општина бутел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-butel/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 14:26:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина бутел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-butel/ 32 32 Костовски: Општина Бутел ќе добие нова ултра модерна поликлиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-opshtina-butel-ke-dobie-nova-ultra-moderna-poliklinika/ Thu, 15 Aug 2024 14:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=806941

Денес заедно со мојот тим остваривме работна средба со министерот за здравство Арбен Таравари  на средбата ги договоривме следните чекори кои ќе не доведат до нова ултра модерна поликлиника во Општина Бутел, информира градоначалникот Дарко Костовски.

-Носител на овој мега проект ќе биде Општина Бутел, додека министерството за здравство сериозно партнерски ќе учествува во истиот, министерот Таравари максимално го поддржи овој историски миг за граѓаните на општина Бутел. Би сакал срдечно да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој суштински стои зад овој мега проект, истакна тој.

Костовски посочи дека заедно со министерството за здравство формирале работна група која максимално ќе се посвети за што поскоро да ја заврши проектната документација за новата поликлиника.

-Процесот започнува со внимателно планирање и дизајнирање на новата пликлиника. Здравствените центри мора да исполнуваат строги регулаторни и безбедносни стандарди. Новата поликлиника ќе зафаќа бруто површина од околу 3000 м², ќе биде изградена на два ката и ќе има подземен паркинг. Надворешниот дел ќе се обезбеди дополнителен паркинг простор како и партерно и хортикултурно уредување. Изградбата на поликлиника е сложен и повеќеслоен процес кој бара внимателно планирање, координација и усогласеност со прописите за здравствена заштита, вели Костовски.

На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби.

-Деталниот урбанистички план кој го донесовме пред извесно време, маркицата за новата поликлиника ја предвидува на местото на старата амбуланта. Со градба почнуваме во првата половина на следната 2025 година, со цело срце го чекам денот кога ќе удриме камен темелник на новата поликлиника. Историски чекори за нашата Општина, напиша градоначалникот.

The post Костовски: Општина Бутел ќе добие нова ултра модерна поликлиника appeared first on Република.

]]>

Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/poraneshen-vraboten-vo-mvr-mamel-gragani-deka-ke-izvrshi-otuguvane-na-drzhavno-zemjishte-na-opshtina-butel/ Sat, 11 Nov 2023 15:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=700566

Од Општина Бутел информираат дека градоначалникот Дарко Костовски поседува информации дека лицето Николче К. (поранешен вработен во МВР на РМ) со лажни документи и фалсификувани потписи успеал да измами неколку лица, со гаранција дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на територија на Општина Бутел.

Како што информираат, некои од измамените граѓани веќе имаат поднесено пријава со соодветни докази до ОЈО за да се оформи предмет, по што пријавата е одбиена од ОЈО.

Градоначалникот Дарко Костовски јавно упатува барање до Основното јавно обвинителство Скопје, по допрен глас да отвори истрага за овие сериозни и основани сомненија за криминал. Доколку се утврди прекршување на законите и извршени криминални активности, сторителот да биде соодветно казнет, се наведува во соопштението.

Градоначалникот упатува апел до сите граѓани, веднаш да пријават до надлежните институции, доколку се жртви на измама од ова лице.

The post Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел appeared first on Република.

]]>

Од Општина Бутел информираат дека градоначалникот Дарко Костовски поседува информации дека лицето Николче К. (поранешен вработен во МВР на РМ) со лажни документи и фалсификувани потписи успеал да измами неколку лица, со гаранција дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на територија на Општина Бутел. Како што информираат, некои од измамените граѓани веќе имаат поднесено пријава со соодветни докази до ОЈО за да се оформи предмет, по што пријавата е одбиена од ОЈО.
Градоначалникот Дарко Костовски јавно упатува барање до Основното јавно обвинителство Скопје, по допрен глас да отвори истрага за овие сериозни и основани сомненија за криминал. Доколку се утврди прекршување на законите и извршени криминални активности, сторителот да биде соодветно казнет, се наведува во соопштението.
Градоначалникот упатува апел до сите граѓани, веднаш да пријават до надлежните институции, доколку се жртви на измама од ова лице.

