општина Гостивар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-gostivar/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 13:07:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина Гостивар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-gostivar/ 32 32 Општина Гостивар демантира: Нападот врз хигиеничарките се случил во соседната зграда https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/opshtina-gostivar-demantira-napadot-vrz-higienicharkite-se-sluchil-vo-sosednata-zgrada/ Wed, 30 Oct 2024 13:07:54 +0000 https://republika.mk/?p=832452

Од Општина Гостивар демантираат дека нивен вработен нападнал хигиеничарки на работното место. Од Општината велат дека настанот се случил во соседната зграда која се наоѓа до Општина Гостивар каде што се сместени регионалните минисерства и дирекциите.

Како што веќе објавивме, од СВР Тетово во полицискиот билтен информираа дека вчера во 14.00 часот во ОВР Гостивар, Р.С.(32) од Гостивар, пријавила дека околу 10.00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал. Тој бил спречен од негов колега да продолжи со нападот.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Општина Гостивар демантира: Нападот врз хигиеничарките се случил во соседната зграда appeared first on Република.

]]>

Од Општина Гостивар демантираат дека нивен вработен нападнал хигиеничарки на работното место. Од Општината велат дека настанот се случил во соседната зграда која се наоѓа до Општина Гостивар каде што се сместени регионалните минисерства и дирекциите. Како што веќе објавивме, од СВР Тетово во полицискиот билтен информираа дека вчера во 14.00 часот во ОВР Гостивар, Р.С.(32) од Гостивар, пријавила дека околу 10.00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал. Тој бил спречен од негов колега да продолжи со нападот. Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Општина Гостивар демантира: Нападот врз хигиеничарките се случил во соседната зграда appeared first on Република.

]]>
Вработен во Општина Гостивар ги нападнал чистачките https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-opshtina-gostivar-gi-napadnal-chistachkite/ Wed, 30 Oct 2024 09:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=832342

Вчера во 14.00 часот во ОВР Гостивар, Р.С.(32) од Гостивар, пријавила дека околу 10.00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал. Тој бил спречен од негов колега да продолжи со нападот.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Вработен во Општина Гостивар ги нападнал чистачките appeared first on Република.

]]>

Вчера во 14.00 часот во ОВР Гостивар, Р.С.(32) од Гостивар, пријавила дека околу 10.00 часот, додека била на работно место во Општина Гостивар и чистеле заедно со нејзината колешка Х.Х.(39) од Гостивар, од неговата канцеларија излегол Е.Е. и физички ги нападнал. Тој бил спречен од негов колега да продолжи со нападот. Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Вработен во Општина Гостивар ги нападнал чистачките appeared first on Република.

]]>
Општина Гостивар продолжува со поддршката на Младинскиот ресурсен центар „iCan“. https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-gostivar-prodolzuva-so-poddrshkata-na-mladinskiot-resursen-centar-ican/ Fri, 16 Dec 2022 16:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=586602

Младинскиот ресурсен центар „iCan“ ќе продолжи да биде поддржан од општина Гостивар, УНДП и швајцарската амбасада во Северна Македониа.

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во својот кабинет го прими заменик амбасадорот на Швајцарија Лусиен Агертер, претставник на УНДП и професор Азир Алиу како директор на младинскиот ресурсен центар „iCan“.

На средбата се разговараше за можноста за продолжување на соработката во иднина на центарот „iCan“, кој веќе се смета за модел на работа од различни фактори кај нас, но и во регионот, кој започна пред две години како партнеритет на општина Гостивар, Амбасадата на Швајцарија во нашата земја, УНДП и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Во младинскиот центар „iCan“ може да се создадат простори за старт ап, обучување на младите и нивните вештини за пазарот на трудот, создавање база на податоци за човечките ресурси што ги поседува нашата земја, местото каде младите во секое време имаат простор, обука и различни активности, бизнис секторот наоѓа човечки ресурси, како и дигитална трансформација за нивните компании.

Денес, овој центар располага со ресурси да обезбеди обуки за невработените со цел тие да бидат покомпатибилни и усогласени со потребите на пазарот. „iCan“ планира во иднина да креира сервиси каде ќе се оптимизираат процесите и на општината и на граѓаните на Гостивар.

The post Општина Гостивар продолжува со поддршката на Младинскиот ресурсен центар „iCan“. appeared first on Република.

]]>

Младинскиот ресурсен центар „iCan“ ќе продолжи да биде поддржан од општина Гостивар, УНДП и швајцарската амбасада во Северна Македониа. Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари во својот кабинет го прими заменик амбасадорот на Швајцарија Лусиен Агертер, претставник на УНДП и професор Азир Алиу како директор на младинскиот ресурсен центар „iCan“. На средбата се разговараше за можноста за продолжување на соработката во иднина на центарот „iCan“, кој веќе се смета за модел на работа од различни фактори кај нас, но и во регионот, кој започна пред две години како партнеритет на општина Гостивар, Амбасадата на Швајцарија во нашата земја, УНДП и Универзитетот на Југоисточна Европа. Во младинскиот центар „iCan“ може да се создадат простори за старт ап, обучување на младите и нивните вештини за пазарот на трудот, создавање база на податоци за човечките ресурси што ги поседува нашата земја, местото каде младите во секое време имаат простор, обука и различни активности, бизнис секторот наоѓа човечки ресурси, како и дигитална трансформација за нивните компании. Денес, овој центар располага со ресурси да обезбеди обуки за невработените со цел тие да бидат покомпатибилни и усогласени со потребите на пазарот. „iCan“ планира во иднина да креира сервиси каде ќе се оптимизираат процесите и на општината и на граѓаните на Гостивар.

The post Општина Гостивар продолжува со поддршката на Младинскиот ресурсен центар „iCan“. appeared first on Република.

]]>
Општина Гостивар ќе им помага на згрижувачките семејства со по 10.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-gostivar-kje-im-pomaga-na-zgrizuvachkite-semejstva-so-po-10-000-denari/ Sat, 22 Oct 2022 17:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=564407

Сите семејства кои ќе одлучат да станат згрижувачки семејства, односно ќе згрижат деца во своите домови, ќе добиваат парична помош од општина Гостивар во износ од 10 илјади денари месечно, вети градоначалникот Арбен Таравари при презентацијата на кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ чија цел е да го промовира згржувањето и да го зголеми бројот на згрижувачки семејства.

Во Гостивар во моментов има 5 деца кои чекаат да бидат сместени во згрижувачки семејства.

Продолжуваме да бидеме подготвени да им помогнеме на оние семејства кои ќе покажат подготвеност за згрижување. Денеска пред присутните истакнав дека за мотивирање на тие семејства општина Гостивар секој месец ќе субвенционира по десет илјади денари. Вакви активности и поддршка покажавме и во изминатиот период за спортистите, најдобрите студенти, социјанлно загрозените семејствата, и верувам дека ќе продолжиме со ваква помош и мотивација и во иднина, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Оваа национална кампања ја спроведува „С.О.С. Детско село“ во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“, Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа, а се овозможува од страна на германското Министерство за економија, развој и соработка.

Парична помош згрижувачките семејства добиваат и од државата. Инаку, за сите оние кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаа можност да учествуваат на овој настан, повеќе информации ќе можат да добијат секој работен ден во Центарот за труд и социјална политика во Гостивар.

The post Општина Гостивар ќе им помага на згрижувачките семејства со по 10.000 денари appeared first on Република.

]]>

Сите семејства кои ќе одлучат да станат згрижувачки семејства, односно ќе згрижат деца во своите домови, ќе добиваат парична помош од општина Гостивар во износ од 10 илјади денари месечно, вети градоначалникот Арбен Таравари при презентацијата на кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач“ чија цел е да го промовира згржувањето и да го зголеми бројот на згрижувачки семејства. Во Гостивар во моментов има 5 деца кои чекаат да бидат сместени во згрижувачки семејства.
Продолжуваме да бидеме подготвени да им помогнеме на оние семејства кои ќе покажат подготвеност за згрижување. Денеска пред присутните истакнав дека за мотивирање на тие семејства општина Гостивар секој месец ќе субвенционира по десет илјади денари. Вакви активности и поддршка покажавме и во изминатиот период за спортистите, најдобрите студенти, социјанлно загрозените семејствата, и верувам дека ќе продолжиме со ваква помош и мотивација и во иднина, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Оваа национална кампања ја спроведува „С.О.С. Детско село“ во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“, Министерството за труд и социјална политика и локалната самоуправа, а се овозможува од страна на германското Министерство за економија, развој и соработка. Парична помош згрижувачките семејства добиваат и од државата. Инаку, за сите оние кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаа можност да учествуваат на овој настан, повеќе информации ќе можат да добијат секој работен ден во Центарот за труд и социјална политика во Гостивар.

The post Општина Гостивар ќе им помага на згрижувачките семејства со по 10.000 денари appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Градежниот инспектор во Општина Гостивар замижал пред дивоградба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dksk-gradezniot-inspektor-vo-opshtina-gostivar-zamizal-pred-divogradba/ Wed, 07 Sep 2022 15:08:45 +0000 https://republika.mk/?p=548405

Во врска со одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата по предметот со бр. 12-2971 од 03.06.2019 година, информира дека иницијативата за кривично гонење против службени лица во Општина Гостивар е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353-в вв чл. 364 од Кривичниот законик (“Службен весник на РМ” бр. 37/96 … 55/13).

Службените лица, иако знаеле дека осомничениот граѓанин не се придржувал до издаденото одобрение за градење, сепак не постапиле во согласност со одредбите од чл. 132 – чл. 143 од Законот за градење (“Службен весник на РМ” бр. 130/09 … 168/18 и “Службен весник на РСМ” бр. 244/19 и 18/2020). Дотолку повеќе што за конкретниот случај постои и обвинителен акт против осомничениот граѓанин, а овластениот градежен инспектор во Општината бил повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство Гостивар, од каде јасно произлегува дека знаел дека се води истражна постапка за конкретниот случај, без да преземе дополнителни мерки согласно со законот, се појаснува во соопштението од ДКСК.

Обвинителниот акт против обвинетиот граѓанин, се подвлекува, е производ на поднесената кривична пријава од страна на оштетениот пријавител, а не од страна на Општина Гостивар, како што е изнесено во јавноста.

Предметната одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата, стои во соопштението, е производ на спроведените постапки од нејзина страна и следствено претставува резултат на обезбедените сознанија за конкретниот случај.

– Изјавите во јавноста во поглед на отстапката од 3 метри во градењето е уште еден основ да веруваме дека осомничените службени лица во Општина Гостивар знаеле дека обвинетиот граѓанин изведува незаконски градежни активности кои отстапуваат од издаденото одобрение за градба. Сите потребни и неопходни објаснувања за овој конкретен случај, осомничените службени лица, да ги даваат пред надлежниот орган, а тоа е Основното јавно обивинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува во соопштението од ДКСК.

The post ДКСК: Градежниот инспектор во Општина Гостивар замижал пред дивоградба appeared first on Република.

]]>

Во врска со одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата по предметот со бр. 12-2971 од 03.06.2019 година, информира дека иницијативата за кривично гонење против службени лица во Општина Гостивар е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353-в вв чл. 364 од Кривичниот законик (“Службен весник на РМ” бр. 37/96 … 55/13).
Службените лица, иако знаеле дека осомничениот граѓанин не се придржувал до издаденото одобрение за градење, сепак не постапиле во согласност со одредбите од чл. 132 – чл. 143 од Законот за градење (“Службен весник на РМ” бр. 130/09 … 168/18 и “Службен весник на РСМ” бр. 244/19 и 18/2020). Дотолку повеќе што за конкретниот случај постои и обвинителен акт против осомничениот граѓанин, а овластениот градежен инспектор во Општината бил повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство Гостивар, од каде јасно произлегува дека знаел дека се води истражна постапка за конкретниот случај, без да преземе дополнителни мерки согласно со законот, се појаснува во соопштението од ДКСК.
Обвинителниот акт против обвинетиот граѓанин, се подвлекува, е производ на поднесената кривична пријава од страна на оштетениот пријавител, а не од страна на Општина Гостивар, како што е изнесено во јавноста. Предметната одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата, стои во соопштението, е производ на спроведените постапки од нејзина страна и следствено претставува резултат на обезбедените сознанија за конкретниот случај.
– Изјавите во јавноста во поглед на отстапката од 3 метри во градењето е уште еден основ да веруваме дека осомничените службени лица во Општина Гостивар знаеле дека обвинетиот граѓанин изведува незаконски градежни активности кои отстапуваат од издаденото одобрение за градба. Сите потребни и неопходни објаснувања за овој конкретен случај, осомничените службени лица, да ги даваат пред надлежниот орган, а тоа е Основното јавно обивинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се наведува во соопштението од ДКСК.

The post ДКСК: Градежниот инспектор во Општина Гостивар замижал пред дивоградба appeared first on Република.

]]>
Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор против општина Гостивар заради неистакнување на македонското знаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-podnese-inicijativa-za-inspekciski-nadzor-protiv-opshtina-gostivar-zaradi-neistaknuvanje-na-makedonskoto-zname/ Tue, 03 May 2022 18:19:52 +0000 https://republika.mk/?p=496924

Политичката партија Левица, до надлежниот инспекторат, поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор против Општина Гостивар, бидејќи Советот на Општината донел пропис со кој, спротивно на законите, непосредно во близина на плоштадот во с. Форино, на улица и на јарбол нелегално е истакнато знаме на една заедница и дополнително не е задолжително истакнато и знамето на Република Македонија.

Општина Гостивар, како надлежен орган за донесување одлука со која се определува надлежниот субјект за истакнување на знамињата на заедниците, умислено и злонамерно, дозволила незаконско истакнување на знаме на заедница, притоа грубо игнорирајќи го ваквиот законски утврден прекршок.

Во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, како што е и Општина Гостивар, знамето на таа заедница се истакнува постојано единствено пред и во објектите на органите на општината, заедно со знамето на Република Македонија и никаде на друга локација на територија на општината.

На улиците и плоштадите, покрај знамето на Република Македонија се истакнува и знамето на таа заедница единствено во таксативно наведени случаи, па согласно ваквата законска поставеност, знамето на заедницата НЕ СМЕЕ да биде постојано истакнато на предметната локација.

Дополнително, во Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, со кој детално е уреден начинот на кој се истакнува државното знаме, никаде не е наведена можност за истакнување на друго знаме, без притоа да биде истакнато знамето на Република Македонија, со што се врши непочитување и деградирање на највисоките државни симболи.

The post Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор против општина Гостивар заради неистакнување на македонското знаме appeared first on Република.

]]>

Политичката партија Левица, до надлежниот инспекторат, поднесе Иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор против Општина Гостивар, бидејќи Советот на Општината донел пропис со кој, спротивно на законите, непосредно во близина на плоштадот во с. Форино, на улица и на јарбол нелегално е истакнато знаме на една заедница и дополнително не е задолжително истакнато и знамето на Република Македонија. Општина Гостивар, како надлежен орган за донесување одлука со која се определува надлежниот субјект за истакнување на знамињата на заедниците, умислено и злонамерно, дозволила незаконско истакнување на знаме на заедница, притоа грубо игнорирајќи го ваквиот законски утврден прекршок. Во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, како што е и Општина Гостивар, знамето на таа заедница се истакнува постојано единствено пред и во објектите на органите на општината, заедно со знамето на Република Македонија и никаде на друга локација на територија на општината. На улиците и плоштадите, покрај знамето на Република Македонија се истакнува и знамето на таа заедница единствено во таксативно наведени случаи, па согласно ваквата законска поставеност, знамето на заедницата НЕ СМЕЕ да биде постојано истакнато на предметната локација. Дополнително, во Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, со кој детално е уреден начинот на кој се истакнува државното знаме, никаде не е наведена можност за истакнување на друго знаме, без притоа да биде истакнато знамето на Република Македонија, со што се врши непочитување и деградирање на највисоките државни симболи.

The post Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор против општина Гостивар заради неистакнување на македонското знаме appeared first on Република.

]]>