оштета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oshteta/ За подобро да се разбереме Tue, 09 May 2023 20:18:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оштета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oshteta/ 32 32 Трамп осуден за сексуална злоупотреба, ќе треба да плати 5 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-osuden-za-seksualna-zloupotreba-ke-treba-da-plati-5-milioni-dolari/ Tue, 09 May 2023 20:18:28 +0000 https://republika.mk/?p=639024

Поротата го прогласи Доналд Трамп за одговорен во вторникот за сексуална злоупотреба на колумнистката за совети Џин Керол во 1996 година, доделувајќи ѝ 5 милиони долари како пресуда што би можела да го прогонува поранешниот претседател додека тој води кампања за враќање на Белата куќа.

Пресудата беше објавена во федералната судница во Њујорк на првиот ден од одлучувањето на поротата. Поротниците ги отфрлија тврдењата на Керол дека била силувана, но открија дека Трамп е одговорен за сексуална злоупотреба и за клеветење на Керол, откако таа ги објави своите наводи во јавноста.

Трамп избра да не присуствува на граѓанското судење и беше отсутен кога беше прочитана пресудата.

The post Трамп осуден за сексуална злоупотреба, ќе треба да плати 5 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Поротата го прогласи Доналд Трамп за одговорен во вторникот за сексуална злоупотреба на колумнистката за совети Џин Керол во 1996 година, доделувајќи ѝ 5 милиони долари како пресуда што би можела да го прогонува поранешниот претседател додека тој води кампања за враќање на Белата куќа. Пресудата беше објавена во федералната судница во Њујорк на првиот ден од одлучувањето на поротата. Поротниците ги отфрлија тврдењата на Керол дека била силувана, но открија дека Трамп е одговорен за сексуална злоупотреба и за клеветење на Керол, откако таа ги објави своите наводи во јавноста. Трамп избра да не присуствува на граѓанското судење и беше отсутен кога беше прочитана пресудата.

The post Трамп осуден за сексуална злоупотреба, ќе треба да плати 5 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/ Thu, 06 Apr 2023 13:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=628037

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите.

Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000, и уште едно - 2.000 евра.

Судијката Мапи Фелт Фоља рече дека Мустафа е прогласен за виновен и должен да ја надомести оваа штета.

Судијката Фоља изјави дека осудителната пресуда на Мустафа е правда за жртвите по повеќе од две децении и дека иако парите не можат да ги вратат убиените или да ги надоместат деновите на тортура и болката што настанала и траела долго потоа, материјалната отштета ќе значи нешто за нив.

По ваквата одлука на судскиот совет, претседателот на Специјалниот суд на Косово во Хаг треба да назначи судски орган, кој ќе го следи спроведувањето и извршувањето на оваа наредба за репарација и ќе го определи рокот до кој треба да се исплатат сите жртви.

 

The post Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите. Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000, и уште едно - 2.000 евра. Судијката Мапи Фелт Фоља рече дека Мустафа е прогласен за виновен и должен да ја надомести оваа штета. Судијката Фоља изјави дека осудителната пресуда на Мустафа е правда за жртвите по повеќе од две децении и дека иако парите не можат да ги вратат убиените или да ги надоместат деновите на тортура и болката што настанала и траела долго потоа, материјалната отштета ќе значи нешто за нив. По ваквата одлука на судскиот совет, претседателот на Специјалниот суд на Косово во Хаг треба да назначи судски орган, кој ќе го следи спроведувањето и извршувањето на оваа наредба за репарација и ќе го определи рокот до кој треба да се исплатат сите жртви.  

The post Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“ 25,6 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-kje-treba-da-mu-plati-na-poraneshen-helenik-petroleum-25-6-milioni-evra/ Wed, 21 Dec 2022 17:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=588509

Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“ 25,6 милиони евра за договорот со ОКТА

Вака пресудил Арбитражниот суд во Париз според кој на сегашен Хеленик енерџи му се одобрени 80% од бараните 32 милиони евра. Ова го објавија повеќе грчки и француски медиуми.
Грчката енергетска компанија ја тужеше земјава поради неисполнување на договорните обврски за купување
најмалку 500.000 тони нафта од Грција на годишно ниво.
Според грчките медиуми овие пари ќе бидат искористени за да се модернизира нафтоводот Солун-Скопје кој ќе се користи за транспорт на дизел гориво, наместо сурова нафта како во времето кога функционираше рафинеријата ОКТА.
Пред неколку дена, како што објавија француските медиуми, биле извршени потребните проверки при што било
констатирано дека цевководните објекти се функционални и безбедни. Гасоводот ќе има капацитет од 1 милион тони дизел годишно, со што во целост и ги задоволило потребите на Македонија. За рестартирање на гасоводот, компанијата Вардакс која го контролира гасоводот, поднела барање до Регулаторната комисија за негово рестартирање, пишуваат француските медиуми.

