организација на потрошувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/organizacija-na-potroshuvachi/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Aug 2023 10:45:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png организација на потрошувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/organizacija-na-potroshuvachi/ 32 32 Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/potroshuvachot-mora-da-mozhe-da-si-kupi-mleko-sirene-puter-da-se-zamrznat-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-artikli-baraat-od-opm/ Wed, 30 Aug 2023 10:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=677262

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите).

Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна.

Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната - млеко, сирење, путер,..., нагласи Лончар Велкова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава.

Бизнисот е против замрзнување на цените. Смета дека има други мерки со кои државата би можела да интервенира за да го ублажи ценовниот шок и во овој контекст предлага намалување на даноците или активирање на стоковните резерви. И министерот за економија Крешник Бектеши смета дека има други механизми, како што е, посочи вчера, утврдувањето маржи за одредени производи. Според него, во услови на неосновано неконтролирани зголемувања на цените, можеби е најдобро да се оди и поригорозно, дури и со забрана за вршење дејност на некои трговци. Но, сепак, какви мерки ќе се преземат, ќе зависи од анализите на надлежните институции.

The post Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ appeared first on Република.

]]>

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите). Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна.
Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната - млеко, сирење, путер,..., нагласи Лончар Велкова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава.
Бизнисот е против замрзнување на цените. Смета дека има други мерки со кои државата би можела да интервенира за да го ублажи ценовниот шок и во овој контекст предлага намалување на даноците или активирање на стоковните резерви. И министерот за економија Крешник Бектеши смета дека има други механизми, како што е, посочи вчера, утврдувањето маржи за одредени производи. Според него, во услови на неосновано неконтролирани зголемувања на цените, можеби е најдобро да се оди и поригорозно, дури и со забрана за вршење дејност на некои трговци. Но, сепак, какви мерки ќе се преземат, ќе зависи од анализите на надлежните институции.  

The post Потрошувачот мора да може да си купи млеко, сирење, путер, да се замрзнат цените на основните прехранбени артикли, бараат од ОПМ appeared first on Република.

]]>
Тоалетната хартија стана потенка, а во сирењата и саламите се додава вода, нема крај на трговските измами https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/toaletnata-hartija-stana-potenka-a-vo-sirenata-i-salamite-se-dodava-voda-nema-kraj-na-trgovskite-izmami/ Sun, 05 Mar 2023 20:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=616211

Освен проблемот со една цена на каса, а друга на рафт, граѓаните во последно време се соочуваат со низа трговски измами, меѓу кои и намалување на грамажата и ненаведување на потеклото на производите на декларацијата. Ова е особено изразено во последните месеци кога трговците мораа да ги намалат цените на производите поради субвенционираната струја, па за сметка на тоа ја намалија грамажата. Од Организација на потрошувачи на Македонија велат дека и до нив постојано пристигнуваат поплаки од граѓаните како за сметка на грамажата, така и за потеклото на производите.

-Во последно време чести се случаите на намалување на грамажата и на цената. Така потрошувачите се доведуваат во заблуда дека всушност купуваат поевтин производ, а не знаат дека всушност грамажата им е намалена. Со зголемување на цената на производите, грамажата почна постепено да се намалува. Така пакуваните производи стануваат полесни за 20 до 50 грама. Ваков проблем има и кај рефузните производи кај кој не се знае вистинската грамажа. Така многу често се случува граѓаните кога ќе го измерат производот дома да биде со пониска грамажа од таа што е напишана на декларацијата. Кај овие производи во согласност со Законот за трговија треба да биде наведено колку е цената на еден килограм, а колку на едно пакување, вели за ВЕЧЕР, Мартина Грнчаревска, од ОПМ.

Вакви примери може да се забележат во повеќе трговски објекти во Македонија. Така, пакувањето во помала грамажа и со тоа истакнувањето „пониска“ цена е најизразенo кај основните прехранбени производи: шеќерот, маслото за јадење, месните преработки, млечните производи, како и кај кондиторските производи.

Од ОПМ истакнуваат дека поплаки од граѓаните има и за спакуваните производи како грав, леќа, ориз… кои имаат помала грамажа, од таа која е наведена на декларација. Ова е чест случај и кај пакуваното овошје и зеленчук каде што често изостанува и информацијата за потеклото на производите.

-На декларацијата треба да е означено и потеклото на производите. Но, кај нас трговците многу често ја изоставуваат оваа информација. Поради тоа, потрошувачите реагираат на квалитетот на некои производи за кои забележале дека не се со ист квалитет како оние кои претходно ги користеле. И покрај тоа што се работи за ист производ, често производот е со послаб квалитет од тој претходно што го користеле што често се случува кај млечните и месните производи, вели Грнчаревска.

