Орце Камчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/orce-kamchev/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 12:25:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Орце Камчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/orce-kamchev/ 32 32 Агелер по ставањето на Камчев на „црната листа“: Ние нема да апсиме, но интересно е да се видат следните чекори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-po-stavaneto-na-kamchev-na-tsrnata-lista-nie-nema-da-apsime-no-interesno-e-da-se-vidat-slednite-chekori/ Thu, 20 Jul 2023 12:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=663537

За  Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговрните мора да одговараат. Ова го изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција на која зборуваше за одлуката американското Министерство за финансии – бизнисменот Јордан (Орце) Камчев да го стави на „црната листа“ на САД.

Таа потенцираше дека ваквите чекори, прво за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, а сега и за Камчев, не се лично или политички мотивирани.

Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат - рече Агелер.

За влијанието што го има американската „црна листа“, амбасадорката коментираше дека САД нема да дојдат и да уапсат некого или пак да преземат мерки против одредена личност, но рече дека е интересно да се видат наредните чекори, алудирајќи на домашните институции.

Бевме во можност да најдеме докази против овие личности и тие докази се собрани овде, во земјава. Значи, информациите се достапни, работевме со институциите. Но, следните мерките зависат од надлежните органи - рече таа.

Агелер порача дека корупцијата, во каква било форма, не треба да се толерира, а одлуките што би можеле да следат од правосудните органи и други институции зависат од нив самите. Таа се надева дека и граѓаните ќе бараат интегритет од луѓето кои имаат влијание.

Инаку, бизнисменот Камчев од вчера е на „црната листа“ на САД поради корупција. Нарекувајќи го „корумпиран бизнисмен“, американското Министерството за финансии ја нагласува посветеноста на САД да промовира одговорност за сите поединци и фирми кои „ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и другo дестабилизирачко однесување“.

Американските власти сметаат дека Камчев интензивно се занимава со корупција повеќе од една деценија, како и дека го искористил своето богатство и коруптивно влијание за да манипулира со судскиот систем во Македонија нагласувајќи го тука тоа што со неговото коруптивно однесување придонел за колапсот на СЈО.

The post Агелер по ставањето на Камчев на „црната листа“: Ние нема да апсиме, но интересно е да се видат следните чекори appeared first on Република.

]]>

За  Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговрните мора да одговараат. Ова го изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција на која зборуваше за одлуката американското Министерство за финансии – бизнисменот Јордан (Орце) Камчев да го стави на „црната листа“ на САД. Таа потенцираше дека ваквите чекори, прво за градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, а сега и за Камчев, не се лично или политички мотивирани.
Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат - рече Агелер.
За влијанието што го има американската „црна листа“, амбасадорката коментираше дека САД нема да дојдат и да уапсат некого или пак да преземат мерки против одредена личност, но рече дека е интересно да се видат наредните чекори, алудирајќи на домашните институции.
Бевме во можност да најдеме докази против овие личности и тие докази се собрани овде, во земјава. Значи, информациите се достапни, работевме со институциите. Но, следните мерките зависат од надлежните органи - рече таа.
Агелер порача дека корупцијата, во каква било форма, не треба да се толерира, а одлуките што би можеле да следат од правосудните органи и други институции зависат од нив самите. Таа се надева дека и граѓаните ќе бараат интегритет од луѓето кои имаат влијание. Инаку, бизнисменот Камчев од вчера е на „црната листа“ на САД поради корупција. Нарекувајќи го „корумпиран бизнисмен“, американското Министерството за финансии ја нагласува посветеноста на САД да промовира одговорност за сите поединци и фирми кои „ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и другo дестабилизирачко однесување“. Американските власти сметаат дека Камчев интензивно се занимава со корупција повеќе од една деценија, како и дека го искористил своето богатство и коруптивно влијание за да манипулира со судскиот систем во Македонија нагласувајќи го тука тоа што со неговото коруптивно однесување придонел за колапсот на СЈО.

The post Агелер по ставањето на Камчев на „црната листа“: Ние нема да апсиме, но интересно е да се видат следните чекори appeared first on Република.

]]>
Тој бил еден од главните спонзори за уништувањето на СЈО: На Лога, мило му е што Камчев се најде на „црната листа“ на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toj-bil-eden-od-glavnite-sponzori-za-unishtuvaneto-na-sjo-na-loga-milo-mu-e-shto-kamchev-se-najde-na-tsrnata-lista-na-sad/ Thu, 20 Jul 2023 11:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=663517

На министерот за правда Кренал Лога му е мило што бизнисменот Орце Камчев се најде на „црната листа“ на САД. Во одговор на новинарско прашање за овој случај, Лога вели дека Камчев бил еден од главните спонзори за уништување на Специјалното јавно обвинителство, но и за многу други проблеми што се случувале во државата.

Она што му се случи на господинот Камчев беше очекувано, но, всушност, правосудните органи во Македонија не го гледаат тоа, господинот Камчев е еден од главните спонзори за уништување на СЈО и неговото име се поврзува со многу други проблеми во државата денес. Мило ми е што се најде на ‘црната листа’ на САД, но многу ми е жал за судскиот систем во Македонија, не го видоа и продолжуваат да не го гледаат на начин на кој очекува обичниот граѓанин - изјави Лога при денешната посета на Боговиње.

Камчев е на „црната листа“ на САД како дел од поединци и субјекти за кои американските власти сметаат дека ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување.

The post Тој бил еден од главните спонзори за уништувањето на СЈО: На Лога, мило му е што Камчев се најде на „црната листа“ на САД appeared first on Република.

После Мерко и Орце Камчев на црна листа на САД: Интензивно се занимава со корупција од раните 2000-ти https://arhiva3.republika.mk/vesti/posle-merko-i-ortse-kamchev-na-tsrna-lista-na-sad-intenzivno-se-zanimava-so-koruptsija-od-ranite-2000-ti/ Wed, 19 Jul 2023 15:30:57 +0000 https://republika.mk/?p=663230

Денес, Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) назначи едно лице, Јордан „Орце“ Камчев, во Македонија согласно Извршниот налог (E.O.) 14033. Денешното назначување ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите држави за промовирање на одговорност за поединци и ентитети кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување, се вели во соопштението на Стејт департментот.

„Г. Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Македонија“, рече потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон. „Трезорот останува посветен на повикување на одговорност на сторителите на корупција“.

Денеска, OFAC го одреди Камчев согласно Е.О. 14033 за соучесници или директно или индиректно вмешаност во, корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кое било ниво на владата во Западен Балкан, како што е злоупотреба на јавниот имот, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или поткуп , велат од Стејт департментот.

Како резултат на денешната акција, целиот имот и интереси во имотот на назначеното лице опишано погоре што се во Соединетите Држави или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани и мора да се пријават на OFAC. Дополнително, блокирани се и сите субјекти кои се во сопственост, директно или индиректно, поединечно или збирно, 50 проценти или повеќе од едно или повеќе блокирани лица. Сите трансакции на лица од САД во (или кои транзитираат) во Соединетите Американски Држави кои вклучуваат каков било имот или интереси во сопственост на назначени или на друг начин блокирани лица се забранети освен ако не се овластени со општа или специфична лиценца издадена од OFAC или не се изземени. Забраните вклучуваат давање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од, до или во корист на кое било блокирано лице, или примање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од кое било такво лице.

Дополнително, финансиските институции и други лица кои се вклучени во одредени трансакции или активности со санкционираниот поединец може да се изложат на санкции или да бидат предмет на извршно дејствие, велаѕт од Стејт департментот.

The post После Мерко и Орце Камчев на црна листа на САД: Интензивно се занимава со корупција од раните 2000-ти appeared first on Република.

]]>

Денес, Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) назначи едно лице, Јордан „Орце“ Камчев, во Македонија согласно Извршниот налог (E.O.) 14033. Денешното назначување ја нагласува континуираната посветеност на Соединетите држави за промовирање на одговорност за поединци и ентитети кои ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и друго дестабилизирачко однесување, се вели во соопштението на Стејт департментот.
„Г. Камчев ја злоупотребил својата позиција, ангажирајќи се во коруптивни активности и спроведувајќи себична агенда на сметка на демократските институции и граѓаните на Македонија“, рече потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон. „Трезорот останува посветен на повикување на одговорност на сторителите на корупција“. Денеска, OFAC го одреди Камчев согласно Е.О. 14033 за соучесници или директно или индиректно вмешаност во, корупција поврзана со Западен Балкан, вклучително и корупција од, во име или на друг начин поврзан со влада на Западен Балкан, или актуелен или поранешен владин функционер на кое било ниво на владата во Западен Балкан, како што е злоупотреба на јавниот имот, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели или поткуп , велат од Стејт департментот. Како резултат на денешната акција, целиот имот и интереси во имотот на назначеното лице опишано погоре што се во Соединетите Држави или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани и мора да се пријават на OFAC. Дополнително, блокирани се и сите субјекти кои се во сопственост, директно или индиректно, поединечно или збирно, 50 проценти или повеќе од едно или повеќе блокирани лица. Сите трансакции на лица од САД во (или кои транзитираат) во Соединетите Американски Држави кои вклучуваат каков било имот или интереси во сопственост на назначени или на друг начин блокирани лица се забранети освен ако не се овластени со општа или специфична лиценца издадена од OFAC или не се изземени. Забраните вклучуваат давање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од, до или во корист на кое било блокирано лице, или примање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од кое било такво лице. Дополнително, финансиските институции и други лица кои се вклучени во одредени трансакции или активности со санкционираниот поединец може да се изложат на санкции или да бидат предмет на извршно дејствие, велаѕт од Стејт департментот.

The post После Мерко и Орце Камчев на црна листа на САД: Интензивно се занимава со корупција од раните 2000-ти appeared first on Република.

]]>
Судот го одби барањето на Камчев да му бидат вартени парите што ги зеле Боки-13 и Катица Јанева https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudot-go-odbi-baranjeto-na-kamchev-da-mu-bidat-varteni-parite-shto-gi-zele-boki-13-i-katica-janeva/ Fri, 15 Jul 2022 15:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=529408

Основниот суд Скопје 2 го одби тужбеното барање на Орце Камчев за оштетното побарување од Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева за случајот „Рекет“.

Како што стои во соопштението од Основниот Граѓански суд, со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано.

При објавата, судијата – претседател на советот во образложение на ваквата одлука изјавил дека „Странката која дејствувала несовесно не може да го бара назад она што го дала на странката која дејствувала исто така несовесно“.

Камчев бараше од Катица Јанева и Бојан Јовановски да му исплатат 1,5 милиони евра, кои наводно ги дал како рекет, откако претходно на едно од рочиштата тој ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец.

Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

The post Судот го одби барањето на Камчев да му бидат вартени парите што ги зеле Боки-13 и Катица Јанева appeared first on Република.

]]>

Основниот суд Скопје 2 го одби тужбеното барање на Орце Камчев за оштетното побарување од Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева за случајот „Рекет“. Како што стои во соопштението од Основниот Граѓански суд, со пресуда тужбеното барање е одбиено како неосновано. При објавата, судијата – претседател на советот во образложение на ваквата одлука изјавил дека „Странката која дејствувала несовесно не може да го бара назад она што го дала на странката која дејствувала исто така несовесно“. Камчев бараше од Катица Јанева и Бојан Јовановски да му исплатат 1,5 милиони евра, кои наводно ги дал како рекет, откако претходно на едно од рочиштата тој ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец. Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

The post Судот го одби барањето на Камчев да му бидат вартени парите што ги зеле Боки-13 и Катица Јанева appeared first on Република.

]]>
Oдбиена тужбата на Камчев кон Бојан Јовановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbiena-tuzbata-na-kamchev-kon-bojan-jovanovski/ Fri, 15 Jul 2022 08:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=529167

Основниот суд ја одби тужбата на бизнисменот Орце Камчев кон Бојан Јовановски. Камчев приватно го тужеше популарниот Боки 13 за случајот „Рекет“ и бараше отштета од 1,5 милиони евра.

Во целост е одбиена тужбата и ова е правилна одлука. Тужителот нема статус на оштетен во кривичната постапка во случајот „Рекет“ и несовесно постапувал кога ги давал парите и бил свесен дека тоа е кричино дело .Тоа е причината за отфрлањето на тужбата во целост.-објаснува за Република“ адвокатот Сашо Дуковски.

Камчев има право на жалба пред Апелациониот суд.

The post Oдбиена тужбата на Камчев кон Бојан Јовановски appeared first on Република.

Камчев за 5-те милиони евра подигнал кредит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kamchev-za-5-te-milioni-evra-podignal-kredit/ Fri, 29 Apr 2022 18:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=495527

Обвинетиот бизнисмен Орце Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра на државниот буџет откако се спогодил со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Империја“.

