Општина Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-bitola/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Mar 2023 17:24:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Општина Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-bitola/ 32 32 По пад на таванот: Градоначалникот на Битола бара одговорност од директорката на Средното Медицинското училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-pad-na-tavanot-gradonachalnikot-na-bitola-bara-odgovornost-od-direktorkata-na-srednoto-meditsinskoto-uchilishte/ Tue, 28 Mar 2023 17:24:58 +0000 https://republika.mk/?p=624782

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ДИРЕКТОРКАТА НА СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ
Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева претпладне ја извести општината, дека утрово во 8.00 часот, паднал таванот во училишните тоалети, за подоцна, Илиева, на прашање од градоначалникот да потврди, дека при падот на таванот била незначително повредена ученичка од училиштето.
Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информираше дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.
Комисијата изготви записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски, го контактираше семејството на повредената ученичка, при што беше информиран дека, ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката. Коњановски, останува во контакт со семејството, а од директорката Наташа Илиева побара одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем.
На крајот на минатата година, од страна на градоначалникот на општина Битола, беа повикани, директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Од страна на директорката Илиева, не беше побарана интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште, стои на официјалната страна на општина Битола.

The post По пад на таванот: Градоначалникот на Битола бара одговорност од директорката на Средното Медицинското училиште appeared first on Република.

]]>

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ДИРЕКТОРКАТА НА СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева претпладне ја извести општината, дека утрово во 8.00 часот, паднал таванот во училишните тоалети, за подоцна, Илиева, на прашање од градоначалникот да потврди, дека при падот на таванот била незначително повредена ученичка од училиштето. Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информираше дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување. Комисијата изготви записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски, го контактираше семејството на повредената ученичка, при што беше информиран дека, ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката. Коњановски, останува во контакт со семејството, а од директорката Наташа Илиева побара одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем. На крајот на минатата година, од страна на градоначалникот на општина Битола, беа повикани, директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Од страна на директорката Илиева, не беше побарана интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште, стои на официјалната страна на општина Битола.

The post По пад на таванот: Градоначалникот на Битола бара одговорност од директорката на Средното Медицинското училиште appeared first on Република.

]]>
Чешкиот амбасадор во посета на Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/cheshkiot-ambasador-vo-poseta-na-bitola/ Thu, 23 Feb 2023 14:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=612373

Амбасадорот на Чешка во Македонија Јарослав Лудва, ја посети Општина Битола и се сретна со градоначалникот Тони Коњановски.

За време на првата посета на Битола, чешкиот амбасадор беше информиран за имплементацијата на повеќе решенија поврзани со урбаната мобилност и примената на современи решенија за развој на паметни градови.

На средбата Коњановски – Лудва, посебен акцент во разговорот беше ставен на добрите примери и стратегии кои се применуваат во Чешка, предностите од користењето на електрични автобуси, како и позитивните искуства од функционирањето на принципот на јавно – приватно партнерство, соопштија од Општина Битола.

The post Чешкиот амбасадор во посета на Битола appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Чешка во Македонија Јарослав Лудва, ја посети Општина Битола и се сретна со градоначалникот Тони Коњановски. За време на првата посета на Битола, чешкиот амбасадор беше информиран за имплементацијата на повеќе решенија поврзани со урбаната мобилност и примената на современи решенија за развој на паметни градови. На средбата Коњановски – Лудва, посебен акцент во разговорот беше ставен на добрите примери и стратегии кои се применуваат во Чешка, предностите од користењето на електрични автобуси, како и позитивните искуства од функционирањето на принципот на јавно – приватно партнерство, соопштија од Општина Битола.

The post Чешкиот амбасадор во посета на Битола appeared first on Република.

]]>
Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uslovna-za-biznismenot-koj-so-sinovite-napadna-sovetnitsi/ Sat, 18 Feb 2023 11:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=610459

Александар Талевски, бизнисменот од Битола, кој вербално нападна советници од битолскиот Совет доби алтернативна мерка, условна осуда казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши доколку во период од една година и шест месеци нема да повтори кривично дело, објави Независен.

Ваква пресуда денеска донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба. Судењето беше на 10 овој месец.

За синовите на Талевски, кои исто така беа дел од овој настан, изречена е алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело.