Граѓаните велат дека намалувања на цената има кај многу производи со помала грамажа. На пример, пакување на јајца со ознака С или М се продаваат како од повисока класа. Или, пак, во едно пакување од десет јајца има некои што се помали од декларираната класа на пакувањето. Исто така тоалетната хартија е сè потенка, во сирењата и саламите се става вода, со што практично нема намалување на цената туку само намалување на грамажата.

The post Тоалетната хартија стана потенка, а во сирењата и саламите се додава вода, нема крај на трговските измами appeared first on Република.

Не пополнувајте ги полињата без *: Нема како да се спречат измамите при онлајн купување https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ne-popolnuvajte-gi-polinata-bez-nema-kako-da-se-sprechat-izmamite-pri-onlajn-kupuvane/ Sat, 11 Feb 2023 07:46:30 +0000 https://republika.mk/?p=607614

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во 2021 и во 2022 година има добиено над 420 поплаки од потрошувачи во делот на онлајн купувањето. Најмногу од поплаките, како што информираат за МИА, се за техничките карактеристики на производите, доставувањето оштетен производ или откажувањето на нарачката.

Од ОПМ препорачуваат при онлајн продажбата, потрошувачите да не даваат премногу лични податоци доколку им се сомнителни онлајн местата од кои купуваат и секогаш да ги проверуваат сметките или извештаите од банка по извршено плаќање.

Поплаките обично се однесуваат на неисполнување на техничките карактеристики на производите коишто ги купиле, доставување оштетен производ, производ во различна боја од нарачаната, друга големина, доставување понеквалитетен од оној којшто бил презентиран или рекламиран, односно испорака на производи што не соодветствуваат со описот и сликите, не издавање гаранција и упатство за употреба при нарачка на технички производи, неиздавање на фискална сметка или фактура за извршеното плаќање и купување на производите. Како чест проблем е и немањето доволно информации за повлекување од договорот и откажување на нарачката, велат од ОПМ.

Нагласуваат дека во земјава се уште нема механизам со кој би се спречиле онлајн измамите.

Кај нас се уште немаме некој конкретен механизам со кој би се спречиле некои лица да прават профили на социјалните мрежи и да продаваат производи, скриени зад некој лажен профил или назив на некоја онлајн продавница. Од таа причина, потрошувачите се тие кои што треба да внимаваат при купувањето од онлајн продавниците, бидејќи измамата од овие нерегистрирани продавачи кои се застапени на социјалните мрежи е голема и понатаму имаат потешкотии за заштита на своите права, за што и постојано се обидуваме да ги советуваме и едуцираме потрошувачите преку јавување во нашето советодавно биро или на медиумите, велат од ОПМ за МИА.

Во случај на потрошувачите да им бидат злоупотребени личните податоци, банкарски картички и слично, од ОПМ препорачуваат веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи,  во Секторот за компјутерски криминал и Агенцијата за заштита на личните податоци.

-Доколку потрошувачот при онлајн купувањето има доказ за извршено плаќање
(фискална сметка, фактура), а притоа е измамен од продавачот, потребно е да пријави во Државниот пазарен инспекторат, посочуваат од ОПМ.

Кај онлајн продажбата, велат дека е многу важно да може да се направи динстинкција меѓу легалната и нелегалнта продажба.

-Најчесто кај продажбата којашто е пред се застапена на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм), потрошувачите се соочуваат со голем број измами. Продажбите на социјaлните мрежи, коишто не се регистрирани фирми, немаат регистрирано седиште, не даваат можност за плаќање преку трансакција или сметка во банка и не издаваат фискална сметка/фактура, гарантен лист и друга техничка документација за одреден технички производ или бела техника се класични онлајн измами, во кој потрошувачот е вообичаено и најчесто оштетената страна, истакнуваат од ОПМ.

При онлајн купувањето, особено доколку станува збор за купување од социјалните мрежи, како што велат, потребно е како потрошувачи однапред да утврдат и истражат дали таа продавница е регистрирана фирма, дали има седиште, физичка продавница или, пак, е регистрирана онлајн продавница, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција, преку уплатница во банка и за нарачката им испраќа валидна потврда на меил, дали при испорака на производот им доставува фискална сметка/ фактура или сметко-потврда (доколку не им достави, немаат обврска да го подигнат производот) и секако да не потпаѓаат под заведувачкото пазарно рекламирање на онлајн продавачите на социјалните мрежи ( попуст само ден, акција на производи кои се копија од некој актуелен бренд, гратис производи и сл.).

