некредитоспособни фирми без исполнување на основни критериуми за одобрување. Кредитите се одобрувани од раководниот тим на банката. Трифун Костовски, Николче Петкоски и Коста Костовски се раководните одговорни лица кои ги предводеле надзорниот, управниот и кредитниот одбор во Еуростандард банка и кои се носители во одобрувањето неповратни кредити на некредитоспособни фирми. Со нивни потписи се случувало масовното раздавање на неповратни кредити, активност која станала толку голема да банката пропадне и се затвори, велат штедачите.

„Еуростандард банка е добар показен пример за организиран криминал и корупција. Таму е почнат криминалот пред многу години, но не е и завршен. А би требало да заврши со кривична одговорност и казна за оние кои го организирале и спровеле криминалот. Страшно е што толку долго време нема никаква реакција од државата, од институциите кои се надлежни за справување со и казнување на нелегални криминални активности, а пред и се од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Дали неказнивоста е само поттик и охрабрување да се случуваат други слични криминални активности на штета на сите граѓани и фирми кои се значајни клиенти во банкарскиот сектор? Дали тоа значи и дека ограбувањето депозити на граѓаните и фирмите со неказнивост ќе стане пракса и од некоја друга банка во иднина? Игнорантскиот однос на државата и надлежните институции кон организираниот криминал во Еуростандард банка го покажува тоа“ – посочуваат тие.

The post Трифун Костовски, Николче Петкоски и Коста Костовски потпишувале неповратни кредити, ама истрага нема appeared first on Република.

]]>

Еуростандард банка се ограбувала со години за да на крај се затвори пред две и пол години. Веднаш откако се затвори, многу повикани и неповикани личности збореа за банката и сите се согласија дека се работи за масовен грабеж на депозити или организиран криминал кој се случувал во банката со години. Украдени се повеќе десетици милиони евра. И после толку поминато време нема ниту еден обвинет иако финансиската полиција констатира мрежа од фирми преку која се одлевале пари од депозитите како неповратни кредити одобрени од раководните лица во банката, реагираат оштетените штедачи од Еуростандард банка . -Додека обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција започна истрага против четворица одговорни лица од банката за предизвикување стечај на банката и за перење пари пред речиси две години. И тоа е сé. Веќе две години нема ниту одлука од обвинителството ниту збор од надлежните институции за сторениот организиран криминал во Еуростандард банка. Нема никаква реакција ниту на јавното признание од Трифун Костовски, еден од осомничените лица за организираниот криминал, дека свесно сторил кривично дело поради кое исчезнале три милиони евра од депозитите во банката. Обвинителството и понатаму молчи додека законските рокови за нивна одлука од спроведената истрага за организираниот криминал во Еуростандард банка се веќе поминати уште минатата година. Па затоа се прашуваме дали за грабеж на банка во земјава веќе не се одговара!? Инаку, сите индикации покажуваат дека во Еуростандард банка се спроведувал континуиран грабеж на депозити со години. Не се почитувале ниту кредитната политика на банката, ниту политики и процедури за кредитен ризик. Се делеле кредити на некредитоспособни фирми без исполнување на основни критериуми за одобрување. Кредитите се одобрувани од раководниот тим на банката. Трифун Костовски, Николче Петкоски и Коста Костовски се раководните одговорни лица кои ги предводеле надзорниот, управниот и кредитниот одбор во Еуростандард банка и кои се носители во одобрувањето неповратни кредити на некредитоспособни фирми. Со нивни потписи се случувало масовното раздавање на неповратни кредити, активност која станала толку голема да банката пропадне и се затвори, велат штедачите. „Еуростандард банка е добар показен пример за организиран криминал и корупција. Таму е почнат криминалот пред многу години, но не е и завршен. А би требало да заврши со кривична одговорност и казна за оние кои го организирале и спровеле криминалот. Страшно е што толку долго време нема никаква реакција од државата, од институциите кои се надлежни за справување со и казнување на нелегални криминални активности, а пред и се од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Дали неказнивоста е само поттик и охрабрување да се случуваат други слични криминални активности на штета на сите граѓани и фирми кои се значајни клиенти во банкарскиот сектор? Дали тоа значи и дека ограбувањето депозити на граѓаните и фирмите со неказнивост ќе стане пракса и од некоја друга банка во иднина? Игнорантскиот однос на државата и надлежните институции кон организираниот криминал во Еуростандард банка го покажува тоа“ – посочуваат тие.

The post Трифун Костовски, Николче Петкоски и Коста Костовски потпишувале неповратни кредити, ама истрага нема appeared first on Република.

]]>
Алберт Муслиу бара милион денари од штедачите на Еуростандард, затоа што информирале дека зел кредит, а не го вратил https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/albert-musliu-bara-milion-denari-od-shtedachite-na-eurostandard-zatoa-shto-informirale-deka-zel-kredit-a-ne-go-vratil/ Fri, 25 Nov 2022 12:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=578195

Навреден е, не може да спие и нарушешни му се честа и угледот на политичкиот аналитичар Алберт Мислиу, затоа што оштетените штедачи на Еуростандард банка објавиле дека тој и брат му зеле кредит од банката во висина од 400 илјади евра, а не го вратиле.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-vazat-zakonite-za-semejnata-firma-na-albert-musliu/

Петар Трајков, еден од основачите на здружението за МКД.мк вели дека тужбата што ја добиле индицира дека Муслиу имал последици, откако медиумите, а по претходно добиено соопштение од здружението објавија дека тој и неговиот брат на Еуростандард банка ѝ должат околу 400 илјади евра на име на кредит кој никогаш не го вратиле.

Во тужбата пишува дека тужителот е во тешка психичка состојба и не може да спие. Медиумските написи му нанеле голема штета на угледот. Затоа тој бара оштета од еден милион денари", вели Трајков.

Муслиу за МКД.мк вели дека обвинувањата на оштетените штедачи не се точни и дека до судското рочиште закажано за 28 ноември нема да дава изјави за случајот.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/albert-musliu-i-brat-mu-vkupno-dolzat-na-eurostandard-780-000-evra-se-vmeshalo-i-obvinitelstvoto-od-gostivar/

Адвокатот Љупчо Кузмановски пак вели дека податоците за земениот а невратен кредит на Муслиу се добиени од Извештајот на стечајниот управник на Еуростандард банка и дека тој документ е од јавен карактер, а тужените штедачи се дел од стечајните органи.

Повеќе на МКД.мк

The post Алберт Муслиу бара милион денари од штедачите на Еуростандард, затоа што информирале дека зел кредит, а не го вратил appeared first on Република.