The post Поранешен вработен во МВР мамел граѓани дека ќе изврши отуѓување на државно земјиште на Општина Бутел appeared first on Република.

]]>
„Боца Иванова“ е простор за булевар, а не е ничиј двор, скопската градоначалничка ја продолжува војната го градоначалникот на Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/botsa-ivanova-e-prostor-za-bulevar-a-ne-e-nichij-dvor-skopskata-gradonachalnichka-ja-prodolzhuva-vojnata-go-gradonachalnikot-na-butel/ Mon, 20 Mar 2023 18:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=621725

Доколку сметаат граѓаните дека треба така да се однесуваме, дека треба да ставиме ограда каде сакаме и да кажеме дека тоа е наше, се враќаме назад 30 години. Во оваа држава има право, има правила, и закони коио би требало да го штитат јавниот, општиот интерес и интересот на сите граѓани, а не само на десет луѓе. Тоа е простор каде што треба да има булевар што припаѓа на сите скопјани и не е тоа ничиј двор , туку е узурпирано земјиште, истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во денешната изјава за медиумите во врска со барањето за промена на трасата за изградба на новиот булевар „Боца Иванова“ во Општина Бутел.

Градоначалничката Арсовска на официјалното започнување на изградбата на „Мега паркот“ во Општина Чаир, каде што даваше изјава заедно со пратеникот од редовите на ДУИ Изет Меџити и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, тврдењата на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски од минатата недела дека таа ветила дека нема да се гради улица во дворовите од каде што е предвидено да помине булеварот, ги оцени како невистинити.

- Јас во мојата кампања ветив дека ќе ја реализирам програмата за „Модерно Скопје“ во која на 34 страница може да го најдете токму тој проект. Второ, паушални изјави заради собирање поени дека трасата може да помести, е нешто од што пати оваа наша држава веќе 30 години. Македонија не може да се придвижи од тоа што секој си дозволува се што смета дека него лично не му одговара, во случај кога земал и си окупирал 500, 1000 квадрати државно земјиште, да кажува на кој начин треба со истото да се располага и да поместуваст траси, изјави Арсовска.

Таа додаде дека кружниот тек со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и друга голема крстосница остануваат неповрзани само заради тоа што, како што наведе, некој земал државно земјиште.

- Јас не знам дали е тоа желбата на граѓаните на Градот Скопје, мислам дека не е. Сметам дека 120.000 граѓани кои на овие избори ја изгласаа програмата на Градот Скопје одлучија дека тоа нема да остане слепо црево на градот односно дека таму некој што им ветувал во изминатите 30 години треба да го реализира. И не верувам дека треба да бидеме поведени од нечии лични интереси и тоа да остане како слепо црево, истакна градоначалничката Арсовска.

Таа исто така го спомна и реализирањето на други поголеми проекти со експроприрани земјишта кои биле веќе приватни и како пример за тоа го наведе булеварот АСНОМ каде што, како што посочи, во 2021 година луѓето биле практично иселувани од своите куќи и местата каде што живеат за да се предвиди на тоа место булевар.

- Сега зборуваме за узурпирано земјиште каде што 10 луѓе си го земале, си граделе, си правеле базени и хациенди и некој тоа треба да го прости, додаде Арсовска.

Во врска со ова прашање, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, минатата недела во изјава за медиумите тврдеше дека градоначалничката Арсовска лично им ветила на луѓето дека нема да има никаква улица и дека ќе се изгради парк на „Христијан Тодоровски Карпош“.

Како прифатливо решение, според него, би било само дислоцирање на трасата и рече дека  градоначалничката Арсовска, за време на кампањата во 2021 година, им велела на граѓаните дека во овој дел од општината нема да има ниту улица, ниту згради.

The post „Боца Иванова“ е простор за булевар, а не е ничиј двор, скопската градоначалничка ја продолжува војната го градоначалникот на Бутел appeared first on Република.

Нови пристапни патеки во Скопје Север и паркинг места во Бутел 2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novi-pristapni-pateki-vo-skopje-sever-i-parking-mesta-vo-butel-2/ Tue, 07 Mar 2023 13:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=616902

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека се завршени пристапни патеки во населено место Скопје Север и нови паркинг места на улица „Алпи“ во Бутел 2.