Ова го соопшти раководителката на Обвинителството, Вилма Русковска на прашање на „Топ тема“, дали парите кои ги уплатил се чисти. Според нејзините информации кои ги добила од обвинителката која го води случајот, Камчев зел кредит и дека хипотеките треба да ги испита банката.

Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор.

Според информацијата Русковска појаснила дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

The post Камчев за 5-те милиони евра подигнал кредит appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот бизнисмен Орце Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра на државниот буџет откако се спогодил со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Империја“. Ова го соопшти раководителката на Обвинителството, Вилма Русковска на прашање на „Топ тема“, дали парите кои ги уплатил се чисти. Според нејзините информации кои ги добила од обвинителката која го води случајот, Камчев зел кредит и дека хипотеките треба да ги испита банката. Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор. Според информацијата Русковска појаснила дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

The post Камчев за 5-те милиони евра подигнал кредит appeared first on Република.

]]>
Русковска: Камчев се спогодил со обвинителството за случајот „Империја“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-kamchev-se-spogodil-so-obvinitelstvoto-za-sluchajot-imperija/ Fri, 29 Apr 2022 14:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=495425

Бизнисменот Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот „Империја“ и е осуден на една година затвор, вели раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Таа во интервјуто за Топ Тема што ќе биде емитувано вечерва на телевизија Телма појаснува дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

-Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата (н.з. пред два дена). Од фирмата „Кара“ односно „Орка Холдинг“ ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП. Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка птротив него, а тој се согласи на казна од една година затвор, истакнува Русковска во интервјуто.

Таа појаснува дека иницијативата била поднесена пред 15-на дена.

Таму каде е предвидена казна затвор од пет години, согласност мора да даде јавниот обвинител. Разговаравме со надлежната обвинителка Лиле Стефанова и доставивме предлог до државниот обвинител Љубомир Јовевски. За седум дена добивме согласност, а во меѓувреме тој ги уплати средствата на УЈП, вели Русковска.

The post Русковска: Камчев се спогодил со обвинителството за случајот „Империја“ appeared first on Република.

]]>

Бизнисменот Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот „Империја“ и е осуден на една година затвор, вели раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Таа во интервјуто за Топ Тема што ќе биде емитувано вечерва на телевизија Телма појаснува дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.
-Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата (н.з. пред два дена). Од фирмата „Кара“ односно „Орка Холдинг“ ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП. Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка птротив него, а тој се согласи на казна од една година затвор, истакнува Русковска во интервјуто.
Таа појаснува дека иницијативата била поднесена пред 15-на дена.
Таму каде е предвидена казна затвор од пет години, согласност мора да даде јавниот обвинител. Разговаравме со надлежната обвинителка Лиле Стефанова и доставивме предлог до државниот обвинител Љубомир Јовевски. За седум дена добивме согласност, а во меѓувреме тој ги уплати средствата на УЈП, вели Русковска.

The post Русковска: Камчев се спогодил со обвинителството за случајот „Империја“ appeared first on Република.

]]>
Бојан Јовановски: Случајот „Рекет“ е демонтиран! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojan-jovanovski-sluchajot-reket-e-demontiran/ Sat, 16 Apr 2022 17:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=489357

Бојан Јовановски по вчерашното судење со Орце Камчев излезе со свој статус на Инстаграм во кој вели дека oвој случај е демонтиран.

„Прашања до тужителот Камчев имаше и судијата Андреј Димовски, кој најпрвин го праша дали било реализирано тоа што било платено, а бизнисменот негира. Во текот на судењето судијата праша и дали било поднесено обвинение за 'Империја', на што Камчев одговори потврдно.

Судијата праша: 'Знаете дека рекетот е кривично дело ако ги платите тие 1,5 милион евра? Сте можеле да ја одбиете понудата', а бизнисменот одговори: 'Јас направив тоа што мислев дека е најпаметно за мене и да ја спасам државата

'Можам да разберам дека доброволно се согласивте да ги исплатите', праша судијата, а бизнисменот се бранеше: 'Јас ги исплатив паричните средства, 1,5 милион евра, за да имам доказ, потоа да го документирам случајот и напоменувам дека во периодот кога беа исплатени парите јас бев во притвор и немав можност да се одбранам'.

Прашан дали имал адвокати, Камчев рече дека имал, но немал доверба во своите адвокати за да пријави додека бил во притвор: 'Во тој момент немате ниту доверба во сите адвокати, го направив она што најдобро го знам'. Судијата го праша зошто писмено не пријавил за случајот 'Рекет' кај институциите, Камчев рече: 'Адвокатот беше пријател со директорот на АНБ'“ и адвокатот постапи како што му даде насоки директорот , oбјаснува Боки.

Од торбоносецот Кичеец немало да се бара отштета. Ама зошто не? Тој нели прв призна вина и го отвори патот за осудителните наши пресуди, а додека беше во затвор имаше фотографија од кафич, па и сообраќајка со смртни последици. Помафијашки договор Македонија не паметела!
ВЧЕРА РЕКЕТ Е ПАДНАТ-смета Јовановски

View this post on Instagram

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

The post Бојан Јовановски: Случајот „Рекет“ е демонтиран! appeared first on Република.

]]>

Бојан Јовановски по вчерашното судење со Орце Камчев излезе со свој статус на Инстаграм во кој вели дека oвој случај е демонтиран.
„Прашања до тужителот Камчев имаше и судијата Андреј Димовски, кој најпрвин го праша дали било реализирано тоа што било платено, а бизнисменот негира. Во текот на судењето судијата праша и дали било поднесено обвинение за 'Империја', на што Камчев одговори потврдно. Судијата праша: 'Знаете дека рекетот е кривично дело ако ги платите тие 1,5 милион евра? Сте можеле да ја одбиете понудата', а бизнисменот одговори: 'Јас направив тоа што мислев дека е најпаметно за мене и да ја спасам државата 'Можам да разберам дека доброволно се согласивте да ги исплатите', праша судијата, а бизнисменот се бранеше: 'Јас ги исплатив паричните средства, 1,5 милион евра, за да имам доказ, потоа да го документирам случајот и напоменувам дека во периодот кога беа исплатени парите јас бев во притвор и немав можност да се одбранам'.
Прашан дали имал адвокати, Камчев рече дека имал, но немал доверба во своите адвокати за да пријави додека бил во притвор: 'Во тој момент немате ниту доверба во сите адвокати, го направив она што најдобро го знам'. Судијата го праша зошто писмено не пријавил за случајот 'Рекет' кај институциите, Камчев рече: 'Адвокатот беше пријател со директорот на АНБ'“ и адвокатот постапи како што му даде насоки директорот , oбјаснува Боки.
Од торбоносецот Кичеец немало да се бара отштета. Ама зошто не? Тој нели прв призна вина и го отвори патот за осудителните наши пресуди, а додека беше во затвор имаше фотографија од кафич, па и сообраќајка со смртни последици. Помафијашки договор Македонија не паметела! ВЧЕРА РЕКЕТ Е ПАДНАТ-смета Јовановски
     
View this post on Instagram
 
A post shared by Boki 13 (@boki13official)

The post Бојан Јовановски: Случајот „Рекет“ е демонтиран! appeared first on Република.