Инаку инцидентот на 28 декември во кафеана на битолски Широк Сокак, додека голем дел од советниците по изгласувањето на буџетот на Општина Битола и по одржаната седница седнале да вечераат секој на своја сметка.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolski-biznismen-so-sinovite-trgnal-da-se-tepa-so-sovetnitsi-od-opshtinata/

The post Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници appeared first on Република.

]]>

Александар Талевски, бизнисменот од Битола, кој вербално нападна советници од битолскиот Совет доби алтернативна мерка, условна осуда казна затвор од 6 месеци која нема да се изврши доколку во период од една година и шест месеци нема да повтори кривично дело, објави Независен. Ваква пресуда денеска донесе Основниот суд во Битола, откако битолското јавно обвинителство даде предлог-спогодба. Судењето беше на 10 овој месец. За синовите на Талевски, кои исто така беа дел од овој настан, изречена е алтернативна мерка 3 месеци казна затвор, која нема да се изврши ако за 1 година не сторат ново кривично дело. Инаку инцидентот на 28 декември во кафеана на битолски Широк Сокак, додека голем дел од советниците по изгласувањето на буџетот на Општина Битола и по одржаната седница седнале да вечераат секој на своја сметка. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolski-biznismen-so-sinovite-trgnal-da-se-tepa-so-sovetnitsi-od-opshtinata/

The post Условна за бизнисменот кој со синовите нападна советници appeared first on Република.

]]>
И општина Битола доби буџет за вгодина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-opshtina-bitola-dobi-budhet-za-vgodina/ Wed, 28 Dec 2022 19:00:11 +0000 https://republika.mk/?p=591152

На последната седница на Советот на Општина Битола, 22-ра по ред и последна за оваа календарска година, која заврши попладнево, е изгласан буџетот за 2023 година, кој “тежи“ над 2 милијарди денари или околу 32 милиони евра, 910 милиони денари основен буџет, а до конечната бројка се и дотациите од државната каса, јавува „Битола њуз“.

За усвојување на буџетот за наредната година гласаа 16 советници од ВМРО-ДПМНЕ и „Поинаку“. Воздржани беа советниците од СДСМ и Левица.

На почетокот на седницата за буџетот зборуваше градоначаникот на Битола, Тони Коњановски, по што следуваше расправа.

The post И општина Битола доби буџет за вгодина appeared first on Република.

]]>

На последната седница на Советот на Општина Битола, 22-ра по ред и последна за оваа календарска година, која заврши попладнево, е изгласан буџетот за 2023 година, кој “тежи“ над 2 милијарди денари или околу 32 милиони евра, 910 милиони денари основен буџет, а до конечната бројка се и дотациите од државната каса, јавува „Битола њуз“. За усвојување на буџетот за наредната година гласаа 16 советници од ВМРО-ДПМНЕ и „Поинаку“. Воздржани беа советниците од СДСМ и Левица. На почетокот на седницата за буџетот зборуваше градоначаникот на Битола, Тони Коњановски, по што следуваше расправа.

The post И општина Битола доби буџет за вгодина appeared first on Република.

]]>
Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак поставена во Оштина Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golema-reprodukcija-sostavena-od-dve-dela-na-francuskiot-umetnik-zan-pejrisak-postavena-vo-oshtina-bitola/ Thu, 10 Nov 2022 11:20:10 +0000 https://republika.mk/?p=572263

Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак (1895-1974) е поставена во внатрешноста на битолската општинска зграда и отсликува фрагмент од животот во Битола за време на Првата светска војна.

Уметничкото дело на Пејрисак, претставник на француската модерна уметност од 20 век, го промовираа амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и градоначалникот Тони Коњановски.

Ова дело е симбол на пријателството меѓу нас. Таа приказна за нашето пријателство е долга, но станува уште подлабока и почовечка. Фреската е составена од репродукции на дела кои ја претставуваат старата битолска чаршија и бреговите на Драгор. Жан сакал да студира медицина, но започнала војната и се пријавил како доброволец, а во 1917 година бил испратен на Македонскиот односно Солунскиот фронт во Солун и Битола. Преку оваа фреска Жан повторно се врати во градот со кој толку многу бил поврзан, истакна францускиот амбасадор Бомгартнер.

