орел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/orel/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 11:32:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png орел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/orel/ 32 32 Македонско еколошко друштво: Недостасува центар за рехабилитација на диви животни https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonsko-ekoloshko-drushtvo-nedostasuva-tsentar-za-rehabilitatsija-na-divi-zhivotni/ Tue, 13 Aug 2024 11:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=806140

Брзото угинување на царскиот орел, што пред една недела го спасија кочанските пожарникари, потврдува дека на државно ниво недостасува центар за рехабилитација на дивите животни каде тие ќе бидат згрижени и ќе добијат соодветна ветеринарна нега, истакнуваат од Македонското еколошко друштво (МЕД).

По препорака од МЕД, птицата беше однесена во Зоолошката градина во Скопје, но и покрај обидите на вработените да помогнат, таа почина по два дена. Во писменото известување до јавноста, од МЕД додаваат дека фактот што пожарникарите доброволци успеале да го фатат младиот орел, зборува во колку лоша состојба се наоѓал, а резултатите од рентген снимките покажале дека не бил жртва на огнено оружје и немал скршеници.

Во отсуство на центар за рехабилитација на диви животни, Зоолошката градина во Скопје ги има најдобрите услови за нивно закрепнување, затоа ги поздравуваме нејзините напори да помогне. Македонскиот систем не е подготвен соодветно да реагира на случаи во кои се повредени диви животни. За разлика од кај нас, во Бугарија и Грција постојат специјализирани центри за рехабилитација на диви животни. Стапката на смртност на младите грабливи птици е многу голема во природата. Кај конкретниот вид, само 10-20 отсто од сите пролетани млади птици ќе дочекаат возраст за репродукција, односно старост од 3-4 години. И покрај тоа, заради долговечноста на возрасните единки, доколку заканите се мали, популацијата се одржува стабилна или расте, а тоа беше случај во Македонија до пред неколку години, истакнуваат од МЕД.

Односот меѓу Зоолошката градина во Скопје и Македонското еколошко друштво низ годините претставува пример за соработка меѓу државните институции и граѓанскиот сектор. Досега тие заеднички помогнале да закрепнат единки на белоглави мршојадци, штркови и други видови кои потоа успешно биле вратени во природата.

-Во последниве неколку години има благо намалување на бројноста на грабливите птици, што најверојатно се должи на промените во живеалиштата, намалувањето на изворите на храна, колизиите и струјните удари со енергетската инфраструктура, но првенствено на опасноста од отровни мамки поставени за труење на волци и кучиња. Исто така, непознати се и ризиците од пестицидите што се користат во земјоделството и од конзумирањето на оловни сачми останати во телата на животни кои биле цел на лов, а со кои се хранеле птиците, додаваат од МЕД.

Царскиот орел, што се смета за загрозен вид птица со само десетина двојки, има природни живеалишта на падините на Осоговските Планини, а младата единка која угина била повредена и дезориентирана како последица од неодамнешните пожари на овие простори.

Од МЕД нагласуваат дека телото на орелот е предадено на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во скопје,  каде што ќе биде извршена обдукција, а резултатите ќе бидат споделени со јавноста и со релевантите институции.

The post Македонско еколошко друштво: Недостасува центар за рехабилитација на диви животни appeared first on Република.

]]>

Брзото угинување на царскиот орел, што пред една недела го спасија кочанските пожарникари, потврдува дека на државно ниво недостасува центар за рехабилитација на дивите животни каде тие ќе бидат згрижени и ќе добијат соодветна ветеринарна нега, истакнуваат од Македонското еколошко друштво (МЕД). По препорака од МЕД, птицата беше однесена во Зоолошката градина во Скопје, но и покрај обидите на вработените да помогнат, таа почина по два дена. Во писменото известување до јавноста, од МЕД додаваат дека фактот што пожарникарите доброволци успеале да го фатат младиот орел, зборува во колку лоша состојба се наоѓал, а резултатите од рентген снимките покажале дека не бил жртва на огнено оружје и немал скршеници.
Во отсуство на центар за рехабилитација на диви животни, Зоолошката градина во Скопје ги има најдобрите услови за нивно закрепнување, затоа ги поздравуваме нејзините напори да помогне. Македонскиот систем не е подготвен соодветно да реагира на случаи во кои се повредени диви животни. За разлика од кај нас, во Бугарија и Грција постојат специјализирани центри за рехабилитација на диви животни. Стапката на смртност на младите грабливи птици е многу голема во природата. Кај конкретниот вид, само 10-20 отсто од сите пролетани млади птици ќе дочекаат возраст за репродукција, односно старост од 3-4 години. И покрај тоа, заради долговечноста на возрасните единки, доколку заканите се мали, популацијата се одржува стабилна или расте, а тоа беше случај во Македонија до пред неколку години, истакнуваат од МЕД.
Односот меѓу Зоолошката градина во Скопје и Македонското еколошко друштво низ годините претставува пример за соработка меѓу државните институции и граѓанскиот сектор. Досега тие заеднички помогнале да закрепнат единки на белоглави мршојадци, штркови и други видови кои потоа успешно биле вратени во природата. -Во последниве неколку години има благо намалување на бројноста на грабливите птици, што најверојатно се должи на промените во живеалиштата, намалувањето на изворите на храна, колизиите и струјните удари со енергетската инфраструктура, но првенствено на опасноста од отровни мамки поставени за труење на волци и кучиња. Исто така, непознати се и ризиците од пестицидите што се користат во земјоделството и од конзумирањето на оловни сачми останати во телата на животни кои биле цел на лов, а со кои се хранеле птиците, додаваат од МЕД. Царскиот орел, што се смета за загрозен вид птица со само десетина двојки, има природни живеалишта на падините на Осоговските Планини, а младата единка која угина била повредена и дезориентирана како последица од неодамнешните пожари на овие простори. Од МЕД нагласуваат дека телото на орелот е предадено на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во скопје,  каде што ќе биде извршена обдукција, а резултатите ќе бидат споделени со јавноста и со релевантите институции.

The post Македонско еколошко друштво: Недостасува центар за рехабилитација на диви животни appeared first on Република.

]]>
Зоолошка стана како погребално: Угина царскиот орел што беше спасен на Пониква https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zooloshka-stana-kako-pogrebalno-ugina-tsarskiot-orel-shto-beshe-spasen-na-ponikva/ Fri, 09 Aug 2024 10:05:25 +0000 https://republika.mk/?p=804897

Царскиот орел, што беше спасен од пожарите на Пониква угинал пред два дена во Скопската зоолошка.

Орелот по угинувањето бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде што од страна на стручни лица – професори, се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето, информираа надлежните.

Македонското еколошко друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе ја соопшти причината за смртта на царскиот орел.

Кочанските пожарникари го спасија орелот кој беше пронајден заглавен во громобранска инсталација на викендичка на Пониква.

The post Зоолошка стана како погребално: Угина царскиот орел што беше спасен на Пониква appeared first on Република.

]]>

Царскиот орел, што беше спасен од пожарите на Пониква угинал пред два дена во Скопската зоолошка. Орелот по угинувањето бил однесен на Факултетот за ветеринарна медицина-ФВМ при УКИМ, Скопје каде што од страна на стручни лица – професори, се врши обдукција за да се утврди точната причина за угинувањето, информираа надлежните. Македонското еколошко друштво по добивањето на финалниот обдукциски извештај ќе ја соопшти причината за смртта на царскиот орел. Кочанските пожарникари го спасија орелот кој беше пронајден заглавен во громобранска инсталација на викендичка на Пониква.

The post Зоолошка стана како погребално: Угина царскиот орел што беше спасен на Пониква appeared first on Република.

]]>
Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид https://arhiva3.republika.mk/vesti/dobrovolnite-pozharnikari-od-kochani-spasija-povreden-i-dezorientiran-orel-od-zagrozen-vid/ Mon, 05 Aug 2024 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=803483

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел.

По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило.

[caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]

Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.

[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption]

Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки.

[caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption]

Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел. По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило. [caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]
Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.
[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption] Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки. [caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption] Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>