Инаку уделот на Хеленик енерџи во Вардекс е 80%, додека Македонија стопанисува со 20% преку
државната компанија Нафтовод Дооел Скопје.
Со договорот за продажба на ОКТА, потпишан од владата на Љубчо Георгиевски, во 1998 година, државата беше обврзана 20 години да купува по 500 илјади тони мазут годишно, што е повеќекратно повеќе од потребите, па Македонија престана да ја почитува обврската. Иако, овој договор долги години беше оценуван како штетен, случајот никогаш немаше правна разврска.

The post Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“ 25,6 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“ 25,6 милиони евра за договорот со ОКТА Вака пресудил Арбитражниот суд во Париз според кој на сегашен Хеленик енерџи му се одобрени 80% од бараните 32 милиони евра. Ова го објавија повеќе грчки и француски медиуми. Грчката енергетска компанија ја тужеше земјава поради неисполнување на договорните обврски за купување најмалку 500.000 тони нафта од Грција на годишно ниво. Според грчките медиуми овие пари ќе бидат искористени за да се модернизира нафтоводот Солун-Скопје кој ќе се користи за транспорт на дизел гориво, наместо сурова нафта како во времето кога функционираше рафинеријата ОКТА. Пред неколку дена, како што објавија француските медиуми, биле извршени потребните проверки при што било констатирано дека цевководните објекти се функционални и безбедни. Гасоводот ќе има капацитет од 1 милион тони дизел годишно, со што во целост и ги задоволило потребите на Македонија. За рестартирање на гасоводот, компанијата Вардакс која го контролира гасоводот, поднела барање до Регулаторната комисија за негово рестартирање, пишуваат француските медиуми. Инаку уделот на Хеленик енерџи во Вардекс е 80%, додека Македонија стопанисува со 20% преку државната компанија Нафтовод Дооел Скопје. Со договорот за продажба на ОКТА, потпишан од владата на Љубчо Георгиевски, во 1998 година, државата беше обврзана 20 години да купува по 500 илјади тони мазут годишно, што е повеќекратно повеќе од потребите, па Македонија престана да ја почитува обврската. Иако, овој договор долги години беше оценуван како штетен, случајот никогаш немаше правна разврска.

The post Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“ 25,6 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Полска утврди дека Германија ѝ должи 1.3 трилиони евра отштета за Втората светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-utvrdi-deka-germanija-dolzi-1-3-trilioni-evra-otshteta-za-vtorata-svetska-vojna/ Thu, 01 Sep 2022 15:39:28 +0000 https://republika.mk/?p=546513

Полска претрпела штети во износ од над 1,3 трилиони евра за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија.

Заклучоците од извештајот ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда“ Јарослав Качински, кој уште претходно најави дека Полска ќе бара „репарации за сè што направиле Германците во земјата помеѓу 1939 и 1945 година“.

Германија, која е најголемиот трговски партнер на Полска, постојано тврди дека прашањето за воените репарации е решено, додека „Право и правда“ бара воени репарации уште откако ја презеде власта во Полска во 2015 година, независно што Варшава досега формално не објавила такви барања за Германија.

Подготвени сме не само со извештајот, туку и со одлуката за нашите следни чекори“, рече Качински при презентацијата на документот. „Ќе пристапиме кон Германија за отпочнување преговори за репарации. Знаеме дека ќе биде долг и тежок пат, но еден ден ќе постигнеме успех, додаде тој.

Извештајот беше претставен од Качински и премиерот на земјата Матеуш Моравјецки за време на церемонијата во Кралската палата во Варшава, обновена по завршувањето на војната. На денешен ден Полска ја одбележува годишнината од инвазијата на нацистичка Германија во 1939 година, проследена со петгодишна брутална окупација.

Повеќе од шест милиони Пољаци, вклучително и три милиони полски Евреи, ги загубија животите во Втората светска војна, а главниот град Варшава беше срамнет со земја по бунтот во 1944 година во кој загинаа 200 илјади цивили. Во 1953 година, полските комунистички лидери се откажаа од финансиските побарувања од Германија под притисок на СССР, кој сакаше да ја ослободи Источна Германија од репарации.

Германската Влада и Министерството за надворешни работи допрва треба да се произнесат по полскиот извештај. Според главната опозициска партија во Полска „Граѓанската платформа” и неговиот лидер Доналд Туск, постапките на власта во Варшав се „внатрешна политичка кампања за враќање на довербата, која нема никаква врска со прашањето за репарации“.

The post Полска утврди дека Германија ѝ должи 1.3 трилиони евра отштета за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>

Полска претрпела штети во износ од над 1,3 трилиони евра за време на Втората светска војна, се посочува во извештајот на полската парламентарна комисија, што се очекува да биде основа на идното барање за обештетување од Германија. Заклучоците од извештајот ги соопшти лидерот на владејачката партија „Право и правда“ Јарослав Качински, кој уште претходно најави дека Полска ќе бара „репарации за сè што направиле Германците во земјата помеѓу 1939 и 1945 година“. Германија, која е најголемиот трговски партнер на Полска, постојано тврди дека прашањето за воените репарации е решено, додека „Право и правда“ бара воени репарации уште откако ја презеде власта во Полска во 2015 година, независно што Варшава досега формално не објавила такви барања за Германија.
Подготвени сме не само со извештајот, туку и со одлуката за нашите следни чекори“, рече Качински при презентацијата на документот. „Ќе пристапиме кон Германија за отпочнување преговори за репарации. Знаеме дека ќе биде долг и тежок пат, но еден ден ќе постигнеме успех, додаде тој.
Извештајот беше претставен од Качински и премиерот на земјата Матеуш Моравјецки за време на церемонијата во Кралската палата во Варшава, обновена по завршувањето на војната. На денешен ден Полска ја одбележува годишнината од инвазијата на нацистичка Германија во 1939 година, проследена со петгодишна брутална окупација. Повеќе од шест милиони Пољаци, вклучително и три милиони полски Евреи, ги загубија животите во Втората светска војна, а главниот град Варшава беше срамнет со земја по бунтот во 1944 година во кој загинаа 200 илјади цивили. Во 1953 година, полските комунистички лидери се откажаа од финансиските побарувања од Германија под притисок на СССР, кој сакаше да ја ослободи Источна Германија од репарации. Германската Влада и Министерството за надворешни работи допрва треба да се произнесат по полскиот извештај. Според главната опозициска партија во Полска „Граѓанската платформа” и неговиот лидер Доналд Туск, постапките на власта во Варшав се „внатрешна политичка кампања за враќање на довербата, која нема никаква врска со прашањето за репарации“.

The post Полска утврди дека Германија ѝ должи 1.3 трилиони евра отштета за Втората светска војна appeared first on Република.

]]>
Прва отштета за смрт предизвикана од вакцина против Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prva-otshteta-za-smrt-predizvikana-od-vakcina-protiv-kovid-19/ Wed, 22 Jun 2022 06:41:46 +0000 https://republika.mk/?p=518257

Вики Спит од Велика Британија, чиј партнер почина по вакцинација со АстраЗенека, е првото лице што доби отштета поради смрт предизвикана од вакцинирање.

Спит доби максимална отштета во износ од 120.000 фунти, околу 140.000 евра. Но, за неа тоа не е доволно и надоместокот не е соодветен, јави Би-би-си.

Таа повикала брза помош на 13 мај минатата година, кога на нејзиниот партнер му се влошила здравствената состојба поради „мачни“ главоболки. Шест дена подоцна, тој починал во болница во Њукасл.

Во неговата посмртница е наведено дека пациентот „починал по компликации од вакцина“.

Спит, која има 38 години, тврди дека влегла во долгови откако ја снемало заработката на нејзиниот партнер. Според неа, таа требало да добие околу 180.000 фунти или близу 210.000 евра.

Како што таа посочува, Зајон бил здрав, во добра физичка форма и би имал шанси да преживее, доколку лекувањето започнело порано.

