оружје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oruzje/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 09:31:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оружје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oruzje/ 32 32 Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-kumanovsko-pronajdeni-pishtoli-i-kurshumi/ Mon, 25 Nov 2024 09:31:08 +0000 https://republika.mk/?p=841496

Вчера во 10.00 часoт во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(30) од с.Романовце.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми appeared first on Република.

]]>

Вчера во 10.00 часoт во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.С.(30) од с.Романовце. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Зораки“ со рамки и една кутија со 30 куршуми калибар 9 мм. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Претрес во кумановско, пронајдени пиштоли и куршуми appeared first on Република.

]]>
Пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeno-oruzhje-i-munitsija-lisheno-od-sloboda-edno-litse/ Sat, 26 Oct 2024 11:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=831234

На 25.10.2024 во 22.10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р.(50) од селото Грешница, кичевско.

При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице appeared first on Република.

]]>

На 25.10.2024 во 22.10 часот, во кичевското село Зајас, лишен од слобода е У.Р.(50) од селото Грешница, кичевско. При претрес во неговиот дом во селото Грешница, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, една ловна пушка, 10 ловни патрони и 188 куршуми калибар 7,62 милиметри, кои неовластено ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Пронајдено оружје и муниција, лишено од слобода едно лице appeared first on Република.

]]>
Татко и син фатени со голема количина муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tatko-i-sin-fateni-so-golema-kolichina-munitsija/ Thu, 24 Oct 2024 13:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=830518

Вчера во 07.00 часот во с.Селце, штипско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(54) и Д.М.(32), двајцата од с.Селце.

При претрес во домот на Д.М. во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „бајкал“, за која не поседувал дозвола. Подоцна, исто така, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот и возило „лада“ на неговиот татко А.М., при што биле пронајдени и одземени 69 боеви куршуми со различен калибар, 289 ловечки патрони, 34 маневарски куршуми, пакувања со барут, пакувања со оловни сачми, пиротехнички средства, алат за рачно полнење на муниција, една ловечка пушка „ИЖ“ 18 калибар 12 мм и ловечки патрони, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица.

Против А.М. по брза постапка била поднесена кривична пријава по член 396 став 2 - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Додека од судија на претходна постапка при Основен суд Штип му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Против Д.М. ќе биде поднесена кривична пријава по редовна постапка по член 396 став 1 од кривичниот законик.

The post Татко и син фатени со голема количина муниција appeared first on Република.

]]>

Вчера во 07.00 часот во с.Селце, штипско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.М.(54) и Д.М.(32), двајцата од с.Селце.
При претрес во домот на Д.М. во Штип, извршен со судска наредба, била пронајдена ловечка пушка „бајкал“, за која не поседувал дозвола. Подоцна, исто така, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот и возило „лада“ на неговиот татко А.М., при што биле пронајдени и одземени 69 боеви куршуми со различен калибар, 289 ловечки патрони, 34 маневарски куршуми, пакувања со барут, пакувања со оловни сачми, пиротехнички средства, алат за рачно полнење на муниција, една ловечка пушка „ИЖ“ 18 калибар 12 мм и ловечки патрони, соопшти МВР.
По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица. Против А.М. по брза постапка била поднесена кривична пријава по член 396 став 2 - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Додека од судија на претходна постапка при Основен суд Штип му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Против Д.М. ќе биде поднесена кривична пријава по редовна постапка по член 396 став 1 од кривичниот законик.

The post Татко и син фатени со голема количина муниција appeared first on Република.

]]>
Кај две лица пронајдени големи количини на оружје и муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-dve-litsa-pronajdeni-golemi-kolichini-na-oruzhje-i-munitsija/ Wed, 23 Oct 2024 09:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=830092

По полициските претреси вчера во Битола и во Македонски Брод, биле пронајдени оружје и муниција, а лишени од слобода се две лица.

Прво, во времето од 10.30 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во с. Белица, во домот на Д.И.(46) од с.Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документиурање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Во 15.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Кај две лица пронајдени големи количини на оружје и муниција appeared first on Република.

]]>

По полициските претреси вчера во Битола и во Македонски Брод, биле пронајдени оружје и муниција, а лишени од слобода се две лица. Прво, во времето од 10.30 до 11.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола, а по претходно издадена судска наредба, извршен е претрес во с. Белица, во домот на Д.И.(46) од с.Белица, Македонски Брод, при што пронајдена била муниција од различен калибар. Д.И. е приведен во полициска станица и по документиурање на случајот ќе следува соодветна пријава. Во 15.20 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил извршен претрес кај E.М.(53) од с.Бистрица, битолско. При претресот биле пронајдени пет пушки, над 100 парчиња муниција, како и различни делови за оружје. Е.М. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Кај две лица пронајдени големи количини на оружје и муниција appeared first on Република.

]]>
Претреси во Скопје, на неколку локации пронајдени оружје и муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretresi-vo-skopje-na-nekolku-lokatsii-pronajdeni-oruzhje-i-munitsija/ Fri, 18 Oct 2024 21:02:22 +0000 https://republika.mk/?p=828658

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера извршиле претреси на две локации во Скопје, при што откриле оружје и муниција, а на осомничените им е одреден притвор.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, при претрес во дом на А.М во Скопје биле пронајдени пет куршуми.

При претрес на дом кај Г. М. во Скопје, пак пронајдени биле 409 куршуми, една автоматска пушка со две рамки за неа, еден револвер, три пиштоли и една ловна пушка.

По завршување на претресите лицата се лишени од слобода, а  по комплетирање на целокупната документација СВР Скопје- ЕНТ поднесе кривична пријава до ОЈО, а судија на претходна постапка на двајцата им одреди по 30 дена притвор, соопштија од МВР.

The post Претреси во Скопје, на неколку локации пронајдени оружје и муниција appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера извршиле претреси на две локации во Скопје, при што откриле оружје и муниција, а на осомничените им е одреден притвор. Како што информира Министерството за внатрешни работи, при претрес во дом на А.М во Скопје биле пронајдени пет куршуми. При претрес на дом кај Г. М. во Скопје, пак пронајдени биле 409 куршуми, една автоматска пушка со две рамки за неа, еден револвер, три пиштоли и една ловна пушка.
По завршување на претресите лицата се лишени од слобода, а  по комплетирање на целокупната документација СВР Скопје- ЕНТ поднесе кривична пријава до ОЈО, а судија на претходна постапка на двајцата им одреди по 30 дена притвор, соопштија од МВР.

The post Претреси во Скопје, на неколку локации пронајдени оружје и муниција appeared first on Република.

]]>
Кај скопски дилер пронајдени и шок бомби и 922 куршуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-skopski-diler-pronajdeni-i-shok-bombi-i-922-kurshumi/ Wed, 16 Oct 2024 13:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=827547

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Како што соопшти денеска МВР, во понеделникот со наредба на Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени седум пакувања со кафеава прашкаста материја, 922 куршуми различен калибар, една дигитална вага, една воздушна пушка, рамка за пиштол и три шок бомби.

Тој бил лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор.

 

The post Кај скопски дилер пронајдени и шок бомби и 922 куршуми appeared first on Република.

]]>

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Како што соопшти денеска МВР, во понеделникот со наредба на Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени седум пакувања со кафеава прашкаста материја, 922 куршуми различен калибар, една дигитална вага, една воздушна пушка, рамка за пиштол и три шок бомби. Тој бил лишен од слобода и по документирање на случајот му е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка одредена му е мерка домашен притвор.  

The post Кај скопски дилер пронајдени и шок бомби и 922 куршуми appeared first on Република.

]]>
Специјални единици влегоа во Никуштак, преведени две лица со дрога и оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spetsijalni-edinitsi-vlegoa-vo-nikushtak-prevedeni-dve-litsa-so-droga-i-oruzhje/ Sat, 12 Oct 2024 09:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=825817

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во заедничка и координирана акција со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово вчера ги лишија од слобода Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од с.Никуштак, општина Липково.

https://youtu.be/1RgB7ELgHZs?si=ZjWlciFH_KedJb2U

При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки, објави МВР.


Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.

 

The post Специјални единици влегоа во Никуштак, преведени две лица со дрога и оружје appeared first on Република.

]]>

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во заедничка и координирана акција со Специјалната антитерористичка единица Тигар и СВР Куманово вчера ги лишија од слобода Н.А.(34) и А.М.(37), двајцата од с.Никуштак, општина Липково. https://youtu.be/1RgB7ELgHZs?si=ZjWlciFH_KedJb2U При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки, објави МВР. Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.  

The post Специјални единици влегоа во Никуштак, преведени две лица со дрога и оружје appeared first on Република.

]]>
Британскиот министер за надворешни работи: Велика Британија ќе суспендира 30 дозволи за извоз на оружје во Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskiot-minister-za-nadvoreshni-raboti-velika-britanija-ke-suspendira-30-dozvoli-za-izvoz-na-oruzhje-vo-izrael/ Wed, 02 Oct 2024 19:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=821924

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, порача дека Велика Британија веднаш ќе суспендира 30 од 350 дозволи за извоз на оружје во Израел поради ризикот дека таквата опрема може да се користи за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право. Лами појасни дека не станува збор за ембарго.

Набргу по победата на Лабуристичката партија на општите избори во јули, Лами изјави дека ќе ја разгледа продажбата на оружје на британскиот сојузник Израел за да се осигура дека тие се одвива во согласност со меѓународното право.

https://republika.mk/vesti/svet/izrael-besen-na-velika-britanija-poradi-odlukata-da-ja-prekine-prodazhbata-na-oruzhje-za-izraelskata-vojska/

Со жалење го информирам Долниот дом на Парламентот дека поради проценката што ја добив, не можам да заклучам ништо друго освен дека за одреден (дел од) британски извоз на оружје во Израел навистина постои реален ризик да се користи за извршување, овозможувајќи сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, изјави Лами.

