ораторска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oratorska-vecher/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Dec 2022 10:15:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ораторска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oratorska-vecher/ 32 32 Најдете ми Хрват за кого Далмација е италијанска, Србин за кого Косово е република, Албанец за кого „Косово е Србија: Само ние ровот сами си го копаме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najdete-mi-hrvat-za-kogo-dalmatsija-e-italijanska-srbin-za-kogo-kosovo-e-republika-albanets-za-kogo-kosovo-e-srbija-samo-nie-rovot-sami-si-go-kopame/ Sat, 31 Dec 2022 10:15:48 +0000 https://republika.mk/?p=592232

Студентот на Мастер студиите по уставно право, Данило Крстовски е победник на 25. Ораторска вечер „Иво Пухан“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Во продолжение го пренесуваме победничкиот говор во целост.

Невистина. Небрежност. Неспокој. Накусо резимиран односот кон македонштината либералниве децении. Bellum omnium contra omnes. Војна на секој против секого. Или поконкретно, војна на своите против своето.

 

Погледнете околу нас. Популистичкиот моментум е сличен. Висока корупција, непотистички династии, партизирана и поларизирана држава, наплив на илиберални тенденции. Но разликувањето меѓу тоа што е државно уредување, а што душа на нацијата останува непроменето.

 

Постои јасна диференцијација на крутиот естаблишмент со духовното обележје на народите. Поврзаноста на луѓето со своето битие и минато останува минирано поле за политикантска интрузија.

 

Ве предизвикувам да најдете Хрват за кого Далмација е италијанска. Најдете ми Србин за кого Косово е република. Албанец за кого „Косово е Србија“. Најдете Грк кој е согласен оти Егеј е неправда. Најдете Бугарин за кого Пирин е македонски. Но затоа, во нашето Скопје, центар на квазилибералниот Балкан, врзопот сами си го ткаеме, ровот сами си го копаме.

 

Велат дека национализмот и патриотизмот се клетвите на Балканот. Тогаш зошто сме само ние заморчињата и притоа сите да профитираат, освен нас? Лагата кажана илјадапати станува вистина. Ние вистината ниту десетпати не си ја повторуваме. Денеска чинам вистината станува налик како правдата, еден недопирлив, филозофски идеал. Но, била идеал или не, да ја негуваме, за да еден ден не чуеме дека Македонско девојче на Јонче Христовски е позајмена бугарска песна.

 

Младината е авангардата на развојот на општеството. За мојата генерација велат дека е наједуцираната до сега. Но тоа не е подвиг кога сме заробени од консумеризмот и псевдо-интелектуализмот. Кога сме оковани во вечната робија на негативната селекција. Кога сме заѕидани како по уште некоја тула во ѕидот. Затоа битката на мојата генерација е толку важна. Како никогаш до сега ги препознаваме синџирите кои ни ги наметнуваат, како туѓите, така и нашите.

 

Чувствуваме револт за дисфункционалниот правно-политички систем, елитизацијата на клептократите и владеењето на просекот. Се стремиме за квалитет во образованието, а не безусловен квантитет.

 

Нашата оставина не е конформизам, песимизам и летаргичност. Сиот век, освен слобода или смрт, друга апсолутна вистина не сме препознале. Целата страдалност, угнетеност, напатеност сме ја преточиле во непокор и неотстапка. Во крушевската смелост, асномската истрајност и дисидентската објективност. Во Сердарот на Прличев, Тешкото на Конески, Пирејот на Андреевски, Македонија на Поповски. Не заборавајќи ги зборовите на големиот Горан Стефановски – „не може баш се’ да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“!

 

Mакедонштино, коцката е фрлена! Да се ослободиме од канџите на невистината, небрежноста и неспокојот. Да се почитуваме себеси, за и другите да не почитуваат! Да си ги воочиме мааните, но и да ги искористиме доблестите! Криво да седиме, а право да судиме! И гордо да опстоиме на тезата: ние овчари сме, но просјаци не!“.

The post Најдете ми Хрват за кого Далмација е италијанска, Србин за кого Косово е република, Албанец за кого „Косово е Србија: Само ние ровот сами си го копаме! appeared first on Република.