]]>

Навреден е, не може да спие и нарушешни му се честа и угледот на политичкиот аналитичар Алберт Мислиу, затоа што оштетените штедачи на Еуростандард банка објавиле дека тој и брат му зеле кредит од банката во висина од 400 илјади евра, а не го вратиле. https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-vazat-zakonite-za-semejnata-firma-na-albert-musliu/ Петар Трајков, еден од основачите на здружението за МКД.мк вели дека тужбата што ја добиле индицира дека Муслиу имал последици, откако медиумите, а по претходно добиено соопштение од здружението објавија дека тој и неговиот брат на Еуростандард банка ѝ должат околу 400 илјади евра на име на кредит кој никогаш не го вратиле.
Во тужбата пишува дека тужителот е во тешка психичка состојба и не може да спие. Медиумските написи му нанеле голема штета на угледот. Затоа тој бара оштета од еден милион денари", вели Трајков.
Муслиу за МКД.мк вели дека обвинувањата на оштетените штедачи не се точни и дека до судското рочиште закажано за 28 ноември нема да дава изјави за случајот. https://republika.mk/vesti/ekonomija/albert-musliu-i-brat-mu-vkupno-dolzat-na-eurostandard-780-000-evra-se-vmeshalo-i-obvinitelstvoto-od-gostivar/ Адвокатот Љупчо Кузмановски пак вели дека податоците за земениот а невратен кредит на Муслиу се добиени од Извештајот на стечајниот управник на Еуростандард банка и дека тој документ е од јавен карактер, а тужените штедачи се дел од стечајните органи.
Повеќе на МКД.мк

The post Алберт Муслиу бара милион денари од штедачите на Еуростандард, затоа што информирале дека зел кредит, а не го вратил appeared first on Република.

]]>
Генералниот му доделил неповратен милионски кредит на вујко си, а директорот од Кавацарци самиот на себе https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/generalniot-mu-dodelil-nepovraten-milionski-kredit-na-vujko-si-a-direktorot-od-kavacarci-samiot-na-sebe/ Tue, 22 Nov 2022 08:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=576796

Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка известува повеќе од две години во континуитет за огромниот криминал што се случувал во Еуростандард банка под будното око на целиот државен апарат, кој пак гласно молчел. Ниту Управата за финансиска полиција увидела криминални дејствија, ниту пак Управата за финансиско разузнавање приметила нешто. Сепак, пари во банката нема!

Народната банка гласно молчела додека поранешниот генерален директор на Еуростандард банка, Николче Петкоски, му доделил неповратен милионски кредит на неговиот вујко преку фирмата АТВ Зеус. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска не успеала да го санкционира ниту директорот на експозитурата на Еуростандард банка во Кавадарци кога тој сам на себе си доделил милионски кредит од нашите депозити.

За овој организиран криминал молчи и обвинителството, иако мнозинскиот сопственик на банката Трифун Костовски, изјавува дека таа била неликвидна многу време пред нејзиното затворање. Тој пак, освен што им поделил откази на неговите долгогодишни колеги неполна година пред затворање на банката и декларативно ги обвинува дека го покрале за милионски износи, не покренува никакви постапки против нив. Додека како претстедател на надзорниот одбор на банката одобрувал кредити со високи суми на правни лица кои немале соодветно обезбедување ниту кредитоспособност за враќање на истите.

Господа и госпоѓи во одела, обвинители, истражители. Од затварањето на Еуростандард банка до сега, Светската здраствена организација прогласи крај на пандемијата, а и војната на европскиот континент некако се движи кон крајот. Од она што е јавно познато, криминалот околу Еуростандард банка ја чини државата преку 100 милиони евра до сега.

Се поставува прашањето, до каде е истрагата за организираниот криминал во Еуростандард банка покрената од обвинителството уште во февруари минатата година? Помина долго време во молк на обвинителството додека законските рокови за нивна одлука се поминати. Кога ќе има одговорност?

Дали со вашето непостапување за разрешување на овој криминал во нашата заедничка држава оставате добар пример за младите? Дали имате доволно средства за вие и вашите деца да почнете живот во друга држава, бидејќи овде со нефункционален правосуден и истражен систем сме доведени до крајот на патот? Системот не функционира и за нас, а утре и за вас. Со вашето непостапување нанесувате непоправлива штета кон општеството, системот и младите.

Оштетени штедачи на Еуростандард банка

The post Генералниот му доделил неповратен милионски кредит на вујко си, а директорот од Кавацарци самиот на себе appeared first on Република.

За што се сомничи Коста Костовски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-shto-se-somnichi-kosta-kostovski/ Mon, 29 Aug 2022 09:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=545191

Коста Костовски, син на Трифун Костовски, речиси две децении бил претседател на двата кредитни одбори на Еуростандард банка - Одборот за кредитирање на правни лица и Одборот за кредитирање на физички лица. А токму масовното доделување и одобрување на ненаплатливи кредити, без соодветни гаранции или врз основа на меници како единствено обезбедување на кредити кои не можат да се наплатат, биле основната причина за постепеното пропаѓање на банката, до степен да таа стане несолвентна и да отиде во стечај пред две години.

Според функцијата која ја извршувал како лице со посебни права и одговорности, Коста Костовски ги доделувал и одобрувал кредитите како претседател на кредитните одбори и за правни и за физички лица. Токму потписот на Коста Костовски за масовното доделување и одобрување на ненаплатливи кредити, а за кои се сомничи дека биле пропратени и со низа други нелегални активности кои ја доведоа банката во стечај, е основаното сомнение од обвинителството за неговото соучество во организираниот криминал во Еуростандард банка.

И во наодите од официјалниот извештај за економско-финансиската состојба на Еуростандард банка на денот на нејзиното затворање и во деталните објаснувања наведени во извештајот од приватната истрага на Трифун Костовски, се заклучува дека не се почитувале процедурите и критериумите за доделување и одобрување на кредити. Ниту пак се контролирал кредитниот ризик односно се вршела нереална класификација на ризикот на клиентите. Фактите говорат дека сето тоа се правело преку разни форми на злоупотреби на службената положба и овластување, фалсификување документи, измами и низа други незаконски манипулации.

Освен за кривичното дело предизвикување стечај на банка, обвинителството основано го сомничи Коста Костовски и за кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело. На надзорната расправа во Собранието одржана во ноември 2020 година, Блажо Трендафилов, директорот на Управата за финансиско разузнавање, јавно изјави дека преку Еуростандард банка се переле пари, операција која започнала во 2017 година и многукратно се зголемила наредните години. Беше речено дека во Еуростандард банка се отворале сметки на оф-шор компании преку кои се вршеле нелегални трансакции. Трендафилов тогаш изјави и дека на барање на Управата за финансиско разузнавање, во 2019 година обвинителството замрзнало околу 1,2 милиони евра од Еуростандард банка поради таквите нелегални дејствија. Перењето пари е потврдено и во извештајот од приватната истрага на Трифун Костовски каде е истакнато дека во Еуростандард банка во 2019 година клиенти од Венецуела биле ангажирани во трансакции во вредност од 110 милиони евра, од кои 10 милиони евра биле дадени во форма на позајмици на најекспонираните клиенти во банката.

Веројатно Коста Костовски е свесен за многуте злоупотреби на службената положба и овластување кои допринеле за пропаѓањето на Еуростандард банка, перењето пари и низа други проневери за кои постои сериозно основано сомнение дека тој, неговиот татко Трифун Костовски како претседател на надзорниот одбор и Николче Петкоски како претседател на управниот одбор, ги правеле со години.

Од погоре изнесеното, и покрај сите нелегални, криминални активности сторени пред повеќе од две години откако Еуростандард банка е затворена, јавното обвинителство сеуште не излезе со обвинение за учесниците во организираниот криминал. Оттука, се прашуваме и дали можеби тие 10 милиони евра од клиентите од Венецуела наведени погоре се поделени на компании блиски на власта за да целиот криминал се прикрие, а Коста, Трифун и другите нивни осомничени соработници кои биле исто така на раководни позиции во банката, се спасат од кривичен прогон. Или пак, епилогот сепак ќе биде кривична одговорност и отслужување на казни според кривичните дела, но без прочуениот струшки туризам.

Здружение на оштетени штедачи на „Еуростандард банка“

The post За што се сомничи Коста Костовски? appeared first on Република.

Оштетени штедачи: Kлиенти од Венецуела биле ангажирани во трансакции во вредност од 110 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oshteteni-shtedachi-klienti-od-venecuela-bile-angazirani-vo-transakcii-vo-vrednost-od-110-milioni-evra/ Tue, 23 Aug 2022 10:44:19 +0000 https://republika.mk/?p=543192

Резултатите од приватната истрага на Трифун Костовски не нѐ изненадија ниту фрапираа, тие само го потврдија тоа што го изјавувавме и објавувавме минатите две години, велат од здружението на оштетени штедачи.

Штедачите бараат спомнатите институции да не реагираат со соопштенија туку да излезат на прес-конференции, а обвинителството да ја заврши истрагата која ја води година и пол.

Од здружението велат дека станува збор за масовен организиран криминал спроведен преку низа нелегални, законски забранети шеми на позајмици за покривање на достасани обврски на клиенти, перење пари преку воспоставени деловни односи со нерезидентни клиенти, злоупотреби на службена должност и овластување, фалсификување документи, измами, незаконски манипулации и превари.

-Сите овие активности се случувале со години и биле водени од раководниот тим на Еуростандард банка, потпишани и одобрени од претседателите на одборите и потпомогнати од нивни колеги на значајни позиции во банката. Ова се фактите за пропаѓањето на Еуростандард банка, причините да таа стане несолвентна и се затвори пред две години, нагласуваат од здружението.

Осврнувајќи се и на вчерашната прес – конференција каде беше презентиран извештај за пропаѓањето на Еуростандард банка подготвен, како што велат од здружението, од еминентни експерти во банкарскиот сектор, е само потврда за фактичката состојба за масовниот организиран криминал.

-Истрагата потврдува и дека Еуростандард банка воспоставила деловни односи со нерезидентни клиенти осомничени за перење пари. Па така, во првите три квартали од 2019 година, клиенти од Венецуела биле ангажирани во трансакции во вредност од 110 милиони евра, од кои 10 милиони евра биле дадени во форма на заеми на најекспонираните клиенти во Еуростандард банка.
Исто така, во извештајот се потврдуваат и криминалните дела со нелегално префрлените 3 милиони евра земени од депозитите во Еуростандард банка во соседната Комерцијална банка за да служат како залог за кредити на трети правни лица, а кои веќе имале голема изложеност во Еуростандард банка. На основа на таа нелегална трансакција, тие пари се повлечени од Комерцијална банка на денот за затворање на Еуростандард банка, се вели во соопштението.

The post Оштетени штедачи: Kлиенти од Венецуела биле ангажирани во трансакции во вредност од 110 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Резултатите од приватната истрага на Трифун Костовски не нѐ изненадија ниту фрапираа, тие само го потврдија тоа што го изјавувавме и објавувавме минатите две години, велат од здружението на оштетени штедачи. Штедачите бараат спомнатите институции да не реагираат со соопштенија туку да излезат на прес-конференции, а обвинителството да ја заврши истрагата која ја води година и пол. Од здружението велат дека станува збор за масовен организиран криминал спроведен преку низа нелегални, законски забранети шеми на позајмици за покривање на достасани обврски на клиенти, перење пари преку воспоставени деловни односи со нерезидентни клиенти, злоупотреби на службена должност и овластување, фалсификување документи, измами, незаконски манипулации и превари. -Сите овие активности се случувале со години и биле водени од раководниот тим на Еуростандард банка, потпишани и одобрени од претседателите на одборите и потпомогнати од нивни колеги на значајни позиции во банката. Ова се фактите за пропаѓањето на Еуростандард банка, причините да таа стане несолвентна и се затвори пред две години, нагласуваат од здружението. Осврнувајќи се и на вчерашната прес – конференција каде беше презентиран извештај за пропаѓањето на Еуростандард банка подготвен, како што велат од здружението, од еминентни експерти во банкарскиот сектор, е само потврда за фактичката состојба за масовниот организиран криминал. -Истрагата потврдува и дека Еуростандард банка воспоставила деловни односи со нерезидентни клиенти осомничени за перење пари. Па така, во првите три квартали од 2019 година, клиенти од Венецуела биле ангажирани во трансакции во вредност од 110 милиони евра, од кои 10 милиони евра биле дадени во форма на заеми на најекспонираните клиенти во Еуростандард банка. Исто така, во извештајот се потврдуваат и криминалните дела со нелегално префрлените 3 милиони евра земени од депозитите во Еуростандард банка во соседната Комерцијална банка за да служат како залог за кредити на трети правни лица, а кои веќе имале голема изложеност во Еуростандард банка. На основа на таа нелегална трансакција, тие пари се повлечени од Комерцијална банка на денот за затворање на Еуростандард банка, се вели во соопштението.

The post Оштетени штедачи: Kлиенти од Венецуела биле ангажирани во трансакции во вредност од 110 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Поминаа две години: Кој и кога ќе одговара за криминалот во Еуростандард банка? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pominaa-dve-godini-koj-i-koga-kje-odgovara-za-kriminalot-vo-eurostandard-banka/ Fri, 12 Aug 2022 06:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=539342

И после цели две години од затворањето на Еуростандард банка, на толку многу видливи, достапни и лесно проверливи докази, никој сеуште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот.

Еве што е констатирано во официјалниот извештај за Еуростандард банка за нејзината економско-финансиска состојба на денот на нејзиното затворање 12 август 2020 година, сумирано во три главни точки.

Прво, банката преземала голем кредитен ризик кај клиентите кај кои одобрила изложеност покриена единствено со меница или пак вредноста на обезбедувањето била пониска од изложеноста на клиентот. Односно, банката одобрувала изложености иако истите не ги исполнувале критериумите за одобрување дефинирани во кредитната политика на банката.

Второ, се делеле многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити, а пред се поради лошо управување со кредитното портфолио и непостоење или целосно занемарување на системите за контрола на кредитниот ризик, некомпетентност на одговорните лица односно извлекување на пари од банката преку доделување и одобрување на кредити без соодветни гаранции.

И трето, констатирана е пракса на масовно одобрување на кредити за измирување на достасани обврски на клиенти и непрепознавање на ризикот кај поврзани лица во банката.

Заклучокот во извештајот е дека банката станала несолвентна од причини што речиси 60 отсто од вкупното кредитно портфолио кај правните и физички лица биле целосно или делумно ненаплатливи.