Тој исто така рече дека Британија сè уште го поддржува правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право.

The post Британскиот министер за надворешни работи: Велика Британија ќе суспендира 30 дозволи за извоз на оружје во Израел appeared first on Република.

]]>

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, порача дека Велика Британија веднаш ќе суспендира 30 од 350 дозволи за извоз на оружје во Израел поради ризикот дека таквата опрема може да се користи за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право. Лами појасни дека не станува збор за ембарго. Набргу по победата на Лабуристичката партија на општите избори во јули, Лами изјави дека ќе ја разгледа продажбата на оружје на британскиот сојузник Израел за да се осигура дека тие се одвива во согласност со меѓународното право. https://republika.mk/vesti/svet/izrael-besen-na-velika-britanija-poradi-odlukata-da-ja-prekine-prodazhbata-na-oruzhje-za-izraelskata-vojska/
Со жалење го информирам Долниот дом на Парламентот дека поради проценката што ја добив, не можам да заклучам ништо друго освен дека за одреден (дел од) британски извоз на оружје во Израел навистина постои реален ризик да се користи за извршување, овозможувајќи сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право“, изјави Лами.
Тој исто така рече дека Британија сè уште го поддржува правото на Израел на самоодбрана во согласност со меѓународното право.

The post Британскиот министер за надворешни работи: Велика Британија ќе суспендира 30 дозволи за извоз на оружје во Израел appeared first on Република.

]]>
Автоматски пушки, бомби, минофрлачи – цел арсенал оружје пронајден во гаража во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avtomatski-pushki-bombi-minofrlachi-tsel-arsenal-oruzhje-pronajden-vo-garazha-vo-belgrad/ Thu, 26 Sep 2024 17:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=819982

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР и БИА извршија увид на лице место каде во гаража во станбена зграда во Нов Белград е пронајдено поголемо количество автоматско оружје, јавија белградските медиуми.

Пронајдени се неколку рачни бомби и автоматски пушки, рачен минофрлач, експлозив, поголема количина муниција, фантомка.

Во тек е оперативна работа на расветлување на сите околности на овој случај и откривање и гонење на сторителите на кривичното дело“, соопшти ВЈО. Оружјето било пронајдено претпладнето.

The post Автоматски пушки, бомби, минофрлачи – цел арсенал оружје пронајден во гаража во Белград appeared first on Република.

]]>

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР и БИА извршија увид на лице место каде во гаража во станбена зграда во Нов Белград е пронајдено поголемо количество автоматско оружје, јавија белградските медиуми. Пронајдени се неколку рачни бомби и автоматски пушки, рачен минофрлач, експлозив, поголема количина муниција, фантомка. Во тек е оперативна работа на расветлување на сите околности на овој случај и откривање и гонење на сторителите на кривичното дело“, соопшти ВЈО. Оружјето било пронајдено претпладнето.

The post Автоматски пушки, бомби, минофрлачи – цел арсенал оружје пронајден во гаража во Белград appeared first on Република.

]]>
Подготвувало масакр во училиште: Арсенал оружје пронајден кај 11-годишно момче од Флорида https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/podgotvuvalo-masakr-vo-uchilishte-arsenal-oruzhje-pronajden-kaj-11-godishno-momche-od-florida/ Mon, 23 Sep 2024 12:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=819011

Американската полиција објави видео и фотографија од арсенал оружје запленет од 11-годишно момче кое подготвувало масовно пукање во училиште.

Областа за која станува збор е Волузија, Флорида, а шерифот Мајк Читвуд на прес-конференција најави дека во иднина ќе биде пракса да се објавува фотографија од уапсените ученици:

Секогаш кога ќе апсиме, ќе бидат објавени фотографии од вашите деца и ако можам да го направам тоа, детето ќе биде спроведено со лисици, рече шерифот, според вестите на Ен-би-си Њуз.

Уапсеното момче се заканувало дека ќе изврши масовно пукање во училиштето пред да биде уапсено. Во последните неколку дена беа уапсени двајца тинејџери и веќе споменатиот 11-годишник.

Бидејќи родителите не сакаат да ги воспитуваат своите деца, јас ќе почнам да ги воспитувам, додал шерифот.

Полицијата потврди дека уапсеното момче (11) одело во средното училиште Криксајд. Имал и список со имињата на оние што планирал да ги ликвидира. Момчето од Порт Оринџ е обвинето дека при видео разговор со пријателите покажало „арсенал оружје“ со кој планирало да изврши масакр.

Полицијата добила анонимна дојава, по што е приведено. Канцеларијата на шерифот го објави името на детето и видеото од носењето во затвор. Меѓутоа, американските медиуми не ги објавуваат имињата на малолетниците, ниту пак ќе ја објават фотографијата од уапсеното момче.

