општина тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-tetovo/ За подобро да се разбереме Tue, 31 Oct 2023 15:55:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина тетово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-tetovo/ 32 32 Седниците на Советот на Општина Тетово и понатаму без техничка можност за користење на преводот на македонски јазик при пренесување во живо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednitsite-na-sovetot-na-opshtina-tetovo-i-ponatamu-bez-tehnichka-mozhnost-za-koristene-na-prevodot-na-makedonski-jazik-pri-prenesuvane-vo-zhivo/ Tue, 31 Oct 2023 16:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=696786

Новиот состав на Советот на Општина Тетово повеќе од една година по формирањето не најде начин при пренесување на седниците на интернет да го има и преводот на македонски јазик што функционира во салата кога се зборува на албански јазик.

На вонредни избори на 20 август 2022 се избраа новите советници, а од 7 септември 2022 се избра и актуелниот претседател Бесар Дурмиши. Со оглед дека превод на македонски немаше и во претходата година од редовните избори Дурмиши тогаш рече дека тоа ќе се направи со ребаланс на буџетот.

Година и два месеци подоцна и понатаму нема техничка можност за избор на превод на македонски и албански јазик. Така беше и на последната вчерашна седница.

-Треба само да видиме колку чини тоа, колку средства па да консултирам со секторот за финансии и со ПР службата и мислам дека ќе ја решиме и оваа проблематика, најави повторно претседателот на Советот, Бесар Дурмиши.

За разлика од Општина Тетово, следење на седниците на Советот на двата јазици има во Општина Брвеница.

Таму имаат два канали на социјалната мрежа Ју-тјуб каде се пренесуваат седниците и на македонски и на албански јазик.

The post Седниците на Советот на Општина Тетово и понатаму без техничка можност за користење на преводот на македонски јазик при пренесување во живо appeared first on Република.

]]>

Новиот состав на Советот на Општина Тетово повеќе од една година по формирањето не најде начин при пренесување на седниците на интернет да го има и преводот на македонски јазик што функционира во салата кога се зборува на албански јазик. На вонредни избори на 20 август 2022 се избраа новите советници, а од 7 септември 2022 се избра и актуелниот претседател Бесар Дурмиши. Со оглед дека превод на македонски немаше и во претходата година од редовните избори Дурмиши тогаш рече дека тоа ќе се направи со ребаланс на буџетот. Година и два месеци подоцна и понатаму нема техничка можност за избор на превод на македонски и албански јазик. Така беше и на последната вчерашна седница. -Треба само да видиме колку чини тоа, колку средства па да консултирам со секторот за финансии и со ПР службата и мислам дека ќе ја решиме и оваа проблематика, најави повторно претседателот на Советот, Бесар Дурмиши. За разлика од Општина Тетово, следење на седниците на Советот на двата јазици има во Општина Брвеница. Таму имаат два канали на социјалната мрежа Ју-тјуб каде се пренесуваат седниците и на македонски и на албански јазик.

The post Седниците на Советот на Општина Тетово и понатаму без техничка можност за користење на преводот на македонски јазик при пренесување во живо appeared first on Република.

]]>
Лажна Државна агенција за сајбер криминал затворала профили, помогнал вработен в Општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lazhna-drzhavna-agentsija-za-sajber-kriminal-zatvorala-profili-pomognal-vraboten-v-opshtinata/ Fri, 12 May 2023 10:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=640075

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во тетовско Селце Кеч, А.М.(22) од истото село и А.С.(36) од тетовско Милетино. Против правниот субјект поради основи на сомнение за сторени три кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „лажно претставување“, А.М. поради основи на сомнение дека ги сторил трите споменати кривични дела и А.С. поради сомнение дека сторил кривично дело „неосвесно работење во службата“.

А.С. се сомничи дека како вработен во општина Тетово во текот на 2021 година креирал е-маил адреса и му ја предал на А.М., кој е сопственик и управител на правниот субјект, без согласност и знаење на неговиот претпоставен во општина Тетово. Оваа службена е-адреса A.M. потоа ја користел за директен контакт со повеќе социјални мрежи, лажно претставувајќи се дека е началник на Отсек за превенција на сајбер криминал за подрачјето на Тетово и користејќи лажна легитимација со лажен број, eлектронската адреса ја користел за затворање профили и кориснички имиња, а правниот субјект, пак, лажно се претставувал како државна агенција за сабјер криминал.

The post Лажна Државна агенција за сајбер криминал затворала профили, помогнал вработен в Општината appeared first on Република.

]]>

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во тетовско Селце Кеч, А.М.(22) од истото село и А.С.(36) од тетовско Милетино. Против правниот субјект поради основи на сомнение за сторени три кривични дела „компјутерска измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „лажно претставување“, А.М. поради основи на сомнение дека ги сторил трите споменати кривични дела и А.С. поради сомнение дека сторил кривично дело „неосвесно работење во службата“. А.С. се сомничи дека како вработен во општина Тетово во текот на 2021 година креирал е-маил адреса и му ја предал на А.М., кој е сопственик и управител на правниот субјект, без согласност и знаење на неговиот претпоставен во општина Тетово. Оваа службена е-адреса A.M. потоа ја користел за директен контакт со повеќе социјални мрежи, лажно претставувајќи се дека е началник на Отсек за превенција на сајбер криминал за подрачјето на Тетово и користејќи лажна легитимација со лажен број, eлектронската адреса ја користел за затворање профили и кориснички имиња, а правниот субјект, пак, лажно се претставувал како државна агенција за сабјер криминал.

The post Лажна Државна агенција за сајбер криминал затворала профили, помогнал вработен в Општината appeared first on Република.

]]>
Општина Тетово ќе даде 32 илјади евра на маркетинг агенција за промоција на градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-tetovo-ke-dade-32-iljadi-evra-na-marketing-agentsija-za-promotsija-na-gradot/ Thu, 04 May 2023 13:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=636865

Тетовска маркетинг агенција распиша конкурс на кој повика заинтересирани за дијазнирање на лого-порепознатлив знак за градот Тетово. Повикот е споделен и од општински профили на социјалните мрежи.

Маркетинг агенцијата потенцира дека целта е да се прави ново заштитно лого (знак) на Тетово за промовирање на градот.

Логото ќе се користи во сите туристички инфо центри и промотивните материјали како маички, дуксери, капи, торби, магнети и оналајн, кои ќе им се нудат на туристи и посетителите. Наградата за дизајн на новото лого ќе биде 50 илјади денари, се вели во повикот.

За повеќе активности за брендирање и промоцијата на градот, општината треба да плати над 32 илјади евра. Договорот помеѓу Општина Тетово и маркетинг агенцијата за „Подготовка и изработка на промотивни материјали и брендирање на градот“ е објавен на електронскиот систем за јавни набавки.

Изведувачот услугите ќе ги изведе за вкупна вредност од 2.003.649 денари без ДДВ, се вели во членот 2 од Договорот.

Двете страни се договориле на 15 февруари 2023 година, а договорот е со важност од една година.

The post Општина Тетово ќе даде 32 илјади евра на маркетинг агенција за промоција на градот appeared first on Република.

]]>

Тетовска маркетинг агенција распиша конкурс на кој повика заинтересирани за дијазнирање на лого-порепознатлив знак за градот Тетово. Повикот е споделен и од општински профили на социјалните мрежи. Маркетинг агенцијата потенцира дека целта е да се прави ново заштитно лого (знак) на Тетово за промовирање на градот.
Логото ќе се користи во сите туристички инфо центри и промотивните материјали како маички, дуксери, капи, торби, магнети и оналајн, кои ќе им се нудат на туристи и посетителите. Наградата за дизајн на новото лого ќе биде 50 илјади денари, се вели во повикот.
За повеќе активности за брендирање и промоцијата на градот, општината треба да плати над 32 илјади евра. Договорот помеѓу Општина Тетово и маркетинг агенцијата за „Подготовка и изработка на промотивни материјали и брендирање на градот“ е објавен на електронскиот систем за јавни набавки.
Изведувачот услугите ќе ги изведе за вкупна вредност од 2.003.649 денари без ДДВ, се вели во членот 2 од Договорот.
Двете страни се договориле на 15 февруари 2023 година, а договорот е со важност од една година.

The post Општина Тетово ќе даде 32 илјади евра на маркетинг агенција за промоција на градот appeared first on Република.

]]>
Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-tetovo-ke-odvoi-eden-milion-denari-pomosh-za-podrachjata-pogodeni-od-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/ Tue, 07 Feb 2023 14:56:13 +0000 https://republika.mk/?p=606102

На денешната деветта вонредна седница Советот на Општина Тетово одлучи одвои финансиски средства како помош за подрачјата кои беа погодени од земјотрес во Турција и Сирија. Присутни на седницата беа 29 советници и сите гласаа дека ја прифаќаат оваа одлука.

-Во координација со претставниците на политичките партии застапени во Советот одлучивме да се одвојат еден милион денари (околу 16.000 евра) за земјите што се погодени од земјотреси, констатираше на седницата Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.

Воедно сите 29 советници ја поддржаа предлог одлуката за формирање на Комисија за следење на постапката за собирање и доставување на помош на местата опфатени до земјотресот. Ќе определат места каде граѓаните ќе можат да остават материјални помош, а ќе се разгледа и опцијата за отворање на жиро-сметка за да можат и жителите да донираат парични средства за помош.

The post Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

На денешната деветта вонредна седница Советот на Општина Тетово одлучи одвои финансиски средства како помош за подрачјата кои беа погодени од земјотрес во Турција и Сирија. Присутни на седницата беа 29 советници и сите гласаа дека ја прифаќаат оваа одлука. -Во координација со претставниците на политичките партии застапени во Советот одлучивме да се одвојат еден милион денари (околу 16.000 евра) за земјите што се погодени од земјотреси, констатираше на седницата Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово. Воедно сите 29 советници ја поддржаа предлог одлуката за формирање на Комисија за следење на постапката за собирање и доставување на помош на местата опфатени до земјотресот. Ќе определат места каде граѓаните ќе можат да остават материјални помош, а ќе се разгледа и опцијата за отворање на жиро-сметка за да можат и жителите да донираат парични средства за помош.

The post Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ги повика тетовци да гласаат за СДСМ на изборите за членови на Советот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-gi-povika-tetovci-da-glasaat-za-sdsm-na-izborite-za-chlenovi-na-sovetot/ Sun, 31 Jul 2022 13:12:22 +0000 https://republika.mk/?p=535325

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ги повика тетовчани да ја поддржат партијата на изборите на членови на Советот на општина Тетово.

Советот е особено важен за граѓаните во секоја општина. Советот е оној кој има можност да ги операционализира реалните потреби на граѓаните. Советот предлага и реализира одлуки, политики кои се важни за идниот развој на градот, за начинот на функционирање на локалната самоуправа. Затоа, ги повикувам тетовчани да излезат на вонредните избори на 20 август, и да го искористат своето право да дадат глас за советници кои ќе работат посветено и сериозно за потреби на граѓаните на Тетово. Ги повикувам тетовчани да го дадат својот глас за советничката листа на СДСМ, порача Ковачевски.

The post Ковачевски ги повика тетовци да гласаат за СДСМ на изборите за членови на Советот appeared first on Република.

Ќе се бира нов Совет на Оштина Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-se-bira-nov-sovet-na-oshtina-tetovo/ Tue, 21 Jun 2022 17:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=518196

Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности денеска распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово. Согласно Решението што го донесе Џафери врз основа на Изборниот законик, изборите за членови на Советот на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година.

На денешната седница на Државната изборна комисија беше утврдено дека јавниот увид во избирачкиот список започнува од 1 јули и трае 20 дена, заклучно со 20 јули. Собирање потписи за независни листи на кандидати започнува од 30 јуни, и ќе трае 15 дена заклучно со 14 јули и истото ќе се спроведе во подрачното одделение на ДИК во Тетово. Доставувањето на кандидатските листи за кандидати за Совет на Општина Тетово, до Општинската изборна комисија е најдоцна заклучно до 15 јули до 00:00. Жрепката за редниот број на гласачкото ливче за листите за Совет за Општина Тетово, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 26 јули. Изборната кампања за изборите за Советот започнува на 31 јули во 00:00 часот и трае до 18 август до 00:00 часот.

Роковите за извршување на сите изборни дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Македонија“.

На владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

The post Ќе се бира нов Совет на Оштина Тетово appeared first on Република.

]]>

  Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности денеска распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово. Согласно Решението што го донесе Џафери врз основа на Изборниот законик, изборите за членови на Советот на Општина Тетово ќе се одржат на 20 август 2022 година. На денешната седница на Државната изборна комисија беше утврдено дека јавниот увид во избирачкиот список започнува од 1 јули и трае 20 дена, заклучно со 20 јули. Собирање потписи за независни листи на кандидати започнува од 30 јуни, и ќе трае 15 дена заклучно со 14 јули и истото ќе се спроведе во подрачното одделение на ДИК во Тетово. Доставувањето на кандидатските листи за кандидати за Совет на Општина Тетово, до Општинската изборна комисија е најдоцна заклучно до 15 јули до 00:00. Жрепката за редниот број на гласачкото ливче за листите за Совет за Општина Тетово, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 26 јули. Изборната кампања за изборите за Советот започнува на 31 јули во 00:00 часот и трае до 18 август до 00:00 часот. Роковите за извршување на сите изборни дејствија почнуваат да течат од денот на објавувањето на Решението за распишување на изборите во „Службен весник на Република Македонија“. На владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

The post Ќе се бира нов Совет на Оштина Тетово appeared first on Република.

]]>
Владата го распушти Советот на општина Tетово, нови избори околу 20 август https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-raspushti-sovetot-na-opshtina-tetovo-novi-izbori-okolu-20-avgust/ Tue, 14 Jun 2022 17:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=515173

Во Општина Тетово наскоро ќе се одржат нови избори за избор на општински Совет. Ова доаѓа како резултат на тоа што советниците не успеаја на време да ја усвојат Завршната сметка на Општината за 2021 година.

Сега ќе чекаме од Талат Џафери да ги распише изборите за локалната власт, тука за советниците, ќе го видиме датумот кога ќе го каже. Најдобро за општината побрзо да се одржуваат локалните изборите пошто во многу работи општината не функционира како што треба без Советот, вели Бесар Дурмиши, претседател на Советот.

Бројот на советници од коалицијата на власта и коалицијата на опозицијата се изедначи, откако не се успеа да се избере уште еден советник на место на неговиот претходник кој даде оставка. Поради ова, актуелната владејачка коалиција го изгуби мнозинство во Советот, односно силите станаа изедначени.

За неусвојувањето на Завршната сметка беше известена Владата која, според Законот за локална самоуправа, во рок од 30 дена требаше да се изјасни за натамошниот начин на работа на Советот. Владата со два дена задоцнување ја донесе одлуката и даде дозвола за распуштање на Советот, а на ред е претседателот на Собранието Талат Џафери да ги распише изборите и да одреди датум кога тие ќе се одржат.

Владата малку доцнеше со донесување на оваа одлука, но важно е дека е донесена. Ние сега ќе чекаме одлука од Претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ги распише изборите за избор на Совет на Општина Тетово. Чекаме да го соопшти и датумот кога ќе се одржат овие избори, но за Општината најдобро е тие да се одржат што е можно побрзо. Без Совет на Општината во многу нешта ѝ е попречено да работи. Додека се закажат и се одржат изборите сите ингеренции не поминуваат на градоначалникот туку во негова надлежност ќе бидат само оние кои се од технички карактер за да може Општината да функционира и да не се блокира работата, изјави Бесар Дурмиши, досегашен претседавач на Советот на Општина Тетово.

Според некои предвидувања, изборите најверојатно би се одржале во втората половина на август. Советот на Општина Тетово брои 31 советник.

The post Владата го распушти Советот на општина Tетово, нови избори околу 20 август appeared first on Република.

]]>

Во Општина Тетово наскоро ќе се одржат нови избори за избор на општински Совет. Ова доаѓа како резултат на тоа што советниците не успеаја на време да ја усвојат Завршната сметка на Општината за 2021 година.
Сега ќе чекаме од Талат Џафери да ги распише изборите за локалната власт, тука за советниците, ќе го видиме датумот кога ќе го каже. Најдобро за општината побрзо да се одржуваат локалните изборите пошто во многу работи општината не функционира како што треба без Советот, вели Бесар Дурмиши, претседател на Советот.
Бројот на советници од коалицијата на власта и коалицијата на опозицијата се изедначи, откако не се успеа да се избере уште еден советник на место на неговиот претходник кој даде оставка. Поради ова, актуелната владејачка коалиција го изгуби мнозинство во Советот, односно силите станаа изедначени. За неусвојувањето на Завршната сметка беше известена Владата која, според Законот за локална самоуправа, во рок од 30 дена требаше да се изјасни за натамошниот начин на работа на Советот. Владата со два дена задоцнување ја донесе одлуката и даде дозвола за распуштање на Советот, а на ред е претседателот на Собранието Талат Џафери да ги распише изборите и да одреди датум кога тие ќе се одржат.
Владата малку доцнеше со донесување на оваа одлука, но важно е дека е донесена. Ние сега ќе чекаме одлука од Претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ги распише изборите за избор на Совет на Општина Тетово. Чекаме да го соопшти и датумот кога ќе се одржат овие избори, но за Општината најдобро е тие да се одржат што е можно побрзо. Без Совет на Општината во многу нешта ѝ е попречено да работи. Додека се закажат и се одржат изборите сите ингеренции не поминуваат на градоначалникот туку во негова надлежност ќе бидат само оние кои се од технички карактер за да може Општината да функционира и да не се блокира работата, изјави Бесар Дурмиши, досегашен претседавач на Советот на Општина Тетово.
Според некои предвидувања, изборите најверојатно би се одржале во втората половина на август. Советот на Општина Тетово брои 31 советник.

The post Владата го распушти Советот на општина Tетово, нови избори околу 20 август appeared first on Република.

]]>
Фокус: Како ДУИ стана газда на зграда во центар на Тетово? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fokus-kako-dui-stana-gazda-na-zgrada-vo-centar-na-tetovo/ Sun, 29 May 2022 17:41:44 +0000 https://republika.mk/?p=508394

Владејачката ДУИ на чело со Али Ахмети го зголемила партискиот недвижен имот со деловно-административна зграда лоцирана во центарот на Тетово, во кругот на „Телеком“, пишува најновиот број на неделникот Фокус.

Според податоците што ги обезбедивме, станува збор за објект со приземје и 3 ката, чиј габарит изнесува 452 квадратни метри, а внатрешната површина 1.423 квадратни метри.

Имено, ДУИ го поседува објектот на катастарска парцела 2061/3 преку имотен лист 38220, додека земјиштето се уште се води во сопственост на државата преку имотен лист 38219.

Како што ни изјави Бејтула Адеми, прв човек на финансискиот оддел на ДУИ, за да го купат овој објект подигнале банкарски кредит од околу 900.000 евра, со период на враќање од 7 години.

Во однос на прашањето за каква намена партијата планира да го користи објектот, на кој можеше да се види табла од младината на ДУИ и плакати од партискиот лидер, Адеми одговори дека тоа не спаѓа во делот на неговите обврски и надлежности.

Затоа, истото прашање го поставивме и до Артан Груби, шеф на кабинет на Ахмети, но досега не добивме никаков одговор.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

The post Фокус: Како ДУИ стана газда на зграда во центар на Тетово? appeared first on Република.

]]>

Владејачката ДУИ на чело со Али Ахмети го зголемила партискиот недвижен имот со деловно-административна зграда лоцирана во центарот на Тетово, во кругот на „Телеком“, пишува најновиот број на неделникот Фокус. Според податоците што ги обезбедивме, станува збор за објект со приземје и 3 ката, чиј габарит изнесува 452 квадратни метри, а внатрешната површина 1.423 квадратни метри. Имено, ДУИ го поседува објектот на катастарска парцела 2061/3 преку имотен лист 38220, додека земјиштето се уште се води во сопственост на државата преку имотен лист 38219. Како што ни изјави Бејтула Адеми, прв човек на финансискиот оддел на ДУИ, за да го купат овој објект подигнале банкарски кредит од околу 900.000 евра, со период на враќање од 7 години. Во однос на прашањето за каква намена партијата планира да го користи објектот, на кој можеше да се види табла од младината на ДУИ и плакати од партискиот лидер, Адеми одговори дека тоа не спаѓа во делот на неговите обврски и надлежности. Затоа, истото прашање го поставивме и до Артан Груби, шеф на кабинет на Ахмети, но досега не добивме никаков одговор. Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

The post Фокус: Како ДУИ стана газда на зграда во центар на Тетово? appeared first on Република.

