ориз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oriz/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 19:05:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ориз Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oriz/ 32 32 Постигнат е договор цената за откуп на оризот да изнесува 70 денари за килограм арпа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/postignat-e-dogovor-tsenata-za-otkup-na-orizot-da-iznesuva-70-denari-za-kilogram-arpa/ Sat, 09 Nov 2024 19:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=835944

Претставници од откупните претпијатија и земјоделски производители од кочанскиот регион доцна попладнево во Кочани имаа работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на која се разговараше за состојбата со откупот од овогодшната реколта и висината на откупните цени.

Постигнат е договор базната цена за ситните сорти ориз да изнесува 70 денари за килограм арпа во зависност од рандманот, односно од количината бел ориз што ќе се добие по лупењето. Ако ситната сорта ориз даде 50 отсто рандман, цената ќе изнесува 35 денари, а ако има понизок рандман и цената ќе се намалува. За крупните сорти базната цена ќе биде 80 денари за килограм, што значи дека ако рандманот биде 50 отсто, пропорционално и цената ќе изнесува 40 денари, а ако рандманот е повисок и цената ќе расте.

-Сите ние, од страна на откупувачите, се обврзавме да откупиме одредена количина арпа за да го олесниме пазарот, без разлика на пазарната економија и актуелните цени во странство. Се работи вкупно за околу 3.000 тони и од ситните и од крупните сорти и тоа е она што ќе се повлече до крајот на годината за да има олеснување и материјал за работа до Нова година, истакна Сотир Англов, од откупното претпријатие БМФ од Зрновци.

Претставниците на земјоделските производители кои присуствуваа на состанокот рекоа дека се задоволни од догорените цени и услови за откуп и ќе очекуваат дали ќе се спроведат на терен. Министерството за земјоделство од своја страна ќе преземе мерки за избегнување на одредени неправилности прои откупот.

-Сакам да потенцирам дека секој земјоделец кој што ќе има сомнеж за рандманот и процентот на влагата во зрното што го утврдува самата откупна компанија, ќе може бесплатно да направи проверка во Институтот за ориз во Кочани. Ова е направено со цел да се елиминира сомнежот дека има одредени злоупотреби во целиот процес. Нормално, ова што ќе се откупи до крајот на годината, целиот процес ќе го следи Земјоделскиот инспекторат, за да нема нејасностии или сомневање. На почетокот на идната година ќе повлечеме и количини за стоковите резерви, со што дополнително ќе го олесниме процесот, истакна министерот Трипуновски.

По средбата беше најавено дека ресорното Министерство за наредната година заедно со земјоделците ќе изготви стратегија за да се избегнат вакви турбуленции во откупот за новата реколта, а таа ќе се однесува и од аспект на семенскиот материјал, заштитните препарати и доволни и навремени количини вода за наводнување

The post Постигнат е договор цената за откуп на оризот да изнесува 70 денари за килограм арпа appeared first on Република.

]]>

Претставници од откупните претпијатија и земјоделски производители од кочанскиот регион доцна попладнево во Кочани имаа работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на која се разговараше за состојбата со откупот од овогодшната реколта и висината на откупните цени. Постигнат е договор базната цена за ситните сорти ориз да изнесува 70 денари за килограм арпа во зависност од рандманот, односно од количината бел ориз што ќе се добие по лупењето. Ако ситната сорта ориз даде 50 отсто рандман, цената ќе изнесува 35 денари, а ако има понизок рандман и цената ќе се намалува. За крупните сорти базната цена ќе биде 80 денари за килограм, што значи дека ако рандманот биде 50 отсто, пропорционално и цената ќе изнесува 40 денари, а ако рандманот е повисок и цената ќе расте.
-Сите ние, од страна на откупувачите, се обврзавме да откупиме одредена количина арпа за да го олесниме пазарот, без разлика на пазарната економија и актуелните цени во странство. Се работи вкупно за околу 3.000 тони и од ситните и од крупните сорти и тоа е она што ќе се повлече до крајот на годината за да има олеснување и материјал за работа до Нова година, истакна Сотир Англов, од откупното претпријатие БМФ од Зрновци.
Претставниците на земјоделските производители кои присуствуваа на состанокот рекоа дека се задоволни од догорените цени и услови за откуп и ќе очекуваат дали ќе се спроведат на терен. Министерството за земјоделство од своја страна ќе преземе мерки за избегнување на одредени неправилности прои откупот.
-Сакам да потенцирам дека секој земјоделец кој што ќе има сомнеж за рандманот и процентот на влагата во зрното што го утврдува самата откупна компанија, ќе може бесплатно да направи проверка во Институтот за ориз во Кочани. Ова е направено со цел да се елиминира сомнежот дека има одредени злоупотреби во целиот процес. Нормално, ова што ќе се откупи до крајот на годината, целиот процес ќе го следи Земјоделскиот инспекторат, за да нема нејасностии или сомневање. На почетокот на идната година ќе повлечеме и количини за стоковите резерви, со што дополнително ќе го олесниме процесот, истакна министерот Трипуновски.
По средбата беше најавено дека ресорното Министерство за наредната година заедно со земјоделците ќе изготви стратегија за да се избегнат вакви турбуленции во откупот за новата реколта, а таа ќе се однесува и од аспект на семенскиот материјал, заштитните препарати и доволни и навремени количини вода за наводнување

The post Постигнат е договор цената за откуп на оризот да изнесува 70 денари за килограм арпа appeared first on Република.

]]>
Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз, наш приоритет како Влада е да го заштитиме домашното производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-od-kochani-ovaa-godina-ke-imame-bogata-zhetva-i-zgolemen-prinos-na-oriz-nash-prioritet-kako-vlada-e-da-go-zashtitime-domashnoto-proizvodstvo/ Sun, 29 Sep 2024 12:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=820735

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина Кочани.