]]>
Сопругата, мајката и сестрата на Камчев следни сведоци во случајот против Боки и Катица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/soprugata-majkata-i-sestrata-na-kamchev-sledni-svedoci-vo-sluchajot-protiv-boki-i-katica/ Fri, 15 Apr 2022 15:46:22 +0000 https://republika.mk/?p=489081

Судењето за предметот за оштетното побарување на Орце Камчев од Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ продолжува на 11 мај, откако во Основниот граѓански суд – Скопје денеска беа сослушани тужителот и тужените.

Тужената Катица Јанева на денешното рочиште истакна дека во текот на нејзиниот мандат како специјален јавен обвинител „многу трпела влијание од страна на политичките партии“.

Многу трпев влијание од страна на политичките партии, за сите одлуки. Тие мислеа дека јас, како провинцијалка не го познавам правото, дека ќе им дозволам да влијаат на моите одлуки, но, после четиригодишно согледување на работите ја извртеа целата работа и го конструираат овој небулозен предмет „Рекет“, рече Јанева.

Дополни дека во пресудата за „Рекет“ „не е изведен ниту еден доказ од кој би се утврдило нејзино незаконито постапување“. Јанева истакна дека нејзините дејствија воопшто не се поврзани со паричниот износ кој се побарува.

На денешното рочиште, претходно, Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, кој, покрај Јовановски и Јанева, беше еден од тужените од кои Камчев претходно бараше да му се исплати штетата.

Тој во својот исказ денеска хронолошки ги образложи случувањата преку кои тој смета дека му е нанесена штетата.

Тужениот Бојан Јовановски, пак, во својот исказ истакна дека целосно го отфрла оштетното побарување.

Целосно го отфрлам оштетеното побарување од причина што во целост го негирам делото за кое сум правосилно осуден. Пред овој Суд истакнувам, покрај тоа што го негирам делото и покрај правосилната пресуда, дека ќе дојде момент кога ќе се утврди вистинската фактичка состојба, рече Јовановски.

Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство.

Судењето за овој предмет продолжува на 11 мај со сослушување на сведоците предложени од тужителот, Ана Камчева, Ратка Куновска Камчева, Кристина Камчева и Мирјана Бошкова.

The post Сопругата, мајката и сестрата на Камчев следни сведоци во случајот против Боки и Катица appeared first on Република.

]]>

Судењето за предметот за оштетното побарување на Орце Камчев од Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ продолжува на 11 мај, откако во Основниот граѓански суд – Скопје денеска беа сослушани тужителот и тужените. Тужената Катица Јанева на денешното рочиште истакна дека во текот на нејзиниот мандат како специјален јавен обвинител „многу трпела влијание од страна на политичките партии“.
Многу трпев влијание од страна на политичките партии, за сите одлуки. Тие мислеа дека јас, како провинцијалка не го познавам правото, дека ќе им дозволам да влијаат на моите одлуки, но, после четиригодишно согледување на работите ја извртеа целата работа и го конструираат овој небулозен предмет „Рекет“, рече Јанева.
Дополни дека во пресудата за „Рекет“ „не е изведен ниту еден доказ од кој би се утврдило нејзино незаконито постапување“. Јанева истакна дека нејзините дејствија воопшто не се поврзани со паричниот износ кој се побарува. На денешното рочиште, претходно, Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, кој, покрај Јовановски и Јанева, беше еден од тужените од кои Камчев претходно бараше да му се исплати штетата. Тој во својот исказ денеска хронолошки ги образложи случувањата преку кои тој смета дека му е нанесена штетата. Тужениот Бојан Јовановски, пак, во својот исказ истакна дека целосно го отфрла оштетното побарување.
Целосно го отфрлам оштетеното побарување од причина што во целост го негирам делото за кое сум правосилно осуден. Пред овој Суд истакнувам, покрај тоа што го негирам делото и покрај правосилната пресуда, дека ќе дојде момент кога ќе се утврди вистинската фактичка состојба, рече Јовановски.
Во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски доби затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, додека Јанева е осудена на седум години затворска казна за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителниот акт, Бојан Јовановски влијаел врз Катица Јанева, за таа да бара поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја“, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство. Судењето за овој предмет продолжува на 11 мај со сослушување на сведоците предложени од тужителот, Ана Камчева, Ратка Куновска Камчева, Кристина Камчева и Мирјана Бошкова.

The post Сопругата, мајката и сестрата на Камчев следни сведоци во случајот против Боки и Катица appeared first on Република.

]]>
Телефонски учествувал и Заев: Венко му нудеше болници во други градови, но Орце ја сакаше „8 Септември” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/telefonski-uchestvuval-i-zaev-venko-mu-nudeshe-bolnici-vo-drugi-gradovi-no-orce-ja-sakashe-8-septemvri/ Fri, 15 Apr 2022 13:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=489040

Бојан Јовановски на денешното рочиште проговори за релациите што ги имал со бизнисменот Орце Камчев и тогашниот премиер Зоран Заев и минитерот за здравство Венко Филипче. На средбите во домот на Боки тема била болницата "8 Септември".

Камчев сакаше да ја земе „8 Септември" со јавно-приватно партнерство. Беа кај мене дома со Филипче. Венко му нудеше да земе болници во други градови, но Орце ја сакаше „8 Септември". На една од средбите телефонски беше уклучен и Заев, откри детали Јовановски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-zboruvale-venko-i-orce-kaj-boki-13-doma-i-kakva-bila-javno-partnerskata-shema/

The post Телефонски учествувал и Заев: Венко му нудеше болници во други градови, но Орце ја сакаше „8 Септември” appeared first on Република.

Јовановски: Камчев парите нека си ги бара кај оние што му ветувале и кај обвинителката Русковска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/jovanovski-kamchev-parite-neka-si-gi-bara-kaj-onie-shto-mu-vetuvale-i-kaj-obvinitelkata-ruskovska/ Fri, 15 Apr 2022 13:43:40 +0000 https://republika.mk/?p=489039

Бојан Јовановски одговорно тврди дека ниту зел ниту пребори пари кои наводно му ги дал Орце Камчев. Тој објасни дека клучниот ден како и многупати досега бил во домот на Камчев заедно со Кичеец но оти пари ниту видел ниту зел

Претходно Кичеец дојде кај мене дома и ми побара пари кои наводно треба да му ги позајми на Камчев. Парите беа во "Космо" кеса. На средбата кај Камчев не се случуваше ништо невообичаено и во еден момент Камчев и Кичеец се тргнаа во друга просторија. На излегување Кичеец носеше Луј Витон торба а што имало внатре не знам бидејќи не прашав а и многупати пред тоа Камчев му даваше слични работи на Кичеец. Тужителот мене ме доведе до заблуда и ме злоупотреби. Затоа Камчев парите треба да ги бара кај оние што му ветувале нешто и кај обвинителката Русковска.

The post Јовановски: Камчев парите нека си ги бара кај оние што му ветувале и кај обвинителката Русковска appeared first on Република.

Заев ургирал кај Џолев да го ослободи Камчев, од Јанева се жалел, му правела политички проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zaev-urgiral-kaj-dzolev-da-go-oslobodi-kamchev-od-janeva-se-zalel-mu-pravela-politichki-problemi/ Fri, 15 Apr 2022 12:40:02 +0000 https://republika.mk/?p=488992

Бојан Јовановски откри детали од разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој се случил на 15 ноември 2019 година поврзани со Орце Камчев и Катица Јанева.

Боки тврди дека токму Заев ургирал кај претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев Камчев да биде ослободен.

Тоа лично ми го кажа Заев на средбата во неговиот кабинет за што постои доказ во вид на порака во мојот невештачен телефон. За Катица Заев рече дека му правела многу политички проблеми бидејќи во тој период беа уставните измени. Двајца од противниците наводно контролирал Заев а останатите Мијалков - вели Јовановски.

Заев, според тврдењето на Боки се фалел дека може да го згасне СЈО кога сака и дека му говорел за "мекнеење" на Јанева

The post Заев ургирал кај Џолев да го ослободи Камчев, од Јанева се жалел, му правела политички проблеми appeared first on Република.

]]>

Бојан Јовановски откри детали од разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој се случил на 15 ноември 2019 година поврзани со Орце Камчев и Катица Јанева. Боки тврди дека токму Заев ургирал кај претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев Камчев да биде ослободен.
Тоа лично ми го кажа Заев на средбата во неговиот кабинет за што постои доказ во вид на порака во мојот невештачен телефон. За Катица Заев рече дека му правела многу политички проблеми бидејќи во тој период беа уставните измени. Двајца од противниците наводно контролирал Заев а останатите Мијалков - вели Јовановски.
Заев, според тврдењето на Боки се фалел дека може да го згасне СЈО кога сака и дека му говорел за "мекнеење" на Јанева

The post Заев ургирал кај Џолев да го ослободи Камчев, од Јанева се жалел, му правела политички проблеми appeared first on Република.

]]>
Камчев му велел на Боки 13 дека ќе среди сè преку „бугарските пријатели на Заев“ Борисов и негов советник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kamchev-mu-velel-na-boki-13-deka-kje-sredi-se-preku-bugarskite-prijateli-na-zaev-borisov-i-negov-sovetnik/ Fri, 15 Apr 2022 12:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=488962

Го негирам делото за кое се товарам и убеден сум дека ќе дојде момент кога ќе се утврди состојбата, истакна во својот исказ Бојан Јовановски.

Пресудата на Рекет беше донесена по исказот на Камчев, која е невистинит и лажен. Ние сме осудени а кримималците слободно шетаат на улица. Точно е дека се знаеме повеќе од 20 години, но и кога бев дете, важеше за лице со криминални активности. Неколку пати беше во бегство, па како ќе се договораше со политичарите и така се враќаше, започна Боки.

Тој објасни дека Кичеец го викнал да се сретнат со Камчев во ресторанот „Сушико“ на барање на бизнисменот.

На Кичеец му реков дека со таква гнида не сакам да се среќавам. Улогата на Кичеец е повеќе од јасна и тој беше оперативецот на Камчев. Се сретнавме во „Сушико“ и разговаравме за рекламирање во телефизијата. Ме испитуваше перфидно дали има некакви истраги против него. Тогаш ми кажа дека преку бугарски пријатели на Заев, се мисли на Борисов и негов советник, дека ќе ги среди сите работи бидејќи знае како треба оти е бизнисмен, откри детали Бојан од средбите со Заев.

Шефе, ја со Зоки завршив работа - ги цитира Бојан зборовите на Камчев.

По тоа следуваше интервјуто на Камчев во кое за Заев вели дека е најдобриот премиер.

The post Камчев му велел на Боки 13 дека ќе среди сè преку „бугарските пријатели на Заев“ Борисов и негов советник appeared first on Република.

]]>

Го негирам делото за кое се товарам и убеден сум дека ќе дојде момент кога ќе се утврди состојбата, истакна во својот исказ Бојан Јовановски.
Пресудата на Рекет беше донесена по исказот на Камчев, која е невистинит и лажен. Ние сме осудени а кримималците слободно шетаат на улица. Точно е дека се знаеме повеќе од 20 години, но и кога бев дете, важеше за лице со криминални активности. Неколку пати беше во бегство, па како ќе се договораше со политичарите и така се враќаше, започна Боки.
Тој објасни дека Кичеец го викнал да се сретнат со Камчев во ресторанот „Сушико“ на барање на бизнисменот.
На Кичеец му реков дека со таква гнида не сакам да се среќавам. Улогата на Кичеец е повеќе од јасна и тој беше оперативецот на Камчев. Се сретнавме во „Сушико“ и разговаравме за рекламирање во телефизијата. Ме испитуваше перфидно дали има некакви истраги против него. Тогаш ми кажа дека преку бугарски пријатели на Заев, се мисли на Борисов и негов советник, дека ќе ги среди сите работи бидејќи знае како треба оти е бизнисмен, откри детали Бојан од средбите со Заев. Шефе, ја со Зоки завршив работа - ги цитира Бојан зборовите на Камчев.
По тоа следуваше интервјуто на Камчев во кое за Заев вели дека е најдобриот премиер.

The post Камчев му велел на Боки 13 дека ќе среди сè преку „бугарските пријатели на Заев“ Борисов и негов советник appeared first on Република.

