оредн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oredn/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 08:28:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оредн Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oredn/ 32 32 Со изложбата „Најдрагиот Пинокио“ денеска се отвораат „Денови на италијански дизајн во Скопје“: Признанието „Ordine della Stella d’Italia“ за Дита Старова Ќерими https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozhbata-najdragiot-pinokio-deneska-se-otvoraat-denovi-na-italijanski-dizajn-vo-skopje-priznanieto-ordine-della-stella-d-italia-za-dita-starova-kerimi/ Thu, 14 Mar 2024 08:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=753933

Во четврток (14.03) во Чифте амам ќе биде отворена изложбата „Најдрагиот Пинокио“, италијанските дизајнери и графички дизајнери ја редизајнираат најпознатата кукла на светот“ со што почнуваат Деновите на италијански дизајн во Скопје, а истиот ден во Сули ан, ќе се одржи макстер-клас на Лука Боскардин, италијански дизајнер на играчки и илустратор за многу италијански и интернационални брендови, како StudioRoof, Corriani, MonPetitArt, Arbos, George Magazine e Philips Design.

Изложбата на ADI Design Museum, е посветена на 140 години од првото издание на „Авантурите на Пинокио“, и содржи избор на дизјанерски проекти на италијански компании направени специјално за изложбата, кои ја потврдуваат способноста на италијанскиот дизајн да креира безвременски слики и предмети и го слават митот за Џепето, првиот италијански дизајнер.

Темата на годинешното издание е: „Создавање вредност: инклузивност, иновација и одржливост“ со настани со кои се промовираат уникатноста и врвниот квалитетот на италијанскиот дизајн.

Во Чифте амам на свеченото отворање на изложбата, Амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Андреа Силвестри во Скопје ќе ја одликува Дита Старова – Ќерими, директорка на Националната галерија,  со признанието – орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија”, што го доделува Претседателот на Републиката за воспоставување и негување на лични и професионални релации со Република Италија, соработка во различни области и продлабочување на односите меѓу институциите и граѓаните од двете држави, а на предлог на италијанскиот министер за надворешни работи.

„Ordine della Stella d’Italia“ е одликување воведено во 1947 година како „Ред на Ѕвездата на италијанската солидарност“, а од 2011 го носи новото име.

Дита Старова Ќерими (1984) е академски сликар, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје, а во моментов е директорка на Националната галерија, која со бројните врвни изложби ја раздвижи културната сцена дома и ја врати публиката.

The post Со изложбата „Најдрагиот Пинокио“ денеска се отвораат „Денови на италијански дизајн во Скопје“: Признанието „Ordine della Stella d’Italia“ за Дита Старова Ќерими appeared first on Република.

]]>