Трифун Костовски, долгогодишниот претседател на надзорниот одбор на банката и најголем акционер во истата, јавно посочи повеќе примери како се кределе парите од депозитите во банката. Меѓу другото, тој и јавно призна дека уште во 2019 година свесно сторил кривично дело со префрлање на речиси три милиони евра од депозитите на Еуростандард банка во соседната Комерцијална банка за да служат како гаранција за издадени кредити на трети лица, кои пари потоа биле и повлечени од Комерцијална банка на денот на затворање на Еуростандард банка. Воедно, Трифун Костовски јавно изјави и дека во банката честопати се запишувале фиктивни процени на имот само со цел формално да се задоволат условите за одобрување кредити на клиенти во банката.

При организирана кражба на толку многу пари која траела со години не е ни можно да првиот човек на надзорниот одбор на банката заедно со неговите блиски соработници, претседателите на управниот и кредитниот одбор, Николче Петкоски и Коста Костовски, не знаеле ниту виделе а одобрувале ненаплатливи кредити во милионски суми. Тие, впрочем, се и единствените потписници на одлуките и налозите со кои се одобрувани кредити кои не можат да се наплатат.

Доказите за сторениот организиран криминал во Еуростандард банка се веќе одамна во рацете на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто започна истрага уште во февруари минатата година. Тие се јасни и недвосмислени. Во тие документи се гледа кој се одобрувал ненаплатливи кредити, кој ги делел истите, со кого се ги делел, кој перел пари, фалсификувал документи или вршел разни други видови на измами, злоупотреби и проневери.

Вистината мора да се дознае и правдата да се задоволи. Зошто Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и понатаму молчи? Дали на тој начин дозволува да овој масовен грабеж на депозитите од ограбената банка помине неказнето и остане во заборав на времето додека тие што не покрале продолжат да уживаат со украдените пари!?

После цели две години молк, време е веќе да делувате!

Здружение на оштетени штедачи

The post Поминаа две години: Кој и кога ќе одговара за криминалот во Еуростандард банка? appeared first on Република.

Започнува обесштетувањето на граѓаните во случајот Еуростандард банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zapochnuva-obesshtetuvanjeto-na-gragjanite-vo-sluchajot-eurostandard-banka/ Tue, 31 May 2022 10:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=509203

Физичките лица целосно ќе бидат обесштетени, освен оние лица кои имале повластени каматни стапки и тие, исто како и правните лица, ќе бидат делумно обесштетени, информира адвокатот на оштетените штедачи на Еуростандард банка Љупчо Кузмановски.

Кузмановски информира дека е завршена постапката за определување на доверителите и редоследот на доверители и нивното обесштетување.

Фондот за осигурување на депозити останува доверител, но се направи и промена на редоследот на доверители. Тоа што банките, државата кои имаа предност како доверители пред граѓаните не е фер и тоа сега е променето, вели Кузмановски во Утрински брифинг.

Штедачи или граѓани со трансакциски сметки се околу 600 до 700 луѓе, а привилегирани имало многу малку.

Планот за распределбата на средствата е потврден од Апелацискиот суд и деновиве се очекува да започне обесштетувањето на штедачите. Лично очекував поголема реакција од правните лица, но имаше само 3 или 4 жалби освен онаа на Фондот. Веројатно станува збор за помли депозити на правните лица, вели Кузмановски за Утрински брифинг.

Статусот на случајот со Еуростандард е уште ист, банката е во стечај и ќе оди на ликвидација.

The post Започнува обесштетувањето на граѓаните во случајот Еуростандард банка appeared first on Република.

]]>

Физичките лица целосно ќе бидат обесштетени, освен оние лица кои имале повластени каматни стапки и тие, исто како и правните лица, ќе бидат делумно обесштетени, информира адвокатот на оштетените штедачи на Еуростандард банка Љупчо Кузмановски. Кузмановски информира дека е завршена постапката за определување на доверителите и редоследот на доверители и нивното обесштетување. Фондот за осигурување на депозити останува доверител, но се направи и промена на редоследот на доверители. Тоа што банките, државата кои имаа предност како доверители пред граѓаните не е фер и тоа сега е променето, вели Кузмановски во Утрински брифинг. Штедачи или граѓани со трансакциски сметки се околу 600 до 700 луѓе, а привилегирани имало многу малку.
Планот за распределбата на средствата е потврден од Апелацискиот суд и деновиве се очекува да започне обесштетувањето на штедачите. Лично очекував поголема реакција од правните лица, но имаше само 3 или 4 жалби освен онаа на Фондот. Веројатно станува збор за помли депозити на правните лица, вели Кузмановски за Утрински брифинг.
Статусот на случајот со Еуростандард е уште ист, банката е во стечај и ќе оди на ликвидација.  

The post Започнува обесштетувањето на граѓаните во случајот Еуростандард банка appeared first on Република.

]]>
Трифун Костовски јавно изјави дека свесно сторил кривично дело – до кога обвинителството ќе молчи? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trifun-kostovski-javno-izjavi-deka-svesno-storil-krivichno-delo-do-koga-obvinitelstvoto-kje-molchi/ Thu, 05 May 2022 06:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=497799

Трифун Костовски јавно изјави дека свесно сторил кривично дело. Во 2019 година префрлил речиси 3 милиони евра од депозитите на Еуростандард банка во соседната Комерцијална банка, за да истите служат како обезбедување за поединечни кредити на правни лица клиенти на Еуростандард банка. Кредитите не биле вратени од тие правни лица. И на денот на затворање на Еуростандард банка во август 2020 година, овие пари депонирани на посебна сметка, Комерцијална банка ги присвојува. Значи, парите од депозитите на граѓани и фирми депоненти во Еуростандард банка се дадени како гаранција за кредити доделени на трети правни лица во друга банка. Нелегално доделени пари, потпишани и одобрени од Трифун Костовски како претседател на надзорниот одбор на Еуростандард банка и најголем акционер во истата.

Трифун Костовски јавно потврди и за низа други злоупотреби, проневери и манипулации кои се правени во рамките на организираниот грабеж на депозитите во Еуростандард банка. Па така, објави и дека проценителите на имот честопати запишувале фиктивни вредности на гаранции за кредитите делени од Еуростандард банка. И тоа се правело без тие да имаат претходен увид, а со цел само формално да се задоволат критериумите за доделување кредит. Увидот во официјалниот извештај за банката потврдува дека има повеќе десетици кредити во милионски суми кои немаат соодветно обезбедување односно гаранции, а за добар дел од нив постои и веројатност дека се фиктивни вредности. Се поставува прашање, зошто Трифун Костовски молчел и ги прикривал ваквите нелегални дејствија со години кога веќе добро знаел што се случува во банката?

Денес, резултатот на таквите нелегални дејствија е што најголем дел од фирмите должници во Еуростандард банка, сега во стечај, се веќе затворени или се во постапка на стечај. Додека, парите од депозитите во банката се префрлени на нечии туѓи сметки, на физички и правни лица, кои веруваме дека се веќе одамна познати на истражните органи и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Прашање е зошто нема одговорност и соодветна казна за сторениот организиран криминал неполни две години од затворање на банката? Банката се затвори во летото 2020 година, а сега сме веќе во пролет 2022 година.