Таа нагласи дека по неговата смрт, црниот дроб и бубрезите на Зајон се донирани и со тоа се спасени животите на три лица.

Џејмс Бел, партнер во специјализирана адвокатска канцеларија за спорови настанати поради медицинска негрижа, исто така смета дека британскиот систем за компензација не е доволно усогласен.

The post Прва отштета за смрт предизвикана од вакцина против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Вики Спит од Велика Британија, чиј партнер почина по вакцинација со АстраЗенека, е првото лице што доби отштета поради смрт предизвикана од вакцинирање. Спит доби максимална отштета во износ од 120.000 фунти, околу 140.000 евра. Но, за неа тоа не е доволно и надоместокот не е соодветен, јави Би-би-си. Таа повикала брза помош на 13 мај минатата година, кога на нејзиниот партнер му се влошила здравствената состојба поради „мачни“ главоболки. Шест дена подоцна, тој починал во болница во Њукасл. Во неговата посмртница е наведено дека пациентот „починал по компликации од вакцина“. Спит, која има 38 години, тврди дека влегла во долгови откако ја снемало заработката на нејзиниот партнер. Според неа, таа требало да добие околу 180.000 фунти или близу 210.000 евра. Како што таа посочува, Зајон бил здрав, во добра физичка форма и би имал шанси да преживее, доколку лекувањето започнело порано. Таа нагласи дека по неговата смрт, црниот дроб и бубрезите на Зајон се донирани и со тоа се спасени животите на три лица. Џејмс Бел, партнер во специјализирана адвокатска канцеларија за спорови настанати поради медицинска негрижа, исто така смета дека британскиот систем за компензација не е доволно усогласен.

The post Прва отштета за смрт предизвикана од вакцина против Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Поранешниот словенечки премиер ја тужи државата и бара отштета од 127.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poraneshniot-slovenechki-premier-ja-tuzi-drzavata-i-bara-otshteta-od-127-000-evra/ Thu, 07 Apr 2022 10:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=484690

Поранешниот словенечки премиер Антон Роп бара отштета од 127.000 евра во тужба против државата поради судска одлука од 2013 година, со која е осуден на казна од 10.000 евра за „откривање државна тајна”.

Според словенечките медиуми, Роп во сведочењето пред Окружниот суд во Љубљана рекол дека бил неправедно обвинет, а подоцна и незаконски осуден, додека пресудата на крајот била отфрлена од Врховниот суд и оти поради тој случај претрпел материјална и нематеријална штета, поради што бара соодветна отштета.

Случајот се појави во словенечката изборна кампања во 2004 година, кога Роп, кој тогаш беше премиер, го обвини лидерот на опозицијата, а подоцна и премиер Јанез Јанша дека со тогашниот хрватски премиер Иво Санадер „се договарал” за предизвикување на „инцидентот во Пиранскиот Залив”, со цел партијата на Јанша да профитира политички и да добие повеќе гласови на парламентарните избори одржани истата есен.

Роп тогаш јавно тврдеше дека словенечката разузнавачка служба ги снимила телефонските разговори на Јанша и Санадер и дека за тоа има докази, кои тој не успеа да ги докаже, додека во приватна тужба која ја поднесе Јанша против него поради клевета се согласил на судска спогодба чии детали не беа објавени.

The post Поранешниот словенечки премиер ја тужи државата и бара отштета од 127.000 евра appeared first on Република.

]]>

Поранешниот словенечки премиер Антон Роп бара отштета од 127.000 евра во тужба против државата поради судска одлука од 2013 година, со која е осуден на казна од 10.000 евра за „откривање државна тајна”. Според словенечките медиуми, Роп во сведочењето пред Окружниот суд во Љубљана рекол дека бил неправедно обвинет, а подоцна и незаконски осуден, додека пресудата на крајот била отфрлена од Врховниот суд и оти поради тој случај претрпел материјална и нематеријална штета, поради што бара соодветна отштета. Случајот се појави во словенечката изборна кампања во 2004 година, кога Роп, кој тогаш беше премиер, го обвини лидерот на опозицијата, а подоцна и премиер Јанез Јанша дека со тогашниот хрватски премиер Иво Санадер „се договарал” за предизвикување на „инцидентот во Пиранскиот Залив”, со цел партијата на Јанша да профитира политички и да добие повеќе гласови на парламентарните избори одржани истата есен. Роп тогаш јавно тврдеше дека словенечката разузнавачка служба ги снимила телефонските разговори на Јанша и Санадер и дека за тоа има докази, кои тој не успеа да ги докаже, додека во приватна тужба која ја поднесе Јанша против него поради клевета се согласил на судска спогодба чии детали не беа објавени.

