општина новаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-novaci/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Nov 2022 10:24:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина новаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-novaci/ 32 32 Стевановски: Со домаќинско работење Новаци успеа да стане општина со најголеми заштеди на електрична енергија во Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stevanovski-so-domakjinsko-rabotenje-novaci-uspea-da-stane-opshtina-so-najgolemi-zashtedi-na-elektrichna-energija-vo-republika-makedonija/ Sat, 26 Nov 2022 10:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=578456

Со домаќинско работење до статус на општина со најголеми заштеди на електрична енергија во Република Македонија, е еден од многуте успеси кои се постигнати во изминатава година од страна на Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Истото е постигнато преку домаќинско работење и адаптирање на условите на пазарот за електрична енергија за дел од потребите, пред се во областа на уличното осветлување.

До пред неколку месеци плаќавме енормно високи сметки на струја за уличното осветлување којашто ја плаќавме, но баравме начин за справување со последиците од енергетската криза и тоа го направивме преку анекс на договорот за јавно приватно партнерство. Со истиот, сметките за електрична енергија како обврска ги префрливме на приватниот партнер, со тоа преминавме од слободниот на регулираниот пазар за електрична енергија, а со тоа направивме огромни заштеди. Ова доведе до тоа Општина Новаци да е општина со најголема заштеда на електрична енергија во Република Македонија, а за периодот од октомври 2021 до октомври 2021 година истата да изнесува 76 проценти, кажа градоначалникот Стевановски.

Како признание за својата работа, годинава Општина Новаци го доби признанието ELOGE кое претставува ознака за извонредност во управувањето и исполнување на 12 начела на добро демократско управување на Советот на Европа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/devet-opshtini-od-makedonija-od-koi-7-so-gradonachalnici-od-vmro-dpmne-dobitnici-na-evropskata-oznaka-za-izvonredno-upravuvanje-na-alda/

Околу креирањето на Буџетот на Општина Новаци за наредната 2023 година, градоначалникот Стевановски информираше дека во тек се средби со граѓаните преку одржување на форумски сесии со цел да ги слушнат идеите, мислењата и предлозите на жители и истите да ги вметнат во буџетот и приоритетите на општината. До овој момент се одржани 2 вакви форумски сесии, а предвидени се вкупно 4.

Регионалната средба на општините од Пелагонискиот регион се одржа во Битола и истата беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

The post Стевановски: Со домаќинско работење Новаци успеа да стане општина со најголеми заштеди на електрична енергија во Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Со домаќинско работење до статус на општина со најголеми заштеди на електрична енергија во Република Македонија, е еден од многуте успеси кои се постигнати во изминатава година од страна на Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци. Истото е постигнато преку домаќинско работење и адаптирање на условите на пазарот за електрична енергија за дел од потребите, пред се во областа на уличното осветлување.
До пред неколку месеци плаќавме енормно високи сметки на струја за уличното осветлување којашто ја плаќавме, но баравме начин за справување со последиците од енергетската криза и тоа го направивме преку анекс на договорот за јавно приватно партнерство. Со истиот, сметките за електрична енергија како обврска ги префрливме на приватниот партнер, со тоа преминавме од слободниот на регулираниот пазар за електрична енергија, а со тоа направивме огромни заштеди. Ова доведе до тоа Општина Новаци да е општина со најголема заштеда на електрична енергија во Република Македонија, а за периодот од октомври 2021 до октомври 2021 година истата да изнесува 76 проценти, кажа градоначалникот Стевановски.
Како признание за својата работа, годинава Општина Новаци го доби признанието ELOGE кое претставува ознака за извонредност во управувањето и исполнување на 12 начела на добро демократско управување на Советот на Европа. https://republika.mk/vesti/makedonija/devet-opshtini-od-makedonija-od-koi-7-so-gradonachalnici-od-vmro-dpmne-dobitnici-na-evropskata-oznaka-za-izvonredno-upravuvanje-na-alda/ Околу креирањето на Буџетот на Општина Новаци за наредната 2023 година, градоначалникот Стевановски информираше дека во тек се средби со граѓаните преку одржување на форумски сесии со цел да ги слушнат идеите, мислењата и предлозите на жители и истите да ги вметнат во буџетот и приоритетите на општината. До овој момент се одржани 2 вакви форумски сесии, а предвидени се вкупно 4. Регионалната средба на општините од Пелагонискиот регион се одржа во Битола и истата беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

The post Стевановски: Со домаќинско работење Новаци успеа да стане општина со најголеми заштеди на електрична енергија во Република Македонија appeared first on Република.