Завршени се вкупно 17 пристапни патеки до станбените згради и кулите со павер елементи во Скопје Север. На барање на жителите од улица Алпи решивме голем проблем и обезбедивме нови паркинг места со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на жителите од оваа улица, информира Костовски.

Општина Бутел и понатаму работи на подобрување на функционалноста и организирање на паркинг просторот.

The post Нови пристапни патеки во Скопје Север и паркинг места во Бутел 2 appeared first on Република.

Мицкоски: Покажуваме на дело дека ги менуваме работите, оваа година ќе се инвестираат рекордни 120 милиони денари за развој на општина Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-pokazhuvame-na-delo-deka-gi-menuvame-rabotite-ovaa-godina-ke-se-investiraat-rekordni-120-milioni-denari-za-razvoj-na-opshtina-butel/ Mon, 16 Jan 2023 08:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=597338

Ми велеа дека е невозможно да се поместат работите кои ја влечат општина Бутел надоле во уште подлабоки проблеми. Но, оваа година што измина покажавме дека има надеж и дека чесно и одговорно со многу труд и работа можат да се случат промените“, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски  во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Костовски додаде дека Општина Бутел донесе буџет дизајниран според реални потреби на граѓаните со многу решенија за годината во која се влегува со многу ентузијазам и големи планови.

„Добро е да се знае дека секое населено место во општина Бутел ќе добие модерни, урбани спортско рекреативни центри. Томче предложи и тој проект го прифативме за реконструкција на уличното и поставување на ново ЛЕД осветлување во општина Бутел. Но, заедно оваа година ќе продолжиме со инвестиции во образованието, нови паркови и зелени површини“, нагласи градоначалникот на општина Бутел.

Тој посочи дека ќе има инвестиции во спортот и спортската инфраструктура. Ќе се асфалтираат над 30 улици, ќе се изградат нови водоводи и канализации.

„Покажавме дека промените вредат и тие се реалност. За општина Бутел каква што секој од вас заслужува“, укажа Костовски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека изминатата година општина Бутел инвестираше повеќе од 70 милиони денари за развој и тоа во време во една од најтешките кризи.

„Покажуваме на дело дека ги менуваме работите, покажуваме разлика која граѓаните ја сакаат и дека нивниот глас вистински вреди затоа што работиме според нивните барања и потреби. Изминатата година општина Бутел инвестираше повеќе од 70 милиони денари за развој и тоа во време во една од најтешките кризи, во време на целосно кочење и опструкција на централната власт“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека оваа година ќе се инвестираат рекордни 120 милиони денари за развој на општина Бутел.

„Конечно општината ќе добие ново речно корито на река Серава со нова трим патека и партерно уредување. Колку владата повеќе работи против својот народ и ги казнува општините, ние имаме поголем мотив да сработиме за граѓаните. Следува година на промени и година на нови проекти и победи. Затоа што нашата борба е да решиме што повеќе проблеми и создаваме иднина, промените на дело“, истакна

The post Мицкоски: Покажуваме на дело дека ги менуваме работите, оваа година ќе се инвестираат рекордни 120 милиони денари за развој на општина Бутел appeared first on Република.

Магична спортска вечер во Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/magichna-sportska-vecher-vo-butel/ Sun, 25 Dec 2022 21:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=589849

Овие три дена општина Бутел беше домаќин на повеќе од 250 деца од целата земја, кои низ фудбалот се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници. Организатор на Новогодишниот турнир беше ФК Бутел, а опкровител општината.

Ја продолжуваме традиција и оваа година со задоволство како Општина Бутел бевме целосни покровители на вториот новогодишен турнир за младински категории во фудбал.
🏆 Обезбедивме квалитетни услови за игра, медали и пехари, исто така обезбедивме и новогодишни пакетчиња и благодарница за секој учесник.
🥇 Заедно со македонските спортски величини Кочо Димитровски и Дејан Георгиевски ги поделивме наградите за најдобрите.
⚽️ Овие три дена Општина Бутел беше домаќин во спортската сала “Антон Димитров” на над 250 дечиња од цело Скопје и Македонија кои низ фудбалската игра се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници.
Благодарност до ФК Бутел како технички организатор на овој убав турнир.
Општина Бутел и јас како градоначалник ќе бидеме постајани партнери на младите и секогаш срдечно ќе го поддржуваме спортот! ✅

The post Магична спортска вечер во Бутел appeared first on Република.