]]>

Студентот на Мастер студиите по уставно право, Данило Крстовски е победник на 25. Ораторска вечер „Иво Пухан“ на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во продолжение го пренесуваме победничкиот говор во целост.
Невистина. Небрежност. Неспокој. Накусо резимиран односот кон македонштината либералниве децении. Bellum omnium contra omnes. Војна на секој против секого. Или поконкретно, војна на своите против своето.   Погледнете околу нас. Популистичкиот моментум е сличен. Висока корупција, непотистички династии, партизирана и поларизирана држава, наплив на илиберални тенденции. Но разликувањето меѓу тоа што е државно уредување, а што душа на нацијата останува непроменето.   Постои јасна диференцијација на крутиот естаблишмент со духовното обележје на народите. Поврзаноста на луѓето со своето битие и минато останува минирано поле за политикантска интрузија.   Ве предизвикувам да најдете Хрват за кого Далмација е италијанска. Најдете ми Србин за кого Косово е република. Албанец за кого „Косово е Србија“. Најдете Грк кој е согласен оти Егеј е неправда. Најдете Бугарин за кого Пирин е македонски. Но затоа, во нашето Скопје, центар на квазилибералниот Балкан, врзопот сами си го ткаеме, ровот сами си го копаме.   Велат дека национализмот и патриотизмот се клетвите на Балканот. Тогаш зошто сме само ние заморчињата и притоа сите да профитираат, освен нас? Лагата кажана илјадапати станува вистина. Ние вистината ниту десетпати не си ја повторуваме. Денеска чинам вистината станува налик како правдата, еден недопирлив, филозофски идеал. Но, била идеал или не, да ја негуваме, за да еден ден не чуеме дека Македонско девојче на Јонче Христовски е позајмена бугарска песна.   Младината е авангардата на развојот на општеството. За мојата генерација велат дека е наједуцираната до сега. Но тоа не е подвиг кога сме заробени од консумеризмот и псевдо-интелектуализмот. Кога сме оковани во вечната робија на негативната селекција. Кога сме заѕидани како по уште некоја тула во ѕидот. Затоа битката на мојата генерација е толку важна. Како никогаш до сега ги препознаваме синџирите кои ни ги наметнуваат, како туѓите, така и нашите.   Чувствуваме револт за дисфункционалниот правно-политички систем, елитизацијата на клептократите и владеењето на просекот. Се стремиме за квалитет во образованието, а не безусловен квантитет.   Нашата оставина не е конформизам, песимизам и летаргичност. Сиот век, освен слобода или смрт, друга апсолутна вистина не сме препознале. Целата страдалност, угнетеност, напатеност сме ја преточиле во непокор и неотстапка. Во крушевската смелост, асномската истрајност и дисидентската објективност. Во Сердарот на Прличев, Тешкото на Конески, Пирејот на Андреевски, Македонија на Поповски. Не заборавајќи ги зборовите на големиот Горан Стефановски – „не може баш се’ да е кај вас, а баш ништо да не е кај нас“!   Mакедонштино, коцката е фрлена! Да се ослободиме од канџите на невистината, небрежноста и неспокојот. Да се почитуваме себеси, за и другите да не почитуваат! Да си ги воочиме мааните, но и да ги искористиме доблестите! Криво да седиме, а право да судиме! И гордо да опстоиме на тезата: ние овчари сме, но просјаци не!“.

The post Најдете ми Хрват за кого Далмација е италијанска, Србин за кого Косово е република, Албанец за кого „Косово е Србија: Само ние ровот сами си го копаме! appeared first on Република.

]]>
Ораторството не е само вештина, туку и уметност https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/oratorstvoto-ne-e-samo-veshtina-tuku-i-umetnost/ Mon, 16 May 2022 08:04:27 +0000 https://republika.mk/?p=502762

На почетокот беше Збор…In principio erat Verbum... Збор, говор, беседа, реторика, беседништво, елоквенција, ораторство…. Многу поими кои се обидуваат да ја опишат една од најчудесните човечки особини, онаа по која човекот се разликува од сите други врсти. Божествена дарба е да можат луѓето меѓусебно да се разберат со зборови или како што денес модерно ќе кажеме…вербално да комуницираат.

Во чест на уметноста на зборувањето, јавната беседа и ораторството, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, во организација на Универзитетското студентско собрание, десетина млади оратори јавно зборуваа за општествените проблеми, а професорите ги повикаа да не бидат тивки, туку гласно да зборуваат за она што треба да се менува.

Проректорот за студентски работи Марјан Ѓуровски, го отвори настанот повикувајќи ги студентите да не бидат само неми набљудувачи на општествените случувања, туку јавно да зборуваат за проблемите.

Професорката Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола, која ја предводеше жири-комисијата, рече дека ораторството во последно време е подзаборавено, но има високообразовни институции кои го негуваат.