ДПИ порачува граѓаните да внимаваат при онлајн купување

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) апелира граѓаните пред да извршат онлајн нарачка да ги проверат контакт податоците и останатите податоци за компанијата или лицето кое ги продава производите, веродостојноста на е-продавницата, да ги заштитат своите лични податоци, и да не го примаат производот без да им биде издадена фискална сметка или фактура.

Порачуваат доколку постои каков било сомнеж или е извршена директна измама, веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат.

-Државниот пазарен инспекторат може да постапи само доколку пријавата е поднесена за трговец кој е регистриран и издава фискална сметка, бидејќи фискалната сметка служи како доказ при постапувањето од наша страна. Доколку трговецот за кој се однесува пријавата не е регистриран ние како институција немаме надлежност да постапуваме. Најчесто оние кои продаваат преку социјалните мрежи не се регистрирани, па заради тоа е невозможно да се пронајдат ниту пак да се постапи во согласност со поднесената пријава, велат од ДПИ.

Нагласуваат дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над меѓународни пазари надвор од територија на земјава за да може да презема мерки за решавање на претставки за нарачки од меѓународни веб продавници.

-ДПИ е надлежен за онлајн измами според Законот за е-трговија и тоа според член 7, односно за да може да постапи, трговецот треба да е регистриран на адреса поинаква од домашната, бидејќи Пазарниот инспекторат нема надлежност да врши надзор во домашен односно приватен имот, посочуваат од ДПИ.

Кај регистриран онлајн трговец треба да се достапни најмалку следните информации - име, односно фирма на давателот на услугата, седиште на правното лице, давател на услугата или адреса доколку е физичко лице, податоци за давателот на услугата врз основа на кои примателот на услугата може на директен и ефикасен начин да стапи во контакт со него, вклучително електронската адреса.

Ако давателот на услуги на онлајн услуги ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат влијание на наведената цена.

-Граѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или блокирање на страницата од која се продавале производите. Често се случува производите да се различни кога ќе пристигнат кај граѓаните, отколку оние претставени на фотографијата, проблем е и не издавањето на фискални сметки, фактури или гарантен лист при доставувањето на производите. Заради ваквите негативни искуства во изминатиот период граѓаните интензивно пријавуваат онлајн измами, особено кога станува збор за производи кои се продаваат преку користење на социјалните мрежи, прецизираат од Државниот пазарен инспекторат.

The post Не пополнувајте ги полињата без *: Нема како да се спречат измамите при онлајн купување appeared first on Република.