]]>

Овие три дена општина Бутел беше домаќин на повеќе од 250 деца од целата земја, кои низ фудбалот се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници. Организатор на Новогодишниот турнир беше ФК Бутел, а опкровител општината. Ја продолжуваме традиција и оваа година со задоволство како Општина Бутел бевме целосни покровители на вториот новогодишен турнир за младински категории во фудбал. 🏆 Обезбедивме квалитетни услови за игра, медали и пехари, исто така обезбедивме и новогодишни пакетчиња и благодарница за секој учесник. 🥇 Заедно со македонските спортски величини Кочо Димитровски и Дејан Георгиевски ги поделивме наградите за најдобрите. ⚽️ Овие три дена Општина Бутел беше домаќин во спортската сала “Антон Димитров” на над 250 дечиња од цело Скопје и Македонија кои низ фудбалската игра се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници. Благодарност до ФК Бутел како технички организатор на овој убав турнир. Општина Бутел и јас како градоначалник ќе бидеме постајани партнери на младите и секогаш срдечно ќе го поддржуваме спортот! ✅

The post Магична спортска вечер во Бутел appeared first on Република.

]]>
До крајот на годината Општина Бутел ќе вложи 15 милиони денари во училиштата и градинките https://arhiva3.republika.mk/vesti/do-krajot-na-godinata-opshtina-butel-kje-vlozi-15-milioni-denari-vo-uchilishtata-i-gradinkite/ Tue, 01 Nov 2022 13:22:26 +0000 https://republika.mk/?p=568321

До крајот на годината Општина Бутел ќе вложи 15 милиони денари во училиштата и градинките, соопшти на Фејсбук градоначалникот Дарко Костовски.
Не откривајќи многу детали, Косовски напиша дека општината ќе набави смарт табли, неколку нови кабинети за информатика, ќе изгради нови спортски терени и детски игралишта, а за градинките ќе набави опрема и инвентар.

The post До крајот на годината Општина Бутел ќе вложи 15 милиони денари во училиштата и градинките appeared first on Република.

]]>

До крајот на годината Општина Бутел ќе вложи 15 милиони денари во училиштата и градинките, соопшти на Фејсбук градоначалникот Дарко Костовски. Не откривајќи многу детали, Косовски напиша дека општината ќе набави смарт табли, неколку нови кабинети за информатика, ќе изгради нови спортски терени и детски игралишта, а за градинките ќе набави опрема и инвентар.

The post До крајот на годината Општина Бутел ќе вложи 15 милиони денари во училиштата и градинките appeared first on Република.

]]>
Скопје Север добива пристапни патеки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopje-sever-dobiva-pristapni-pateki/ Fri, 16 Sep 2022 14:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=551508

Општина Бутел започнува со изградба на 17 пристапни патеки во Скопје Север, обави градоначалникот Дарко Костовски на Фејсбук. Тој се пофаали дека во работното лето на општината секој ден започнуват нов проект.

👷 Денес започнавме со изградба на 1️⃣7️⃣ пристапни патеки до станбените згради со павер елементи во Скопје Север.
🏗 Ќе се реконструираат пристапните влезови на станбените згради и ќе се надмине проблемот со поплавување на влезовите.
🛠 Градежното лето се одвива со силна динамика.
Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните.
Еднаков рамномерен развој на сите населени места, пишува Костовски.

The post Скопје Север добива пристапни патеки appeared first on Република.

]]>

Општина Бутел започнува со изградба на 17 пристапни патеки во Скопје Север, обави градоначалникот Дарко Костовски на Фејсбук. Тој се пофаали дека во работното лето на општината секој ден започнуват нов проект. 👷 Денес започнавме со изградба на 1️⃣7️⃣ пристапни патеки до станбените згради со павер елементи во Скопје Север. 🏗 Ќе се реконструираат пристапните влезови на станбените згради и ќе се надмине проблемот со поплавување на влезовите. 🛠 Градежното лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувања кон граѓаните. Еднаков рамномерен развој на сите населени места, пишува Костовски.