]]>
Камчев: Кога се сретнав со Јанева, јадеше мекици и сирење и не ми даде да пробам https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kamchev-koga-se-sretnav-so-janeva-jadeshe-mekici-i-sirenje-i-ne-mi-dade-da-probam/ Fri, 15 Apr 2022 11:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=488938

Тужителот Орце Камчев опиша една од средбите со тогашната специјална обвинителка Катица Јанева. Тој објасни дека на сите средби во СЈО бил носен од притвор во затворот Шутка.

Камчев откри дека никогаш не добивал покани за да даде исказ.

Тој откри и како изгледала една од средбите со Јанева.

Кога влегов кај неа таа јадеше мекици и сирење и не ми даде да пробам. Но тогаш не ми беа побарани пари. Тоа се случи додека бев во домашен притвор, објасни бизнисменот.

The post Камчев: Кога се сретнав со Јанева, јадеше мекици и сирење и не ми даде да пробам appeared first on Република.

]]>

Тужителот Орце Камчев опиша една од средбите со тогашната специјална обвинителка Катица Јанева. Тој објасни дека на сите средби во СЈО бил носен од притвор во затворот Шутка. Камчев откри дека никогаш не добивал покани за да даде исказ. Тој откри и како изгледала една од средбите со Јанева.
Кога влегов кај неа таа јадеше мекици и сирење и не ми даде да пробам. Но тогаш не ми беа побарани пари. Тоа се случи додека бев во домашен притвор, објасни бизнисменот.

The post Камчев: Кога се сретнав со Јанева, јадеше мекици и сирење и не ми даде да пробам appeared first on Република.

]]>
Камчев потврди дека лично се познава со Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kamchev-potvrdi-deka-lichno-se-poznava-so-zaev/ Fri, 15 Apr 2022 11:23:58 +0000 https://republika.mk/?p=488923

Боки 13 на денешното рочиште го праша Камчев дали се познава со Заев, на што тој потврди дека се знаат.

Сум имал средба со Заев за рекетот што го вршеше Бојан Јовановски. Му се пожалив дека сум принуден да се рекламирам во 1ТВ. За „Империја“ не сме разговарале бидејќи Заев не е обвинител, потврди Камчев.

Беше прашан и кој бил присутен на средбата меѓу Камчев и Заев, а тој одговори дека немало друго лице пристутно.

Прво бев кај Заев, па кај Русковска, објасни Камчев.

Јовановски го праша и кој друг доаѓал кај нег, односно политичари на кои исто така можел да го пријави случајот.

Јас немав забрана за посета на други лица, но ниту еден политичар не го посети мојот дом туку фамијата, блиски пријатели и Бојан Јовановски, објасни Камчев.

The post Камчев потврди дека лично се познава со Заев appeared first on Република.

Јанева му дофрли на Камчев: Халуцинира човекот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/janeva-mu-dofrli-na-kamchev-halucinira-chovekot/ Fri, 15 Apr 2022 09:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=488847

Бизнименсот Орце Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, третоосуден во случајот „Рекет“, беше речено на денешното рочиште во Граѓанскиот суд во процес со кој Камчев бара отштета од 1 ипол милион евра од Бојан Јовановски-Боки 13, од Катица Јанева, како и од Обвинителството за организиран криминал, СЈО и Републичкото обвинителство. 

Адвокатот на Камчев, Александар Михајловски, зборуваше како настанал целиот случај, а потоа и Камчев даде исказ пред судот. 

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kamchev-vo-famoznata-luj-viton-chanta-imashe-eden-milion-evra/

За цело време додека Камчев даваше исказ, обвинитетите Јовановски и Јанева дофрлаа и коментираа. Тие дури беа и опоменати до адвокатот на Камчев.

Во еден момент поранешната специјална обвинителка Катица Јанева му дофрли на Камчев дека халуцинира.

Халуцинира човекот. Поарно да чита, бидејќи вака многу халуцинира, дофрли Јанева.

Камчев ги тргна документите кои беа пред него и продолжи да зборува без да чита.

The post Јанева му дофрли на Камчев: Халуцинира човекот appeared first on Република.

]]>

Бизнименсот Орце Камчев ја повлече тужбата против Зоран Милески-Кичеец, третоосуден во случајот „Рекет“, беше речено на денешното рочиште во Граѓанскиот суд во процес со кој Камчев бара отштета од 1 ипол милион евра од Бојан Јовановски-Боки 13, од Катица Јанева, како и од Обвинителството за организиран криминал, СЈО и Републичкото обвинителство. 

Адвокатот на Камчев, Александар Михајловски, зборуваше како настанал целиот случај, а потоа и Камчев даде исказ пред судот.  https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kamchev-vo-famoznata-luj-viton-chanta-imashe-eden-milion-evra/ За цело време додека Камчев даваше исказ, обвинитетите Јовановски и Јанева дофрлаа и коментираа. Тие дури беа и опоменати до адвокатот на Камчев. Во еден момент поранешната специјална обвинителка Катица Јанева му дофрли на Камчев дека халуцинира.
Халуцинира човекот. Поарно да чита, бидејќи вака многу халуцинира, дофрли Јанева.
Камчев ги тргна документите кои беа пред него и продолжи да зборува без да чита.

The post Јанева му дофрли на Камчев: Халуцинира човекот appeared first on Република.

]]>
Камчев: Во фамозната Луј Витон чанта имаше еден милион евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kamchev-vo-famoznata-luj-viton-chanta-imashe-eden-milion-evra/ Fri, 15 Apr 2022 08:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=488806

Повод за тужбата е штетата што ми е нанесена од Јовановски и Јанева во случајот Рекет. Средствата кои ги барам како оштета се мои сопствени кои беа предавани преку други лица а се префрлани преку мојата транскакциска сметка, го започна својот исказ бизнисменот Јордан Камчев.

Тој објасни дека во летото 2018 година Јовановски му пристапил преку заеднички пријател и му понудил соработка со цел да му изнудат пари за фешн бизнис центри и за кој нудел продажба на интелектуално право.

