Опсидијан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opsidijan/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 11:42:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Опсидијан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opsidijan/ 32 32 Отворање на самостојна изложба „Опсидијан” на Бурџу Мусли во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorane-na-samostojna-izlozhba-opsidijan-na-burdhu-musli-vo-mkts/ Thu, 16 Feb 2023 11:42:31 +0000 https://republika.mk/?p=609725

Утревечер во Галеријата 2 при Младинскиот културен центар во 20.00 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметничката Бурџу Мусли со наслов „Опсидијан”.

Бурџу Мусли е родена на 27.8.1997 во Скопје, дипломирана сликарка на Факултетот за ликовна уметност. Покрај сликањето, се занимава со дигитална уметност, фоторафија и создава арт-колажи. Има учествувано на голем број групни изложби со нејзините слики и дигитални дела со досега реализираи три самостојни изложби – Purgatory (2020 година во МКЦ Скопје), „Млади за Скопје” (2021 година во Старата чаршија во Скопје) и третата во „КСП Центар-Јадро” во 2022 година.

Уметноста на Бурџу е забавна, шарена, со доза на меланхолија и мистериозност.

Бурџу на оваа изложба ќе изложи фотографии и дигитални колажи. Уметничката, оваа изложба ја доживува како скапоцениот камен – опсидијан, кој е со сета моќ на космосот и кој го подарува на сите жени што се “заробени” и имаат потреба од силата на овој камен. Опсидијан е камен со вулканско потекло тесно поврзан со енергијата на правдата. Каменот го нарекуваат “спасител”. Ги штити своите сопственици од темни магични влијанија, лоша љубов, како и од грешни мисли и дела. Опсидијан го раствора гневот и носи голема витална сила. Овозможува да се регулираат механизмите на расудување кон другите, како и кон себе. Тоа овозможува да се пробуди темниот дел од битието, но исто така и светлиот дел. Рамнотежа помеѓу двата дела, без да се суди едниот во однос на другиот.

The post Отворање на самостојна изложба „Опсидијан” на Бурџу Мусли во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Утревечер во Галеријата 2 при Младинскиот културен центар во 20.00 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметничката Бурџу Мусли со наслов „Опсидијан”. Бурџу Мусли е родена на 27.8.1997 во Скопје, дипломирана сликарка на Факултетот за ликовна уметност. Покрај сликањето, се занимава со дигитална уметност, фоторафија и создава арт-колажи. Има учествувано на голем број групни изложби со нејзините слики и дигитални дела со досега реализираи три самостојни изложби – Purgatory (2020 година во МКЦ Скопје), „Млади за Скопје” (2021 година во Старата чаршија во Скопје) и третата во „КСП Центар-Јадро” во 2022 година. Уметноста на Бурџу е забавна, шарена, со доза на меланхолија и мистериозност. Бурџу на оваа изложба ќе изложи фотографии и дигитални колажи. Уметничката, оваа изложба ја доживува како скапоцениот камен – опсидијан, кој е со сета моќ на космосот и кој го подарува на сите жени што се “заробени” и имаат потреба од силата на овој камен. Опсидијан е камен со вулканско потекло тесно поврзан со енергијата на правдата. Каменот го нарекуваат “спасител”. Ги штити своите сопственици од темни магични влијанија, лоша љубов, како и од грешни мисли и дела. Опсидијан го раствора гневот и носи голема витална сила. Овозможува да се регулираат механизмите на расудување кон другите, како и кон себе. Тоа овозможува да се пробуди темниот дел од битието, но исто така и светлиот дел. Рамнотежа помеѓу двата дела, без да се суди едниот во однос на другиот.

The post Отворање на самостојна изложба „Опсидијан” на Бурџу Мусли во МКЦ appeared first on Република.

]]>