Оровчанец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/orovchanets/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 07:06:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Оровчанец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/orovchanets/ 32 32 Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал https://arhiva3.republika.mk/scena/film/svetska-premiera-na-filmot-ubij-gi-prvo-detsata-na-dimitar-orovchanets-vecherva-na-saraevskiot-filmski-festival/ Mon, 19 Aug 2024 07:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=807791

На 30. Сараевскиот филмски фестивал вечер во амфитеатарот Open Air ќе се одржи премиера на македонскиот долгометражен филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец.

Филмот, кој ќе се прикажува во официјалната програма, е комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

„Убиј ги прво децата“ е дебитантски игран филм на Димитар Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев.

Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска.

Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион. Ова е неговото 30-то издание. Годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро.

Програмата Open Air, а воедно и фестивалот ќе го отвори последниот филм на оскаровецот Данис Тановиќ – „По летото“. Покрај филмовите на Тановиќ и Оровчанец, ќе бидат прикажани и последните остварувања на Квентин Дупие, Емануел Коркол, Рајко Грлиќ и други.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>

На 30. Сараевскиот филмски фестивал вечер во амфитеатарот Open Air ќе се одржи премиера на македонскиот долгометражен филм „Убиј ги прво децата“, по сценарио и во режија на Димитар Оровчанец. Филмот, кој ќе се прикажува во официјалната програма, е комична приказна за тинејџерка-балерина, нејзиното лудо вљубено момче и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. „Убиј ги прво децата“ е дебитантски игран филм на Димитар Оровчанец, поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а во продукција на „Трис филмс“ и „ДМФ филмс“. Продуценти на филмот се Атанас Георгиев и Дејан Илиев. Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов. Во другите улоги играат Александар Ѓорѓиевски, Стефан Вујисиќ, Марко Трајковиќ, Адријан Азири, Марина Поп Панкова, Лео Поповиќ, Атанас Тановски, Марија Јанчевска, Ненад Нацев, Александар Микиќ и други. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Илина Чолак, монтажер е Софија Самоиловска Јовановиќ, а композитори на музиката се Дарко Спасовски и Игор Василев-Новоградска. Филмскиот фестивал во Сараево е од „А“ класа и е еден од најголемите и највлијателни фестивали во поширокиот регион. Ова е неговото 30-то издание. Годинешните лауреати на фестивалот се актерката Мег Рајан, оскаровецот, режисер, сценарист и продуцент Александар Пејн и актерот Џон Туртуро. Програмата Open Air, а воедно и фестивалот ќе го отвори последниот филм на оскаровецот Данис Тановиќ – „По летото“. Покрај филмовите на Тановиќ и Оровчанец, ќе бидат прикажани и последните остварувања на Квентин Дупие, Емануел Коркол, Рајко Грлиќ и други.

The post Светска премиера на филмот „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец вечерва на Сараевскиот филмски фестивал appeared first on Република.

]]>