„Денес се наоѓаме во Оризари, општина Кочани на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, со што започнува и жетвата на оваа култура. Ние како Министерство ја поддржуваме оваа манифестација се со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа битна житна култура за нас како држава“, истакна министерот Трипуновски.

„Се надевам дека ќе имаме успешна жетва и дека ќе имаме богат род и квалитетен ориз од реколта 2024 година“, посочи Трипуновски.

Во својата се изјава министерот се осврна и на тоа дали домашниот ориз ќе се откупува за стокови резерви при што посочи -„Веќе со заклучок на Влада задолжена е Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и нормално да се предвидат средства за 2025-та година каде што оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата“.

Тој додаде дека од разговорите со земјоделците првичните информации говорат дека ќе има зголемен род, богата жетва и согласно тоа квалитетот ќе биде добар.

„Првичните информации говорат дека и рандманот ќе е исто така висок, што значи дека ќе имаме богата жетва и ќе имаме зголемен принос на ориз. И квалитетот ќе биде многу подобар од претходните години“, истакна министерот Трипуновски.

„Согласно информациите кои што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат во Република Македонија сериозна количина на увозен ориз нема, и онаа количина што е во минимални рамки, морам да кажам дека ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста да биде запазена. Меѓутоа она што е наш приоритет како Влада е да работиме и работиме во интерес на земјоделците се со цел да го заштитиме домашното производство“, посочи тој.

Министерот укажа дека останатата количина на ориз од минатата реколта е во многу помала количина. И во разговор со компаниите веќе започнаа да го откупуваат и ланскиот ориз.

„Работиме земјоделците да имаат откупена количина на ориз по рентабилна цена која што ќе значи стимул за наредниот период да се произведува. Ние како Министерство и како Влада ќе го следиме процесот. Нормално ќе го следиме и во делот на откупот од страна на компаниите дали се почитуваат сите законски норми се со цел да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците од овој регион“, нагласи Трипуновски.

The post Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз, наш приоритет како Влада е да го заштитиме домашното производство appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина Кочани.
„Денес се наоѓаме во Оризари, општина Кочани на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, со што започнува и жетвата на оваа култура. Ние како Министерство ја поддржуваме оваа манифестација се со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа битна житна култура за нас како држава“, истакна министерот Трипуновски.
„Се надевам дека ќе имаме успешна жетва и дека ќе имаме богат род и квалитетен ориз од реколта 2024 година“, посочи Трипуновски. Во својата се изјава министерот се осврна и на тоа дали домашниот ориз ќе се откупува за стокови резерви при што посочи -„Веќе со заклучок на Влада задолжена е Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и нормално да се предвидат средства за 2025-та година каде што оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата“. Тој додаде дека од разговорите со земјоделците првичните информации говорат дека ќе има зголемен род, богата жетва и согласно тоа квалитетот ќе биде добар.
„Првичните информации говорат дека и рандманот ќе е исто така висок, што значи дека ќе имаме богата жетва и ќе имаме зголемен принос на ориз. И квалитетот ќе биде многу подобар од претходните години“, истакна министерот Трипуновски.
„Согласно информациите кои што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат во Република Македонија сериозна количина на увозен ориз нема, и онаа количина што е во минимални рамки, морам да кажам дека ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста да биде запазена. Меѓутоа она што е наш приоритет како Влада е да работиме и работиме во интерес на земјоделците се со цел да го заштитиме домашното производство“, посочи тој. Министерот укажа дека останатата количина на ориз од минатата реколта е во многу помала количина. И во разговор со компаниите веќе започнаа да го откупуваат и ланскиот ориз.
„Работиме земјоделците да имаат откупена количина на ориз по рентабилна цена која што ќе значи стимул за наредниот период да се произведува. Ние како Министерство и како Влада ќе го следиме процесот. Нормално ќе го следиме и во делот на откупот од страна на компаниите дали се почитуваат сите законски норми се со цел да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците од овој регион“, нагласи Трипуновски.

The post Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз, наш приоритет како Влада е да го заштитиме домашното производство appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот, за 2025 година ќе се предвидат средства за откуп за стоковите резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-se-ushte-ne-e-utvrdena-proizvodnata-tsena-za-orizot-za-2025-godina-ke-se-predvidat-sredstva-za-otkup-za-stokovite-rezervi/ Sun, 29 Sep 2024 10:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=820715

Производната цена на оризовата арпа, што претставува основа за формирање на откупната цена, сè уште не е утврдена, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, при денешната посета на традиционалното рачно зажнејување во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Нагласи дека за да им помогне на оризопроизводителите при пласманот, државата ќе откупи дел од овогодишното производство за потребите на стоковите резерви.

Производна цена од оваа реколта не сме утврдиле. Со заклучок на Влада е задолжена Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и да се превидат средства за 2025 година, каде што оризот, согласно Законот за стокови резерви, ќе се откупува за чување за потребите на државата. Првичните информации се дека ќе имаме зголемен род и богата жетва, согласно на тоа и квалитетот ќе биде добар, односно рандманот ќе биде висок во однос на претходните години - истакна Трипуновски.

Во врска со поплаките од земјоделците дека поради увоз на бел ориз на залиха имаат околу пет илјади тона оризова арпа од минатогодишното производство, министерот нагласи дека не се работи за големи количини што можат да влијаат за намалување на откупните цени.