Репродукцијата е откриена по повод празнувањето на 104 годишнината од крајот на Првата светска војна. Авторските права за делата се отстапени лично од семејството Пејрисак, чија внука Стефани, посочи дека сеќавањето на нејзиниот дедо од средбата со македонскиот народ ќе бидат присустни во очите на многу посетители преку ѕидовите во битолската Општина. Репродукцијата ја направи уметничкото ателје Солак, а иницијативата за проектот ја даде историчарот од Франција Ерик Алан.

Ова е уште една потврда за нашата соработка во делот на културата и уметноста. Ова дело потекнува од 1917 година и отсликува еден мошне значаен период за Битола. Верувам дека ќе претставува вистинска атракција за многу гости кои ќе ја посетат Битола и ќе сведочи за добрата меѓународна соработа која ја негува општината, посочи градоначалникот Коњановски.

Денес во Битола, француските гробишта во овој град со комеморација ќе биде одбележан 11 ноември, Денот на примирјето.

The post Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак поставена во Оштина Битола appeared first on Република.

]]>

Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак (1895-1974) е поставена во внатрешноста на битолската општинска зграда и отсликува фрагмент од животот во Битола за време на Првата светска војна. Уметничкото дело на Пејрисак, претставник на француската модерна уметност од 20 век, го промовираа амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и градоначалникот Тони Коњановски.
Ова дело е симбол на пријателството меѓу нас. Таа приказна за нашето пријателство е долга, но станува уште подлабока и почовечка. Фреската е составена од репродукции на дела кои ја претставуваат старата битолска чаршија и бреговите на Драгор. Жан сакал да студира медицина, но започнала војната и се пријавил како доброволец, а во 1917 година бил испратен на Македонскиот односно Солунскиот фронт во Солун и Битола. Преку оваа фреска Жан повторно се врати во градот со кој толку многу бил поврзан, истакна францускиот амбасадор Бомгартнер.
Репродукцијата е откриена по повод празнувањето на 104 годишнината од крајот на Првата светска војна. Авторските права за делата се отстапени лично од семејството Пејрисак, чија внука Стефани, посочи дека сеќавањето на нејзиниот дедо од средбата со македонскиот народ ќе бидат присустни во очите на многу посетители преку ѕидовите во битолската Општина. Репродукцијата ја направи уметничкото ателје Солак, а иницијативата за проектот ја даде историчарот од Франција Ерик Алан.
Ова е уште една потврда за нашата соработка во делот на културата и уметноста. Ова дело потекнува од 1917 година и отсликува еден мошне значаен период за Битола. Верувам дека ќе претставува вистинска атракција за многу гости кои ќе ја посетат Битола и ќе сведочи за добрата меѓународна соработа која ја негува општината, посочи градоначалникот Коњановски.
Денес во Битола, француските гробишта во овој град со комеморација ќе биде одбележан 11 ноември, Денот на примирјето.

The post Голема репродукција, составена од две дела на францускиот уметник Жан Пејрисак поставена во Оштина Битола appeared first on Република.

]]>
Битола преговара со ЕУ за поддршка за постигнување енергетска правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitola-pregovara-so-eu-za-poddrshka-za-postignuvanje-energetska-pravda/ Fri, 30 Sep 2022 08:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=555861

Проектните партнери од проектот “Бенефит“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, во рамките на посетата на Брисел, го посетија одделот за Енергетска ефикасност при Генералниот директорат за енергија на Европската комисија. На состанокот со претставниците на DG ENER, беа презентирани досегашните активности и достигнувања на проектот за „Подобрување на енергетската ефикасност во згради - БЕНЕФИТ“, при што беше изразен интерес за идна соработка со Генералниот директорат за енергија, како оддел на Европската комисијата кој е одговорен за енергетската политика на ЕУ во делот на обновлива енергија, енергетска ефикасност, енергетски податоци и анализа, закони, политики, финансирање и грантови и друго.

Претставниците на општина Битола, за дел од приоритетите и потребната поддршка од Европската комисија ја информираа директорката на одделот за праведна транзиција Паула Пино, а состојбата беше детално образложена пред Пјерлука Мерола и Едита Новак, задолжени за меѓународна соработка и финансирање.

На состанокот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, потенцираа дека очекуваат поддршка од Европската унија и нејзините институции во процесот на праведна транзиција и постигнување енергетска правда, посебно за следните приоритети:

- Во врска со формирањето на „Just transition“ фонд за Западен Балкан, да биде формирана контакт точка за Македонија со седиште во Битола, а проектите што би можеле да се реализираат од овој фонд да имаат партнери од Битола, при што главниот бенефит треба да остане во битолскиот регион, заради унапредување на регионот, со цел приближување до европските стандарди, земајќи ја предвид работата и близината на РЕК Битола во изминатите 40 години,

- Формирање на национален „Фонд за праведна транзиција“ и „Фонд за енергетска ефикасност и животна средина“ со седиште во Битола

- Воспоставување програма за финансирање од ЕУ за регионите Битола, Кожани поврзана со механизмот за праведна транзиција и зајакнување на регионалната соработка,

- Поддршка од ЕУ во барањето на локалната самоуправа насочено кон државата, за обесштетување на битолскиот регион, поради загадување со јаглен со 10 евра за MWh електрична енергија произведена од РЕК Битола, во периодот додека се користи јагленот како енергенс.

Претставниците на DG ENER, ги образложија своите размислувања во врска со изнесените ставови, при што беше договорена дополнителна размена на информации во насока на поддршка во реализацијата на приоритетите.

The post Битола преговара со ЕУ за поддршка за постигнување енергетска правда appeared first on Република.

]]>

Проектните партнери од проектот “Бенефит“, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, во рамките на посетата на Брисел, го посетија одделот за Енергетска ефикасност при Генералниот директорат за енергија на Европската комисија. На состанокот со претставниците на DG ENER, беа презентирани досегашните активности и достигнувања на проектот за „Подобрување на енергетската ефикасност во згради - БЕНЕФИТ“, при што беше изразен интерес за идна соработка со Генералниот директорат за енергија, како оддел на Европската комисијата кој е одговорен за енергетската политика на ЕУ во делот на обновлива енергија, енергетска ефикасност, енергетски податоци и анализа, закони, политики, финансирање и грантови и друго. Претставниците на општина Битола, за дел од приоритетите и потребната поддршка од Европската комисија ја информираа директорката на одделот за праведна транзиција Паула Пино, а состојбата беше детално образложена пред Пјерлука Мерола и Едита Новак, задолжени за меѓународна соработка и финансирање. На состанокот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, потенцираа дека очекуваат поддршка од Европската унија и нејзините институции во процесот на праведна транзиција и постигнување енергетска правда, посебно за следните приоритети:
- Во врска со формирањето на „Just transition“ фонд за Западен Балкан, да биде формирана контакт точка за Македонија со седиште во Битола, а проектите што би можеле да се реализираат од овој фонд да имаат партнери од Битола, при што главниот бенефит треба да остане во битолскиот регион, заради унапредување на регионот, со цел приближување до европските стандарди, земајќи ја предвид работата и близината на РЕК Битола во изминатите 40 години, - Формирање на национален „Фонд за праведна транзиција“ и „Фонд за енергетска ефикасност и животна средина“ со седиште во Битола - Воспоставување програма за финансирање од ЕУ за регионите Битола, Кожани поврзана со механизмот за праведна транзиција и зајакнување на регионалната соработка, - Поддршка од ЕУ во барањето на локалната самоуправа насочено кон државата, за обесштетување на битолскиот регион, поради загадување со јаглен со 10 евра за MWh електрична енергија произведена од РЕК Битола, во периодот додека се користи јагленот како енергенс.
Претставниците на DG ENER, ги образложија своите размислувања во врска со изнесените ставови, при што беше договорена дополнителна размена на информации во насока на поддршка во реализацијата на приоритетите.

The post Битола преговара со ЕУ за поддршка за постигнување енергетска правда appeared first on Република.

]]>
Николоски: Заради неспособноста на СДСМ и ДУИ Битола за улично осветлување ќе плати 1.8 милиони денари повеќе https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-zaradi-nesposobnosta-na-sdsm-i-dui-bitola-za-ulichno-osvetluvanje-kje-plati-1-8-milioni-denari-povekje/ Sun, 29 May 2022 17:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=508392

Општините бараат најдомаќински можни начини да ги намалат сметките за струја, тие не се виновни и нас ни е јасно, тие сметки за струја пак ги плаќаат граѓаните затоа што општините функционираат на начин што прибираат даноци од граѓаните и после тие средства ги трошат. Општините се обидуваат да ја намалат цената на електричната енергија која што е поскапа не заради општините туку заради Бислимовски, Крешник Бектеши, Ковачевски и Зоран Заев кој што за две години произведоа еден милион мегават часови помалку електрична енергија. Сега во такви услови општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ наместо да се раструкуќи како што се овие претходните се обидуваат да заштедат и тоа не им чини на овие од Владата, од причина кои се главни увозници на струја во Македонија се блиски на Владата. Општините доколку се на таканаречен нерегулиран пазар увезуваат струја надвор од државата односно не трошат од домашните капацитети туку увезуваат струја како да се претпријатија, таа струја ја плаќаат по берзанска цена и ја плаќаат на дистрибутери односно на компании кои ја носат, кој што се блиски на актуелната власт, изјави Николоски.

Николоски вели дека за разлика од минатата година каде што за еден месец општина Битола платила близу 26 илјади евра за улично осветлување, претходниот месец платила 9 милиони и 900 илјади денари за електрична енергија или преведено околу 170 илјади евра, нагласувајќи дека до крајот на година за улично осветлување ќе плати милион и 800 евра споредбено со минатата година и токму поради тоа градоначалникот на Битола бара начин како овие пари да не ги уплаќа на оние кои што се трговци, односно да заштеди за да не мора битолчани да плаќаат повеќе.

Минатата година за еден месец општина Битола плаќаат за улично осветлување 1 милион и 700 илјади денари или преведено 26 илјади евра. Веќе за претходниот месец општина Битола плати 9 милиони и 900 илјади денари за електрична енергија или преведено околу 170 илјади евра. Само за шест месеци оваа година општина Битола има платено 1 милион евра повеќе отколку истиот период минатата година. До крајот на годината општина Битола ќе плати милион и 700 до милион и 800 илјади евра повеќе за електрична енергија споредено со минатата година. Или ако сакате во проекти тоа е најмодерен булевар во Битола, тоа е да се реконструира комплет Широк сокак, тоа е да се смени комплетно водоводна и канализациона мрежа. Што прави градоначалникот на Битола? Бара начин да не мора да ги плаќа овие пари на оние кои што се трговци, односно да заштеди за да не мора битолчани да плаќаат повеќе, потенцираше Николоски.

За да нема манипулации вкупната потрошувачка на електрична енергија за улично осветлување на сите општини во Македонија е само 1.32%, далеку од тоа што го спомнуваат и во моментот општина Битола како и сите други општини се слободен нерегулиран пазар затоа што истите овие бандити не им дозволија да плаќаат поевтина електрична енергија, дециден е Николоски.

The post Николоски: Заради неспособноста на СДСМ и ДУИ Битола за улично осветлување ќе плати 1.8 милиони денари повеќе appeared first on Република.