The post Скопје Север добива пристапни патеки appeared first on Република.

]]>
Олимписки сон – јаве за бутелчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/olimpiski-son-jave-za-butelchani/ Fri, 02 Sep 2022 22:01:48 +0000 https://republika.mk/?p=546974

🌳 Се гради паркот “Олимписки сон” во Бутел 1 кој се наоѓа веднаш до ООУ св. Климент Охридски.
🖼 Општина Бутел ќе добие ново зелено катче кое покрај место за релаксирање, ќе има за цел да мотивира нови млади спортисти да постигнуваат врвни спортски резултати за Македонија.
Го менуваме ликот на Општина Бутел 😇

The post Олимписки сон – јаве за бутелчани appeared first on Република.

]]>

🌳 Се гради паркот “Олимписки сон” во Бутел 1 кој се наоѓа веднаш до ООУ св. Климент Охридски. 🖼 Општина Бутел ќе добие ново зелено катче кое покрај место за релаксирање, ќе има за цел да мотивира нови млади спортисти да постигнуваат врвни спортски резултати за Македонија. Го менуваме ликот на Општина Бутел 😇

The post Олимписки сон – јаве за бутелчани appeared first on Република.

]]>
Ќе се гради нова детска градинка во Бутел 1 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kje-se-gradi-nova-detska-gradinka-vo-butel-1/ Tue, 16 Aug 2022 09:03:06 +0000 https://republika.mk/?p=540823

Во скопската општина Бутел 1 ќе се гради нова детска градинка кога ќе има капацитет за згрижување на 120 деца. Градинката ќе биде во дворот на ООУ „Свети Климент Охридски“, објави на својот профил на фејсбук градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

Градинката ќе биде со површина од 870 метри квадратни. Во просториите се предвидени три занимални за деца од 2-6 години и една просторија за јасли за деца до 2 години.

The post Ќе се гради нова детска градинка во Бутел 1 appeared first on Република.

]]>

Во скопската општина Бутел 1 ќе се гради нова детска градинка кога ќе има капацитет за згрижување на 120 деца. Градинката ќе биде во дворот на ООУ „Свети Климент Охридски“, објави на својот профил на фејсбук градоначалникот на Бутел Дарко Костовски. Градинката ќе биде со површина од 870 метри квадратни. Во просториите се предвидени три занимални за деца од 2-6 години и една просторија за јасли за деца до 2 години.

The post Ќе се гради нова детска градинка во Бутел 1 appeared first on Република.

]]>
Работно лето во Бутел, започнува изградбата на СРЦ „Го сакам Бутел“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/rabotno-leto-vo-butel-zapochnuva-izgradbata-na-src-go-sakam-butel/ Sat, 23 Jul 2022 16:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=532475

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски информира дека денеска започнува пробивањето на улица која ќе ги поврзе улиците „Марко Крале“ и „Зуфер Мусиќ“ и подготвоката и раменњето на просторот на кој ќе се гради спортско-рекреативниот центар „Го сакам Бутел“.

Денес започнавме со првата фаза од пробивање и изведба на новата улица која ќе ги поврзува улицата Марко Крале и улицата Зуфер Мусиќ во Бутел 1. Целосната реконструкција на оваа улица ќе се одвива низ три фази.
🏟 Започнавме и со припрема и рамнење на просторот на кој ќе биде новиот спортско рекреативен центар кој ќе опфаќа фудбалско со вештачка треба, кошаркарско со специјална подлога и детско игралиште. Покрај тоа новиот центар ќе има и нова модерна урбана опрема, летниковец и ново лед осветлување.
Продолжуваме посветено со остварување на ветените проекти пред граѓаните на општина Бутел.