Таму би имало дуќани и ресторани. Како да во светот тоа го нема, па тој ќе ги заштитува. На тоа беше потпишан Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира Јанева. Спомна и дека Лазар корисри возило од неговата компанија и дека соработуваат. Бојан ми понуди две локации и ми кажа за блискоста со Богоев. Едниот беше објектот Хубо поради близината на Јанева со сопстениците на објектот. Втората локација беше објектот Механика во Карпош 4. Беше јасно дека манипулира бидејќи знаев дека сопствениците на тие објекти не дале согласност. Откако ова го одбив, тој беше упорен и ми понуди инвестиција во старски домови. Убеден сум дека луѓе од тогашната власт не беа запознати со неговите конструкции. Во бизнис планот се докажа дека таа негова европска организација е измисена за да да биде вентил за изнудување пари. За овој проект ми побараа 4 милиони евра. Боки беше незадоволен, но беше многу моќен во тоа време имаше контакти со политичарите. Втората средба беше за релаксирање на односите и ми кажа дека знае што се случува во мојата предистражна постапка, ми покажуваше слики со Јанева. Ми понуди претпроект за нова соработка, односно рекламен простор во 1ТВ. Знаејќи колкави се ценовниците во најголемите телевизии, тој понуди десет пати поголема сума од Сител ТВ. Ми објасни дека тоа е за цел проект и за ПР и соработка со Јанева и СЈО - објасни Камчев.

Тој вели дека со Бојан се знаат 20 години и затоа прифатил да се видат првиот пат за за му каже што знае за неговиот случај што го водеше СЈО.

Сите наши средби беа иницирани од Бојан. Откако не прифатив да се испатат големите пари за измислените проекти, тој премина на втор дел од играта. Се случи предистрага за предметот Империја. По извесен период во притвор организираат средба со Ана Камчева, на која Бојан ѝ бара 500.000 евра за да излезам од притвор. Ана во истражниот затвор тоа ми го кажа и јас ѝ реков дека нема гаранција за тоа. Потоа Бојан органиира средба во Орман, на која доаѓа и Катица и на Ана ѝ ветува дека тоа што е договорано со Бојан, ќе се заврши. Поголема изнуда од тоа нема. Требаше притворот да биде заменет со куќен притвор. Парите се испалатени три дена по средбата. Од мојата трансакциска сметка на двапати 350.000 евра и 150.000 во канцеларијата на 1ТВ во присуство на заедничкиот пријател - раскажа Камчев.

Откако излегол од притвор, Боки со заедничкиот пријател отишле кај Камчев дома да го посетат. Како што рече Камчев, Боки речиси секоја вечер доаѓал кај нив на гости.

Тогаш ми напомена дека дека ако сум бил кооперативен, немало да дојде до притвор. Се слушаше пред мене со Катица, ми ја даваше и мене да ја слушнам. Демонтрираше голема моќ - објасни Камчев.

На еден од разговорите со Боки и Катица му спомнале колку пари требало да даде за да нема обвинение и се споменала сума од 8 милиони евра.

Боки на лист напиша колку пари секој месец да му испаќам, но се да се испллати до јуни 2019. Првиот милион му беше испатен во таа фамозна Луј Витон чанта - откри Камчев.

The post Камчев: Во фамозната Луј Витон чанта имаше еден милион евра appeared first on Република.

]]>

Повод за тужбата е штетата што ми е нанесена од Јовановски и Јанева во случајот Рекет. Средствата кои ги барам како оштета се мои сопствени кои беа предавани преку други лица а се префрлани преку мојата транскакциска сметка, го започна својот исказ бизнисменот Јордан Камчев. Тој објасни дека во летото 2018 година Јовановски му пристапил преку заеднички пријател и му понудил соработка со цел да му изнудат пари за фешн бизнис центри и за кој нудел продажба на интелектуално право.
Таму би имало дуќани и ресторани. Како да во светот тоа го нема, па тој ќе ги заштитува. На тоа беше потпишан Лазар Јанев. Со тоа Бојан сакаше да ми покаже дека ја контролира Јанева. Спомна и дека Лазар корисри возило од неговата компанија и дека соработуваат. Бојан ми понуди две локации и ми кажа за блискоста со Богоев. Едниот беше објектот Хубо поради близината на Јанева со сопстениците на објектот. Втората локација беше објектот Механика во Карпош 4. Беше јасно дека манипулира бидејќи знаев дека сопствениците на тие објекти не дале согласност. Откако ова го одбив, тој беше упорен и ми понуди инвестиција во старски домови. Убеден сум дека луѓе од тогашната власт не беа запознати со неговите конструкции. Во бизнис планот се докажа дека таа негова европска организација е измисена за да да биде вентил за изнудување пари. За овој проект ми побараа 4 милиони евра. Боки беше незадоволен, но беше многу моќен во тоа време имаше контакти со политичарите. Втората средба беше за релаксирање на односите и ми кажа дека знае што се случува во мојата предистражна постапка, ми покажуваше слики со Јанева. Ми понуди претпроект за нова соработка, односно рекламен простор во 1ТВ. Знаејќи колкави се ценовниците во најголемите телевизии, тој понуди десет пати поголема сума од Сител ТВ. Ми објасни дека тоа е за цел проект и за ПР и соработка со Јанева и СЈО - објасни Камчев.
Тој вели дека со Бојан се знаат 20 години и затоа прифатил да се видат првиот пат за за му каже што знае за неговиот случај што го водеше СЈО.
Сите наши средби беа иницирани од Бојан. Откако не прифатив да се испатат големите пари за измислените проекти, тој премина на втор дел од играта. Се случи предистрага за предметот Империја. По извесен период во притвор организираат средба со Ана Камчева, на која Бојан ѝ бара 500.000 евра за да излезам од притвор. Ана во истражниот затвор тоа ми го кажа и јас ѝ реков дека нема гаранција за тоа. Потоа Бојан органиира средба во Орман, на која доаѓа и Катица и на Ана ѝ ветува дека тоа што е договорано со Бојан, ќе се заврши. Поголема изнуда од тоа нема. Требаше притворот да биде заменет со куќен притвор. Парите се испалатени три дена по средбата. Од мојата трансакциска сметка на двапати 350.000 евра и 150.000 во канцеларијата на 1ТВ во присуство на заедничкиот пријател - раскажа Камчев.
Откако излегол од притвор, Боки со заедничкиот пријател отишле кај Камчев дома да го посетат. Како што рече Камчев, Боки речиси секоја вечер доаѓал кај нив на гости.
Тогаш ми напомена дека дека ако сум бил кооперативен, немало да дојде до притвор. Се слушаше пред мене со Катица, ми ја даваше и мене да ја слушнам. Демонтрираше голема моќ - објасни Камчев.
На еден од разговорите со Боки и Катица му спомнале колку пари требало да даде за да нема обвинение и се споменала сума од 8 милиони евра. Боки на лист напиша колку пари секој месец да му испаќам, но се да се испллати до јуни 2019. Првиот милион му беше испатен во таа фамозна Луј Витон чанта - откри Камчев.

