Осака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osaka/ За подобро да се разбереме Mon, 30 May 2022 15:26:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Осака Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/osaka/ 32 32 Османи – Вакамија: Македонија ќе учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025 https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/osmani-vakamija-makedonija-kje-uchestvuva-na-osaka-ekspo-2025/ Mon, 30 May 2022 16:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=508864

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Јапонија, оствари средба со Кенџи Вакамија, министер за ОСАКА ЕКСПО 2025.

На средбата, министерот Османи информираше за донесената владина одлука Македонија да учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025, светски настан од исклучително значење, што ќе се одржи во 2025 година, во градот Осака, Јапонија.

“Учеството на Македонија на ОСАКА ЕКСПО 2025 претставува извонредна можност за воспоставување директни контакти меѓу бизнис  заедниците и за привлекување јапонски инвестиции во нашата земја. Дополнително, се отвора можност за зајакнување на економската соработка со Јапонија, но и зголемување на видливоста на Македонија во регионот од Источна Азија”, рече Османи.

Од своја страна министерот Вакамија се заблагодари за одлуката на нашата Влада, при што изрази очекување дека учеството на Македонија на World EXPO 2025 ќе придонесе во зајакнувањето на односите меѓу двете земји, особено во делот на економијата и бизнисот.

МНР, како координатор за организација на Националниот павилјон на Македонија на овој голем настан, по оваа посета, ќе отпочне со подготвителни активности за изработка на концептот за нашиот настап, користејќи ги позитивните искуства од учеството на ЕКСПО Дубаи.

ОСАКА ЕКСПО 2025 претставува глобална изложбена манифестација, на која се планира учество на околу 150 држави и 25 меѓународни организации.

Претходно, за време на работната посета на Јапонија, Османи организираше бизнис форум во седиштето на Јапонската организација за надворешна трговија (ЏЕТРО) на кој учествуваа високи претставници на реномирани јапонски компании, меѓу кои и Хонда, Митсубиши, Нипон Коеи и др. На настанот беа презентирани бизнис поволностите што земјава ги нуди за странски инвестиции, при што беше изразен интерес од страна на присутните бизнисмени за инвестирање во земјава.

The post Османи – Вакамија: Македонија ќе учествува на ОСАКА ЕКСПО 2025 appeared first on Република.

]]>