органско земјоделство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/organsko-zemjodelstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 16:20:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png органско земјоделство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/organsko-zemjodelstvo/ 32 32 Со органско земјоделство лани се занимавалe 888 производители на 4 215 хектари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-organsko-zemjodelstvo-lani-se-zanimavale-888-proizvoditeli-na-4-215-hektari/ Thu, 27 Jun 2024 16:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=791363

Во земјава лани со земјоделско органско производство се занимавале 888 производители. Вкупната површина со растително органско производство изнесуваа 4 215 хектари, од кои 1 475 хектари се површини на органско производство во преод. Најголемо учество со 51 % (2 158 хектари) во користената земјоделска површина со органско производство сè уште имаат житните култури, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на 2022 година, органското производство на житните култури е намалено за 5.6 %, кај индустриските култури производството е намалено за 17.0 %, кај фуражните култури производството е намалено за 8.4 %, производството на зеленчук е намалено за 42.8 %, кај овошките производството е зголемено за 16.4 % и за 4.6 % е намалено производството на органски лозови насади.

Вкупниот број органски говеда е 7 528 грла и во вкупниот број говеда учествува со 5.1 %. Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 20.5 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 5.8 %.

Производството на органски мед во 2023 година е зголемено за 53.9 % во однос на 2022 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е зголемен за 16.5 %.

The post Со органско земјоделство лани се занимавалe 888 производители на 4 215 хектари appeared first on Република.

]]>

Во земјава лани со земјоделско органско производство се занимавале 888 производители. Вкупната површина со растително органско производство изнесуваа 4 215 хектари, од кои 1 475 хектари се површини на органско производство во преод. Најголемо учество со 51 % (2 158 хектари) во користената земјоделска површина со органско производство сè уште имаат житните култури, соопшти Државниот завод за статистика. Во однос на 2022 година, органското производство на житните култури е намалено за 5.6 %, кај индустриските култури производството е намалено за 17.0 %, кај фуражните култури производството е намалено за 8.4 %, производството на зеленчук е намалено за 42.8 %, кај овошките производството е зголемено за 16.4 % и за 4.6 % е намалено производството на органски лозови насади. Вкупниот број органски говеда е 7 528 грла и во вкупниот број говеда учествува со 5.1 %. Учеството на органски овци во вкупниот број овци изнесува 20.5 %, а органските кози учествуваат во вкупниот број кози со 5.8 %. Производството на органски мед во 2023 година е зголемено за 53.9 % во однос на 2022 година, а бројот на пчелни семејства во истиот период е зголемен за 16.5 %.

The post Со органско земјоделство лани се занимавалe 888 производители на 4 215 хектари appeared first on Република.

]]>