Согласно информациите што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат нема сериозна количина увезен ориз, онаа количина што е во минимални рамки ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста што треба да бидат запазени. Наша цел е кај оризот, но и кај сите останати култури, да работиме да го заштитиме домашното производство. Преостанатите залихи од минатата година се многу помали, во разговор со компаниите тие почнуваат да го откупуваат, а ние работиме земјоделците да имаат откупена количина ориз по рентабилна цена што ќе значи стимул за да се произведува во наредниот период - додаде министерот Трипуновски.

Во претстојниот период Министерството за земјоделство ќе следи како се одвива откупот на оризот и дали компаниите ги почитуваат сите законски норми, за да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците.

Министерот Трипуновски нагласи дека со измена на Програмата за водостопанство се обезбедени финансиски средства за набавка на резервни делови за механизацијата што во текот на зимскиот период ќе работи на подготовка на каналската мрежа за наводнување во новата производна сезона. Во АД Водостопанство се подготвуваат одредени структурни реформи за да се зголеми неговата функционалност, затоа што имало партизирање со превработувања, не се инвестирало во системите за наводнување, а фокус бил ставан на непродуктивни трошоци

The post Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот, за 2025 година ќе се предвидат средства за откуп за стоковите резерви appeared first on Република.

]]>

Производната цена на оризовата арпа, што претставува основа за формирање на откупната цена, сè уште не е утврдена, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, при денешната посета на традиционалното рачно зажнејување во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“. Нагласи дека за да им помогне на оризопроизводителите при пласманот, државата ќе откупи дел од овогодишното производство за потребите на стоковите резерви.
Производна цена од оваа реколта не сме утврдиле. Со заклучок на Влада е задолжена Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и да се превидат средства за 2025 година, каде што оризот, согласно Законот за стокови резерви, ќе се откупува за чување за потребите на државата. Првичните информации се дека ќе имаме зголемен род и богата жетва, согласно на тоа и квалитетот ќе биде добар, односно рандманот ќе биде висок во однос на претходните години - истакна Трипуновски.
Во врска со поплаките од земјоделците дека поради увоз на бел ориз на залиха имаат околу пет илјади тона оризова арпа од минатогодишното производство, министерот нагласи дека не се работи за големи количини што можат да влијаат за намалување на откупните цени.
Согласно информациите што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат нема сериозна количина увезен ориз, онаа количина што е во минимални рамки ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста што треба да бидат запазени. Наша цел е кај оризот, но и кај сите останати култури, да работиме да го заштитиме домашното производство. Преостанатите залихи од минатата година се многу помали, во разговор со компаниите тие почнуваат да го откупуваат, а ние работиме земјоделците да имаат откупена количина ориз по рентабилна цена што ќе значи стимул за да се произведува во наредниот период - додаде министерот Трипуновски.
Во претстојниот период Министерството за земјоделство ќе следи како се одвива откупот на оризот и дали компаниите ги почитуваат сите законски норми, за да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците. Министерот Трипуновски нагласи дека со измена на Програмата за водостопанство се обезбедени финансиски средства за набавка на резервни делови за механизацијата што во текот на зимскиот период ќе работи на подготовка на каналската мрежа за наводнување во новата производна сезона. Во АД Водостопанство се подготвуваат одредени структурни реформи за да се зголеми неговата функционалност, затоа што имало партизирање со превработувања, не се инвестирало во системите за наводнување, а фокус бил ставан на непродуктивни трошоци

The post Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот, за 2025 година ќе се предвидат средства за откуп за стоковите резерви appeared first on Република.

]]>
Ориз од Индија и Пакистан се продава како кочански, обвинуваат оризопроизводителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/oriz-od-indija-i-pakistan-se-prodava-kako-kochanski-obvinuvaat-orizoproizvoditelite/ Tue, 17 Sep 2024 11:09:25 +0000 https://republika.mk/?p=817088

Оризопроизводителите од кочанско реагираат дека импортираниот ориз од Индија, Пакистан и земјите од далечниот Исток, го руши квалитетот на кочанското „бело злато“. велат Македонскиот пазар е преплавен со ориз од увоз и нема заштита на домашното производство.

Имаше многу увезен ориз оваа година, кој се брендира како кочански. Бараме инспекторатот да излезе на терен и да го провери квалитетот, па ако не е кочански, да се продава по онаа марка како што е увезена, дали индиски, пакистански, не знаеме, меѓутоа како кочански да не се декларира, бидејќи се уништува нашиот, кочанскиот ориз, а се знае дека тој е бренд и е најквалитетен, изјави Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево за „Сител“.

Минатогодишната реколта потфрли и по квалитет и по квантитет, а годинава заради задоцнетата сеидба стравуваат дека жетвата ќе биде уште посиромашна.

Оваа година очекувам да биде полоша од ланската. Оризите се уште се во фаза на зреење, а временските прилики повеќе не се наклонети за оризот. Се плашиме доколку вака продолжи и падне слана, некои ниви нема ниту да се жнеат. Тоа е резултат на касната сеидба и касното пуштање на водата од страна на Водостопанство, додаде Максимов

Единствена надеж во моментот им се ветувањата од ресорното министерство дека откупната цена ќе биде повисока, што ќе ги мотивира оризопроизводителите да продолжат да ги обработуваат полињата, зашто во спротивно, навистина како држава ќе станеме увозно зависни за оваа зрнеста култура.

The post Ориз од Индија и Пакистан се продава како кочански, обвинуваат оризопроизводителите appeared first on Република.

Трипуновски: Постигнат е договор за спас на оризарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-postignat-e-dogovor-za-spas-na-orizarite/ Fri, 09 Aug 2024 13:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=804995

Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Вака денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го започна разговорот со откупувачите на ориз.