Зошто молчи и кого заштитува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција? Зошто постојат закони? Каде е овде јавниот интерес? Зошто законите важат за едни, а не важат за други?

Време е да се дадат одговори на овие прашања.

Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард банка

The post Трифун Костовски јавно изјави дека свесно сторил кривично дело – до кога обвинителството ќе молчи? appeared first on Република.

Фирмите во кои Вице Заев бил косопственик со години на државата ѝ должат околу 1 милион евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/firmite-vo-koi-vice-zaev-bil-kosopstvenik-so-godini-dolzat-okolu-1-milion-evra/ Tue, 22 Mar 2022 12:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=476609

Фирмите Сара инженеринг, Сара јавор и Дравас, сите со седиште во Струмица во кои во одредени периоди косопственик бил Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, со години се на листата на должници која УЈП ја објавува за неплатен ДДВ, данок на добивка и персонален данок. Вкупно трите фирми, според последните листи на должници на УЈП објавени во февруари и март, должат нешто повеќе од еден милион евра. Во одговорите на прашањата на МКД.мк УЈП вели дека согласно законските надлежности презема мерки и дејства за даночни обврзници кои се должници по кој било основ.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/zdruzenie-na-shtedachi-firmi-na-zaevi-ne-vratile-golem-dolg-kon-eurostandard/

За Сара инженеринг интересни се и податоците кои ги објавува и здружението на обесправени штедачи на Еуростандард банката Правда за штедачи. Тие потсетуваат дека на 29 октомври 2021 година Вице Заев излегол од сопствеништвото на фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица. Фирмата има сомнителен и спорен долг во Еуростандард банка од околу 600 илјади евра и нема платено ниту една рата 620 дена пред затворање на банката, август 2020 година. На местото на Вице Заев како косопственик на Сара инженеринг влегол Зоран Марковски, додека другите двајца крајни косопственици, Сашко Брндевски и Ристо Кречев, останале во фирмата.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/pravdata-e-slepa-i-pred-izbori-vice-zaev-trajche-zaev-i-zaevi-zele-kredit-od-eurostandard-i-ne-go-vratile/

Целиот текст на МКД.мк

The post Фирмите во кои Вице Заев бил косопственик со години на државата ѝ должат околу 1 милион евра appeared first on Република.

]]>

Фирмите Сара инженеринг, Сара јавор и Дравас, сите со седиште во Струмица во кои во одредени периоди косопственик бил Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев, со години се на листата на должници која УЈП ја објавува за неплатен ДДВ, данок на добивка и персонален данок. Вкупно трите фирми, според последните листи на должници на УЈП објавени во февруари и март, должат нешто повеќе од еден милион евра. Во одговорите на прашањата на МКД.мк УЈП вели дека согласно законските надлежности презема мерки и дејства за даночни обврзници кои се должници по кој било основ. https://republika.mk/vesti/ekonomija/zdruzenie-na-shtedachi-firmi-na-zaevi-ne-vratile-golem-dolg-kon-eurostandard/ За Сара инженеринг интересни се и податоците кои ги објавува и здружението на обесправени штедачи на Еуростандард банката Правда за штедачи. Тие потсетуваат дека на 29 октомври 2021 година Вице Заев излегол од сопствеништвото на фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица. Фирмата има сомнителен и спорен долг во Еуростандард банка од околу 600 илјади евра и нема платено ниту една рата 620 дена пред затворање на банката, август 2020 година. На местото на Вице Заев како косопственик на Сара инженеринг влегол Зоран Марковски, додека другите двајца крајни косопственици, Сашко Брндевски и Ристо Кречев, останале во фирмата. https://republika.mk/vesti/ekonomija/pravdata-e-slepa-i-pred-izbori-vice-zaev-trajche-zaev-i-zaevi-zele-kredit-od-eurostandard-i-ne-go-vratile/
Целиот текст на МКД.мк

The post Фирмите во кои Вице Заев бил косопственик со години на државата ѝ должат околу 1 милион евра appeared first on Република.

]]>
Штедачите на Еуростандард: Алберт, извини должиш 800.000 евра и што си до гуша вмешан во пустошењето на банката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shtedachite-na-eurostandard-albert-izvini-dolzish-800-000-evra-i-shto-si-do-gusha-vmeshan-vo-pustoshenjeto-na-bankata/ Mon, 14 Mar 2022 07:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=472304

За организираниот криминал во Еуростандард банка сеуште нема одговорност од никого. И после толку многу наши објави во медиуми, одржани прес конференции и телевизиски дебати, нема никаков одговор од никаде. Останаа неодговорени мноштво прашања, но најважните од нив се добро познати. Кој сè учествувал во грабежот на депозитите од банката, каде отишле парите, кога ќе се вратат истите и конечно, кога ќе одговараат сите тие што учествувале во криминалот?

И додека очекуваме одговори на прашањата од надлежните органи, Здружението „Правда за штедачи“ доби барање од правен застапник на аналитичарот Алберт Муслиу за наше јавно извинување за неколку објавени текстови. Бидејќи, како што се тврди во дописот, Здружението ги нарушило честа и угледот на наведениот господин Алберт Муслиу со објавување на невистинити факти.

И еве, Здружението „Правда за штедачи“, сака јавно да се извини до Алберт Муслиу за сите изнесени факти. Да почнеме со ред.

Се извинуваме што фирмата Теута-рам ДОО Гостивар, во косопственост на Алберт Муслиу, „позајмила“ пари од Еуростандард банка и должи околу 400 илјади евра, а за кои нема вратено ниту денар повеќе од три и пол години. Се извинуваме што фирмата Прагматика ДООЕЛ Гостивар, во сопственост на близок член од најтесното семејство на Алберт Муслиу, должи околу 380 илјади евра во Еуростандард банка и нема платено ништо, исто така, повеќе од три и пол години. Се извинуваме што Алберт Муслиу е заложен должник за долгот на фирмата Прагматика. Се извнинуваме и што во листата на должници објавена од Управата за јавни приходи, долгот на Алберт Гафур Муслиу по основ на неплатен персонален данок на доход изнесува околу 16 илјади евра. Многу се извинуваме што не сме знаеле како се „позајмуваат“ наши пари од Еуростандард банка со години за да никогаш не се вратат од каде се земени.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/albert-musliu-i-brat-mu-vkupno-dolzat-na-eurostandard-780-000-evra-se-vmeshalo-i-obvinitelstvoto-od-gostivar/

Длабоко се извинуваме на Алберт Муслиу што овие две фирми, со коишто тој е тесно поврзан, сакаа да приграбат недвижен имот во центарот на Гостивар во сопственост на Еуростандард банка во стечај, но не сакаат да си ги платат долговите. Се извинуваме што наместо наведените фирми да платат тоа што го должат, тие, со користење на своето влијание врз државните органи, Државното правобранителство Гостивар и Основниот граѓански суд Гостивар, се обидоа насилно да присвојат имот во Гостивар што не е нивен, туку е во сопственост на Еуростандард банка во стечај.