The post Работно лето во Бутел, започнува изградбата на СРЦ „Го сакам Бутел“ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски информира дека денеска започнува пробивањето на улица која ќе ги поврзе улиците „Марко Крале“ и „Зуфер Мусиќ“ и подготвоката и раменњето на просторот на кој ќе се гради спортско-рекреативниот центар „Го сакам Бутел“. Денес започнавме со првата фаза од пробивање и изведба на новата улица која ќе ги поврзува улицата Марко Крале и улицата Зуфер Мусиќ во Бутел 1. Целосната реконструкција на оваа улица ќе се одвива низ три фази. 🏟 Започнавме и со припрема и рамнење на просторот на кој ќе биде новиот спортско рекреативен центар кој ќе опфаќа фудбалско со вештачка треба, кошаркарско со специјална подлога и детско игралиште. Покрај тоа новиот центар ќе има и нова модерна урбана опрема, летниковец и ново лед осветлување. Продолжуваме посветено со остварување на ветените проекти пред граѓаните на општина Бутел.

The post Работно лето во Бутел, започнува изградбата на СРЦ „Го сакам Бутел“ appeared first on Република.

]]>
Општина Бутел ослободена од комуналии за новата градинка во Бутел 1 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-butel-oslobodena-od-komunalii-za-novata-gradinka-vo-butel-1/ Mon, 11 Jul 2022 17:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=527173

Град Скопје донесе одлука за ослободување од надоместок за изградба на нова детска градинка во Бутел

На 13. седница на Советот на Град Скопје, е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова градинка во Општина Бутел.

Со оваа одлука инвеститорот Општина Бутел се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште кон Градот Скопје, за изградба на нова градинка во населбата Бутел 1 во Скопје, со цел изградба на нова градинка која е од јавен интерес и од исклучителна важност за граѓаните на овој дел од градот.

The post Општина Бутел ослободена од комуналии за новата градинка во Бутел 1 appeared first on Република.

]]>

Град Скопје донесе одлука за ослободување од надоместок за изградба на нова детска градинка во Бутел На 13. седница на Советот на Град Скопје, е донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на нова градинка во Општина Бутел. Со оваа одлука инвеститорот Општина Бутел се ослободува од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште кон Градот Скопје, за изградба на нова градинка во населбата Бутел 1 во Скопје, со цел изградба на нова градинка која е од јавен интерес и од исклучителна важност за граѓаните на овој дел од градот.

The post Општина Бутел ослободена од комуналии за новата градинка во Бутел 1 appeared first on Република.

]]>
Ново фудбалско игралиште во населеното место Расадник https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/novo-fudbalsko-igralishte-vo-naselenoto-mesto-rasadnik/ Wed, 15 Jun 2022 06:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=515298

НОВО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО РАСАДНИК! Денес со фудбалскиот натпревар помеѓу учениците на ООУ Св. Климент Охридски и ООУ Ацо Шопов официјално се пушти во употреба новото фудбалско игралиште. Целосно се реконструираше старото игралиште за фудбал. Поставена е специјална подлога за мал фудбал, ново лед осветлување, стои во Фејсбук објавата на градоначалникот на општина Бутел, Дарко костовски.

Тој напиша дека со ова целосно се заврши новиот рекреативен потег во населеното место Расадник на над 3000 м2.

– Нов парк, нови пешачки патеки, ново зеленило и ново фудбалско игралиште се дел од овој рекреативен потег. Општина Бутел се менува! Ветеното го реализираме! #ОпштинаБутел, додава Костовски.

The post Ново фудбалско игралиште во населеното место Расадник appeared first on Република.

]]>

НОВО ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО РАСАДНИК! Денес со фудбалскиот натпревар помеѓу учениците на ООУ Св. Климент Охридски и ООУ Ацо Шопов официјално се пушти во употреба новото фудбалско игралиште. Целосно се реконструираше старото игралиште за фудбал. Поставена е специјална подлога за мал фудбал, ново лед осветлување, стои во Фејсбук објавата на градоначалникот на општина Бутел, Дарко костовски. Тој напиша дека со ова целосно се заврши новиот рекреативен потег во населеното место Расадник на над 3000 м2. – Нов парк, нови пешачки патеки, ново зеленило и ново фудбалско игралиште се дел од овој рекреативен потег. Општина Бутел се менува! Ветеното го реализираме! #ОпштинаБутел, додава Костовски.

The post Ново фудбалско игралиште во населеното место Расадник appeared first on Република.

]]>
Формиран нов зелен коридор во општина Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/formiran-nov-zelen-koridor-vo-opshtina-butel/ Mon, 11 Apr 2022 15:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=486900

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид на новоформираниот зелен коридор во населбата Бутел 1.

Изминатиов период интензивно се работеше на хортикултурно уредување на овој простор кој со години е запуштен, сега доби нов лик и дополнително зеленило во овој предел од општината, на барање на граѓаните. Во следниот период ќе биде завршен и зелениот коридор во населба Радишани и дополнителни нови зелени површини низ населените места во сите скопски општини, истакна Арсовска.

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека се менува ликот на општина Бутел, со подигнувањето на нови зелени површини и паркови, на места каде со години наназад не е реализирано ништо. Наскоро се започнува со изградба на два нови паркови и завршување на паркот во населбата Радишани кој е во финална фаза, истакна Костовски.

Градот Скопје, заедно со ЈП Паркови и зеленило, продолжува со активности за уредување на нови зелени појаси низ населените места во Скопје, на кои се работи етапно, со поставување на нов систем за полевање, нова вегетација, тревници и нови садници и целосно уредување, а во следниот период во уште поголем интензитет, посочи директорот на ЈП Паркови и зеленило, Сотировски.

The post Формиран нов зелен коридор во општина Бутел appeared first on Република.

Учениците од “ООУ Климент Охридски” во посета на Општина Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/uchenicite-od-oou-kliment-ohridski-vo-poseta-na-opshtina-butel/ Thu, 24 Feb 2022 18:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=463381

Денеска Општина Бутел беше домаќин на основниците од “ООУ Климент Охридски”, информираат од општината.

Учениците можеа одблиску да се запознаат со функционирањето и ингеренциите на градоначалникот и општината.

Ги запознавме со нашите секојдневни обврски, проекти, како и грижата за нашите граѓани. На оваа наша средба разговаравме и за потребите и желбите на основците и се заложивме заедно да ги исполниме. Најмладите се наш партнер и грижата за нив ќе биде секогаш на прво место, изјави градоначалникот Костовски.

The post Учениците од “ООУ Климент Охридски” во посета на Општина Бутел appeared first on Република.

Смилевски не одговори како може производи со слични спецификации во тендер да се со цени 6000 пати повисоки https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/smilevski-ne-odgovori-kako-moze-proizvodi-so-slichni-specifikacii-vo-tender-da-se-so-ceni-6000-pati-povisoki/ Wed, 09 Feb 2022 17:35:46 +0000 https://republika.mk/?p=456383

Велимир Смилевски и СДСМ денес зборуваат за се , само не за суштинското нешто. Јавноста треба да знае како се манипулирало со тендерите во општина Бутел. Како тоа кабелот NAYY – A 4x16mm2 (1kV) чини 380,86 денари по метар, а подебелиот кабел од типот NAYY –A 4x35mm2 чини 1.81 денар- разлика во цена 210 пати, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Или како тоа четири метарски столб чини 9975,02 денари по парче, а исти такви топлопоцинкувани столбови во висина од 5 метри и 8 метри чинат само 1,81 денар- разлика во цена 5.500 пати?!

Или пак како светилка за натриумова цеваста сијалица со снага од 70 вати чини 10881,84 денари, а исти такви од 150 и 250 вати чинат 1,81 денар- разлика во цена 6000 пати?!

Или пак, натриумова 70 ватна сијалица чини 1142,59 денари, а истите светилки од 150 и 250 вати чинат по 1,81 денар. Разликата во цената е од 630 пати.

Тоа што Смилески и СДСМ зборуваат за се само не за овие прашања, јасно кажува дека тендерите биле местени како одредена фирма да добие најниска понуда. Односно методот бил следен, наброј во спецификација 9 производи кои немаш намера да ги набавуваш и тие фирмата ќе ги понуди за два денари, а тие неколку кои си сигурен дека ќе ги набавуваш се проценуваат како да се суво злато.

Ете ова е криминал и начин за испумпување на народни пари во приватни џебови и ако не беа под партиска контрола на СДСМ, Јавното обвинителство и Финансиска полиција уште денес ќе почнеа да го истражуваат случајот“, се вели во соопштението.

The post Смилевски не одговори како може производи со слични спецификации во тендер да се со цени 6000 пати повисоки appeared first on Република.

]]>

Велимир Смилевски и СДСМ денес зборуваат за се , само не за суштинското нешто. Јавноста треба да знае како се манипулирало со тендерите во општина Бутел. Како тоа кабелот NAYY – A 4x16mm2 (1kV) чини 380,86 денари по метар, а подебелиот кабел од типот NAYY –A 4x35mm2 чини 1.81 денар- разлика во цена 210 пати, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Или како тоа четири метарски столб чини 9975,02 денари по парче, а исти такви топлопоцинкувани столбови во висина од 5 метри и 8 метри чинат само 1,81 денар- разлика во цена 5.500 пати?! Или пак како светилка за натриумова цеваста сијалица со снага од 70 вати чини 10881,84 денари, а исти такви од 150 и 250 вати чинат 1,81 денар- разлика во цена 6000 пати?! Или пак, натриумова 70 ватна сијалица чини 1142,59 денари, а истите светилки од 150 и 250 вати чинат по 1,81 денар. Разликата во цената е од 630 пати. Тоа што Смилески и СДСМ зборуваат за се само не за овие прашања, јасно кажува дека тендерите биле местени како одредена фирма да добие најниска понуда. Односно методот бил следен, наброј во спецификација 9 производи кои немаш намера да ги набавуваш и тие фирмата ќе ги понуди за два денари, а тие неколку кои си сигурен дека ќе ги набавуваш се проценуваат како да се суво злато. Ете ова е криминал и начин за испумпување на народни пари во приватни џебови и ако не беа под партиска контрола на СДСМ, Јавното обвинителство и Финансиска полиција уште денес ќе почнеа да го истражуваат случајот“, се вели во соопштението.

The post Смилевски не одговори како може производи со слични спецификации во тендер да се со цени 6000 пати повисоки appeared first on Република.

]]>
Костовски почна со потпишување на решенијата за легализација во Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-pochna-so-potpishuvanje-na-reshenijata-za-legalizacija-vo-butel/ Tue, 18 Jan 2022 22:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=446552

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски вечерва поќна со потпишување на решенијата за легализација на објекти на територија на општината.

Со овој чин се одглави процесот на легализација на објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Во Општина Бутел се поднесени над 7.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница. 
За да се забрза процесот на завршување на предметите, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам.
Проблемот што им создаваше потешкотии на граѓаните на Општина Бутел за многу скоро ќе стане минато, порача Костовски.

The post Костовски почна со потпишување на решенијата за легализација во Бутел appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски вечерва поќна со потпишување на решенијата за легализација на објекти на територија на општината.
Со овој чин се одглави процесот на легализација на објекти согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Во Општина Бутел се поднесени над 7.000 барања, од кои речиси половина сé уште чекаат завршница.  За да се забрза процесот на завршување на предметите, почнавме со нова поефикасна организација на вработените во Секторот за урбанизам. Проблемот што им создаваше потешкотии на граѓаните на Општина Бутел за многу скоро ќе стане минато, порача Костовски.

The post Костовски почна со потпишување на решенијата за легализација во Бутел appeared first on Република.

]]>
Костовски: Службите се на терен, се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-sluzbite-se-na-teren-se-chisti-snegot-vo-ljubanci-ljuboten-i-radishani/ Mon, 10 Jan 2022 14:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=442674

Дарко Костовски, градоначалникот на Општина Бутел објави службите се на терен и се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани

Заедно со Град Скопје навремено со брза реакција го дочекавме првиот овогодишен снег.

Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез.

Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје.

Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација, објави Костовски.

The post Костовски: Службите се на терен, се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани appeared first on Република.

]]>

Дарко Костовски, градоначалникот на Општина Бутел објави службите се на терен и се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани
Заедно со Град Скопје навремено со брза реакција го дочекавме првиот овогодишен снег. Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез. Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје. Кризниот штаб навремено ја следи целата ситуација, објави Костовски.

The post Костовски: Службите се на терен, се чисти снегот во Љубанци, Љуботен и Радишани appeared first on Република.

]]>