The post Подготвувало масакр во училиште: Арсенал оружје пронајден кај 11-годишно момче од Флорида appeared first on Република.

]]>

Американската полиција објави видео и фотографија од арсенал оружје запленет од 11-годишно момче кое подготвувало масовно пукање во училиште. Областа за која станува збор е Волузија, Флорида, а шерифот Мајк Читвуд на прес-конференција најави дека во иднина ќе биде пракса да се објавува фотографија од уапсените ученици: Секогаш кога ќе апсиме, ќе бидат објавени фотографии од вашите деца и ако можам да го направам тоа, детето ќе биде спроведено со лисици, рече шерифот, според вестите на Ен-би-си Њуз. Уапсеното момче се заканувало дека ќе изврши масовно пукање во училиштето пред да биде уапсено. Во последните неколку дена беа уапсени двајца тинејџери и веќе споменатиот 11-годишник. Бидејќи родителите не сакаат да ги воспитуваат своите деца, јас ќе почнам да ги воспитувам, додал шерифот. Полицијата потврди дека уапсеното момче (11) одело во средното училиште Криксајд. Имал и список со имињата на оние што планирал да ги ликвидира. Момчето од Порт Оринџ е обвинето дека при видео разговор со пријателите покажало „арсенал оружје“ со кој планирало да изврши масакр. Полицијата добила анонимна дојава, по што е приведено. Канцеларијата на шерифот го објави името на детето и видеото од носењето во затвор. Меѓутоа, американските медиуми не ги објавуваат имињата на малолетниците, ниту пак ќе ја објават фотографијата од уапсеното момче.

The post Подготвувало масакр во училиште: Арсенал оружје пронајден кај 11-годишно момче од Флорида appeared first on Република.

]]>
Шолц категоричен: Германија нема да и испорача на Украина оружје со долг дострел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-kategorichen-germanija-nema-da-i-isporacha-na-ukraina-oruzhje-so-dolg-dostrel/ Sun, 15 Sep 2024 06:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=816442

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ја отфрли можноста неговата земја да и обезбеди на Украина прецизно оружје со долг дострел, без оглед на одлуките донесени од сојузниците на НАТО.

Тој посочи дека обезбедувањето германски крстосувачки ракети „Таурус“ за Киев ќе доведе до „голем ризик од ескалација“ на конфликтот.

Ракетите Таурус имаат дострел од околу 500 километри и би можеле да се користат за напад врз Москва од украинска територија.

Реков не, нагласи Шолц, додавајќи оти „тоа важи и за другите оружја“.

Тој посочи дека нема да го промени својот став дури и ако другите земји одлучат да постапат поинаку.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски бара од сојузниците на Украина да и обезбедат оружје со долг дострел за да може да ги нападне руските логистички и воени аеродроми лоцирани далеку зад линијата на фронтот, дури и на руска територија.

Оружјето со најдолг дострел што Германија досега го испрати во Киев е ракетниот фрлач Марс II, кој може да погоди цели на оддалеченост од 84 километри.

САД, Велика Британија и Франција испратија крстосувачки ракети во Украина со дострел до 300 километри.

The post Шолц категоричен: Германија нема да и испорача на Украина оружје со долг дострел appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ја отфрли можноста неговата земја да и обезбеди на Украина прецизно оружје со долг дострел, без оглед на одлуките донесени од сојузниците на НАТО. Тој посочи дека обезбедувањето германски крстосувачки ракети „Таурус“ за Киев ќе доведе до „голем ризик од ескалација“ на конфликтот. Ракетите Таурус имаат дострел од околу 500 километри и би можеле да се користат за напад врз Москва од украинска територија. Реков не, нагласи Шолц, додавајќи оти „тоа важи и за другите оружја“. Тој посочи дека нема да го промени својот став дури и ако другите земји одлучат да постапат поинаку. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски бара од сојузниците на Украина да и обезбедат оружје со долг дострел за да може да ги нападне руските логистички и воени аеродроми лоцирани далеку зад линијата на фронтот, дури и на руска територија. Оружјето со најдолг дострел што Германија досега го испрати во Киев е ракетниот фрлач Марс II, кој може да погоди цели на оддалеченост од 84 километри. САД, Велика Британија и Франција испратија крстосувачки ракети во Украина со дострел до 300 километри.

The post Шолц категоричен: Германија нема да и испорача на Украина оружје со долг дострел appeared first on Република.

]]>
Франција и Индија тајно доставуваат оружје за Ерменија преку Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-i-indija-tajno-dostavuvaat-oruzhje-za-ermenija-preku-iran/ Sun, 25 Aug 2024 18:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=810012

Според ексклузивни материјали од проверени дипломатски и воени извори до кои дошол магазинот „Калибар“, на Ерменија во последните неколку недели и биле доставени современи француски самоодни артилериски држачи „Цезар 155 мм“ и нивните компоненти, како и противтенковски ракетни системи и ракети воздух-воздух.

Според пишувањето, Азербејџан знае и дека, паралелно со пренесувањето на француското оружје по воздушен пат, иранското пристаниште Бандар Абас добива воен товар од Индија, којшто исто така наменет за понатамошен транспорт до Ерменија. Како што пишува магазинот, достојно за внимание е тоа што  и француското и индиското оружје доставено до Ерменија делумно се официјално декларирани, а делумно се транспортирани под декларација за цивилна стока.

По детална проверка, извори од азербејџанската страна ја потврдија сензационалната информација дека Иран и Ерменија потпишале таен договор за оружје вреден 500 милиони долари“, пренесува порталот.

Во пишувањето се забележува дека и покрај негирањето на договорот Иран-Ерменија, проверката на фактите и изворите покажуваат поинаку.

The post Франција и Индија тајно доставуваат оружје за Ерменија преку Иран appeared first on Република.

]]>

Според ексклузивни материјали од проверени дипломатски и воени извори до кои дошол магазинот „Калибар“, на Ерменија во последните неколку недели и биле доставени современи француски самоодни артилериски држачи „Цезар 155 мм“ и нивните компоненти, како и противтенковски ракетни системи и ракети воздух-воздух. Според пишувањето, Азербејџан знае и дека, паралелно со пренесувањето на француското оружје по воздушен пат, иранското пристаниште Бандар Абас добива воен товар од Индија, којшто исто така наменет за понатамошен транспорт до Ерменија. Како што пишува магазинот, достојно за внимание е тоа што  и француското и индиското оружје доставено до Ерменија делумно се официјално декларирани, а делумно се транспортирани под декларација за цивилна стока.
По детална проверка, извори од азербејџанската страна ја потврдија сензационалната информација дека Иран и Ерменија потпишале таен договор за оружје вреден 500 милиони долари“, пренесува порталот.
Во пишувањето се забележува дека и покрај негирањето на договорот Иран-Ерменија, проверката на фактите и изворите покажуваат поинаку.

The post Франција и Индија тајно доставуваат оружје за Ерменија преку Иран appeared first on Република.

]]>
Профитот продолжува да расте: Германија одобри продажба на оружје во вредност од 5,6 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/profitot-prodolzhuva-da-raste-germanija-odobri-prodazhba-na-oruzhje-vo-vrednost-od-5-6-milijardi-evra/ Sun, 11 Aug 2024 10:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=805415

Германските власти одобрија продажба на оружје во вкупна вредност од 5,6 милијарди евра во првата половина од годината. Ова е одговорот даден на барањето на пратеникот во Бундестагот Севим Дагделен од групата „Сојуз за разум и правда Сара Вагенкнехт“ испратено од германското Министерство за економија.

Одговорот доаѓа откако пратеникот обвини дека наместо да инвестираат во образованието, инфраструктурата и здравството, властите во Берлин даваат „подароци оружје“ на украинската страна.

Во април, „Ди Вестдојче Алгемајне Цајтунг' (ВАЗ) објави дека германскиот извоз на оружје во Украина го соборил рекордот од 2023 година и дека продолжува да расте.

The post Профитот продолжува да расте: Германија одобри продажба на оружје во вредност од 5,6 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Германските власти одобрија продажба на оружје во вкупна вредност од 5,6 милијарди евра во првата половина од годината. Ова е одговорот даден на барањето на пратеникот во Бундестагот Севим Дагделен од групата „Сојуз за разум и правда Сара Вагенкнехт“ испратено од германското Министерство за економија. Одговорот доаѓа откако пратеникот обвини дека наместо да инвестираат во образованието, инфраструктурата и здравството, властите во Берлин даваат „подароци оружје“ на украинската страна. Во април, „Ди Вестдојче Алгемајне Цајтунг' (ВАЗ) објави дека германскиот извоз на оружје во Украина го соборил рекордот од 2023 година и дека продолжува да расте.

The post Профитот продолжува да расте: Германија одобри продажба на оружје во вредност од 5,6 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Во Курск употребено најмоќното оружје по нуклеарното: Русија фрли вакум бомба врз украинските позиции! https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kursk-upotrebeno-najmoknoto-oruzhje-po-nuklearnoto-rusija-frli-vakum-bomba-vrz-ukrainskite-pozitsii/ Sat, 10 Aug 2024 17:55:14 +0000 https://republika.mk/?p=805279

Руското Министерство за одбрана соопшти дека продолжуваат борбите во западниот дел на областа Курск по украинскиот напад.

За време на воздушните напади Русите тврдат дека користеле и термобарично оружје, таканаречена вакуумска бомба.

Притисокот создаден од експлозијата може буквално да ги „испари“ човечките тела и да предизвика застрашувачки повреди, пишува „Скај њуз“.