На средбата присуствуваше и Васе Анакиев директорот на Државен инспекторат за земјоделство. Се разговараше за квалитетот, производната цена и иднината на македонскиот ориз. Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Со напомена дека ова се цени на кои колку рандманот се зголемува така и цената ќе биде зголемена. Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена.

Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви. Kако што веќе потенциравме, оваа мерка претставува гаранција за нашите оризопроизводители.

Оризот претставува една од најстарите житарици кои се одгледуваат во нашата земја. Затоа нашата цел е да ставиме акцент на препознатливиот квалитет на оризот кој важи за еден од најквалитетните во регионот потенцираше Министерот на средбата.

The post Трипуновски: Постигнат е договор за спас на оризарите appeared first on Република.

]]>

Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Вака денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го започна разговорот со откупувачите на ориз. На средбата присуствуваше и Васе Анакиев директорот на Државен инспекторат за земјоделство. Се разговараше за квалитетот, производната цена и иднината на македонскиот ориз. Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Со напомена дека ова се цени на кои колку рандманот се зголемува така и цената ќе биде зголемена. Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена. Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви. Kако што веќе потенциравме, оваа мерка претставува гаранција за нашите оризопроизводители. Оризот претставува една од најстарите житарици кои се одгледуваат во нашата земја. Затоа нашата цел е да ставиме акцент на препознатливиот квалитет на оризот кој важи за еден од најквалитетните во регионот потенцираше Министерот на средбата.  

The post Трипуновски: Постигнат е договор за спас на оризарите appeared first on Република.

]]>
Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот, вели Трипуновски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/go-vrakame-brendot-makedonski-oriz-na-svojot-prepoznatliv-kvalitet-vo-regionot-veli-tripunovski/ Wed, 07 Aug 2024 17:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=804352

Денеска министерот за земјоделствошумарство и водостопанствоЦветан Трипуновски оствари средба со земјоделците во општина Чешиново Облешево.

На самата средба министерот посочи дека оризот ќе биде под силна поткрепа и заштита.

Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резервитоа е успех и гаранција за македонските оризопроизводители“ - потенцираше Трипуновски.

Со земјоделците се разговараше за состојбата со оризопроизводителствотопроблемите кои беа присутни изминативе годинино и за овогодинешната реколта.

Македонскиот ориз нема да остане неоткупендомашното производство и маката на земјоделците ќе се вреднуваЗаврши времето кога се увезуваше ориз од Индија и ПакистанГо враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот“, истакна Трипуновски.

The post Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот, вели Трипуновски appeared first on Република.

Николовски: Со измените на Законот за стокови резерви го вградивме оризот во листата на статешки култури за државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-so-izmenite-vo-zakonot-za-stokovi-rezervi-go-vgradivme-orizot-vo-listata-na-stateshki-kulturi-za-drzhavata/ Wed, 10 Apr 2024 14:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=764612

Нашето македонско бело злато, оризот, го вградивме во листата на статешки важни култури за државата. Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Измените во Законот за стокови резерви овозможуваат оризот, да биде опфатен како производ од исклучително значење за населението и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната посета во Чешиново.

Измената на законот следува како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата.

Министерот Николовски нагласи дека ваквиот предлог произлегува од Националниот план за производство на храна, значаен документ што министерството за земјоделство го подготви уште во 2022 година, но и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Измените во Законот за стокови резерви се веќе донесени од страна на Собранието, после скоро една година, неразбирлива блокада во Собранието.

Оризот е наша важна, традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело.

„Од оваа година оризопроизводителите, како и сите други земјоделци добиваат 100% зелена нафта. Субвенциите кон оризопроизводителите ги зголемивме за 300%. Обезбедивме поддршка кон производителите на ориз во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која оваа година достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година, достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив“, истакна министерот Николовски.

Оризарите како и другите земјоделци, минатата година, за прв пат добија авансна исплата на дел од субвенциите, а навремено се исплатени и сите дополнителни субвенци, додаде министерот Николовски. Минатата недела реализирана беше исплатата кон 9.055 полједелци во вредност од 257,9 милиони денари.

Министерот Николовски при разговорите со оризопроизводителите информира дека и оваа година навремено ќе започне сезоната за наводнување. Системите се подготвени и веќе од оваа недела започнуваме со наводнување, истакна министерот Николовски.

The post Николовски: Со измените на Законот за стокови резерви го вградивме оризот во листата на статешки култури за државата appeared first on Република.

]]>

Нашето македонско бело злато, оризот, го вградивме во листата на статешки важни култури за државата. Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Измените во Законот за стокови резерви овозможуваат оризот, да биде опфатен како производ од исклучително значење за населението и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната посета во Чешиново.   Измената на законот следува како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата.   Министерот Николовски нагласи дека ваквиот предлог произлегува од Националниот план за производство на храна, значаен документ што министерството за земјоделство го подготви уште во 2022 година, но и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.   Измените во Законот за стокови резерви се веќе донесени од страна на Собранието, после скоро една година, неразбирлива блокада во Собранието.   Оризот е наша важна, традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело.   „Од оваа година оризопроизводителите, како и сите други земјоделци добиваат 100% зелена нафта. Субвенциите кон оризопроизводителите ги зголемивме за 300%. Обезбедивме поддршка кон производителите на ориз во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која оваа година достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година, достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив“, истакна министерот Николовски.   Оризарите како и другите земјоделци, минатата година, за прв пат добија авансна исплата на дел од субвенциите, а навремено се исплатени и сите дополнителни субвенци, додаде министерот Николовски. Минатата недела реализирана беше исплатата кон 9.055 полједелци во вредност од 257,9 милиони денари.   Министерот Николовски при разговорите со оризопроизводителите информира дека и оваа година навремено ќе започне сезоната за наводнување. Системите се подготвени и веќе од оваа недела започнуваме со наводнување, истакна министерот Николовски.