]]>

Општините бараат најдомаќински можни начини да ги намалат сметките за струја, тие не се виновни и нас ни е јасно, тие сметки за струја пак ги плаќаат граѓаните затоа што општините функционираат на начин што прибираат даноци од граѓаните и после тие средства ги трошат. Општините се обидуваат да ја намалат цената на електричната енергија која што е поскапа не заради општините туку заради Бислимовски, Крешник Бектеши, Ковачевски и Зоран Заев кој што за две години произведоа еден милион мегават часови помалку електрична енергија. Сега во такви услови општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ наместо да се раструкуќи како што се овие претходните се обидуваат да заштедат и тоа не им чини на овие од Владата, од причина кои се главни увозници на струја во Македонија се блиски на Владата. Општините доколку се на таканаречен нерегулиран пазар увезуваат струја надвор од државата односно не трошат од домашните капацитети туку увезуваат струја како да се претпријатија, таа струја ја плаќаат по берзанска цена и ја плаќаат на дистрибутери односно на компании кои ја носат, кој што се блиски на актуелната власт, изјави Николоски. Николоски вели дека за разлика од минатата година каде што за еден месец општина Битола платила близу 26 илјади евра за улично осветлување, претходниот месец платила 9 милиони и 900 илјади денари за електрична енергија или преведено околу 170 илјади евра, нагласувајќи дека до крајот на година за улично осветлување ќе плати милион и 800 евра споредбено со минатата година и токму поради тоа градоначалникот на Битола бара начин како овие пари да не ги уплаќа на оние кои што се трговци, односно да заштеди за да не мора битолчани да плаќаат повеќе. Минатата година за еден месец општина Битола плаќаат за улично осветлување 1 милион и 700 илјади денари или преведено 26 илјади евра. Веќе за претходниот месец општина Битола плати 9 милиони и 900 илјади денари за електрична енергија или преведено околу 170 илјади евра. Само за шест месеци оваа година општина Битола има платено 1 милион евра повеќе отколку истиот период минатата година. До крајот на годината општина Битола ќе плати милион и 700 до милион и 800 илјади евра повеќе за електрична енергија споредено со минатата година. Или ако сакате во проекти тоа е најмодерен булевар во Битола, тоа е да се реконструира комплет Широк сокак, тоа е да се смени комплетно водоводна и канализациона мрежа. Што прави градоначалникот на Битола? Бара начин да не мора да ги плаќа овие пари на оние кои што се трговци, односно да заштеди за да не мора битолчани да плаќаат повеќе, потенцираше Николоски. За да нема манипулации вкупната потрошувачка на електрична енергија за улично осветлување на сите општини во Македонија е само 1.32%, далеку од тоа што го спомнуваат и во моментот општина Битола како и сите други општини се слободен нерегулиран пазар затоа што истите овие бандити не им дозволија да плаќаат поевтина електрична енергија, дециден е Николоски.

The post Николоски: Заради неспособноста на СДСМ и ДУИ Битола за улично осветлување ќе плати 1.8 милиони денари повеќе appeared first on Република.

]]>
„Промените се случуваат, секогаш со народот“ денеска во Општина Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/promenite-se-sluchuvaat-sekogash-so-narodot-deneska-vo-opshtina-bitola/ Sun, 22 May 2022 10:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=505454

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе ја посети Општина Битола.

Како што најавуваат од партијата во 16 часот пред Саат-кулата, изјава за медиуми ќе дадат Муцунски и Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола.

The post „Промените се случуваат, секогаш со народот“ денеска во Општина Битола appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во рамки на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, ќе ја посети Општина Битола. Како што најавуваат од партијата во 16 часот пред Саат-кулата, изјава за медиуми ќе дадат Муцунски и Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола.

The post „Промените се случуваат, секогаш со народот“ денеска во Општина Битола appeared first on Република.

]]>
Преку апликација ќе може да се пријави проблем во општина Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/preku-aplikacija-kje-moze-da-se-prijavi-problem-vo-opshtina-bitola/ Wed, 18 May 2022 15:13:33 +0000 https://republika.mk/?p=503932

Мзаедница е првиот чекор кој го реализира Општина Битола за подобрување на услугите на граѓаните. Се работи за апликација која може да се симне на телефон и преку неа може да се пријави проблем или може да се достави предлог директно до одговорниот сектор во општина Битола. Градоначалникот ги повика битолчани да ја симнат оваа апликација.

„мЗаедница е првиот чекор кој го реализира општина Битола, за подобрување на услугите за граѓаните. Преку оваа апликација, секој раководител во општината, преку одговорното лице во секторот или одделението, ќе комуницира со граѓаните за нивните прашања, проблеми или барања, со цел навремено и соодветно постапување од страна на одговорните лица во општинската администрација. Со оваа апликација вршиме вмрежување и на дел од јавните претпријатија, на тој начин што и тие ќе бидат постојано достапни за граѓаните, преку свои одговорни лица. Барањата ќе можат да се доставуваат и со фотографија од локацијата на која се пријавува проблемот. Ова е првата фаза од реализацијата на проектот со кој предвидуваме комплетно дигитализирање на сите услуги, со што секој граѓанин од било кое место, електронски ќе може да поднесе комплетно барање за услугите кои се во надлежност на општината и на брз и ефикасен начин да го добие потребниот документ. Тоа значајно ќе го олесни пристапот на граѓаните до општината, а ќе овозможи и брзо и ефикасно работење на општинската администрација“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, нагласи дека со „мЗаедница“, се пристапува кон обезбедување на поквалитетни услуги, поефикасна администрација и спречување на корупција, а истовремено се овозможува транспарентност, отвореност на општината и учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки.