Се извинуваме што фирмата Прагматика, тесно поврзана со Алберт Муслиу, вршеше притисок на органите кои ја водат стечајната постапка со цел продажбата на недвижениот имот во сопственост на Еуростандард банка во стечај да не се реализира до крај, но ете во тоа некако не успеаа. Се извинуваме што Апелациониот суд Гостивар го укина решението од Основниот граѓански суд Гостивар за предметот покренат од фирмата Прагматика за продадениот недвижен имот во сопственост на Еуростандард банка, а поради немање на месна надлежност на судот во Гостивар да одлучува.

Се извинуваме што во целиот тој случај има сомневање за злоупотреба на јавните овластувања и службената положба на државни функционери, проследени со сомневање за висока корупција и криминал.

Се извинуваме што извршителите на фирмите должници Теута-рам и Прагматика немаат направено ништо до денес, повеќе од една и пол година, за наплата на нивните долгови кон Еуростандард банка во стечај.

Се извинуваме што не знаеме кога овие две фирми, тесно поврзани со Алберт Муслиу, ќе го вратат вкупниот долг од речиси 800 илјади евра во Еуростандард банка во стечај и за истиот ќе платат и законска казнена камата за изминатите година и половина од кога Еуростандард банка е затворена. Се извинуваме што не знаеме дали Алберт Муслиу е повикан во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да даде исказ за парите кои не се вратени од фирмите со коишто тој е тесно поврзан, а ниту се исплаќани рати со години. Истовремено, се извинуваме пред јавноста бидејќи не знаеме дали и кога Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе покрене обвиненија за сите оние кои учествувале во кражбата на депозити од Еуростандард банка.

После сите извинувања наведени погоре, очекуваме и го повикуваме Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да делува по поднесените сомневања за сторен организиран криминал и корупција за наведени учесници во грабежот на депозити од Еуростандард банка. Доколку тоа не се случи, му се извинуваме и на обвинителството што го вознемиривме со нашите многу конкретни податоци од кои произлегуваат сериозни сомневања за сторен организиран криминал.

Да биде јасно. Наша граѓанска и морална должност како оштетени депоненти во ограбената Еуростандард банка е да споделиме факти за тоа што се случило или се случува, и да помогнеме на надлежните органи да се разбудат од зимскиот сон за случајот Еуростандард банка. Што поскоро ги откријат учесниците во грабежот на депозити од Еуростандард банка, толку помалку ќе има потреба да ние се извинуваме за искажаните факти, како што тоа еве го направивме сега према аналитичарот Алберт Муслиу.

Алберт, мислевме дека пред фактите и боговите молчат. Извини за сите сторени дела наведени погоре во името на преку 3.000 ограбени депоненти на Еуростандард банка.

Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард банка

The post Штедачите на Еуростандард: Алберт, извини должиш 800.000 евра и што си до гуша вмешан во пустошењето на банката appeared first on Република.

Правда за штедачи: Правично решение за доверителите на Еуростандард банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pravda-za-shtedachi-pravichno-reshenie-za-doveritelite-na-eurostandard-banka/ Fri, 28 Jan 2022 12:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=450722

Според податоците на доверителите од Еуростандард банка во стечај, во постапката за распределба на средства од стечајната маса, Фондот за осигурување на депозити треба да биде со исплатен ред после доверителите физички и правни лица. Ова е правично и издржано решение, известуваат од здружението на оштетени штедачи од оваа банка Правда за штедачи.

Вака одлучил одборот на доверители на седница кон крајот на минатата година, по што стечајниот управник изготвил план за авансна распределба, односно план за исплата на доверителите од досега собраната стечајна маса на Еуростандард банка. Доверителите, физички и правни лица, се со очекување стечајниот судија да го потврди планот за авансна распределба донесен од одборот на доверители и да донесе решение, со што, конечно, ќе почне исплатата на доверителите на пропаднатата банка.

Вака утврдениот исплатен ред на Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка на банката е правично и издржано решение, во согласност со законот и со начелата на праведно и законско регулирање на побарувањата на доверителите од стечајната маса.

Притоа, особено треба да се има предвид дека со укинувањето на член 163 став 3 од Законот за банки согласно одлуката на Уставниот суд донесена во мај минатата година, Фондот го изгуби статусот на доверител и исплатниот ред во стечајната постапка според Закон за банки. Со тоа, за статусот на Фондот како доверител во стечајната постапка и новиот исплатен ред на Фондот, Основниот граѓански суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје одлучија дека тие треба да се определат врз основа на посебна (sui generis) законска суброгација и да се земе предвид при утврдувањето на планот за авансна распределба на доверителите. Согласно ваквите одлуки на судовите е определен исплатниот ред во планот за аванска распределба изгласан од одборот на доверители. Притоа се земени предвид аспектите на кои ова здружение и во досегашните обраќања кон јавноста укажуваше, особено дека решението што ќе произлезе мора да биде правично и на задоволство на сите засегнати страни. Имајќи предвид дека Фондот за осигурување на депозити е основан со цел да се зајакне сигурноста на депонентите кои своите парични средства ги чуваат во банките, како и нивната верба во банкарскиот сектор, цениме дека ваквата одлука е во интерес и на Фондот. Тоа е така бидејќи Фондот, исто како и депонентите, со усвоениот план за авансна распределба добива значителен износ на средства од стечајната маса на банката.

Затоа, со усвоеното решение, нема место за незадоволство, особено ако се има предвид дека Фондот за осигурување на депозити има специфична поставеност во банкарскиот систем. Тој наплаќал и наплаќа премии од банките за да изврши обештетување на депонентите во случај на ризичен настан односно пропаѓање на банка. Во таа смисла, не може да се стави знак на равенство меѓу позицијата на Фондот и депонентите - физички и правни лица, со оглед дека Фондот е во позиција, преку премијата што банките ја плаќаат од депозитите, и понатаму да биде финансиран од депонентите. Додека средствата на останатите доверители, физички и правни лица, се заробени во стечајната маса на Еуростандард банка и постои опасност од нивно трајно губење, без можност за надополнување.

Затоа, врз основа на примената на законската суброгација, која самиот суд ја утврди како основ за одредување на статусот на доверител на Фондот во стечајната постапка на Еуростандард банка, очекуваме потврда на планот за авансна распредлба, којшто е направен врз основа на користење на истиот тој принцип, преку законска суброгација, согласно Законот за облигациски односи. Односно, доверителите, физички и правни лица, се во очекување судот да го прифати и со решение спроведе планот за авансна распределба на паричните средства од стечајната маса на Еуростандард банка.

Со тоа, ќе се заврши агонијата на доверителите на Еуростандард банка, физички и правни лица, и истите ќе ги добијат во целост нивните лични парични средства заробени во насобраната стечајна маса на банката. Во исто време, Фондот за осигурување на депозити ќе врати значителен дел од своето побарување, со можност за целосна наплата на истото во периодот кога ќе остане речиси единствен доверител по исплатата на физичките и правните лица. Тоа е единственото правично решение со кое се решава проблемот на преку 3.000 доверители, граѓани и фирми, кои се оштетени од пропаѓањето на Еуростандард банка, не по нивна вина. Но, во исто време, со ваквото решение се води сметка за јавниот интерес преку обештетување на значителен дел од побарувањето на Фондот за осигурување на депозити. Повторуваме, тоа е единствено правично и законито решение, на задоволство на сите доверители“, соопшти Правда за штедачи.