The post Николовски: Со измените на Законот за стокови резерви го вградивме оризот во листата на статешки култури за државата appeared first on Република.

]]>
Цените на оризот рушат рекорди, највисоки во последните 12 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsenite-na-orizot-rushat-rekordi-najvisoki-vo-poslednite-12-godini/ Fri, 11 Aug 2023 09:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=671052

Светските цени на оризот во јули беа највисоки од септември 2011 година, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Глобалниот индекс на цените на оризот се зголеми месечно за 2,8 отсто во јули, на 129,7 поени, што е највисоко во последните 12 години, соопшти римската агенција, пренесува Танјуг.

Според ЦНБЦ, во споредба со јули 2022 година, цената на оризот пораснала за 19,7 отсто поради забраната на Индија за извоз на некои видови ориз и неповолните временски услови кои би можеле да влијаат на производството.

„Некои добавувачи се загрижени за потенцијалното негативно влијание на климатскиот феномен Ел Нињо врз производството на ориз, како и за прекинот на жетвата во Виетнам поради дождовите, што ги зголеми цените“, се додава во извештајот.

Водечкиот светски извозник на прехранбени производи, го забрани извозот на бел ориз кој не е басмати на 20 јули, бидејќи владата во Њу Делхи се обидува да го спречи растот на цените на оризот во земјата, истовремено обезбедувајќи доволно залихи „по разумни цени“. Индексот на цените на оризот на ФАО веројатно ќе биде уште поголем во август отколку во јули, смета високиот аналитичар на глобалната банка за храна и земјоделство Рабобанк, Оскар Тјакра.

The post Цените на оризот рушат рекорди, највисоки во последните 12 години appeared first on Република.

]]>

Светските цени на оризот во јули беа највисоки од септември 2011 година, објави Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Глобалниот индекс на цените на оризот се зголеми месечно за 2,8 отсто во јули, на 129,7 поени, што е највисоко во последните 12 години, соопшти римската агенција, пренесува Танјуг. Според ЦНБЦ, во споредба со јули 2022 година, цената на оризот пораснала за 19,7 отсто поради забраната на Индија за извоз на некои видови ориз и неповолните временски услови кои би можеле да влијаат на производството.
„Некои добавувачи се загрижени за потенцијалното негативно влијание на климатскиот феномен Ел Нињо врз производството на ориз, како и за прекинот на жетвата во Виетнам поради дождовите, што ги зголеми цените“, се додава во извештајот.
Водечкиот светски извозник на прехранбени производи, го забрани извозот на бел ориз кој не е басмати на 20 јули, бидејќи владата во Њу Делхи се обидува да го спречи растот на цените на оризот во земјата, истовремено обезбедувајќи доволно залихи „по разумни цени“. Индексот на цените на оризот на ФАО веројатно ќе биде уште поголем во август отколку во јули, смета високиот аналитичар на глобалната банка за храна и земјоделство Рабобанк, Оскар Тјакра.

The post Цените на оризот рушат рекорди, највисоки во последните 12 години appeared first on Република.

]]>
Од денеска ќе јадеме јаjца и ориз по замрзнати цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-ke-jademe-jajtsa-i-oriz-po-zamrznati-tseni/ Tue, 21 Mar 2023 06:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=621826

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати.

Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата.

-Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.

Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.

Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници.

-За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши.

The post Од денеска ќе јадеме јаjца и ориз по замрзнати цени appeared first on Република.

]]>

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати. Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата.
-Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.
Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија. Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници.
-За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши.
 
The post Од денеска ќе јадеме јаjца и ориз по замрзнати цени appeared first on Република.

]]>
Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/utre-ke-se-zamrzne-tsenata-na-orizot-i-jajtsata/ Mon, 20 Mar 2023 10:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=621494

Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата.

Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи.

Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март.

Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот.

Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.

Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија.

Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.

The post Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата. Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи. Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март. Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот.
Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши.
Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија. Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.

The post Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата appeared first on Република.

]]>
Идната недела ќе се знае дали шеќерот, јајцата и оризот ќе бидат поевтини https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/idnata-nedela-ke-se-znae-dali-shekerot-jajtsata-i-orizot-ke-bidat-poevtini/ Thu, 16 Mar 2023 11:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=620258

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шеќерот, јајцата и оризот.

Сè уште се прават анализите и, како што информира Бектеши, најверојатно ќе бидат готови утре, кон крајот на денот.

Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот маркет заедно со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

The post Идната недела ќе се знае дали шеќерот, јајцата и оризот ќе бидат поевтини appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соошти дека на почетокот на наредната недела ќе се донесат одлуки за цените на шеќерот, јајцата и оризот. Сè уште се прават анализите и, како што информира Бектеши, најверојатно ќе бидат готови утре, кон крајот на денот.
Согласно податоците, на почетокот на наредната недела ќе се донесат соодветни одлуки ако има простор, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на скопскиот маркет заедно со премиерот Ковачевски и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
 
The post Идната недела ќе се знае дали шеќерот, јајцата и оризот ќе бидат поевтини appeared first on Република.

]]>
Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа, ќе се утврдува откупната цена https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/institutot-za-oriz-utvrdi-proizvodna-cena-od-27-denari-za-kilogram-arpa-kje-se-utvrduva-otkupnata-cena/ Sat, 24 Sep 2022 09:25:39 +0000 https://republika.mk/?p=553732

Институтот за ориз од Кочани при Земјоделскиот факултет во Скопје утврдил дека реалните трошоци за производство на килограм арпа изнесуваат 27 денари. Во оваа сума се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини.