]]>
Бизнисмени од Турција ќе инвестираат во индустриската зона Новаци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/biznismeni-od-turcija-kje-investiraat-vo-industriskata-zona-novaci/ Fri, 25 Nov 2022 12:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=578196

Бизнисмени од Сакариа, Турција, предводени од Умит Карајака, претседател на тамошната Стопанска комора, ќе инвестираат и продолжат со својот бизнис во индустриската зона Новаци.

Делегацијата од 24 успешни бизнимени во Турција на средба со градоначалникот Стевче Стевановски во Новаци потврдија дека се подготвени да купат градежно земјиште, а во знак на поддршка општината ќе го зголеми опфатот на индустрската зона и ќе објави оглас за лицитација на земјиштето.

Сите заедно имаме иста цел, да направиме раст и развој во Општина Новаци, да отвориме нови работни места и да го подобриме квалитот на живот на населението кое гравитира во овие простори и во поширокиот регион. Во рамки на новиот урбанистички план за Новаци, предвидуваме проширување на Индустриската зона затоа што заинтересираноста на потенцијалните инвесритори се зголемува. Ако ја постигнеме оваа цел која ја договоривме со бизнисмените од Турција, тогаш ќе имаме голем дел од Сакариа во Новаци, посочи градоначалникот Стевановски.

Бизнисмените од Турција располагаат со готови проекти за изградба на фабрики и се фокусирани на тексилната индустрија, градежништвото, производство на амбалажа, мебел и делови за автомобилска и дрвна индустрија.

-Посакуваме постапките што ќе следат за продажбата на земјиштето, подготовката на основните проекти за изградба на фабриките, правилата и законските прописи и регулативи да се одвиваат подинамично, за да можеме навреме да ги реализираме нашите стратешки планови, нагласија Карајака, претседател на Стопанската комора во Сакариа.

Општина Новаци со стопанственици и градоначалници од Турција негува пријателски односи подолг времени период.

The post Бизнисмени од Турција ќе инвестираат во индустриската зона Новаци appeared first on Република.

]]>

Бизнисмени од Сакариа, Турција, предводени од Умит Карајака, претседател на тамошната Стопанска комора, ќе инвестираат и продолжат со својот бизнис во индустриската зона Новаци. Делегацијата од 24 успешни бизнимени во Турција на средба со градоначалникот Стевче Стевановски во Новаци потврдија дека се подготвени да купат градежно земјиште, а во знак на поддршка општината ќе го зголеми опфатот на индустрската зона и ќе објави оглас за лицитација на земјиштето.
Сите заедно имаме иста цел, да направиме раст и развој во Општина Новаци, да отвориме нови работни места и да го подобриме квалитот на живот на населението кое гравитира во овие простори и во поширокиот регион. Во рамки на новиот урбанистички план за Новаци, предвидуваме проширување на Индустриската зона затоа што заинтересираноста на потенцијалните инвесритори се зголемува. Ако ја постигнеме оваа цел која ја договоривме со бизнисмените од Турција, тогаш ќе имаме голем дел од Сакариа во Новаци, посочи градоначалникот Стевановски.
Бизнисмените од Турција располагаат со готови проекти за изградба на фабрики и се фокусирани на тексилната индустрија, градежништвото, производство на амбалажа, мебел и делови за автомобилска и дрвна индустрија. -Посакуваме постапките што ќе следат за продажбата на земјиштето, подготовката на основните проекти за изградба на фабриките, правилата и законските прописи и регулативи да се одвиваат подинамично, за да можеме навреме да ги реализираме нашите стратешки планови, нагласија Карајака, претседател на Стопанската комора во Сакариа. Општина Новаци со стопанственици и градоначалници од Турција негува пријателски односи подолг времени период.

The post Бизнисмени од Турција ќе инвестираат во индустриската зона Новаци appeared first on Република.

]]>