општинска зграда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtinska-zgrada/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Sep 2023 19:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општинска зграда Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtinska-zgrada/ 32 32 Мицкоски: Денес квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров е на европско ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-denes-kvalitetot-na-rabotata-vo-opshtina-gorche-petrov-e-na-evropsko-nivo/ Wed, 20 Sep 2023 19:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=683583

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на општинаската администрација на Ѓорче Петров. Во таа пригода, Мицкоски истакна новата општинска зграда ќе им овозможи на граѓаните многу подобри услови да ги завршат своите обврски и потреби поврзани со локалната самоуправа.

Условите коишто се внатре се навистина европски и јас очекувам дека на тој начин многу ќе се подобри квалитетот на работата. Иако и до сега квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров под водство на Александар Стојкоски беше навистина на едно супер европско ниво, сега можеме да кажеме дека имаме и чекор понапред во делот на комфорот итн.

 

Нормално е дека човек е секогаш среќен и задоволен кога може да биде дел од еден ваков проект. Многу често сме во општина Ѓорче Петров, отпочнуваме или пак завршуваме проекти кои што се додадена вредност за самата општина, истакна Мицкоски.

Тој истакна дека во изминатиот период, општината се соочила со тешки услови за работа и огромен наследен долг, но дека градоначалникот Стојкоски, со тимска работа, успеал за овие нешто помалку од две години, во најголема мера да го врати тој долг, но и да обезбеди средства за дополнителни инвестиции.

The post Мицкоски: Денес квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров е на европско ниво appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот објект на општинаската администрација на Ѓорче Петров. Во таа пригода, Мицкоски истакна новата општинска зграда ќе им овозможи на граѓаните многу подобри услови да ги завршат своите обврски и потреби поврзани со локалната самоуправа.
Условите коишто се внатре се навистина европски и јас очекувам дека на тој начин многу ќе се подобри квалитетот на работата. Иако и до сега квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров под водство на Александар Стојкоски беше навистина на едно супер европско ниво, сега можеме да кажеме дека имаме и чекор понапред во делот на комфорот итн.   Нормално е дека човек е секогаш среќен и задоволен кога може да биде дел од еден ваков проект. Многу често сме во општина Ѓорче Петров, отпочнуваме или пак завршуваме проекти кои што се додадена вредност за самата општина, истакна Мицкоски.
Тој истакна дека во изминатиот период, општината се соочила со тешки услови за работа и огромен наследен долг, но дека градоначалникот Стојкоски, со тимска работа, успеал за овие нешто помалку од две години, во најголема мера да го врати тој долг, но и да обезбеди средства за дополнителни инвестиции.

The post Мицкоски: Денес квалитетот на работата во Општина Ѓорче Петров е на европско ниво appeared first on Република.

]]>
Стојкоски ја пушти во употреба новата и ефикасна општинска зграда на Ѓорче Петров https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stojkoski-ja-pushti-vo-upotreba-novata-i-efikasna-opshtinska-zgrada-na-gorche-petrov/ Wed, 20 Sep 2023 19:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=683576

На денот на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски, свечено ја отвори новата зграда на општинската администрација. Како што истакна Стојкоски, пуштањето во употреба на овој објект се поклопува со денот кога се одбележува 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров.

Денеска сме пресреќни затоа што можеме да го означиме и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во изминатите 10 години денес ја имаме можноста свечено да го отвориме, да присуствуваме на еден ваков настан со кој ќе го одбележиме почетокот на новиот дом во Ѓорче Петров.

 

Сакам да се заблагодарам на сите чинители кои имаа можност досега да бидат вклучени во реализацијата на овој капитален проект, кој и носи на општината 1200 метри квадратни административен простор, во кој конечно на едно место ќе работат сите служби наместо просторот кој го користевме досега на пет различни локации. Многу ќе им олесни на жителите во извршување на нивните потреби кои ги имаат од страна на општинските служби, а воедно и многукратно ја зголемуваме функционалноста и оперативноста на општинската администрација.

 

Би истакнал и нешто друго што е многу важно, се наоѓаме пред сериозни искушенија поминавме енергетска криза, овој објект е енергетски ефикасен и во изминатиов период ги реализиравме можеби за повеќе од 50% сите трошоци кои ги имавме во делот на електрична енергија, а секако ќе реализираме други трошоци кои се јавуваат како резултат на последното движење на локациите кои ги имаме.

 

Горд сум што бев вклучен во овој проект од самиот стар, најпрвин како претседател на Советот, и еве сега во функција на градоначалник да го означиме стартот на новата општинска зграда, изјави Стојкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=If8vn3STfSw

The post Стојкоски ја пушти во употреба новата и ефикасна општинска зграда на Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>

На денот на општина Ѓорче Петров, градоначалникот Александар Стојкоски, свечено ја отвори новата зграда на општинската администрација. Како што истакна Стојкоски, пуштањето во употреба на овој објект се поклопува со денот кога се одбележува 27 години постоење на општината како единица на локалната самоуправа и 107 години од формирање на населеното место Ѓорче Петров.
Денеска сме пресреќни затоа што можеме да го означиме и официјалниот почеток, односно влезот во новиот општински објект кој се реализираше во изминатите 10 години денес ја имаме можноста свечено да го отвориме, да присуствуваме на еден ваков настан со кој ќе го одбележиме почетокот на новиот дом во Ѓорче Петров.   Сакам да се заблагодарам на сите чинители кои имаа можност досега да бидат вклучени во реализацијата на овој капитален проект, кој и носи на општината 1200 метри квадратни административен простор, во кој конечно на едно место ќе работат сите служби наместо просторот кој го користевме досега на пет различни локации. Многу ќе им олесни на жителите во извршување на нивните потреби кои ги имаат од страна на општинските служби, а воедно и многукратно ја зголемуваме функционалноста и оперативноста на општинската администрација.   Би истакнал и нешто друго што е многу важно, се наоѓаме пред сериозни искушенија поминавме енергетска криза, овој објект е енергетски ефикасен и во изминатиов период ги реализиравме можеби за повеќе од 50% сите трошоци кои ги имавме во делот на електрична енергија, а секако ќе реализираме други трошоци кои се јавуваат како резултат на последното движење на локациите кои ги имаме.   Горд сум што бев вклучен во овој проект од самиот стар, најпрвин како претседател на Советот, и еве сега во функција на градоначалник да го означиме стартот на новата општинска зграда, изјави Стојкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=If8vn3STfSw

The post Стојкоски ја пушти во употреба новата и ефикасна општинска зграда на Ѓорче Петров appeared first on Република.

]]>