Трошковникот за производство е утврден по барање на Министерството за земјоделство, откако по минатонеделната средба на заменик министерот Трајан Димковски со оризопроизводителите и со откупувачите беше договорено производната цена да биде основа за утврдување на откупните цени.

– Ние сме задоволни од производната цена што ја утврдил Институтот и сметаме дека таа е реална. Сепак, откупната цена треба да биде уште за 30 отсто повисока, со што ќе можеме да оствариме приход за репродукција и за да преживееме. Тоа значи дека не треба ни да се размислува за откупна цена под 30 денари за килограм арпа, а заедно со субвенциите да се стигне до прифатлив износ. Протестите и блокадите ги ставаме во мирување затоа што очекуваме дека ќе се најде заедничко решение и откупот ќе почне навреме, односно во почетокот на октомври, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

На средбата со министерот Љупчо Николовски, што земјоделците ја имале вчера попладне, договорено е на почетокот на идната недела стручниот тим од ресорното министерство да се сретне и со претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за да се постигне конечен договор околу откупните цени на арпата.

The post Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа, ќе се утврдува откупната цена appeared first on Република.

]]>

Институтот за ориз од Кочани при Земјоделскиот факултет во Скопје утврдил дека реалните трошоци за производство на килограм арпа изнесуваат 27 денари. Во оваа сума се вклучени давачките за подготовка на земјоделската површина и за сеидба, за набавка на ѓубрива, заштитни препарати, воден надоместок, како и за жетва и транспорт на произведените количини. Трошковникот за производство е утврден по барање на Министерството за земјоделство, откако по минатонеделната средба на заменик министерот Трајан Димковски со оризопроизводителите и со откупувачите беше договорено производната цена да биде основа за утврдување на откупните цени. – Ние сме задоволни од производната цена што ја утврдил Институтот и сметаме дека таа е реална. Сепак, откупната цена треба да биде уште за 30 отсто повисока, со што ќе можеме да оствариме приход за репродукција и за да преживееме. Тоа значи дека не треба ни да се размислува за откупна цена под 30 денари за килограм арпа, а заедно со субвенциите да се стигне до прифатлив износ. Протестите и блокадите ги ставаме во мирување затоа што очекуваме дека ќе се најде заедничко решение и откупот ќе почне навреме, односно во почетокот на октомври, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството. На средбата со министерот Љупчо Николовски, што земјоделците ја имале вчера попладне, договорено е на почетокот на идната недела стручниот тим од ресорното министерство да се сретне и со претставниците на откупно-преработувачките претпријатија за да се постигне конечен договор околу откупните цени на арпата.

The post Институтот за ориз утврди производна цена од 27 денари за килограм арпа, ќе се утврдува откупната цена appeared first on Република.

]]>
Лефков: Оризот да стане стратешка култура и да биде откупуван од Агенцијата за стокови резерви https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lefkov-orizot-da-stane-strateshka-kultura-i-da-bide-otkupuvan-od-agencijata-za-stokovi-rezervi/ Wed, 14 Sep 2022 17:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=550813

По членот 72 став 2 барам дополнување на Дневниот ред и тоа дополнување на Дневниот ред со предлог Закон за измени и дополнување на Законот за земјоделие и рурален развој и предлог Законот за измена и дополнување на Законот за стокови резерви. Прашањето е што уште треба да направат земјоделците за да го привлечат вашето внимание за конечно да оваа власт се освести дека ни се потребни овие стратешки реформи кои што се случуваат и кои ни се потребни во земјоделието. Во услови на глобална прехранбена криза ние како Собрание односно вие парламентарното мнозинство градите еден крајно неодговорен однос кон земјоделието - истакна пратеникот Миле Лефков на денешната пленарна седница во Парламентот.

Лефков ја потсети власта дека им се случија два големи протести на оризопроизводители. Но Љупчо Николовски како министер за земјоделие прави театар за публика во која што ги најавува мерките Агросоветот, а реформите не се случуваат.

Со едниот закон оризот се предвидува да стане стратешка култура, и да биде дел од стратешките земјоделски култури. Со другиот предлог закон за изменување и дополнување на законот за стокови резерви се предвидува оризот да може да биде откупуван од Агенцијата за стокови резерви - појасни Лефков.

Пратеникот посочи дека производните трошоци неколкукратно ја надминуваат цената на чинење на цената на продажбата на оризот. Околу 10.000 тони стојат неоткупен ориз од претходната жетва.

The post Лефков: Оризот да стане стратешка култура и да биде откупуван од Агенцијата за стокови резерви appeared first on Република.

Трипуновски: Предлагаме оризот да стане стратешка култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-predlagame-orizot-da-stane-strateshka-kultura/ Sun, 11 Sep 2022 15:41:40 +0000 https://republika.mk/?p=549771

Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ денеска присустуваше на протестот во Чешиново-Облешево каде оризопрозиводителите го искажаа своето незадоволство од политиките на актуелна влада предводена од СДСМ и ДУИ. Трипуновски побара од власта уште веднаш да почнат со измена на Законот кој што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во Собранието, а тоа да е оризот стане стратешка култура и веднаш преку Агенцијата за стокови резерви да се откупи количина која што се складира за националните резерви.

Она што сакам да го упатам како ВМРО-ДПМНЕ до власта е уште веднаш да почнат со измена на Законот кој што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во Собранието, а тоа да е оризот стане стратешка култура и веднаш преку Агенцијата за стокови резерви да се откупи количина која што се складира за националните резерви. Тоа е едно од решенијата кои што во моментот ги нудиме како опозиција до власта за да се реши овој горлив проблем, рече тој.

Трипуновски им порача на земјоделците дека доаѓаат подобри времиња и за тоа ќе се погрижи идната влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и земјоделецот нема да биде заборавен.