Дигиталната платформа „мЗаедница“ е развиена од тимот на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21, како прва мобилна и веб – апликација од ваков тип во нашата држава.

„мЗаедница“ го зголемува своето семејство на општини низ целата држава. Среќни сме што Битола е општината која ни се приклучува. На овој начин, битолчани ќе можат преку дигитални алатки континуирано да комуницираат со својата општина. Да споделуваат идеи за развој на населбите, но и да пријавуваат локални проблеми. Граѓаните ќе можат на брз и едноставен начин да аплицираат и за субвенции, без физичко присуство во општината. Важно е што ќе се зголеми и ефикасноста на општинската администрација, а граѓаните во реално време ќе можат да го следат статусот на својата пријава.

Дигитализацијата е тема на која како општество многу зборуваме последниве години. Нè радува фактот што општините ја препознаваат „мЗаедница“ како дигитално решение кое го олеснува животот на граѓаните, го зголемува граѓанското учество и транспарентност“, изјави Милан Танчески, извршен директор на БЛИНК 42-21.

Општина Битола, согласно предвидената динамика, планира до крајот на годината, комплетно да го заврши процесот на дигитализација на сите услуги кои ги нуди локалната самоуправа.

The post Преку апликација ќе може да се пријави проблем во општина Битола appeared first on Република.

]]>

Мзаедница е првиот чекор кој го реализира Општина Битола за подобрување на услугите на граѓаните. Се работи за апликација која може да се симне на телефон и преку неа може да се пријави проблем или може да се достави предлог директно до одговорниот сектор во општина Битола. Градоначалникот ги повика битолчани да ја симнат оваа апликација.
„мЗаедница е првиот чекор кој го реализира општина Битола, за подобрување на услугите за граѓаните. Преку оваа апликација, секој раководител во општината, преку одговорното лице во секторот или одделението, ќе комуницира со граѓаните за нивните прашања, проблеми или барања, со цел навремено и соодветно постапување од страна на одговорните лица во општинската администрација. Со оваа апликација вршиме вмрежување и на дел од јавните претпријатија, на тој начин што и тие ќе бидат постојано достапни за граѓаните, преку свои одговорни лица. Барањата ќе можат да се доставуваат и со фотографија од локацијата на која се пријавува проблемот. Ова е првата фаза од реализацијата на проектот со кој предвидуваме комплетно дигитализирање на сите услуги, со што секој граѓанин од било кое место, електронски ќе може да поднесе комплетно барање за услугите кои се во надлежност на општината и на брз и ефикасен начин да го добие потребниот документ. Тоа значајно ќе го олесни пристапот на граѓаните до општината, а ќе овозможи и брзо и ефикасно работење на општинската администрација“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.
Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, нагласи дека со „мЗаедница“, се пристапува кон обезбедување на поквалитетни услуги, поефикасна администрација и спречување на корупција, а истовремено се овозможува транспарентност, отвореност на општината и учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки. Дигиталната платформа „мЗаедница“ е развиена од тимот на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21, како прва мобилна и веб – апликација од ваков тип во нашата држава.
„мЗаедница“ го зголемува своето семејство на општини низ целата држава. Среќни сме што Битола е општината која ни се приклучува. На овој начин, битолчани ќе можат преку дигитални алатки континуирано да комуницираат со својата општина. Да споделуваат идеи за развој на населбите, но и да пријавуваат локални проблеми. Граѓаните ќе можат на брз и едноставен начин да аплицираат и за субвенции, без физичко присуство во општината. Важно е што ќе се зголеми и ефикасноста на општинската администрација, а граѓаните во реално време ќе можат да го следат статусот на својата пријава.
Дигитализацијата е тема на која како општество многу зборуваме последниве години. Нè радува фактот што општините ја препознаваат „мЗаедница“ како дигитално решение кое го олеснува животот на граѓаните, го зголемува граѓанското учество и транспарентност“, изјави Милан Танчески, извршен директор на БЛИНК 42-21. Општина Битола, согласно предвидената динамика, планира до крајот на годината, комплетно да го заврши процесот на дигитализација на сите услуги кои ги нуди локалната самоуправа.

The post Преку апликација ќе може да се пријави проблем во општина Битола appeared first on Република.

]]>