оризари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/orizari/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 11:04:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оризари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/orizari/ 32 32 Тензично во Куманово: Група на револтирани граѓани од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tenzichno-vo-kumanovo-grupa-na-revoltirani-gragani-od-orizari-nasilno-vlegla-vo-prostoriite-na-evn/ Thu, 27 Jul 2023 10:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=665863

Откако група жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информираа денеска од ЕВН. Од компанијата велат корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата.

Инаку, како што претходно информираа од ЕВН, жителите на Оризаре немаат струја, откако жителите од нивното соседно село Слупчане бесправно манипулираа со трафостаниците, оставајќи го нивното и соседните села без струја.

Утрово, ЕВН информираше дека селото Слупчане и Оризари (општина Липково) се сè уште без напојување со електрична енергија. Останатите дефекти беа надминати. Од компанијата велат дека сè додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Од Министерството за економија ги повика граѓаните во државата редовно да си ги намируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

The post Тензично во Куманово: Група на револтирани граѓани од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН appeared first on Република.

]]>

Откако група жители на липковското село Оризаре, влегоа во објектот на КЕЦ Куманово, вработените ги напуштија работните места од безбедносни причини и непостоење на услови за работа, информираа денеска од ЕВН. Од компанијата велат корисничко енерго центар на ЕВН Куманово нема да работи сè додека не се создадат услови за нормално одвивање на работата. Инаку, како што претходно информираа од ЕВН, жителите на Оризаре немаат струја, откако жителите од нивното соседно село Слупчане бесправно манипулираа со трафостаниците, оставајќи го нивното и соседните села без струја. Утрово, ЕВН информираше дека селото Слупчане и Оризари (општина Липково) се сè уште без напојување со електрична енергија. Останатите дефекти беа надминати. Од компанијата велат дека сè додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села. Од Министерството за економија ги повика граѓаните во државата редовно да си ги намируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

The post Тензично во Куманово: Група на револтирани граѓани од Оризари насилно влегла во просториите на ЕВН appeared first on Република.

]]>
Производителите на ориз ќе протестираат на 11 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proizvoditelite-na-oriz-kje-protestiraat-na-11-oktomvri/ Sun, 09 Oct 2022 16:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=559137

Во вторник на 11 октомври, кочанските оризопроизводители со комбајните ќе ги блокираат патиштата на четири локации.

Жетвата на оризот годинава започна со најава на протест, кој ќе се одржи во вторник. Производителите на ориз се незадоволни од откупната цена, која се движи од 22 до 25 денари за килограм и е за 2 денари пониска од производствената цена.

Иако субвенциите се зголемени и се најавени други мерки, земјоделците се жалат дека со помошта од државата не можат да ги покријат ниту трошоците за жетвата. Тие од годинешната реколта ќе натрупаат само нови долгови.

Комбајните сепак влегоа во нивите, а жетвата почна. Родот е просечен.

The post Производителите на ориз ќе протестираат на 11 октомври appeared first on Република.

]]>

Во вторник на 11 октомври, кочанските оризопроизводители со комбајните ќе ги блокираат патиштата на четири локации. Жетвата на оризот годинава започна со најава на протест, кој ќе се одржи во вторник. Производителите на ориз се незадоволни од откупната цена, која се движи од 22 до 25 денари за килограм и е за 2 денари пониска од производствената цена. Иако субвенциите се зголемени и се најавени други мерки, земјоделците се жалат дека со помошта од државата не можат да ги покријат ниту трошоците за жетвата. Тие од годинешната реколта ќе натрупаат само нови долгови. Комбајните сепак влегоа во нивите, а жетвата почна. Родот е просечен.  

The post Производителите на ориз ќе протестираат на 11 октомври appeared first on Република.

]]>
Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/orizoproizvoditelite-go-blokiraa-patot-kochani-shtip-baraat-minimalna-otkupna-cena-od-40-denari-za-arpata/ Sun, 11 Sep 2022 11:39:53 +0000 https://republika.mk/?p=549692

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство.

На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.

Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците – истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.

Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза – истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/

На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.

Ги поддржуваме напорите на Владата што даде по три денари за предаден килограм арпа како дополнителни субвенции, но даваат пари за субвенции и за семенски материјал, а ние немаме од каде да го купиме. Само десет отсто од овластените трговци нудат семе со документ за квалитет, не можеме да бараме субвенции по тој основ, а сакаме да добиеме поквалитетен производ, истакна Ѓорѓи Богдановски, оризопроизводител од Крупиште.

Поддршка на земјоделците кои протестираа дадоа и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја повикаа власта да преземе соодветни мерки за решавање на проблемите во земјоделството, да најде соодветен пласман на храната, наместо таа да се фрла на буниште или да скапува на нивите.

The post Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата appeared first on Република.

]]>

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство. На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми.
Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците – истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.
Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци.
Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза – истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/ На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал.