органи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/organi/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 14:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png органи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/organi/ 32 32 Двајцата пациенти кои добија органи од починат дарител се во добра состојба https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dvajtsata-patsienti-koi-dobija-organi-od-pochinat-daritel-se-vo-dobra-sostojba/ Sat, 16 Nov 2024 14:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=838554

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба.

Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата, велат и од Министерството за здравство.

 

The post Двајцата пациенти кои добија органи од починат дарител се во добра состојба appeared first on Република.

]]>

Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба.
Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.
Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.
Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата, велат и од Министерството за здравство.
 

The post Двајцата пациенти кои добија органи од починат дарител се во добра состојба appeared first on Република.

]]>
Избрани нови органи на Здружението на јавните обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbrani-novi-organi-na-zdruzenieto-na-javnite-obviniteli/ Thu, 22 Dec 2022 11:25:17 +0000 https://republika.mk/?p=588772

Здружението на јавни обвинители вчера одржа изборно собрание на кое беа избрани новите органи на Здружението. Членовите со мнозинство гласови го избраа составот на новиот Извршен одбор, кој согласно актите на Здружението, потоа го изврши изборот на носечките раководни органи на Здружението на јавни обвинители.

За членови на Извршниот одбор на Здружението на јавни обвинители беа избрани:

Анита Тополова Исајловска
Елвин Вели
Наум Паноски
Ирина Трајкоска Стрезоски
Стојанчо Арнаудоски
Деса Пауновска
Башким Хисени
Јелена Колева Доагазанска
Виолета Милчовска
Катерина Коларевиќ
Ана Гоговска Јакимовска
Спасенка Андонова
Катерина Панева

Од членовите на Извршниот одбор, за претседател на Здружението на јавни обвинители беше избран Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Јавните обвинители Спасенка Андонова и Ирина Трајкоска Стрезоски беа избрани за потпретседатели, а јавниот обвинител Ана Гоговска Јакимовска за секретар на Здружението. За благајник е определена Катерина Панева.

Во следнот период новите органи за Здружението ќе изготват годишна програма во која ќе бидат предвидени повеќе активности со цел унапредување и јакнење на статусот на јавните обвинители и стручната служба во обвинителството, зголемување на соработката со институции и невладини организации, како и учество во проекти поврзани со законската регулатива во правосудната сфера.

Членовите се заблагодарија на досегашното раководство на Здружението за нивниот придонес за функционирањето на организацијата.​

The post Избрани нови органи на Здружението на јавните обвинители appeared first on Република.

]]>

Здружението на јавни обвинители вчера одржа изборно собрание на кое беа избрани новите органи на Здружението. Членовите со мнозинство гласови го избраа составот на новиот Извршен одбор, кој согласно актите на Здружението, потоа го изврши изборот на носечките раководни органи на Здружението на јавни обвинители. За членови на Извршниот одбор на Здружението на јавни обвинители беа избрани: Анита Тополова Исајловска Елвин Вели Наум Паноски Ирина Трајкоска Стрезоски Стојанчо Арнаудоски Деса Пауновска Башким Хисени Јелена Колева Доагазанска Виолета Милчовска Катерина Коларевиќ Ана Гоговска Јакимовска Спасенка Андонова Катерина Панева Од членовите на Извршниот одбор, за претседател на Здружението на јавни обвинители беше избран Елвин Вели, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје. Јавните обвинители Спасенка Андонова и Ирина Трајкоска Стрезоски беа избрани за потпретседатели, а јавниот обвинител Ана Гоговска Јакимовска за секретар на Здружението. За благајник е определена Катерина Панева. Во следнот период новите органи за Здружението ќе изготват годишна програма во која ќе бидат предвидени повеќе активности со цел унапредување и јакнење на статусот на јавните обвинители и стручната служба во обвинителството, зголемување на соработката со институции и невладини организации, како и учество во проекти поврзани со законската регулатива во правосудната сфера. Членовите се заблагодарија на досегашното раководство на Здружението за нивниот придонес за функционирањето на организацијата.​

The post Избрани нови органи на Здружението на јавните обвинители appeared first on Република.

]]>
Захарова: Лондон ја штитеше трговијата со органи и шверцот со оружје во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-london-ja-shtiteshe-trgovijata-so-organi-i-shvercot-so-oruzje-vo-kosovo/ Mon, 30 May 2022 18:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=508952

Портпаролката на руското Министерство за надвореши работи, Марија Захарова реагираше на изјавата на шефицата на британската дипломатија Лиз Трас за „погубното влијание на Русија на Балканот“.

Таа потсети како западната коалиција, заедно со Лондон, тргувала со органи и шверцувала оружје на Косово и Метохија во 1990-тите.

„ За време на посетата на Балканот, Лиз Трас ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина да не и веруваат на Русија, која има катастрофално влијание врз регионот. Експертите шепотат: Чудно е да се зборува за деструктивно и непринципиелно влијание на НАТО врз Балканот, но сепак потсетувам: Северноатлантската алијанса ја бомбардираше Југославија во 1999 година користејќи осиромашен ураниум“, рече Захарова, пренесува РИА Новости.

Таа потсети и дека „Лондон придонел за нивната подредена положба во текот на целиот период на зависниот престој на Словените на Балканот, поткопувајќи го на секој можен начин потенцијалот на националноослободителните движења“.

„ Не Британија, туку Русија помогна да се постигне грчка независност во 19 век, а кога тоа беше корисно за Лондон, Англија директно влезе во конфликтот против Русија и нејзините словенски сојузници на Балканот, како што беше случајот за време на Кримската војна и т.н. наречена источна криза во втората половина на 1870-тите“, рече Захарова.

Портпаролката на руското Министерство истакна дека „Балканот долго време се смета за буре барут во Европа“, а ескалацијата на противречностите во Југоисточна Европа ја поддржа и Велика Британија, бидејќи првенствено им наштети на интересите на австриско-германската коалиција и Русија во регионот, а што пак резултирало со Прва светска војна.

The post Захарова: Лондон ја штитеше трговијата со органи и шверцот со оружје во Косово appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надвореши работи, Марија Захарова реагираше на изјавата на шефицата на британската дипломатија Лиз Трас за „погубното влијание на Русија на Балканот“. Таа потсети како западната коалиција, заедно со Лондон, тргувала со органи и шверцувала оружје на Косово и Метохија во 1990-тите.
„ За време на посетата на Балканот, Лиз Трас ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина да не и веруваат на Русија, која има катастрофално влијание врз регионот. Експертите шепотат: Чудно е да се зборува за деструктивно и непринципиелно влијание на НАТО врз Балканот, но сепак потсетувам: Северноатлантската алијанса ја бомбардираше Југославија во 1999 година користејќи осиромашен ураниум“, рече Захарова, пренесува РИА Новости. Таа потсети и дека „Лондон придонел за нивната подредена положба во текот на целиот период на зависниот престој на Словените на Балканот, поткопувајќи го на секој можен начин потенцијалот на националноослободителните движења“. „ Не Британија, туку Русија помогна да се постигне грчка независност во 19 век, а кога тоа беше корисно за Лондон, Англија директно влезе во конфликтот против Русија и нејзините словенски сојузници на Балканот, како што беше случајот за време на Кримската војна и т.н. наречена источна криза во втората половина на 1870-тите“, рече Захарова. Портпаролката на руското Министерство истакна дека „Балканот долго време се смета за буре барут во Европа“, а ескалацијата на противречностите во Југоисточна Европа ја поддржа и Велика Британија, бидејќи првенствено им наштети на интересите на австриско-германската коалиција и Русија во регионот, а што пак резултирало со Прва светска војна.

The post Захарова: Лондон ја штитеше трговијата со органи и шверцот со оружје во Косово appeared first on Република.

]]>
Емоциите ги уништуваат органите: Белите дробови страдаат од осаменост, црниот дроб од лутина… https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/emociite-gi-unishtuvaat-organite-belite-drobovi-stradaat-od-osamenost-crniot-drob-od-lutina/ Sat, 29 Jan 2022 20:27:14 +0000 https://republika.mk/?p=451346

„Срцето скршено од тага“ сега звучи сосема реално.
Во традиционалната кинеска медицина постои теорија дека секој орган во човечкото тело е под влијание на одредени емоции, а научните истражувања покажале дека тој не постои без причина. Како што се испоставило, иако емоциите се менуваат и се сменуваат, тие оставаат последици на некои од виталните органи на организмот.

Како негативните емоции влијаат на телото?
Секој ден доживуваме до сто различни емоции, без воопшто да го забележиме тоа. Емоциите директно влијаат на работата на внатрешните органи. Покрај тоа, специфичните емоции се поврзани со одредени органи.
Често зборуваме за тоа како стресот влијае на човечкото тело, но не се знае многу за влијанието на различните емоции врз одредени органи. Како што се тврди во традиционалната кинеска и старогрчка медицина, тие се исто така поврзани, а помалите научни студии во последните години покажале дека несомнено постои некаква поврзаност.
Добро е познато дека астматичарите мора да внимаваат на сите интензивни емоции, како возбуда и лутина, бидејќи тие можат да бидат поттик за напад на астма, а стресот предизвикува нивно влошување во дури 43. отсто од случаите!
Кои се некои други познати врски помеѓу органите и емоциите?

 

Слезина
Овој орган е важен дел од имунолошкиот систем и делува како филтер за крв и ги отстранува старите крвни зрнца и нечистотии од телото. Што влијае на неа? Секоја претерана ментална „работа“, како што е грижа, опсесивно размислување на иста тема или каење.

Бели дробови
Белите дробови се еден од виталните органи и служат за внесување на кислород и исфрлање на јаглеродниот диоксид од телото. Што влијае на него? Тага, жалост, осаменост.

Црн дроб
Функциите на овој орган се многубројни, а најважни се метаболичката и хемодинамичката улога, а влијае и на коагулација, детоксикација, создавање на жолчка итн. Што влијае на него? Гнев, раздразливост, фрустрација, огорченост.

Срце
Органот кој пумпа крв низ телото е синоним за живот, здравје и издржливост.
Што влијае на него? Тоа е поврзано со сите емоции, но на него најсилно влијае радоста, но и депресијата, несоницата, очајот, апатијата.

 

Бубрези
Тие служат за отстранување на токсините од телото и создавање урина
Што влијае на нив? Страв, несигурност, чувство на изолација.

Жолчен меур
Тоа е резервоар на жолчката, супстанца богата со холестерол и жолчни киселини, која се излачува од црниот дроб и која служи за варење на мастите и липидите од храната. Што влијае на неа? Ненадејни насилни емоционални реакции како шок.

The post Емоциите ги уништуваат органите: Белите дробови страдаат од осаменост, црниот дроб од лутина… appeared first on Република.

]]>

„Срцето скршено од тага“ сега звучи сосема реално. Во традиционалната кинеска медицина постои теорија дека секој орган во човечкото тело е под влијание на одредени емоции, а научните истражувања покажале дека тој не постои без причина. Како што се испоставило, иако емоциите се менуваат и се сменуваат, тие оставаат последици на некои од виталните органи на организмот. Како негативните емоции влијаат на телото? Секој ден доживуваме до сто различни емоции, без воопшто да го забележиме тоа. Емоциите директно влијаат на работата на внатрешните органи. Покрај тоа, специфичните емоции се поврзани со одредени органи. Често зборуваме за тоа како стресот влијае на човечкото тело, но не се знае многу за влијанието на различните емоции врз одредени органи. Како што се тврди во традиционалната кинеска и старогрчка медицина, тие се исто така поврзани, а помалите научни студии во последните години покажале дека несомнено постои некаква поврзаност. Добро е познато дека астматичарите мора да внимаваат на сите интензивни емоции, како возбуда и лутина, бидејќи тие можат да бидат поттик за напад на астма, а стресот предизвикува нивно влошување во дури 43. отсто од случаите! Кои се некои други познати врски помеѓу органите и емоциите?   Слезина Овој орган е важен дел од имунолошкиот систем и делува како филтер за крв и ги отстранува старите крвни зрнца и нечистотии од телото. Што влијае на неа? Секоја претерана ментална „работа“, како што е грижа, опсесивно размислување на иста тема или каење. Бели дробови Белите дробови се еден од виталните органи и служат за внесување на кислород и исфрлање на јаглеродниот диоксид од телото. Што влијае на него? Тага, жалост, осаменост. Црн дроб Функциите на овој орган се многубројни, а најважни се метаболичката и хемодинамичката улога, а влијае и на коагулација, детоксикација, создавање на жолчка итн. Што влијае на него? Гнев, раздразливост, фрустрација, огорченост. Срце Органот кој пумпа крв низ телото е синоним за живот, здравје и издржливост. Што влијае на него? Тоа е поврзано со сите емоции, но на него најсилно влијае радоста, но и депресијата, несоницата, очајот, апатијата.   Бубрези Тие служат за отстранување на токсините од телото и создавање урина Што влијае на нив? Страв, несигурност, чувство на изолација. Жолчен меур Тоа е резервоар на жолчката, супстанца богата со холестерол и жолчни киселини, која се излачува од црниот дроб и која служи за варење на мастите и липидите од храната. Што влијае на неа? Ненадејни насилни емоционални реакции како шок.

The post Емоциите ги уништуваат органите: Белите дробови страдаат од осаменост, црниот дроб од лутина… appeared first on Република.

]]>