Ова не е прв пат Москва да користи вакво оружје, бидејќи украинските власти тврдеа дека било употребено само неколку недели по почетокот на војната во февруари 2022 година.

Употребата на вакуум бомби не претставува кршење на меѓународното право, пишува „Скај њуз“.

Термобаричното оружје, познато и како аеросолна бомба, работи на две нивоа.

Полнењето во првата фаза дистрибуира аеросол составен од многу фин материјал, од гориво базирано на јаглерод до фини метални честички. Вториот полнеж го запали тој облак, создавајќи огнена топка, огромен ударен бран и вакуум додека го вшмукува целиот околен кислород.

Експлозивниот бран може да трае значително подолго од конвенционалните експлозиви и е способен да ги распадне човечките тела.

Видеото направено пред околу една година, покажува експлозија на руска термобарична бомба.

Русија евакуираше повеќе од 76.000 луѓе од пограничните области во западниот регион Курск додека украинската војска продолжува со својата прекугранична офанзива.

Повеќе од 76.000 луѓе се привремено преместени на безбедни места“, објави државната новинска агенција ТАСС, цитирајќи локален функционер на брифинг со новинарите.

The post Во Курск употребено најмоќното оружје по нуклеарното: Русија фрли вакум бомба врз украинските позиции! appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана соопшти дека продолжуваат борбите во западниот дел на областа Курск по украинскиот напад. За време на воздушните напади Русите тврдат дека користеле и термобарично оружје, таканаречена вакуумска бомба. Притисокот создаден од експлозијата може буквално да ги „испари“ човечките тела и да предизвика застрашувачки повреди, пишува „Скај њуз“. Ова не е прв пат Москва да користи вакво оружје, бидејќи украинските власти тврдеа дека било употребено само неколку недели по почетокот на војната во февруари 2022 година. Употребата на вакуум бомби не претставува кршење на меѓународното право, пишува „Скај њуз“. Термобаричното оружје, познато и како аеросолна бомба, работи на две нивоа. Полнењето во првата фаза дистрибуира аеросол составен од многу фин материјал, од гориво базирано на јаглерод до фини метални честички. Вториот полнеж го запали тој облак, создавајќи огнена топка, огромен ударен бран и вакуум додека го вшмукува целиот околен кислород. Експлозивниот бран може да трае значително подолго од конвенционалните експлозиви и е способен да ги распадне човечките тела. Видеото направено пред околу една година, покажува експлозија на руска термобарична бомба. Русија евакуираше повеќе од 76.000 луѓе од пограничните области во западниот регион Курск додека украинската војска продолжува со својата прекугранична офанзива.
Повеќе од 76.000 луѓе се привремено преместени на безбедни места“, објави државната новинска агенција ТАСС, цитирајќи локален функционер на брифинг со новинарите.

The post Во Курск употребено најмоќното оружје по нуклеарното: Русија фрли вакум бомба врз украинските позиции! appeared first on Република.

]]>
Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружje https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-treta-vo-evropa-spored-stapkata-na-smrtnost-od-ogneno-oruzhje/ Tue, 25 Jun 2024 14:49:23 +0000 https://republika.mk/?p=790694

Повеќето европски земји се познати по нивните строги закони за оружје. Статистичкиот портал „Ландгеист“ објави анализа, базирана на податоци, со цел да ја види стапката на смртност од оружје низ Европа.

Според објавеното, стапката на смртност од огнено оружје е највисока во Турција (18,16), Албанија (15,20) и Македонија (12,25 случаи на милион жители). Стапката на смртност од оружје во Европа е повисока во крајниот источен и југоисточен дел на Европа.

Најниски стапки може да се забележат во Велика Британанија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92). Интересно е што овие три земји (вклучувајќи ја и Ирска) се единствените земји во Европа каде полицијата не носи оружје.

Во секоја земја од Cеверна и Јужна Америка, освен Канада и Куба, стапката на смртност од оружје е повисока од Турција. За споредба, стапката на смртност од оружје во САД е 41,69 случаи на милион жители.

Ваквите податоци се на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл.

„Ландгеист“ посочува дека стапката на смртност се однесува на периодот пред војната во Украина и во неа не се вклучени самоубиствата со огнено оружје.

The post Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружje appeared first on Република.

]]>

Повеќето европски земји се познати по нивните строги закони за оружје. Статистичкиот портал „Ландгеист“ објави анализа, базирана на податоци, со цел да ја види стапката на смртност од оружје низ Европа. Според објавеното, стапката на смртност од огнено оружје е највисока во Турција (18,16), Албанија (15,20) и Македонија (12,25 случаи на милион жители). Стапката на смртност од оружје во Европа е повисока во крајниот источен и југоисточен дел на Европа. Најниски стапки може да се забележат во Велика Британанија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92). Интересно е што овие три земји (вклучувајќи ја и Ирска) се единствените земји во Европа каде полицијата не носи оружје. Во секоја земја од Cеверна и Јужна Америка, освен Канада и Куба, стапката на смртност од оружје е повисока од Турција. За споредба, стапката на смртност од оружје во САД е 41,69 случаи на милион жители. Ваквите податоци се на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл. „Ландгеист“ посочува дека стапката на смртност се однесува на периодот пред војната во Украина и во неа не се вклучени самоубиствата со огнено оружје.

