општина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jan 2024 10:02:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina/ 32 32 Градоначалник на општина во Србија им подарил мед за потенција на деца од карате клуб https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/gradonachalnik-na-opshtina-vo-srbija-im-podaril-med-za-potentsija-na-detsa-od-karate-klub/ Thu, 25 Jan 2024 10:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=736645

На прием што го одржал градоначалникот на Инѓија, Владимир Гак, меѓу подароците за децата од карате клубот „Сенсеи“ имало и мед за потенција - „Фрушкогорски скочко - радост во куќата“, пишува локалниот портал Ин медиа од Инѓија, пренесе Бета.

Гак му вети поддршка и помош на карате клубот, а заедно со ветувањата на децата им беа поделени и подароци во брендирани чанти на локалната самоуправа.

Ништо немаше да биде толку необично, тврдат родителите, доколку во содржината на кесата не го пронашле потентниот мед „Фрушкогорски скочко“, пишува порталот.

Се додава дека во локалната самоуправа не знаат чија била идејата на децата да им се дава мед за потенција, додека поранешните членови на кабинетот на претседателот на општината изјавиле дека содржината на подароците за гости е исклучиво на претседателскиот кабинет.

The post Градоначалник на општина во Србија им подарил мед за потенција на деца од карате клуб appeared first on Република.

]]>

На прием што го одржал градоначалникот на Инѓија, Владимир Гак, меѓу подароците за децата од карате клубот „Сенсеи“ имало и мед за потенција - „Фрушкогорски скочко - радост во куќата“, пишува локалниот портал Ин медиа од Инѓија, пренесе Бета. Гак му вети поддршка и помош на карате клубот, а заедно со ветувањата на децата им беа поделени и подароци во брендирани чанти на локалната самоуправа.
Ништо немаше да биде толку необично, тврдат родителите, доколку во содржината на кесата не го пронашле потентниот мед „Фрушкогорски скочко“, пишува порталот.
Се додава дека во локалната самоуправа не знаат чија била идејата на децата да им се дава мед за потенција, додека поранешните членови на кабинетот на претседателот на општината изјавиле дека содржината на подароците за гости е исклучиво на претседателскиот кабинет.

The post Градоначалник на општина во Србија им подарил мед за потенција на деца од карате клуб appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-trenchevska-da-gi-vrati-ingerenciite-za-gradinkite-na-opshtina-gevgelija-nejzinite-kadri-krijat-nasilstvo-vrz-bebinja/ Fri, 25 Nov 2022 09:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=578096

Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во Полиција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет.

И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог.

Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија, се наведува во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња appeared first on Република.

]]>

Јована Тренчевска им ги одзема ингеренциите за градинките на општините за да може да поставува директори од СДС, за кои постојат низа скандали и немили настани. Инцидентот со бруталното насилство врз 10 месечно бебе во Гевгелија е последен во низата, каде директорка назначена од Тренчевска крие насилство и не пријавува во Полиција, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е втор ваков случај на истата директорка, на која очигледно градинката и децата во неа не и се приоритет. И наместо да има одговорност и разрешување, Тренчевска формира комисија по примерот на комисиите на Филипче за сите КОВИД скандали, за Јилдиз, за старецот од Кратовско, кои не видоа епилог. Наместо да измислуваат тела и комисии кои ќе завршат без епилог и одговорност, Тренчевска да ја разреши директорката на детската градинка од Гевгелија и веднаш потоа да ги врати ингеренциите врз градинките на општина Гевгелија, се наведува во соопштението.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Тренчевска да ги врати ингеренциите за градинките на општина Гевгелија, нејзините кадри кријат насилство врз бебиња appeared first on Република.

]]>
Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник Илинден, со настап на оперскиот пејач Никола Стојчески, Ламбе Алабакоски и Ибуш Ибраимовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-ilinden-kje-go-odbelezi-patroniot-praznik-ilinden-so-nastap-na-operskiot-pejach-nikola-stojcheski-lambe-alabakoski-i-ibush-ibraimovski/ Thu, 28 Jul 2022 07:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=534072

Во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, денеска на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден, Илинден 2. август и националниот празник на македонскиот народ.

Манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на Општината ќе ја отвори оперскиот пејач Никола Стојчески со интонирање на државната химна, а подоцна ќе настапат добро познатите македонски музички изведувачи, Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски.

Во рамки на одбележувањето,  се одржа и традиционалната крводарителска акција.

The post Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник Илинден, со настап на оперскиот пејач Никола Стојчески, Ламбе Алабакоски и Ибуш Ибраимовски appeared first on Република.

]]>

Во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден, денеска на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден, Илинден 2. август и националниот празник на македонскиот народ. Манифестацијата по повод одбележувањето на Денот на Општината ќе ја отвори оперскиот пејач Никола Стојчески со интонирање на државната химна, а подоцна ќе настапат добро познатите македонски музички изведувачи, Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски. Во рамки на одбележувањето,  се одржа и традиционалната крводарителска акција.

The post Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник Илинден, со настап на оперскиот пејач Никола Стојчески, Ламбе Алабакоски и Ибуш Ибраимовски appeared first on Република.

]]>
Според Пописот: Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spored-popisot-najmala-opshtina-vo-zemjava-e-zrnovci-a-najgolema-kumanovo/ Wed, 30 Mar 2022 10:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=480818

Вкупното попишано население изнесува изнесува 2 097 319 лица. Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Според Симовски, вкупното резидентното население е 1 836 713 лица, а нерезидентното 260 606 лица.

Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, додека од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски.

Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632.

Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места.

Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1 674.

Пописот е спроведен успешно и професионално. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека може, знаее и умее, дека е една од најпрофесионалните институции во земјава, рече Симовски, додавајќи дека податоците се обработени во рекорден рок.

Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет што се објавува денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…

Пред денешното соопштување на податоците, доделени им беа благодарници на институциите кои придонесоа за успешно спроведување на оваа сложена статистичка операција.

The post Според Пописот: Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово appeared first on Република.

]]>

Вкупното попишано население изнесува изнесува 2 097 319 лица. Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски. Според Симовски, вкупното резидентното население е 1 836 713 лица, а нерезидентното 260 606 лица.
Од вкупното резидентно население 58,44 се Македонци, 24,3 Албанци, 3,86 Турци, 2,53 Роми, 0,47 Власи, 1,3 Срби и 0,87 Бошњаци, додека од неризедентното население опфатено со пописот 24,45 се Македонци, 66,36 Албанци, 4,79 Турци, 1,02 Роми, 0,19 Власи, 0,35 Срби и 0,81 Бошњаци, истакна Симовски.
Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632. Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места. Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1 674.
Пописот е спроведен успешно и професионално. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека може, знаее и умее, дека е една од најпрофесионалните институции во земјава, рече Симовски, додавајќи дека податоците се обработени во рекорден рок.
Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет што се објавува денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост… Пред денешното соопштување на податоците, доделени им беа благодарници на институциите кои придонесоа за успешно спроведување на оваа сложена статистичка операција.

The post Според Пописот: Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиевски обелодени: Од претходните градоначалници, само Филип Темелковски имал вкупно колку сите заедно- 64 редовни вработувања и 84 договори https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gjorgjievski-obelodeni-od-prethodnite-gradonachalnici-samo-filip-temelkovski-imal-vkupno-kolku-site-zaedno-64-redovni-vrabotuvanja-i-84-dogovori/ Mon, 14 Mar 2022 16:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=472811

Тензично беше денес на седницата на Совет во општина Кисела Вода. Паушалните обвинувања од страна на СДСМ за тимот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не завршија со посакуваниот ефект.

Имено, како реакција на тие прес- конференции од страна на СДСМ следуваше контра реакција на Ѓорѓиевски кој ги извади сите вработувања на претходните градоначалници, меѓу кои само Филип Темелковски имал вкупно колку сите заедно – 64 редовни вработувања и 84 договори.

Кога сме кај фактичката состојба, да одиме по ред. 2005 година Ѓорѓе Арсов, градоначалник – 36 вработувања. Марјан Ѓорчев 2009 година, градоначалник – 38 вработувања. Билјана Беличанец покојна, 2013 година – 23 вработувања и Филип Темелковски – 64 редовни вработувања. 64 редовни вработувања, тројца заедно градоначалници, Филип сам. И вие ќе зборувате за партизација? Едно редовно вработување имам јас, тоа е Мирко Иваноски секретарот на општината. Не е редовно вработување по оглас туку е со преземање од друга институција. Да не требаше јас да го оставам истиот секретар, вашиот? Немам право јас на свој тим? Или, да бидам прецизен во пари, за 4 години – 3.781.690 евра СДС потрошил народни пари за партиски вработувања. Или во превод, фекалната канализација во Припор, во Бабин Дол чини по проект 3 милиони евра, една фекална канализација завршила во џеб – рече Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски додаде дека другата болка на СДСМ е што покренале постапка за да ги вратат парите што ги земале луѓето кои не доаѓале на работа и токму од таму ја црпат сета таа нервоза и хистерија.

На списокот имаме брат на екс директорот на зоолошката градина, не се појавил на работа четири години ама важно паушал земал. Имаме и роднина на актуелниот директор на затворот во Шутка. Не се појавил четири, ама парички земал, а адвокатите земале дупло пари од ова. Шефот на кабинет на Филип Темелковски, Горан Петкоски – 90.000 денари месечно! И вие луѓе ќе ми зборувате за партизација? Ќе ми зборувате за партизација кога Гаши вработен имавме во општината? Кога Закир Бекири – Чауш беше вработен во општината? Не зборам на памет, еве списоци. И, доаѓаме до крајот, 7 унапредувања во време ваше, 0 во наше. Вработени редовен работен однос 64 и 84 договори на дело! Криминал, корупција и по тројца луѓе од штаб донесени овде само да се стават на список. И вие ќе излегувате прес-конференции и беседи ќе држите? Ви кажав и минатата седница, треба четири години да ќутите – додаде Ѓорѓиевски.

Тој кажа и дека го сфаќа нивниот страв и нервоза, знае и колку од нив биле вмешани во 99-те згради во Расадник. Кажа дека ова е обид за враќање на ударот за она што го блокираат сега а е поврзано со Стоп за урбаната мафија.

The post Ѓорѓиевски обелодени: Од претходните градоначалници, само Филип Темелковски имал вкупно колку сите заедно- 64 редовни вработувања и 84 договори appeared first on Република.