Ораторството не е само вештина, туку и уметност и за јавниот настап потребна е голема подготовка, храброст, но и желба и волја да се направи тоа. Во последно време сведоци сме дека младите луѓе се летаргични и незаинтересирани, тоа го вклучува, за жал, и ораторството и го става во една позиција на подзаборавеност, апстрахирање и маргинализирање.

Софистите биле првите кои ги поставиле правилата на говорништвото и реториката, а денес на бројни универзитети ширум светот ораторските настани се начин да се презентира најдоброто меѓу ораторите. Битолскиот универзитет ова го прави по 5 пат со својот настан УКЛО ТРИВИУМ.

Локацијата беше осмислено избрана, свечената сала на Офицерски дом. Имаше и гламур и сведена тишина која свечено одекнуваше во просторот. Имаше и трема и воздишки, што е сосем нормално пред јавен настап. Имаше и громогласни аплаузи. Се слушаа напишани есеи на теми кои ги допираат студентите, а се вреднуваат начинот на кој тие тоа го комуницираа со публиката.

Честитки до сите учесници, а ова се победниците:
Антонио Чоневски - Педагошки факултет
Јасна Талевска - Педагошки факултет
Стефани Мирческа - Висока медицинска школа

The post Ораторството не е само вештина, туку и уметност appeared first on Република.

]]>

На почетокот беше Збор…In principio erat Verbum... Збор, говор, беседа, реторика, беседништво, елоквенција, ораторство…. Многу поими кои се обидуваат да ја опишат една од најчудесните човечки особини, онаа по која човекот се разликува од сите други врсти. Божествена дарба е да можат луѓето меѓусебно да се разберат со зборови или како што денес модерно ќе кажеме…вербално да комуницираат. Во чест на уметноста на зборувањето, јавната беседа и ораторството, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, во организација на Универзитетското студентско собрание, десетина млади оратори јавно зборуваа за општествените проблеми, а професорите ги повикаа да не бидат тивки, туку гласно да зборуваат за она што треба да се менува. Проректорот за студентски работи Марјан Ѓуровски, го отвори настанот повикувајќи ги студентите да не бидат само неми набљудувачи на општествените случувања, туку јавно да зборуваат за проблемите. Професорката Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола, која ја предводеше жири-комисијата, рече дека ораторството во последно време е подзаборавено, но има високообразовни институции кои го негуваат. Ораторството не е само вештина, туку и уметност и за јавниот настап потребна е голема подготовка, храброст, но и желба и волја да се направи тоа. Во последно време сведоци сме дека младите луѓе се летаргични и незаинтересирани, тоа го вклучува, за жал, и ораторството и го става во една позиција на подзаборавеност, апстрахирање и маргинализирање. Софистите биле првите кои ги поставиле правилата на говорништвото и реториката, а денес на бројни универзитети ширум светот ораторските настани се начин да се презентира најдоброто меѓу ораторите. Битолскиот универзитет ова го прави по 5 пат со својот настан УКЛО ТРИВИУМ. Локацијата беше осмислено избрана, свечената сала на Офицерски дом. Имаше и гламур и сведена тишина која свечено одекнуваше во просторот. Имаше и трема и воздишки, што е сосем нормално пред јавен настап. Имаше и громогласни аплаузи. Се слушаа напишани есеи на теми кои ги допираат студентите, а се вреднуваат начинот на кој тие тоа го комуницираа со публиката. Честитки до сите учесници, а ова се победниците: Антонио Чоневски - Педагошки факултет Јасна Талевска - Педагошки факултет Стефани Мирческа - Висока медицинска школа

The post Ораторството не е само вештина, туку и уметност appeared first on Република.

]]>
Студент ни плеска се во лице – ова е говорот на Јован за кој зборува цела Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/student-ni-pleska-se-vo-lice-ova-e-govorot-na-jovan-za-koj-zboruva-cela-makedonija/ Sun, 01 May 2022 21:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=496173

Говорот на Јован Јанев, студент во втора година на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип ги одбележа десеттите по ред Ораторски вечери. Изведбата и текстот не оставаат никого рамнодушен:

https://youtu.be/G0UMu4cifAY

 

The post Студент ни плеска се во лице – ова е говорот на Јован за кој зборува цела Македонија appeared first on Република.

]]>

Говорот на Јован Јанев, студент во втора година на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип ги одбележа десеттите по ред Ораторски вечери. Изведбата и текстот не оставаат никого рамнодушен: https://youtu.be/G0UMu4cifAY  

The post Студент ни плеска се во лице – ова е говорот на Јован за кој зборува цела Македонија appeared first on Република.

]]>