Меѓутоа јас морам да им посочам на сите земјоделци од цела Република Македонија дека доаѓаат подобри времиња затоа што навистина се потребни брзи предвремени парламентарни избори, додаде тој.

The post Трипуновски: Предлагаме оризот да стане стратешка култура appeared first on Република.

Оризот го чисти телото од тешки метали и токсини доколку го подготвите на овој начин https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/orizot-go-chisti-teloto-od-teshki-metali-i-toksini-dokolku-go-podgotvite-na-ovoj-nachin/ Thu, 30 Jun 2022 13:03:53 +0000 https://republika.mk/?p=521623

Со конзумирање неквалитетна и штетна храна често се изложуваме на ризик да го нарушиме нашето здравје. Со текот на времето, штетните материи создаваат таква депонија во телото што може да предизвикаат замор, поспаност, раздразливост и општ пад на имунитетот.

Затоа, многу е важно да се разбере дека прочистувањето на телото од токсини не е само нешто за „глумење трендсетер“, туку една од важните постапки за зачувување на имунитетот.

Постојат различни методи на детоксикација, а една од нив е детоксикацијата на телото со ориз.

Постапка на подготвување

Земете обичен ориз, онолку лажички колку што имате години, а потоа добро исплакнете го и истурете го во стаклена тегла. Наполнете ја теглата со топла зовриена вода, затворете го капакот и оставете го во фрижидер.

Наутро исцедете ја целата вода, земете една полна лажица ориз и варете ја 3-4 минути без сол, во посебна вода. Јадете го на празен стомак, по можност до седум и пол наутро.

Преостанатиот ориз прелијте го со превриена изладена вода  и оставете го во фрижидер до следното утро. Оваа постапка за чистење на телото повторувајте ја секој ден, додека во теглата има ориз.

Која е тајната?

Тајната на методот лежи во зрното ориз, кое има кристална структура. Оризот се вари во цревата, а не во желудникот, па затоа неговите зрна делуваат како еден вид абсорбер.

Овој метод го чисти телото од токсини, тешки метали и други штетни материи. Чистењето на телото со ориз помага за нормализирање на метаболизмот и регулирање на вишокот телесна тежина.

По земање на ориз наутро, пожелно е да не се јаде или пие најмалку три часа. По две недели почнува вистинското чистење на организмот.

По одредено време на земањето ориз, се активира самочистењето на организмот, кое ќе продолжи само, по третманот во рок од неколку месеци.

The post Оризот го чисти телото од тешки метали и токсини доколку го подготвите на овој начин appeared first on Република.

]]>

Со конзумирање неквалитетна и штетна храна често се изложуваме на ризик да го нарушиме нашето здравје. Со текот на времето, штетните материи создаваат таква депонија во телото што може да предизвикаат замор, поспаност, раздразливост и општ пад на имунитетот. Затоа, многу е важно да се разбере дека прочистувањето на телото од токсини не е само нешто за „глумење трендсетер“, туку една од важните постапки за зачувување на имунитетот. Постојат различни методи на детоксикација, а една од нив е детоксикацијата на телото со ориз.

Постапка на подготвување

Земете обичен ориз, онолку лажички колку што имате години, а потоа добро исплакнете го и истурете го во стаклена тегла. Наполнете ја теглата со топла зовриена вода, затворете го капакот и оставете го во фрижидер. Наутро исцедете ја целата вода, земете една полна лажица ориз и варете ја 3-4 минути без сол, во посебна вода. Јадете го на празен стомак, по можност до седум и пол наутро. Преостанатиот ориз прелијте го со превриена изладена вода  и оставете го во фрижидер до следното утро. Оваа постапка за чистење на телото повторувајте ја секој ден, додека во теглата има ориз.

Која е тајната?

Тајната на методот лежи во зрното ориз, кое има кристална структура. Оризот се вари во цревата, а не во желудникот, па затоа неговите зрна делуваат како еден вид абсорбер. Овој метод го чисти телото од токсини, тешки метали и други штетни материи. Чистењето на телото со ориз помага за нормализирање на метаболизмот и регулирање на вишокот телесна тежина. По земање на ориз наутро, пожелно е да не се јаде или пие најмалку три часа. По две недели почнува вистинското чистење на организмот. По одредено време на земањето ориз, се активира самочистењето на организмот, кое ќе продолжи само, по третманот во рок од неколку месеци.

The post Оризот го чисти телото од тешки метали и токсини доколку го подготвите на овој начин appeared first on Република.

]]>
Лефков: Предлагам измена Закон за стокови резерви со која оризот се додава како култура од особен интерес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-predlagam-izmena-zakon-za-stokovi-rezervi-so-koja-orizot-se-dodava-kako-kultura-od-osoben-interes/ Wed, 11 May 2022 12:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=501053

До утврдување на дневниот ред на седницата предлагам внесување на точка на дневниот ред која што е од итна и неодложна потреба, односно со законот за стоковите резерви. Затоа што во ек е сеидбата на оризот, многу значајна земјоделска култура, ни се заканува глобална прехранбена криза, и редно време е да се почитуваат напорите на оризопроизводителите и оризот да биде додаден како култура од особен интерес за граѓаните како што се пченката, пченицата, јачменот, сточната храна и готварската сол, изјави на денешната собраниска седница, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Лефков посочи дека тоа е едноставна измена на законот за стокови резерви, со што ќе се овозможи на Агенцијата за стокови резерви да располага и откупува оризот.

– Со тоа ќе се избегне можноста за ценовни манипулации и ќе се додаде сигурност токму на оние кои се најпогодени од ценовниот раст затоа што цената на оризот и оризовата арпа е непроменета а имаат огромни трошоци за обработка, ѓубриво и останати трошоци за репроматеријали, рече Лефков.