]]>

Тензично беше денес на седницата на Совет во општина Кисела Вода. Паушалните обвинувања од страна на СДСМ за тимот на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски не завршија со посакуваниот ефект. Имено, како реакција на тие прес- конференции од страна на СДСМ следуваше контра реакција на Ѓорѓиевски кој ги извади сите вработувања на претходните градоначалници, меѓу кои само Филип Темелковски имал вкупно колку сите заедно – 64 редовни вработувања и 84 договори.
Кога сме кај фактичката состојба, да одиме по ред. 2005 година Ѓорѓе Арсов, градоначалник – 36 вработувања. Марјан Ѓорчев 2009 година, градоначалник – 38 вработувања. Билјана Беличанец покојна, 2013 година – 23 вработувања и Филип Темелковски – 64 редовни вработувања. 64 редовни вработувања, тројца заедно градоначалници, Филип сам. И вие ќе зборувате за партизација? Едно редовно вработување имам јас, тоа е Мирко Иваноски секретарот на општината. Не е редовно вработување по оглас туку е со преземање од друга институција. Да не требаше јас да го оставам истиот секретар, вашиот? Немам право јас на свој тим? Или, да бидам прецизен во пари, за 4 години – 3.781.690 евра СДС потрошил народни пари за партиски вработувања. Или во превод, фекалната канализација во Припор, во Бабин Дол чини по проект 3 милиони евра, една фекална канализација завршила во џеб – рече Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски додаде дека другата болка на СДСМ е што покренале постапка за да ги вратат парите што ги земале луѓето кои не доаѓале на работа и токму од таму ја црпат сета таа нервоза и хистерија.
На списокот имаме брат на екс директорот на зоолошката градина, не се појавил на работа четири години ама важно паушал земал. Имаме и роднина на актуелниот директор на затворот во Шутка. Не се појавил четири, ама парички земал, а адвокатите земале дупло пари од ова. Шефот на кабинет на Филип Темелковски, Горан Петкоски – 90.000 денари месечно! И вие луѓе ќе ми зборувате за партизација? Ќе ми зборувате за партизација кога Гаши вработен имавме во општината? Кога Закир Бекири – Чауш беше вработен во општината? Не зборам на памет, еве списоци. И, доаѓаме до крајот, 7 унапредувања во време ваше, 0 во наше. Вработени редовен работен однос 64 и 84 договори на дело! Криминал, корупција и по тројца луѓе од штаб донесени овде само да се стават на список. И вие ќе излегувате прес-конференции и беседи ќе држите? Ви кажав и минатата седница, треба четири години да ќутите – додаде Ѓорѓиевски.
Тој кажа и дека го сфаќа нивниот страв и нервоза, знае и колку од нив биле вмешани во 99-те згради во Расадник. Кажа дека ова е обид за враќање на ударот за она што го блокираат сега а е поврзано со Стоп за урбаната мафија.

The post Ѓорѓиевски обелодени: Од претходните градоначалници, само Филип Темелковски имал вкупно колку сите заедно- 64 редовни вработувања и 84 договори appeared first on Република.

]]>
ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово, во услови кога општината е задолжена, кога нема вода и кога има низа комунални проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-skluchila-811-dogovori-na-delo-vo-tetovo-vo-uslovi-koga-opshtinata-e-zadolzena-koga-nema-voda-i-koga-ima-niza-komunalni-problemi/ Thu, 10 Feb 2022 08:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=456601

СДСМ и ДУИ се одлично уиграни кога се работи за злоупотреби и трошење на народни за партиски и лични интереси. Ако не е некоја злоупотреба со наместен тендер, тогаш тоа е оптеретување на општинскиот буџет со голем број договори на дело.

За тоа како функционираат општините под власта на ДУИ и СДСМ показател е последниот случај со општина Тетово. Општина Тетово во 2021 година под раководство на Теута Арифи од ДУИ/СДСМ, склучила дури 811 договори на дело. Веројатно олку голем број вака ангажирани лица нема ни во Берлин или Париз, ама затоа една од најзадолжените општини во Македонија ангажирала лица под договор на дело и покрај тоа што во општината има превработеност.

Општината Тетово наместо за проекти во интерес на граѓаните одвојувала месечно по 5000 до 25.000 денари по човек, за кои нема информација какви ангажмани имале. Во исто време кога во Тетово нема вода, кога не се собира сметот, кога нема асфалтирање на улици, изградби на градинки и училишта да се трошат милиони годишно за спорни договори на дело е крајно недомаќински и неодговорно.

Но тоа е матрицата на ДУИ и на СДСМ. Тие го гледаат буџетот како извор за задоволување на партиските интереси и лично богатење, на сметка на грбот на народот.

The post ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово, во услови кога општината е задолжена, кога нема вода и кога има низа комунални проблеми appeared first on Република.

]]>

СДСМ и ДУИ се одлично уиграни кога се работи за злоупотреби и трошење на народни за партиски и лични интереси. Ако не е некоја злоупотреба со наместен тендер, тогаш тоа е оптеретување на општинскиот буџет со голем број договори на дело. За тоа како функционираат општините под власта на ДУИ и СДСМ показател е последниот случај со општина Тетово. Општина Тетово во 2021 година под раководство на Теута Арифи од ДУИ/СДСМ, склучила дури 811 договори на дело. Веројатно олку голем број вака ангажирани лица нема ни во Берлин или Париз, ама затоа една од најзадолжените општини во Македонија ангажирала лица под договор на дело и покрај тоа што во општината има превработеност. Општината Тетово наместо за проекти во интерес на граѓаните одвојувала месечно по 5000 до 25.000 денари по човек, за кои нема информација какви ангажмани имале. Во исто време кога во Тетово нема вода, кога не се собира сметот, кога нема асфалтирање на улици, изградби на градинки и училишта да се трошат милиони годишно за спорни договори на дело е крајно недомаќински и неодговорно. Но тоа е матрицата на ДУИ и на СДСМ. Тие го гледаат буџетот како извор за задоволување на партиските интереси и лично богатење, на сметка на грбот на народот.

The post ДУИ склучила 811 договори на дело во Тетово, во услови кога општината е задолжена, кога нема вода и кога има низа комунални проблеми appeared first on Република.

]]>
Општина Струга ја продала зградата на Водовод и сега плаќа 3.000 евра кирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-struga-ja-prodala-zgradata-na-vodovod-i-sega-plakja-3-000-evra-kirija/ Thu, 10 Feb 2022 08:46:16 +0000 https://republika.mk/?p=456592

Антикорупциска ќе го проверува случајот со јавното претпријатие Водовод од Струга. Општинатата пред две години го продаде земјиштето и објектот во кој беше сместено ова комунално претпријатие и оттогаш струшки водовод за кирија месечно плаќа сума од над 3.000 евра. Според комисијата, и кириите и продажбата на парцелата, но и судбината на музејот кој се наоѓа во близина.

Директорот на водовод Дашмир Насуфи смета дека киријата и не е толку голема со оглед на бројот на вработени. На седницата на општината неодмана тој се бранеше дека ја наследил кријата од неговиот претходник и дека правел напори тоа да се смени. Но за градските советници остана тајна каде завршуваат парите од кириите, кој е сопственик на објектот каде освен Водовод е сместено и јавното претпријатие за паркинзи ЕКО Струга кое исто така плака висока закупнина.

Нејасна е и судбината на струшкиот природно научниот музеј кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Според некои информации најверојатно ќе биде дислоциран а на негово место изграден профитабилен проект.

The post Општина Струга ја продала зградата на Водовод и сега плаќа 3.000 евра кирија appeared first on Република.

]]>

Антикорупциска ќе го проверува случајот со јавното претпријатие Водовод од Струга. Општинатата пред две години го продаде земјиштето и објектот во кој беше сместено ова комунално претпријатие и оттогаш струшки водовод за кирија месечно плаќа сума од над 3.000 евра. Според комисијата, и кириите и продажбата на парцелата, но и судбината на музејот кој се наоѓа во близина. Директорот на водовод Дашмир Насуфи смета дека киријата и не е толку голема со оглед на бројот на вработени. На седницата на општината неодмана тој се бранеше дека ја наследил кријата од неговиот претходник и дека правел напори тоа да се смени. Но за градските советници остана тајна каде завршуваат парите од кириите, кој е сопственик на објектот каде освен Водовод е сместено и јавното претпријатие за паркинзи ЕКО Струга кое исто така плака висока закупнина. Нејасна е и судбината на струшкиот природно научниот музеј кој исто така се наоѓа на атрактивно земјиште. Според некои информации најверојатно ќе биде дислоциран а на негово место изграден профитабилен проект.

The post Општина Струга ја продала зградата на Водовод и сега плаќа 3.000 евра кирија appeared first on Република.

]]>
Донесени заклучоци за преземање на конкретни мерки од страна на општина Битола после вчерашниот земјотрес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/doneseni-zakluchoci-za-prezemanje-na-konkretni-merki-od-strana-na-opshtina-bitola-posle-vcherashniot-zemjotres/ Mon, 10 Jan 2022 15:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=442687

На денешниот состанок на општинскиот кризен штаб, беа разгледани двете состојби со кои во моментот се соочува Општина Битола, а беа донесени и конкретни мерки за понатамошно постапување во интерес на граѓаните.

Првата точка на работниот состанок се однесуваше на состојбата во општината после серијата земјотреси кои во текот на ноќта беа почувствувани во општината, додека втората точка се однесуваше на состојбата со КОВИД 19.

Градоначалникот Коњановски и Претседателката на Советот Илиевска, после состанокот информираа за донесените заклучоци и мерките кои ќе бидат преземени:

Уште во текот на вчерашниот ден, после 22.44, после земјотресот кој ја зафати Битола, кој не потсети на оние времиња од 1994 година, излегов на терен заедно со дел од кризниот штаб, како и дел од советниците од Советот на Општина Битола, да ги увидиме првичните состојби во градот. Затекнавме паника што е нормално во вакви ситуации, граѓаните беа излезени, посебно од колективните згради, висококатниците, но и сите други граѓани. Се обративме, првично во Службата за итна медицинска помош, како и единицата за противпожарна заштита. За среќа немаше повици за повредени и за материјални штети во првичните моменти. Не информираа за состојбата. Денес, итно беше свикана седница на кризниот штаб на која се разгледуваа две точки: состојбата во однос на синоќешниот земјотрес и втората точка во однос на КОВИД состојбата. Сакам да Ве информирам дека беа донесени неколку заклучоци: На денешната седница на Советот на Општина Битола, ќе предложиме точка на дневен ред: формирање на комисија за проценка на штетите во однос на синоќешниот земјотрес, составена од стручни служби од Општина Битола, потпомогнати од ИЗИС за што стапивме во контакт со директорот Владимир Шешов, кои ќе бидат наши помагачи и дел од комисијата доколку има поголеми штети на терен. Заклучено е итно формирање на комисијата која ќе излезе на терен. Испраќам и апел до граѓаните, сите штети кои ги имаат да ги пријават до општината, на контактите кои дополнително ќе бидат објавени.

Од здравствените институции бевме информирани дека немаше пријава на повредени во однос на синоќешниот земјотрес.

Во контакт бев и со директорките на двете градинки. Во една од градинките, Мајски цвет, односно нејзиниот клон кај Симпо, директорката ја ставила вон употреба, останува стручен тим да ја утврди штетата, во интерес на децата, што побрзо да може објектот да се стави во функција.

Во однос пак, на здравствената состојба, од страна на директорите на здравствените институции, бевме информирани за актуелната состојба, за ескалацијата на бројот на заболени. Имено, бројот од над 100 новозаболени неделно, после новогодишните празници, после сите дружења, како и во околината наша и на европско ниво, се зголеми над 600 неделно. Во однос на хоспитализираните бројот е стабилен, но има многу прегледи во КОВИД амбулантата. Би сакал да апелирам до граѓаните да ги почитуваат КОВИД мерките, да намалиме со дружењата во претстојните празнични денови. Тие што не се вакцинирани да побрзаат да се вакцинираат, зошто тоа е единствената превентивна мерка која не штити. Тоа го потврди и директорката на Клиничката болница, вакцинацијата штити од потешки форми на КОВИД 19 и хоспитализација“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, информираше за денешните дополнителни точки на дневниот ред:

На денешната седница на Советот ќе имаме неколку дополнителни точки: тоа е формирање на комисија за штети, настанати после земјотресот и уште една дополнителна точка, а тоа е донесување на заклучок, кој ќе го доставиме до Владата на Република Македонија и ќе бараме одржување на итна седница, на која ќе се разгледа состојбата во Битола и на која ќе побараме и самата Влада да излезе во пресрет на она што и се случи на Битола. Колкави се штетите не знаеме сеуште. Но, во Битола имаме големи институции: болници, градинки, суд, објекти кои се под заштита и сметам дека и таму ќе треба да се предвидат големи финансиски средства, бидејќи нивната реконструкција ќе чини повеќе, бидејќи дел од нив се стари градби. Затоа сметаме дека треба да побараме ваква седница, каде државата ќе излезе во пресрет за нашиот град, бидејќи сметаме дека Битола, мора во најкус можен рок да ги санира штетите кои и се случија минатата ноќ“, изјави Габриела Илиевска, Претседател на Советот на Општина Битола, после денешниот состанок на општинскиот кризен штаб.

The post Донесени заклучоци за преземање на конкретни мерки од страна на општина Битола после вчерашниот земјотрес appeared first on Република.

]]>

На денешниот состанок на општинскиот кризен штаб, беа разгледани двете состојби со кои во моментот се соочува Општина Битола, а беа донесени и конкретни мерки за понатамошно постапување во интерес на граѓаните. Првата точка на работниот состанок се однесуваше на состојбата во општината после серијата земјотреси кои во текот на ноќта беа почувствувани во општината, додека втората точка се однесуваше на состојбата со КОВИД 19. Градоначалникот Коњановски и Претседателката на Советот Илиевска, после состанокот информираа за донесените заклучоци и мерките кои ќе бидат преземени:
Уште во текот на вчерашниот ден, после 22.44, после земјотресот кој ја зафати Битола, кој не потсети на оние времиња од 1994 година, излегов на терен заедно со дел од кризниот штаб, како и дел од советниците од Советот на Општина Битола, да ги увидиме првичните состојби во градот. Затекнавме паника што е нормално во вакви ситуации, граѓаните беа излезени, посебно од колективните згради, висококатниците, но и сите други граѓани. Се обративме, првично во Службата за итна медицинска помош, како и единицата за противпожарна заштита. За среќа немаше повици за повредени и за материјални штети во првичните моменти. Не информираа за состојбата. Денес, итно беше свикана седница на кризниот штаб на која се разгледуваа две точки: состојбата во однос на синоќешниот земјотрес и втората точка во однос на КОВИД состојбата. Сакам да Ве информирам дека беа донесени неколку заклучоци: На денешната седница на Советот на Општина Битола, ќе предложиме точка на дневен ред: формирање на комисија за проценка на штетите во однос на синоќешниот земјотрес, составена од стручни служби од Општина Битола, потпомогнати од ИЗИС за што стапивме во контакт со директорот Владимир Шешов, кои ќе бидат наши помагачи и дел од комисијата доколку има поголеми штети на терен. Заклучено е итно формирање на комисијата која ќе излезе на терен. Испраќам и апел до граѓаните, сите штети кои ги имаат да ги пријават до општината, на контактите кои дополнително ќе бидат објавени. Од здравствените институции бевме информирани дека немаше пријава на повредени во однос на синоќешниот земјотрес. Во контакт бев и со директорките на двете градинки. Во една од градинките, Мајски цвет, односно нејзиниот клон кај Симпо, директорката ја ставила вон употреба, останува стручен тим да ја утврди штетата, во интерес на децата, што побрзо да може објектот да се стави во функција. Во однос пак, на здравствената состојба, од страна на директорите на здравствените институции, бевме информирани за актуелната состојба, за ескалацијата на бројот на заболени. Имено, бројот од над 100 новозаболени неделно, после новогодишните празници, после сите дружења, како и во околината наша и на европско ниво, се зголеми над 600 неделно. Во однос на хоспитализираните бројот е стабилен, но има многу прегледи во КОВИД амбулантата. Би сакал да апелирам до граѓаните да ги почитуваат КОВИД мерките, да намалиме со дружењата во претстојните празнични денови. Тие што не се вакцинирани да побрзаат да се вакцинираат, зошто тоа е единствената превентивна мерка која не штити. Тоа го потврди и директорката на Клиничката болница, вакцинацијата штити од потешки форми на КОВИД 19 и хоспитализација“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.