The post Камчев: Во фамозната Луј Витон чанта имаше еден милион евра appeared first on Република.

]]>
Синот Лазар Јанев е бранител на мајката Катица во случајот со Камчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sinot-lazar-janev-e-branitel-na-majkata-katica-vo-sluchajot-so-kamchev/ Fri, 15 Apr 2022 07:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=488740

Тужителот се обидува да повтори иста лага за да стане виситина, вели Лазар Јанев, адвокат и син на Катица Јанева. Тој е нејзин застапник во случајот во кој бизнисменот Камчев ги тужи неговата мајка и Бојан Јовановски им бара да му исплатат еден и половина милиони евра

Тој сака вниманието да се сврти во погрешна насока, вели Јанев.

Одбраната на поранешната специјална обвинителка бара судот да ја одбие тужбата бидејќи, според него, нема никаква основа.

The post Синот Лазар Јанев е бранител на мајката Катица во случајот со Камчев appeared first on Република.

Како што најави Боки 13, Камчев ја повлече тужбата за Кичеец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kako-shto-najavi-boki-13-kamchev-ja-povleche-tuzbata-za-kicheec/ Fri, 15 Apr 2022 07:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=488724

Како што најави Бојан Јовановски на Инстаграм, Орце Камчев ја повлече тужбата за Зоран Милевски Кичеец. Ова беше објавено на денешното рочиште во кој бизнисменот ги тужи Бојан Јовановски и Катица Јанева и им бара 1.5 милиони евра. Тој смета дека толку го оштетиле во случајот Рекет.

Покрај нив, тужени се и поранешното СЈО и Обвинителството за организиран криминал.

„Тужената Јанева од т.н. СЈО на 13.10 2018 година одржа прес 16 месеци отакако помина законскиот рок објавува истраги за случаите Империја, Поштенска банка и Базни станици. Сите предмети немале никаква допирна точка со предметот на работа на СЈО туку предмет биле незаконските прислушувани материјали за кое било формирано СЈО. Во сите предмети осомничени биле познати стопанственици. Веднаш потоа на сцена стапил Јовановски, кој бил во блиски релации со Јанева и проистапил кон овие стопанственици со барање за соработка, да платат реклами во 1ТВ. Очигледна била спрегата меѓу нив да се отворат предмети за бидат извлекувани средства. Од Камчев се барал да плати реклами, да финансира шопинг молови и старечки домови.Кога тоа го одбил на сцена стапува Јанева со предлог притвор“, вели адвокатот Александар Михајловски.

The post Како што најави Боки 13, Камчев ја повлече тужбата за Кичеец appeared first on Република.

]]>

Како што најави Бојан Јовановски на Инстаграм, Орце Камчев ја повлече тужбата за Зоран Милевски Кичеец. Ова беше објавено на денешното рочиште во кој бизнисменот ги тужи Бојан Јовановски и Катица Јанева и им бара 1.5 милиони евра. Тој смета дека толку го оштетиле во случајот Рекет. Покрај нив, тужени се и поранешното СЈО и Обвинителството за организиран криминал.
„Тужената Јанева од т.н. СЈО на 13.10 2018 година одржа прес 16 месеци отакако помина законскиот рок објавува истраги за случаите Империја, Поштенска банка и Базни станици. Сите предмети немале никаква допирна точка со предметот на работа на СЈО туку предмет биле незаконските прислушувани материјали за кое било формирано СЈО. Во сите предмети осомничени биле познати стопанственици. Веднаш потоа на сцена стапил Јовановски, кој бил во блиски релации со Јанева и проистапил кон овие стопанственици со барање за соработка, да платат реклами во 1ТВ. Очигледна била спрегата меѓу нив да се отворат предмети за бидат извлекувани средства. Од Камчев се барал да плати реклами, да финансира шопинг молови и старечки домови.Кога тоа го одбил на сцена стапува Јанева со предлог притвор“, вели адвокатот Александар Михајловски.
 
The post Како што најави Боки 13, Камчев ја повлече тужбата за Кичеец appeared first on Република.

]]>
„Република“ дознава: Kaмчев од Боки и Катица бара еден и пол милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/republika-doznava-kamchev-od-boki-i-katica-bara-eden-i-pol-milioni-evra/ Thu, 14 Apr 2022 08:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=488242

Утре во Граѓанскиот суд ќе се видат старите познаници. Речиси истите актери од случајот „Рекет“ повторно влегуваат во судница. Бизнисменот Орце Камчев ги тужи Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Како што дознава „Република“ тој им бара дури 1.5 милиони евра бидејќи смета дека за толку го оштетиле. Нејасно е како Камчев дошол до таа сума а тоа ќе треба да го објасни на утрешниот распит на странки.

На списокот на „должници“ на Камчев се пријавени и Обвинителството за организиран криминал, СЈО и Републичкото Обвинителство.

Уште дознаваме дека првично Камчев барал оштета и од Зоран Милевски-Кичеец но за него се откажал од гонење.

Утрешното судење досега го искоментира единствено Бојан Јовановски кој рече дека конечно ќе се разјасни кој го монтирал случајот „Рекет“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kamchev-gi-tuzi-boki-i-katica-za-parite-koj-kje-dojde-vo-petok-na-sud/

The post „Република“ дознава: Kaмчев од Боки и Катица бара еден и пол милиони евра appeared first on Република.

]]>

Утре во Граѓанскиот суд ќе се видат старите познаници. Речиси истите актери од случајот „Рекет“ повторно влегуваат во судница. Бизнисменот Орце Камчев ги тужи Бојан Јовановски и Катица Јанева. Како што дознава „Република“ тој им бара дури 1.5 милиони евра бидејќи смета дека за толку го оштетиле. Нејасно е како Камчев дошол до таа сума а тоа ќе треба да го објасни на утрешниот распит на странки. На списокот на „должници“ на Камчев се пријавени и Обвинителството за организиран криминал, СЈО и Републичкото Обвинителство. Уште дознаваме дека првично Камчев барал оштета и од Зоран Милевски-Кичеец но за него се откажал од гонење. Утрешното судење досега го искоментира единствено Бојан Јовановски кој рече дека конечно ќе се разјасни кој го монтирал случајот „Рекет“. https://republika.mk/vesti/makedonija/kamchev-gi-tuzi-boki-i-katica-za-parite-koj-kje-dojde-vo-petok-na-sud/  

The post „Република“ дознава: Kaмчев од Боки и Катица бара еден и пол милиони евра appeared first on Република.

]]>