општина делчево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-delchevo/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Feb 2023 19:04:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина делчево Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-delchevo/ 32 32 Парична помош од Општина Делчево за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/parichna-pomosh-od-opshtina-delchevo-za-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ Wed, 08 Feb 2023 19:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=606653

Делчевските советници на вонредна Седница ја усвоија одлуката со која Општина Делчево ќе додели парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Советниците едногласно ја поддржаа Одлуката со која од Буџетот на Општината ќе се издвојат 120.000 денари, кои ќе се распределат по 60.000 денари на двете земји.

Седницата со единствена точка на дневен ред за поддршка на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија се одржа на иницијатива на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој истакна дека средствата ќе се уплатат на солидарниот фонд на Црвениот крст.

The post Парична помош од Општина Делчево за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>

Делчевските советници на вонредна Седница ја усвоија одлуката со која Општина Делчево ќе додели парична помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Советниците едногласно ја поддржаа Одлуката со која од Буџетот на Општината ќе се издвојат 120.000 денари, кои ќе се распределат по 60.000 денари на двете земји. Седницата со единствена точка на дневен ред за поддршка на настраданите во земјотресот во Турција и Сирија се одржа на иницијатива на градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој истакна дека средствата ќе се уплатат на солидарниот фонд на Црвениот крст.  

The post Парична помош од Општина Делчево за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија appeared first on Република.

]]>
Предметот во фиока, нозете на биро: Кривична пријава за вработена во Општина Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/predmetot-vo-fioka-nozete-na-biro-krivichna-prijava-za-vrabotena-vo-opshtina-delchevo/ Fri, 02 Dec 2022 15:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=580997

Кривична пријава за вработена во Општина Делчево, поради основи на сомнение за ,,несовесно работење во службата”.

Поради основи на сомнение за „несовесно работење во службата“ Надворешната Канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. (57) од Делчево за сторено дело кое е казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.

Осомничената која е вработена во Општина Делчево, како што се наведува во информацијата од полицијата, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево.

По одговорот на забелешките од барателот, 57-годишната делчевка изготвила Решение со кое барањето било одбиено, а истото решение по жалба на барателот второстепениот орган го поништил. Во повторената постапка, осомничената изготвила Одобрение за градење врз основа на истите прилози и идентична фактичка состојба, а кое станало прависилно на 25.08.2022, стои во информацијата од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.

Со ваквото постапување, како што додаваат оттаму, Љ.Ѓ. нанела штета на инвеститорот во висина 175.485 евра.

The post Предметот во фиока, нозете на биро: Кривична пријава за вработена во Општина Делчево appeared first on Република.

]]>

Кривична пријава за вработена во Општина Делчево, поради основи на сомнение за ,,несовесно работење во службата”. Поради основи на сомнение за „несовесно работење во службата“ Надворешната Канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. (57) од Делчево за сторено дело кое е казниво по чл.353-в од Кривичниот законик. Осомничената која е вработена во Општина Делчево, како што се наведува во информацијата од полицијата, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево.