општина штип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-shtip/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Dec 2022 13:15:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина штип Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-shtip/ 32 32 Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-presedan-i-sram-e-shto-vladata-i-kovachevski-namerno-ja-kochat-odlukata-za-obrznicata-za-shtip/ Wed, 30 Nov 2022 11:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=580001

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција го сподели проблемот кој што неговата општина го има со премиерот Димитар Ковачевски и Владата, како што посочи, за скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница.

Јорданов посочи дека Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза.

Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции.

Ова е преседан, ова е срам за една држава која се декларира дека се стреми кон европските вредности затоа што сите европски општини издаваат обврзници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини поради кои сме ускратени во правото и во можноста да исфинансираме капитални проекти.

Очекувам да преовлада разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените капитални проекти.

Во спротивно дефинитивно ова ќе значи опструкција и кочење на развојот на општина Штип и казна на граѓаните на општина Штип само затоа што имаат градоначалник и советници кои што се од друга политичка партија, од онаа која што е владината коалиција и премиерот, порача Јорданов.

https://youtu.be/dQLb6rGTyh8

The post Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на денешната прес-конференција го сподели проблемот кој што неговата општина го има со премиерот Димитар Ковачевски и Владата, како што посочи, за скратеното право за финансирање на одредени капитални проекти кои што требаше да се финансираат преку издавањето на една наменска обврзница. Јорданов посочи дека Општина Штип е првата општина која што во изминатите неколку месеци во време на енергетска и финансиска криза одлучи да издаде наменска општинска обврзница се со цел да се реализираат неколку капитални проекти во време на ваква финансиска и енергетска криза.
Ги проследивме сите потребни одлуки, ги добивме сите потребни согласности од страна на релевантните институции и Министерство за финансии, го вративме долгот кој што претходно општината го имаше кон Министерството за финансии. И она кое што требаше да биде техничка одлука да се проследи на седница на Влада за нас е проблем, затоа што веќе две последователни седници на Влада точката на која што треба да се донесе одлуката за издавање на обврзницата од страна на Владата се отстранува од дневен ред без објективни причини се со цел да се ускрати можноста и правото за развој на општината и изградба на одредени капитални инвестиции. Ова е преседан, ова е срам за една држава која се декларира дека се стреми кон европските вредности затоа што сите европски општини издаваат обврзници за развој на истите. Општина Штип по примерот на европските општини одлучи да го направи ова, но дефинитивно имаме политички причини поради кои сме ускратени во правото и во можноста да исфинансираме капитални проекти. Очекувам да преовлада разумот, го повикувам премиерот да на следна седница на Влада ја стави точката за конечно да се издаде општинската обврзница и со тоа да се реализираат предвидените капитални проекти. Во спротивно дефинитивно ова ќе значи опструкција и кочење на развојот на општина Штип и казна на граѓаните на општина Штип само затоа што имаат градоначалник и советници кои што се од друга политичка партија, од онаа која што е владината коалиција и премиерот, порача Јорданов.
https://youtu.be/dQLb6rGTyh8

The post Јорданов: Преседан и срам е што Владата и Ковачевски намерно ја кочат одлуката за обрзницата за Штип appeared first on Република.

]]>
Општина Штип е првата општина која ќе издаде општински обврзници во вредност од 4 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/opshtina-shtip-e-prvata-opshtina-koja-kje-izdade-opshtinski-obvrznici-vo-vrednost-od-4-milioni-evra/ Fri, 18 Nov 2022 18:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=575576

Општина Штип е првата општина која преку општински обврзници ќе се обиде да обезбеди четири милиони евра, објави Комисијата за хартии од вредност. 

Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Општина Штип ѝ даде одобрение за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда. Ова е прва емисија на општински обврзници на домашниот пазар на капитал, со која се збогатува понудата на финансиски инструменти кај нас, се вели во соопштението од КХВ.

Општина Штип ќе издаде 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра. Рокот на доспевање на издадените обврзници е седум години од денот на регистрирање на обврзниците во Централниот депозитар. Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75 отсто.  Главницата ќе се исплати во целосен износ заедно со последната камата, односно по истекот на седум години од датумот на регистрирањето на обврзниците.

Купувачи можат да бидат домашни и странски физички и правни лица.

Емисијата се врши заради прибирање на средства за финансирање на повеќе инфраструктурни и капитални проекти на општината.

Запишување и уплата на понудените општински обврзници ќе започне откако во сила ќе влезе Одлуката на Владата на Република Македонија, со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот, се вели во соопштението од КХВ.

The post Општина Штип е првата општина која ќе издаде општински обврзници во вредност од 4 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Општина Штип е првата општина која преку општински обврзници ќе се обиде да обезбеди четири милиони евра, објави Комисијата за хартии од вредност. 
Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на Општина Штип ѝ даде одобрение за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда. Ова е прва емисија на општински обврзници на домашниот пазар на капитал, со која се збогатува понудата на финансиски инструменти кај нас, се вели во соопштението од КХВ.
Општина Штип ќе издаде 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра. Рокот на доспевање на издадените обврзници е седум години од денот на регистрирање на обврзниците во Централниот депозитар. Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75 отсто.  Главницата ќе се исплати во целосен износ заедно со последната камата, односно по истекот на седум години од датумот на регистрирањето на обврзниците. Купувачи можат да бидат домашни и странски физички и правни лица. Емисијата се врши заради прибирање на средства за финансирање на повеќе инфраструктурни и капитални проекти на општината. Запишување и уплата на понудените општински обврзници ќе започне откако во сила ќе влезе Одлуката на Владата на Република Македонија, со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот, се вели во соопштението од КХВ.

The post Општина Штип е првата општина која ќе издаде општински обврзници во вредност од 4 милиони евра appeared first on Република.

]]>