The post Поранешниот словенечки премиер ја тужи државата и бара отштета од 127.000 евра appeared first on Република.

]]>
Kоалицијата ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koalicijata-dui-sdsm-ja-oshtetila-opshtina-tetovo-7-milioni/ Sat, 12 Feb 2022 08:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=457465

Криминалната коалиција ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони. Толку изнесува штетата причинета не одењето на работа на 244 лица, кои биле исплаќани од буџетот на општината, иако не сработиле ништо, вели ВМРО-ДПМНЕ.

7 милиони наместо за подобрување на хигиената во градот, нови водоводни и канализациони инсталации завршиле кај луѓе од списокот на Теута Арифи, ДУИ и СДСМ.

Одговорност не треба да има само кај лицата кои не оделе на работа, туку пред се кај Теута Арифи, како одговорна во институцијата, која го оштетила буџетот на општината.

Примерот од Тетово е пример како функционирала коалицијата ДУИ – СДСМ долг период наназад. Која се темели на криминал и злоупотреби.

ДУИ и СДСМ го ограбуваат граѓаните од сите националности. Тие се сложни во криминалот на штета на народот и државата, се вели во соопштението.

The post Kоалицијата ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони appeared first on Република.

]]>

Криминалната коалиција ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони. Толку изнесува штетата причинета не одењето на работа на 244 лица, кои биле исплаќани од буџетот на општината, иако не сработиле ништо, вели ВМРО-ДПМНЕ.
7 милиони наместо за подобрување на хигиената во градот, нови водоводни и канализациони инсталации завршиле кај луѓе од списокот на Теута Арифи, ДУИ и СДСМ. Одговорност не треба да има само кај лицата кои не оделе на работа, туку пред се кај Теута Арифи, како одговорна во институцијата, која го оштетила буџетот на општината. Примерот од Тетово е пример како функционирала коалицијата ДУИ – СДСМ долг период наназад. Која се темели на криминал и злоупотреби. ДУИ и СДСМ го ограбуваат граѓаните од сите националности. Тие се сложни во криминалот на штета на народот и државата, се вели во соопштението.

The post Kоалицијата ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони appeared first on Република.

]]>
Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vasko-paskali-poraneshen-sekretar-na-sdsm-ohrid-e-kasnatiot-od-pchela-koj-dobi-15-000-evra-oshteta/ Wed, 05 Jan 2022 19:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=441152

Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014, пренесува СДК.МК. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки.

Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари.

Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

The post Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета appeared first on Република.

]]>

Пчелар од Охрид е осуден да плати 15.000 евра оти неговите пчели каснале охриѓанец во 2014, пренесува СДК.МК. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки. Според пресудата, пчеларот се задолжува на тужителот да му исплати штета за претрпени физички болки од 300.000 денари, за претрпен страв од 200.000 денари и за претрпени душевни болки од 100.000 денари, како и трошоци во постапка од над 150.000 денари. Според образложението од пресудата, пчеларот Лазе Грозданов од село Долно Коњско, Охрид е прогласен за виновен за кривично дело „предизвикување општа опасност“ оти го управувал своето возило во кое имал натоварено пчели. Во образложението стои дека сандаците не биле добро затворени, па од нив излегле рој пчели и го нападнале оштетениот Васко Паскали, кој бил со неговата сопруга и малолетно дете. Паскали со телото го заштитил малото бебе и со трчање се упатил кон неговиот дом. Во моментот на бегање пчелите го касале во пределот на вратот, главата и лицето, по што бил искасан и отечен. Чувствувал тешко дишење и се упатил во охридската Општа болница каде бил сместен на Интерното одделение. Од претрпениот страв и ден денес чувствувал страв од пчели. Судот смета дека од каснувањето на пчелите тужителот се здобил со алергиска реакција и доживеал страв како за себе така и за неговото дете и сопруга.

The post Васко Паскали, поранешен секретар на СДСМ Охрид, е каснатиот од пчела кој доби 15.000 евра оштета appeared first on Република.

]]>