]]>
Ненад Јовановиќ: Никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nenad-jovanovikj-nikogash-ne-sum-bil-vo-raboten-angazman-so-opshtina-tetovo/ Wed, 09 Feb 2022 09:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=456021

Ненад Јовановиќ негира дека земал материјални средства во висина од 12 илјади денари од Општина Тетово. Тој во демантот испратен до „Република“ тврди дека никогаш не бил во работен ангажман со Општина Тетово.

На ден 08. 02. 2022 година, на вашиот сајт „Република.МК“ сте објавиле вест со наслов: „И Ненад Јовановиќ земал пари од Општина Тетово“, што значи дека преку насловот вие имплицитно тврдите дека јас сум земал материјални сретства од 12. илјади денари. И не само што тврдите дека сум земал материјални сретства, вие тврдите дека сум земал во низа (од неколку месеци) материјални сретства од 12. илјади денари.

Категорично ги негирам овие тврдења: никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово, вели Јовановиќ во демантот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/i-nenad-jovanovikj-zemal-pari-od-opshtina-tetovo/

The post Ненад Јовановиќ: Никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово appeared first on Република.

]]>

Ненад Јовановиќ негира дека земал материјални средства во висина од 12 илјади денари од Општина Тетово. Тој во демантот испратен до „Република“ тврди дека никогаш не бил во работен ангажман со Општина Тетово.
На ден 08. 02. 2022 година, на вашиот сајт „Република.МК“ сте објавиле вест со наслов: „И Ненад Јовановиќ земал пари од Општина Тетово“, што значи дека преку насловот вие имплицитно тврдите дека јас сум земал материјални сретства од 12. илјади денари. И не само што тврдите дека сум земал материјални сретства, вие тврдите дека сум земал во низа (од неколку месеци) материјални сретства од 12. илјади денари. Категорично ги негирам овие тврдења: никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово, вели Јовановиќ во демантот.
https://republika.mk/vesti/makedonija/i-nenad-jovanovikj-zemal-pari-od-opshtina-tetovo/

The post Ненад Јовановиќ: Никогаш не сум бил во работен ангажман со Општина Тетово appeared first on Република.

]]>
Општина Тетово гo објави списокот на сите 811 договори на дело од 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-tetovo-go-objavi-spisokot-na-site-811-dogovori-na-delo-od-2021-godina/ Tue, 08 Feb 2022 21:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=455901

Општина Тетово, со цел транспарентност кон јавноста, го објавува Списокот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година. Се работи за вкупно 811 договори на дело.

Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната локална власт.

На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави, стои во објавата на страницата на Општината.

Од општината велат дека ќе продолжат тековно да ги објавуваат сите договори на дело, секој месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук.

Листа со имињата вработените со договори на дело 2021

The post Општина Тетово гo објави списокот на сите 811 договори на дело од 2021 година appeared first on Република.

]]>

Општина Тетово, со цел транспарентност кон јавноста, го објавува Списокот на сите договори на дело склучени со општина Тетово за 2021 година. Се работи за вкупно 811 договори на дело. Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово, под раководство на структурите од претходната локална власт.
На лицата кои донеле извештај за сработеното, согласно нивниот договор, ќе им бидат исплатени сите преостанати плати кои не беа исплатени како резултат на увидот за овој законски прекршок на претходната власт. На оние пак, кои не испратиле извештај за сработеното, ќе им биде испратено известувањето за враќање на добиените средства од нивните договори во буџетот на општина Тетово. Во спротивно, ќе се соочат со кривични пријави, стои во објавата на страницата на Општината.
Од општината велат дека ќе продолжат тековно да ги објавуваат сите договори на дело, секој месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук. Листа со имињата вработените со договори на дело 2021

The post Општина Тетово гo објави списокот на сите 811 договори на дело од 2021 година appeared first on Република.

]]>