општина струмица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-strumica/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 10:00:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина струмица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-strumica/ 32 32 Трипуновски: Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tripunovski-obvrska-na-lokalnata-samouprava-e-da-obezbedi-pitka-voda-za-piene/ Fri, 25 Oct 2024 10:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=830878

Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење за граѓаните. Нашата интенција беше да помогнеме затоа што видовме дека локалната самоуправа не успеа да го изменаџира процесот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по вчерашното излегување на Струмица од ЗЕЛС.

Од Општината Стримица вчера обвинија за индиферентен однос кон градот и нејзините граѓани во периодот кога се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење и поради одбивањето на единствениот проект од Струмица за користење на средства од унгарскиот кредит.

Трипуновски вели дека во целата ситуација нема никаква политика од страна на Владата и дека единствената интенција на Министерството била да и се помогне на општината за надминување на проблемот со водата за пиење.

The post Трипуновски: Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење appeared first on Република.

]]>

Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење за граѓаните. Нашата интенција беше да помогнеме затоа што видовме дека локалната самоуправа не успеа да го изменаџира процесот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по вчерашното излегување на Струмица од ЗЕЛС. Од Општината Стримица вчера обвинија за индиферентен однос кон градот и нејзините граѓани во периодот кога се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење и поради одбивањето на единствениот проект од Струмица за користење на средства од унгарскиот кредит. Трипуновски вели дека во целата ситуација нема никаква политика од страна на Владата и дека единствената интенција на Министерството била да и се помогне на општината за надминување на проблемот со водата за пиење.

The post Трипуновски: Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење appeared first on Република.

]]>
Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-graganite-gubat-najmnogu-so-izleguvaneto-na-strumitsa-i-karposh-od-zels/ Thu, 24 Oct 2024 11:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=830575

Секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини, оценува министерот за локална самоуправа Златко Перински по најавите на општините Струмица и Карпош дека ќе го напуштат ЗЕЛС.

ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа која што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така. Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме, вели Перински во изјава за МИА.

Ваквите потези, според Перински, не се решение. Со пренасочување на вниманието и политизирање на случајот, губат сите, а најмногу граѓаните, вели Перински.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvo-kostadinov-sega-i-jakimovski-opshtinite-strumitsa-i-karposh-ke-ja-napushtat-zels/

По најавите на градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов дека Општина Струмица ќе излезе од ЗЕЛС, денеска и официјално од Општината соопштија дека се откажуваат од членството во ЗЕЛС и дека градоначалникот Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС, како што соопштија, е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици - водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит.

Најава за прес-конференција попладнево најави и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

The post Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС appeared first on Република.

]]>

Секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини, оценува министерот за локална самоуправа Златко Перински по најавите на општините Струмица и Карпош дека ќе го напуштат ЗЕЛС.
ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа која што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така. Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме, вели Перински во изјава за МИА.
Ваквите потези, според Перински, не се решение. Со пренасочување на вниманието и политизирање на случајот, губат сите, а најмногу граѓаните, вели Перински. https://republika.mk/vesti/makedonija/prvo-kostadinov-sega-i-jakimovski-opshtinite-strumitsa-i-karposh-ke-ja-napushtat-zels/ По најавите на градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов дека Општина Струмица ќе излезе од ЗЕЛС, денеска и официјално од Општината соопштија дека се откажуваат од членството во ЗЕЛС и дека градоначалникот Костадинов ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС, како што соопштија, е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици - водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит. Најава за прес-конференција попладнево најави и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

The post Перински: Граѓаните губат најмногу со излегувањето на Струмица и Карпош од ЗЕЛС appeared first on Република.

]]>
Костадинов: Општина Струмица излегува од ЗЕЛС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-opshtina-strumitsa-izleguva-od-zels/ Thu, 24 Oct 2024 07:36:33 +0000 https://republika.mk/?p=830403

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов преку неговиот Фејсбук профил  соопшти дека ја напуштаат Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Тој претходно ја осуди одлуката на надлежните институции да биде продолжена забраната за користење на водата за пиење во Струмица.

-Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа – вели Костадинов во синоќешната објава.

Според Костадинов, борбата против Струмица продолжува и како што напиша „чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата“.

-Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски – напиша струмичкиот градоначалник.

The post Костадинов: Општина Струмица излегува од ЗЕЛС appeared first on Република.