Тој нагласи дека пратениците се во Собрание за граѓаните, и никому не му е јасно зошто власта се обидува да ја замолчи опозицијата и тоа не им е јасно на оризопроизводителите.

За предлогот за дополнување на дневниот ред со предлог Закон за изменување на Закон за стокови резерви со која измена оризот се додава како култура од особен интерес и практично значи дека Агенцијата за стокови резерви ќе го откупува Талат Џафери грубо го прекрши Деловникот за работа, не го овозможи потребното време за објаснување ниту пак истиот беше ставен на гласање.

The post Лефков: Предлагам измена Закон за стокови резерви со која оризот се додава како култура од особен интерес appeared first on Република.

]]>

До утврдување на дневниот ред на седницата предлагам внесување на точка на дневниот ред која што е од итна и неодложна потреба, односно со законот за стоковите резерви. Затоа што во ек е сеидбата на оризот, многу значајна земјоделска култура, ни се заканува глобална прехранбена криза, и редно време е да се почитуваат напорите на оризопроизводителите и оризот да биде додаден како култура од особен интерес за граѓаните како што се пченката, пченицата, јачменот, сточната храна и готварската сол, изјави на денешната собраниска седница, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Лефков посочи дека тоа е едноставна измена на законот за стокови резерви, со што ќе се овозможи на Агенцијата за стокови резерви да располага и откупува оризот.
– Со тоа ќе се избегне можноста за ценовни манипулации и ќе се додаде сигурност токму на оние кои се најпогодени од ценовниот раст затоа што цената на оризот и оризовата арпа е непроменета а имаат огромни трошоци за обработка, ѓубриво и останати трошоци за репроматеријали, рече Лефков.
Тој нагласи дека пратениците се во Собрание за граѓаните, и никому не му е јасно зошто власта се обидува да ја замолчи опозицијата и тоа не им е јасно на оризопроизводителите. За предлогот за дополнување на дневниот ред со предлог Закон за изменување на Закон за стокови резерви со која измена оризот се додава како култура од особен интерес и практично значи дека Агенцијата за стокови резерви ќе го откупува Талат Џафери грубо го прекрши Деловникот за работа, не го овозможи потребното време за објаснување ниту пак истиот беше ставен на гласање.

The post Лефков: Предлагам измена Закон за стокови резерви со која оризот се додава како култура од особен интерес appeared first on Република.

]]>
Никој не ги слуша нивните барања: Оризопроизводителите во вторник на протест пред Министерството за земјоделство https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoj-ne-gi-slusha-nivnite-baranja-orizoproizvoditelite-vo-vtornik-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zemjodelstvo/ Fri, 11 Feb 2022 13:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=457232

Производителите на ориз од кочанскиот регион во вторник ќе излезат на протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје за да ги повторат барањата за подобрување на состојбата во која се наоѓаат.

Претставниците од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството се незадоволни што и покрај упатениот повик, досега не оствариле средба со ресорниот министер и други владини претставници, по блокирањето на магистралниот пат во Облешево во понеделникот.

Целиот координативен тим на Одборот е со став дека треба да протестираме пред Министерството за земјоделство, за што веќе организираме неколку автобуси за превоз на земјоделците кои произведуваат ориз. Очекуваме да ни се придружат и земјоделци од другите региони во државата, за што добивме поддршка. Проблемите на сите ни се заеднички ако се имаат предвид драстично зголемените трошоци, особено со порастот на цените на ѓубривата и другите препарати. Ќе побараме, како што растат цените на репроматеријалите, така и откупните цени на оризот, пченката, пченицата, јаболката, грозјето и другите земјоделски култури да се зголемуваат сразмерно - истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

На протестот во Облешево оризопроизводителите побараа до септември да продолжи рокот за интервентната финансиска поддршка од три денари за килограм арпа, редовните субвенции да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“.

Дополнително, тие упатија барање за реорганизирање на акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати системот на водни заедници, со што земјоделците ќе бидат вклучени во организацијата за наводнување на површините.

The post Никој не ги слуша нивните барања: Оризопроизводителите во вторник на протест пред Министерството за земјоделство appeared first on Република.

]]>

Производителите на ориз од кочанскиот регион во вторник ќе излезат на протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје за да ги повторат барањата за подобрување на состојбата во која се наоѓаат. Претставниците од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството се незадоволни што и покрај упатениот повик, досега не оствариле средба со ресорниот министер и други владини претставници, по блокирањето на магистралниот пат во Облешево во понеделникот.
Целиот координативен тим на Одборот е со став дека треба да протестираме пред Министерството за земјоделство, за што веќе организираме неколку автобуси за превоз на земјоделците кои произведуваат ориз. Очекуваме да ни се придружат и земјоделци од другите региони во државата, за што добивме поддршка. Проблемите на сите ни се заеднички ако се имаат предвид драстично зголемените трошоци, особено со порастот на цените на ѓубривата и другите препарати. Ќе побараме, како што растат цените на репроматеријалите, така и откупните цени на оризот, пченката, пченицата, јаболката, грозјето и другите земјоделски култури да се зголемуваат сразмерно - истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.
На протестот во Облешево оризопроизводителите побараа до септември да продолжи рокот за интервентната финансиска поддршка од три денари за килограм арпа, редовните субвенции да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“. Дополнително, тие упатија барање за реорганизирање на акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати системот на водни заедници, со што земјоделците ќе бидат вклучени во организацијата за наводнување на површините.

The post Никој не ги слуша нивните барања: Оризопроизводителите во вторник на протест пред Министерството за земјоделство appeared first on Република.

]]>