The post Правда за штедачи: Правично решение за доверителите на Еуростандард банка appeared first on Република.

]]>

Според податоците на доверителите од Еуростандард банка во стечај, во постапката за распределба на средства од стечајната маса, Фондот за осигурување на депозити треба да биде со исплатен ред после доверителите физички и правни лица. Ова е правично и издржано решение, известуваат од здружението на оштетени штедачи од оваа банка Правда за штедачи.
Вака одлучил одборот на доверители на седница кон крајот на минатата година, по што стечајниот управник изготвил план за авансна распределба, односно план за исплата на доверителите од досега собраната стечајна маса на Еуростандард банка. Доверителите, физички и правни лица, се со очекување стечајниот судија да го потврди планот за авансна распределба донесен од одборот на доверители и да донесе решение, со што, конечно, ќе почне исплатата на доверителите на пропаднатата банка. Вака утврдениот исплатен ред на Фондот за осигурување на депозити во стечајната постапка на банката е правично и издржано решение, во согласност со законот и со начелата на праведно и законско регулирање на побарувањата на доверителите од стечајната маса. Притоа, особено треба да се има предвид дека со укинувањето на член 163 став 3 од Законот за банки согласно одлуката на Уставниот суд донесена во мај минатата година, Фондот го изгуби статусот на доверител и исплатниот ред во стечајната постапка според Закон за банки. Со тоа, за статусот на Фондот како доверител во стечајната постапка и новиот исплатен ред на Фондот, Основниот граѓански суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје одлучија дека тие треба да се определат врз основа на посебна (sui generis) законска суброгација и да се земе предвид при утврдувањето на планот за авансна распределба на доверителите. Согласно ваквите одлуки на судовите е определен исплатниот ред во планот за аванска распределба изгласан од одборот на доверители. Притоа се земени предвид аспектите на кои ова здружение и во досегашните обраќања кон јавноста укажуваше, особено дека решението што ќе произлезе мора да биде правично и на задоволство на сите засегнати страни. Имајќи предвид дека Фондот за осигурување на депозити е основан со цел да се зајакне сигурноста на депонентите кои своите парични средства ги чуваат во банките, како и нивната верба во банкарскиот сектор, цениме дека ваквата одлука е во интерес и на Фондот. Тоа е така бидејќи Фондот, исто како и депонентите, со усвоениот план за авансна распределба добива значителен износ на средства од стечајната маса на банката. Затоа, со усвоеното решение, нема место за незадоволство, особено ако се има предвид дека Фондот за осигурување на депозити има специфична поставеност во банкарскиот систем. Тој наплаќал и наплаќа премии од банките за да изврши обештетување на депонентите во случај на ризичен настан односно пропаѓање на банка. Во таа смисла, не може да се стави знак на равенство меѓу позицијата на Фондот и депонентите - физички и правни лица, со оглед дека Фондот е во позиција, преку премијата што банките ја плаќаат од депозитите, и понатаму да биде финансиран од депонентите. Додека средствата на останатите доверители, физички и правни лица, се заробени во стечајната маса на Еуростандард банка и постои опасност од нивно трајно губење, без можност за надополнување. Затоа, врз основа на примената на законската суброгација, која самиот суд ја утврди како основ за одредување на статусот на доверител на Фондот во стечајната постапка на Еуростандард банка, очекуваме потврда на планот за авансна распредлба, којшто е направен врз основа на користење на истиот тој принцип, преку законска суброгација, согласно Законот за облигациски односи. Односно, доверителите, физички и правни лица, се во очекување судот да го прифати и со решение спроведе планот за авансна распределба на паричните средства од стечајната маса на Еуростандард банка. Со тоа, ќе се заврши агонијата на доверителите на Еуростандард банка, физички и правни лица, и истите ќе ги добијат во целост нивните лични парични средства заробени во насобраната стечајна маса на банката. Во исто време, Фондот за осигурување на депозити ќе врати значителен дел од своето побарување, со можност за целосна наплата на истото во периодот кога ќе остане речиси единствен доверител по исплатата на физичките и правните лица. Тоа е единственото правично решение со кое се решава проблемот на преку 3.000 доверители, граѓани и фирми, кои се оштетени од пропаѓањето на Еуростандард банка, не по нивна вина. Но, во исто време, со ваквото решение се води сметка за јавниот интерес преку обештетување на значителен дел од побарувањето на Фондот за осигурување на депозити. Повторуваме, тоа е единствено правично и законито решение, на задоволство на сите доверители“, соопшти Правда за штедачи.

The post Правда за штедачи: Правично решение за доверителите на Еуростандард банка appeared first on Република.

]]>
Правда за штедачи: Зошто Фондот за осигурување на депозити работи исклучиво во корист на банките? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pravda-za-shtedachi-zoshto-fondot-za-osiguruvanje-na-depoziti-raboti-iskluchivo-vo-korist-na-bankite/ Mon, 24 Jan 2022 09:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=448646

Фондот за осигурување на депозити ги штити банките, а ги оштетува доверителите кога ќе пропадне банка. Како осигурително друштво во државна сопственост, Фондот наплаќа премија од банките секоја година за да собере пари за обештетување на доверители во банка во случај на ризичен настан односно затворање на банка“, се вели во денешното соопштение на здружението на оштетените штедачи од Еуростандард банка Правда за штедачи.

Од здружението посочуваат дека во нашата земја, таа годишна премија законски изнесува најмногу до 0,7 отсто од депозитите во банките, додека во реалноста износот на премијата што Фондот со години ја наплаќа од банките изнесува 0,25 отсто.

По таа основа во Фондот се наплатуваат околу 12 милиони евра годишно од банките согласно јавно достапните информации објавени од Фондот за осигурување на депозити.

Во сите земји од Европската унија, таму каде сакаме да бидеме земја членка, премијата за осигурување која ја плаќаат банките изнесува минимум 0,8 отсто годишно. И тоа е уредено со Директивата на Европската унија 2014/49/ЕU од 2014 година. Во најголем број земји очекуваната премија законски изнесува 0,8 отсто додека истата е повисока во европските земји во нашето опкружување.

Во нашата земја Фондот наплаќа десет пати пониска премија од банките релативно во однос на Хрватска и значително помалку од сите останати европски земји во регионот поединечно.

Зошто е ова важно да се знае? Затоа што Фондот ги нема обештетено 2.000 правни лица доверители во Еуростандард банка во стечај и физички лица доверители по други основи кои се дозволени во Европската унија. Од друга страна, побарува да наплати пари од стечајната маса на Еуростандард банка заедно со сите нив. Фондот наплаќа премија од банките околу три пати пониска од законски дефинираната и значително помалку од тоа што е дефинирано во европските земји каде обештетувањето изнесува до 100.000 евра и за физички и за правни лица доверители во пропадната банка. Во Македонија пак, овој износ е до 30.000 евра и тоа обештетување не важи за правните лица кои истовремено се законски обврзани да го извршуваат целокупниот платен промет само и исклучиво преку банкарскиот систем“, се додава во соопштението.

Фондот за осигурување на депозити ги штити банките со наплата на ниска премија за осигурување, многу пониска од законски бараната, додека ги оштетува депонентите во Еуростандард банка, особено правните лица.

На нив не им исплатил ниту денар како обештетување и на тој начин ги дискриминирал, како што е потврдено и со одлуката на Уставен суд донесена во мај минатата година. Во исто време, банките во Македонија имаат енормни профити (во 2020 година тие профити изнесувале вкупно 118 милиони евра) и три пати поголема заработка релативно во однос на просекот на банките во Европската унија. Ниската премија за осигурување на депозити е една од важните причинители за огромните профити на банките во земјава, а сето тоа на штета на депонентите.

Наместо Фондот за осигурување на депозити да наплаќа законска премија од банките, тој се бори во стечајната постапка уште повеќе да ги оштетува депонентите од своите лични парични средства кои се заробени во стечајната маса. Потребно е Фондот за осигурување на депозити да се залага за усогласување и приближување кон законската регулатива со Европската унија, да го зголеми лимитот на обештетување за правни и физички лица и да ја зголеми премијата на банките согласно Законот за Фонд за осигурување на депозити. Односно, банките да плаќаат поголем процент на премија, а да имаат помала заработувачка (профит), како што е тоа случај со банките во европските земји.

Со ваквото работење на Фондот, наплата на мал процент на премија од банките и исплата на мал износ на обештетување само на депоненти физички лица, ние оштетените правни и физички лица прашуваме кого го штити Фондот, банките и нивните профити или граѓаните!?

Од нашата законска регулатива во која е регулирано обештетување до 30.000 евра само за физички лица, наместо обештетување до 100.000 евра за депоненти физички и правни лица (како што е во сите европски држави), како и одлуката на Управниот одбор на Фондот банките да плаќаат 0,25 отсто премија наместо да плаќаат законска премија од 0,7 отсто, јасно се гледа кого Фондот заштитува. Затоа, ние оштетените депоненти предлагаме да Фондот подготви нови законски измени како во иднина би ги заштитил и граѓаните и фирмите при пропаѓање на банки, а не да прави неосновани обиди во стечајната постапка на Еуростандард банка во стечај како и понатаму да ги оштети депонентите физички и правни лица кои веќе еднаш се оштетени со пропаѓање на банката“, дополнуваат од Еуростандард банка Правда за штедачи.

The post Правда за штедачи: Зошто Фондот за осигурување на депозити работи исклучиво во корист на банките? appeared first on Република.

]]>

Фондот за осигурување на депозити ги штити банките, а ги оштетува доверителите кога ќе пропадне банка. Како осигурително друштво во државна сопственост, Фондот наплаќа премија од банките секоја година за да собере пари за обештетување на доверители во банка во случај на ризичен настан односно затворање на банка“, се вели во денешното соопштение на здружението на оштетените штедачи од Еуростандард банка Правда за штедачи.
Од здружението посочуваат дека во нашата земја, таа годишна премија законски изнесува најмногу до 0,7 отсто од депозитите во банките, додека во реалноста износот на премијата што Фондот со години ја наплаќа од банките изнесува 0,25 отсто. По таа основа во Фондот се наплатуваат околу 12 милиони евра годишно од банките согласно јавно достапните информации објавени од Фондот за осигурување на депозити.
Во сите земји од Европската унија, таму каде сакаме да бидеме земја членка, премијата за осигурување која ја плаќаат банките изнесува минимум 0,8 отсто годишно. И тоа е уредено со Директивата на Европската унија 2014/49/ЕU од 2014 година. Во најголем број земји очекуваната премија законски изнесува 0,8 отсто додека истата е повисока во европските земји во нашето опкружување. Во нашата земја Фондот наплаќа десет пати пониска премија од банките релативно во однос на Хрватска и значително помалку од сите останати европски земји во регионот поединечно. Зошто е ова важно да се знае? Затоа што Фондот ги нема обештетено 2.000 правни лица доверители во Еуростандард банка во стечај и физички лица доверители по други основи кои се дозволени во Европската унија. Од друга страна, побарува да наплати пари од стечајната маса на Еуростандард банка заедно со сите нив. Фондот наплаќа премија од банките околу три пати пониска од законски дефинираната и значително помалку од тоа што е дефинирано во европските земји каде обештетувањето изнесува до 100.000 евра и за физички и за правни лица доверители во пропадната банка. Во Македонија пак, овој износ е до 30.000 евра и тоа обештетување не важи за правните лица кои истовремено се законски обврзани да го извршуваат целокупниот платен промет само и исклучиво преку банкарскиот систем“, се додава во соопштението. Фондот за осигурување на депозити ги штити банките со наплата на ниска премија за осигурување, многу пониска од законски бараната, додека ги оштетува депонентите во Еуростандард банка, особено правните лица. На нив не им исплатил ниту денар како обештетување и на тој начин ги дискриминирал, како што е потврдено и со одлуката на Уставен суд донесена во мај минатата година. Во исто време, банките во Македонија имаат енормни профити (во 2020 година тие профити изнесувале вкупно 118 милиони евра) и три пати поголема заработка релативно во однос на просекот на банките во Европската унија. Ниската премија за осигурување на депозити е една од важните причинители за огромните профити на банките во земјава, а сето тоа на штета на депонентите. Наместо Фондот за осигурување на депозити да наплаќа законска премија од банките, тој се бори во стечајната постапка уште повеќе да ги оштетува депонентите од своите лични парични средства кои се заробени во стечајната маса. Потребно е Фондот за осигурување на депозити да се залага за усогласување и приближување кон законската регулатива со Европската унија, да го зголеми лимитот на обештетување за правни и физички лица и да ја зголеми премијата на банките согласно Законот за Фонд за осигурување на депозити. Односно, банките да плаќаат поголем процент на премија, а да имаат помала заработувачка (профит), како што е тоа случај со банките во европските земји. Со ваквото работење на Фондот, наплата на мал процент на премија од банките и исплата на мал износ на обештетување само на депоненти физички лица, ние оштетените правни и физички лица прашуваме кого го штити Фондот, банките и нивните профити или граѓаните!? Од нашата законска регулатива во која е регулирано обештетување до 30.000 евра само за физички лица, наместо обештетување до 100.000 евра за депоненти физички и правни лица (како што е во сите европски држави), како и одлуката на Управниот одбор на Фондот банките да плаќаат 0,25 отсто премија наместо да плаќаат законска премија од 0,7 отсто, јасно се гледа кого Фондот заштитува. Затоа, ние оштетените депоненти предлагаме да Фондот подготви нови законски измени како во иднина би ги заштитил и граѓаните и фирмите при пропаѓање на банки, а не да прави неосновани обиди во стечајната постапка на Еуростандард банка во стечај како и понатаму да ги оштети депонентите физички и правни лица кои веќе еднаш се оштетени со пропаѓање на банката“, дополнуваат од Еуростандард банка Правда за штедачи.

The post Правда за штедачи: Зошто Фондот за осигурување на депозити работи исклучиво во корист на банките? appeared first on Република.

]]>