]]>

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) во 2021 и во 2022 година има добиено над 420 поплаки од потрошувачи во делот на онлајн купувањето. Најмногу од поплаките, како што информираат за МИА, се за техничките карактеристики на производите, доставувањето оштетен производ или откажувањето на нарачката. Од ОПМ препорачуваат при онлајн продажбата, потрошувачите да не даваат премногу лични податоци доколку им се сомнителни онлајн местата од кои купуваат и секогаш да ги проверуваат сметките или извештаите од банка по извршено плаќање.
Поплаките обично се однесуваат на неисполнување на техничките карактеристики на производите коишто ги купиле, доставување оштетен производ, производ во различна боја од нарачаната, друга големина, доставување понеквалитетен од оној којшто бил презентиран или рекламиран, односно испорака на производи што не соодветствуваат со описот и сликите, не издавање гаранција и упатство за употреба при нарачка на технички производи, неиздавање на фискална сметка или фактура за извршеното плаќање и купување на производите. Како чест проблем е и немањето доволно информации за повлекување од договорот и откажување на нарачката, велат од ОПМ.
Нагласуваат дека во земјава се уште нема механизам со кој би се спречиле онлајн измамите.
Кај нас се уште немаме некој конкретен механизам со кој би се спречиле некои лица да прават профили на социјалните мрежи и да продаваат производи, скриени зад некој лажен профил или назив на некоја онлајн продавница. Од таа причина, потрошувачите се тие кои што треба да внимаваат при купувањето од онлајн продавниците, бидејќи измамата од овие нерегистрирани продавачи кои се застапени на социјалните мрежи е голема и понатаму имаат потешкотии за заштита на своите права, за што и постојано се обидуваме да ги советуваме и едуцираме потрошувачите преку јавување во нашето советодавно биро или на медиумите, велат од ОПМ за МИА.
Во случај на потрошувачите да им бидат злоупотребени личните податоци, банкарски картички и слично, од ОПМ препорачуваат веднаш да пријават во Министерството за внатрешни работи,  во Секторот за компјутерски криминал и Агенцијата за заштита на личните податоци. -Доколку потрошувачот при онлајн купувањето има доказ за извршено плаќање (фискална сметка, фактура), а притоа е измамен од продавачот, потребно е да пријави во Државниот пазарен инспекторат, посочуваат од ОПМ. Кај онлајн продажбата, велат дека е многу важно да може да се направи динстинкција меѓу легалната и нелегалнта продажба. -Најчесто кај продажбата којашто е пред се застапена на социјалните мрежи (Фејсбук, Инстаграм), потрошувачите се соочуваат со голем број измами. Продажбите на социјaлните мрежи, коишто не се регистрирани фирми, немаат регистрирано седиште, не даваат можност за плаќање преку трансакција или сметка во банка и не издаваат фискална сметка/фактура, гарантен лист и друга техничка документација за одреден технички производ или бела техника се класични онлајн измами, во кој потрошувачот е вообичаено и најчесто оштетената страна, истакнуваат од ОПМ. При онлајн купувањето, особено доколку станува збор за купување од социјалните мрежи, како што велат, потребно е како потрошувачи однапред да утврдат и истражат дали таа продавница е регистрирана фирма, дали има седиште, физичка продавница или, пак, е регистрирана онлајн продавница, дали продавачот нуди можност за плаќање преку трансакција, преку уплатница во банка и за нарачката им испраќа валидна потврда на меил, дали при испорака на производот им доставува фискална сметка/ фактура или сметко-потврда (доколку не им достави, немаат обврска да го подигнат производот) и секако да не потпаѓаат под заведувачкото пазарно рекламирање на онлајн продавачите на социјалните мрежи ( попуст само ден, акција на производи кои се копија од некој актуелен бренд, гратис производи и сл.). ДПИ порачува граѓаните да внимаваат при онлајн купување Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) апелира граѓаните пред да извршат онлајн нарачка да ги проверат контакт податоците и останатите податоци за компанијата или лицето кое ги продава производите, веродостојноста на е-продавницата, да ги заштитат своите лични податоци, и да не го примаат производот без да им биде издадена фискална сметка или фактура. Порачуваат доколку постои каков било сомнеж или е извршена директна измама, веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат. -Државниот пазарен инспекторат може да постапи само доколку пријавата е поднесена за трговец кој е регистриран и издава фискална сметка, бидејќи фискалната сметка служи како доказ при постапувањето од наша страна. Доколку трговецот за кој се однесува пријавата не е регистриран ние како институција немаме надлежност да постапуваме. Најчесто оние кои продаваат преку социјалните мрежи не се регистрирани, па заради тоа е невозможно да се пронајдат ниту пак да се постапи во согласност со поднесената пријава, велат од ДПИ. Нагласуваат дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над меѓународни пазари надвор од територија на земјава за да може да презема мерки за решавање на претставки за нарачки од меѓународни веб продавници. -ДПИ е надлежен за онлајн измами според Законот за е-трговија и тоа според член 7, односно за да може да постапи, трговецот треба да е регистриран на адреса поинаква од домашната, бидејќи Пазарниот инспекторат нема надлежност да врши надзор во домашен односно приватен имот, посочуваат од ДПИ. Кај регистриран онлајн трговец треба да се достапни најмалку следните информации - име, односно фирма на давателот на услугата, седиште на правното лице, давател на услугата или адреса доколку е физичко лице, податоци за давателот на услугата врз основа на кои примателот на услугата може на директен и ефикасен начин да стапи во контакт со него, вклучително електронската адреса. Ако давателот на услуги на онлајн услуги ги наведува цените на производите и услугите, тие треба да бидат наведени јасно и недвосмислено, особено треба да се наведе дали во нив се вклучени трошоците на испорака, даноците и манипулативните трошоци кои имаат влијание на наведената цена. -Граѓаните најчесто се жалат на лоши искуства во поглед на квалитетот на производите, неможноста за вршење замена на производите, достава надвор од утврдениот рок, неможноста да се оствари повторен контакт со продавачот најчесто поради недостапност или блокирање на страницата од која се продавале производите. Често се случува производите да се различни кога ќе пристигнат кај граѓаните, отколку оние претставени на фотографијата, проблем е и не издавањето на фискални сметки, фактури или гарантен лист при доставувањето на производите. Заради ваквите негативни искуства во изминатиот период граѓаните интензивно пријавуваат онлајн измами, особено кога станува збор за производи кои се продаваат преку користење на социјалните мрежи, прецизираат од Државниот пазарен инспекторат.

The post Не пополнувајте ги полињата без *: Нема како да се спречат измамите при онлајн купување appeared first on Република.

]]>