The post Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружje appeared first on Република.

]]>
Западот нека размисли кому можеме ние да испорачаме оружје, порача Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zapadot-neka-razmisli-komu-mozheme-nie-da-isporachame-oruzhje-poracha-putin/ Thu, 20 Jun 2024 18:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=789437

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји како одговор на испораката на оружје за Украина.

На прес-конференција во Виетнам, Путин рече и дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.

Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“, пренесува Риа Новости.

Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина.

The post Западот нека размисли кому можеме ние да испорачаме оружје, порача Путин appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да испорача оружје на други земји како одговор на испораката на оружје за Украина. На прес-конференција во Виетнам, Путин рече и дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја.
Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“, пренесува Риа Новости.
Рускиот лидер рече и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина.

The post Западот нека размисли кому можеме ние да испорачаме оружје, порача Путин appeared first on Република.

]]>
Загрижувачка појава: Регистриран зголемен шверц на оружје од Косово во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zagrizhuvachka-pojava-registriran-zgolemen-shverts-na-oruzhje-od-kosovo-vo-albanija/ Sat, 25 May 2024 13:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=781646

Косово стана најголемиот „снабдувач“ на Албанија со огнено оружје, што го потврдува полициската статистика, според која само во првите четири месеци од годинава се запленети 125 парчиња огнено оружје, од кои 75 се пиштоли, како и поголема количина муниција, јави Ора њуз.

Според истиот извор, загриженост за оваа појава изразил и првиот човек на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, наведувајќи дека „криминалните групи нарачуваат повеќе огнено оружје од типот пиштол“.

Само вчера полицијата во Тирана заплени 10 пиштоли, исто толку рамки за куршуми и поголема количина муниција, а уапси четворица косовски државјани.

Шверцот со оружје е уште една криминална активност, која главно ги придружува групите вклучени во трговија со наркотици и се карактеризира со висока употреба на насилство. Во последно време е забележан растечки тренд на криминални групи кои дејствуваат во странство, а кои тука нарачуваат огнено оружје, од типот „пиштол“, а главен снабдувач останува Косово – изјави Думани.

Од истрагите на Специјалното обвинителство, но и на окружните обвинителства, се утврдува дека цената за еден пиштол се движи од 1.000 до 2.000 евра.

„Шверцерите најчесто за внесување оружје ги користеле викендите и празниците, затоа што полициските службеници на граничните премини, од двете страни, не вршеле детални проверки на државјаните од Косово, туку од нив се барало само документ за идентификација. Обидите за шверц на оружје се очекува да се зголемат, бидејќи за граѓаните на двете земји нема детална контрола“ – наведува телевизијата.

Според СПАК, Косово, освен за огнено оружје, стана снабдувач и за експлозиви, кои се користеле во криминални активности.

The post Загрижувачка појава: Регистриран зголемен шверц на оружје од Косово во Албанија appeared first on Република.

]]>

Косово стана најголемиот „снабдувач“ на Албанија со огнено оружје, што го потврдува полициската статистика, според која само во првите четири месеци од годинава се запленети 125 парчиња огнено оружје, од кои 75 се пиштоли, како и поголема количина муниција, јави Ора њуз. Според истиот извор, загриженост за оваа појава изразил и првиот човек на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, наведувајќи дека „криминалните групи нарачуваат повеќе огнено оружје од типот пиштол“. Само вчера полицијата во Тирана заплени 10 пиштоли, исто толку рамки за куршуми и поголема количина муниција, а уапси четворица косовски државјани. Шверцот со оружје е уште една криминална активност, која главно ги придружува групите вклучени во трговија со наркотици и се карактеризира со висока употреба на насилство. Во последно време е забележан растечки тренд на криминални групи кои дејствуваат во странство, а кои тука нарачуваат огнено оружје, од типот „пиштол“, а главен снабдувач останува Косово – изјави Думани. Од истрагите на Специјалното обвинителство, но и на окружните обвинителства, се утврдува дека цената за еден пиштол се движи од 1.000 до 2.000 евра. „Шверцерите најчесто за внесување оружје ги користеле викендите и празниците, затоа што полициските службеници на граничните премини, од двете страни, не вршеле детални проверки на државјаните од Косово, туку од нив се барало само документ за идентификација. Обидите за шверц на оружје се очекува да се зголемат, бидејќи за граѓаните на двете земји нема детална контрола“ – наведува телевизијата. Според СПАК, Косово, освен за огнено оружје, стана снабдувач и за експлозиви, кои се користеле во криминални активности.

The post Загрижувачка појава: Регистриран зголемен шверц на оружје од Косово во Албанија appeared first on Република.

]]>
Грција тајно испраќа контејнери со оружје и муниција во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-tajno-ispraka-kontejneri-so-oruzhje-i-munitsija-vo-ukraina/ Fri, 17 May 2024 06:40:21 +0000 https://republika.mk/?p=778992

Грција тајно испраќа 250 контејнери со оружје и муниција во Украина по налог на САД, пишува весникот „Ефимерида тон синтактон“.

Според изданието, контејнерите минуваат низ Романија, а првите контејнери биле испратени од станицата во Като Гефира на 14 мај.

Претходно, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја уверуваше јавноста дека не потпишал никаков таен договор за испорака на оружје во Украина.

The post Грција тајно испраќа контејнери со оружје и муниција во Украина appeared first on Република.

]]>

Грција тајно испраќа 250 контејнери со оружје и муниција во Украина по налог на САД, пишува весникот „Ефимерида тон синтактон“. Според изданието, контејнерите минуваат низ Романија, а првите контејнери биле испратени од станицата во Като Гефира на 14 мај. Претходно, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја уверуваше јавноста дека не потпишал никаков таен договор за испорака на оружје во Украина.

The post Грција тајно испраќа контејнери со оружје и муниција во Украина appeared first on Република.

]]>
Истрага за недозволено држење оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istraga-za-nedozvoleno-drzhene-oruzhje/ Tue, 07 May 2024 15:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=775065

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРСМ, при претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар.

За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор.

ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси

The post Истрага за недозволено држење оружје appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРСМ, при претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор. ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси

The post Истрага за недозволено држење оружје appeared first on Република.

]]>
Светот забрзано се вооружува: Глобалните воени трошоци достигнаа историски максимум од 2.443 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetot-zabrzano-se-vooruzhuva-globalnite-voeni-troshotsi-dostignaa-istoriski-maksimum-od-2-443-milijardi-dolari/ Tue, 23 Apr 2024 14:58:07 +0000 https://republika.mk/?p=769452

Глобалните воени трошоци во 2023 година се зголемиле за 6,8% на годишно ниво и достигнале ново рекордно високо ниво од 2.443 милијарди долари, при што, трите најголеми трошачи се САД, Кина и Русија, покажуваат новите податоци објавени од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Светските воени расходи пораснаа деветта година по ред на историски максимум од 2.443 милијарди долари“, соопшти СИПРИ.

Од Институтот додаваат дека покрај тоа, воените трошоци се зголемиле во сите пет географски региони дефинирани од СИПРИ.

САД остануваат најголемиот воен трошач во светот со удел од 37% од вкупниот светски износ и потрошени 916 милијарди долари во 2023 година. Следуваат Кина со 12% удел и потрошени 296 милијарди долари и Русија со 4,5% удел и потрошени 109 милијарди долари на одбраната, што е зголемување од 24 отсто во споредба со 2022 година.

Украина, осмиот најголем потрошувач во 2023 година, ги зголемила своите воени трошоци за 51% на годишно ниво на 64,8 милијарди долари, што е 58% од вкупните владини трошоци на земјата.

Блискиот Исток забележува пораст на воените трошоци за 9%, при што израелските трошоци се зголемиле за 24% до 27,5 милијарди долари во услови на неговата операција во Појасот Газа, додава Институтот.

The post Светот забрзано се вооружува: Глобалните воени трошоци достигнаа историски максимум од 2.443 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Глобалните воени трошоци во 2023 година се зголемиле за 6,8% на годишно ниво и достигнале ново рекордно високо ниво од 2.443 милијарди долари, при што, трите најголеми трошачи се САД, Кина и Русија, покажуваат новите податоци објавени од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).
Светските воени расходи пораснаа деветта година по ред на историски максимум од 2.443 милијарди долари“, соопшти СИПРИ.
Од Институтот додаваат дека покрај тоа, воените трошоци се зголемиле во сите пет географски региони дефинирани од СИПРИ. САД остануваат најголемиот воен трошач во светот со удел од 37% од вкупниот светски износ и потрошени 916 милијарди долари во 2023 година. Следуваат Кина со 12% удел и потрошени 296 милијарди долари и Русија со 4,5% удел и потрошени 109 милијарди долари на одбраната, што е зголемување од 24 отсто во споредба со 2022 година. Украина, осмиот најголем потрошувач во 2023 година, ги зголемила своите воени трошоци за 51% на годишно ниво на 64,8 милијарди долари, што е 58% од вкупните владини трошоци на земјата. Блискиот Исток забележува пораст на воените трошоци за 9%, при што израелските трошоци се зголемиле за 24% до 27,5 милијарди долари во услови на неговата операција во Појасот Газа, додава Институтот.

The post Светот забрзано се вооружува: Глобалните воени трошоци достигнаа историски максимум од 2.443 милијарди долари appeared first on Република.

]]>