оружје заплена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oruzje-zaplena/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Oct 2022 11:09:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оружје заплена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oruzje-zaplena/ 32 32 Во акција на Европол запленети оружје, дрога, злато, петарди, мигранти… https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-akcija-na-evropol-zapleneti-oruzje-droga-zlato-petardi-migranti/ Sun, 30 Oct 2022 11:09:31 +0000 https://republika.mk/?p=567362

Во рамки на Заедничките акциски денови на Европол во периодот од 26 до 29 октомври, беше спроведена меѓународна акција „Акциски денови– JAД 2022 – Југоисточна Европа“ за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, недозволена трговија со дрога и сузбивање на прекуграничен криминал и илегална миграција. Во операцијата покрај Република Македонија учествуваа повеќе земји од регионот и земји членки на Европска унија, додека на граничните премини беа присутни и претставници од Фронтекс. Во нашата земја се вршеа зајакнати селективни контроли при влез и излез на граничните премини на патници, автобуси, патнички и товарни моторни возила. Освен полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на акцијата учество зедоа и царински службеници од Царинската управа на Република Македонија, преку своите мобилните тимови.

Носител на акцијата во Министерството за внатрешни работи, беше Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, а учество во реализацијата зедоа полициски службеници од повеќе надлежни организациски единици, како што се организиран и сериозен криминал, гранични работи, криминалистичко разузнавање и анализа, меѓународна полициска соработка, како и Секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Струмица, Битола и Охрид.

Притоа, беше извршена контрола и преглед на 858 селектирани лица, 437 патнички возила, 10 товарни возила и 22 автобуси. При извршените прегледи, како и извршените 20 претреси на повеќе локации низ државата, при што се лишени од слобода 13 лица за понатамошна постапка. Пронајдени се осум пушки, три пиштоли различни марки и калибар, како и по еден гасен, сигнален и пневматски пиштол, 356 парчиња муниција различен калибар, рамка за пиштол, 91 парче пиротехнички средства, 2,5 килограми висококвалитетен златен накит, 1,5 килограм наркотична дрога марихуана, 360 семки од растението „канабис“, поголем број различни пакувања и зипер кесиња со прашкаста материја, два метални детектори за откривање на метал во земја, 286 метални монети и накит од постаро време, 50.000 евра како и поголем износ на денари во различни апоени и др.

За време на акцијата, откриени се вкупно 389 мигранти од кои 202 од Сирија, 80 од Авганистан, 34 од Мароко , 23 од Конго, 17 од Пакистан, осум од Палестина...

The post Во акција на Европол запленети оружје, дрога, злато, петарди, мигранти… appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Заедничките акциски денови на Европол во периодот од 26 до 29 октомври, беше спроведена меѓународна акција „Акциски денови– JAД 2022 – Југоисточна Европа“ за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, недозволена трговија со дрога и сузбивање на прекуграничен криминал и илегална миграција. Во операцијата покрај Република Македонија учествуваа повеќе земји од регионот и земји членки на Европска унија, додека на граничните премини беа присутни и претставници од Фронтекс. Во нашата земја се вршеа зајакнати селективни контроли при влез и излез на граничните премини на патници, автобуси, патнички и товарни моторни возила. Освен полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во спроведувањето на акцијата учество зедоа и царински службеници од Царинската управа на Република Македонија, преку своите мобилните тимови. Носител на акцијата во Министерството за внатрешни работи, беше Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, а учество во реализацијата зедоа полициски службеници од повеќе надлежни организациски единици, како што се организиран и сериозен криминал, гранични работи, криминалистичко разузнавање и анализа, меѓународна полициска соработка, како и Секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Струмица, Битола и Охрид. Притоа, беше извршена контрола и преглед на 858 селектирани лица, 437 патнички возила, 10 товарни возила и 22 автобуси. При извршените прегледи, како и извршените 20 претреси на повеќе локации низ државата, при што се лишени од слобода 13 лица за понатамошна постапка. Пронајдени се осум пушки, три пиштоли различни марки и калибар, како и по еден гасен, сигнален и пневматски пиштол, 356 парчиња муниција различен калибар, рамка за пиштол, 91 парче пиротехнички средства, 2,5 килограми висококвалитетен златен накит, 1,5 килограм наркотична дрога марихуана, 360 семки од растението „канабис“, поголем број различни пакувања и зипер кесиња со прашкаста материја, два метални детектори за откривање на метал во земја, 286 метални монети и накит од постаро време, 50.000 евра како и поголем износ на денари во различни апоени и др. За време на акцијата, откриени се вкупно 389 мигранти од кои 202 од Сирија, 80 од Авганистан, 34 од Мароко , 23 од Конго, 17 од Пакистан, осум од Палестина...

The post Во акција на Европол запленети оружје, дрога, злато, петарди, мигранти… appeared first on Република.

]]>
Претрес во Ласкарци, пронајдено оружје, приведено едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-laskarci-pronajdeno-oruzje-privedeno-edno-lice/ Sun, 22 May 2022 06:37:12 +0000 https://republika.mk/?p=505354

Полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во скопското село Ласкарци го лишиле од слобода С.Б. (34) од тоа село, соопшти Министерството за внатрешни работи.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како што се посочува, биле пронајдени и одземени една пушка- карабин и повеќе куршуми за него и една ловечка пушка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

The post Претрес во Ласкарци, пронајдено оружје, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија во скопското село Ласкарци го лишиле од слобода С.Б. (34) од тоа село, соопшти Министерството за внатрешни работи. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како што се посочува, биле пронајдени и одземени една пушка- карабин и повеќе куршуми за него и една ловечка пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

The post Претрес во Ласкарци, пронајдено оружје, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>
МВР открива со каков арсенал располага 27-годишен тетовец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-otkriva-so-kakov-arsenal-raspolaga-27-godishen-tetovec/ Fri, 21 Jan 2022 19:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=447898

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (21 јануари) од 16 часот и 15 минути до 18 часот и 50 минути, со судски наредби, извршија претреси во домовите на Н.А. (24) и неговиот роднина Р.Л. (27) во тетовски Порој.

Во домот на Р.Л. пронајдени се три парчиња огнено оруже: 2 ловечки пушки, од кои една од американско производство и "хеклер", над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашкаста материја. Р.Л. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

По целосно расчистување на случајот, во консултација и координација со јавен обвинител, Р.Л. во текот на утрешниот ден, со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

The post МВР открива со каков арсенал располага 27-годишен тетовец appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на СВР Тетово денеска (21 јануари) од 16 часот и 15 минути до 18 часот и 50 минути, со судски наредби, извршија претреси во домовите на Н.А. (24) и неговиот роднина Р.Л. (27) во тетовски Порој. Во домот на Р.Л. пронајдени се три парчиња огнено оруже: 2 ловечки пушки, од кои една од американско производство и "хеклер", над 170 куршуми од различен калибар, елек, футрола, ремен и 13 пакувања со остатоци од бела прашкаста материја. Р.Л. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. По целосно расчистување на случајот, во консултација и координација со јавен обвинител, Р.Л. во текот на утрешниот ден, со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

The post МВР открива со каков арсенал располага 27-годишен тетовец appeared first on Република.

]]>