општина арачиново Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-arachinovo/ За подобро да се разбереме Thu, 25 May 2023 10:09:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина арачиново Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-arachinovo/ 32 32 Од „безбедносни причини“ Општина Арачиново денес нема да работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-bezvednosni-prichini-opshtina-arachinovo-denes-nema-da-raboti/ Thu, 25 May 2023 09:49:02 +0000 https://republika.mk/?p=644496

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“.

Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново.

Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими.

Таквата одлука е против нашата волја и желба, но е неизбежна, се додава во објавата, во која се посочува дека за следното решение за работењето на локалната самоуправа граѓаните ќе бидат навремено информирани.

МВР вчера соопшти дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на градоначалникот Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/penzioner-upatil-zakani-po-zhivotot-na-gradonachalnikot-na-arachinovo/

Според Ибрахими, заканите биле изречени „во врска со предмет за доделување на користење на земјиште“.

Од МВР информираа дека по документирањето на случајот против приведениот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Ибраими лани во септември во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад. Според тогашното соопштение на МВР, на 13 септември 2022 година во 09:46 часот Ибрахими пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица.

Како што објавија тогаш дел од медиумите на албански јазик во земјава, Ибрахими тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази.

- Причините за нападот беа нереализирање на нивните лични и деловни барања. Прво бараа именувањата на директори на основните училишта да се вршат според нивните желби, без исполнување на никакви законски критериуми, за да можат преку нив полесно да ги остварат своите цели. Намерите на оваа група одат на штета на жителите на Општината, заканувајќи се и уценувајќи ги вработените кои ги извршуваат своите обврски, изјави Ибрахими по инцидентот во септември.

Ајвази беше градоначалник на Арачиново од 2013 до 2017 година, а Ибрахими ја извршува градоначалничката функција од ноември 2021 година. И двајцата се членови на ДУИ.

The post Од „безбедносни причини“ Општина Арачиново денес нема да работи appeared first on Република.

]]>

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“.
Се извинуваме што нема да можеме да вршиме услуги и законски обврски кон граѓаните, но ваквата мерка главно е преземена поради безбедноста на вработените во општинската администрација, но и на граѓаните кои се обраќаат до Општината, се наведува во објавата на официјалната Фејсбук страници на Општина Арачиново.
Во објавата се додава дека ваквата одлука е донесена откако „по втор пат е нарушена безбедноста на вработените во општинската администрација и градоначалникот“, Ридван Ибрахими.
Таквата одлука е против нашата волја и желба, но е неизбежна, се додава во објавата, во која се посочува дека за следното решение за работењето на локалната самоуправа граѓаните ќе бидат навремено информирани.
МВР вчера соопшти дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на градоначалникот Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/penzioner-upatil-zakani-po-zhivotot-na-gradonachalnikot-na-arachinovo/ Според Ибрахими, заканите биле изречени „во врска со предмет за доделување на користење на земјиште“. Од МВР информираа дека по документирањето на случајот против приведениот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од Кривичниот законик. Ибраими лани во септември во полицијата пријавил дека бил цел на физички напад. Според тогашното соопштение на МВР, на 13 септември 2022 година во 09:46 часот Ибрахими пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица. Како што објавија тогаш дел од медиумите на албански јазик во земјава, Ибрахими тврдеше дека напаѓачите ги предводел член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази. - Причините за нападот беа нереализирање на нивните лични и деловни барања. Прво бараа именувањата на директори на основните училишта да се вршат според нивните желби, без исполнување на никакви законски критериуми, за да можат преку нив полесно да ги остварат своите цели. Намерите на оваа група одат на штета на жителите на Општината, заканувајќи се и уценувајќи ги вработените кои ги извршуваат своите обврски, изјави Ибрахими по инцидентот во септември. Ајвази беше градоначалник на Арачиново од 2013 до 2017 година, а Ибрахими ја извршува градоначалничката функција од ноември 2021 година. И двајцата се членови на ДУИ.

The post Од „безбедносни причини“ Општина Арачиново денес нема да работи appeared first on Република.

]]>
Општина Арачиново: Новата зграда на општината и пумпите за вода се „виновниците“ за потрошената електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/opshtina-arachinovo-novata-zgrada-na-opshtinata-i-pumpite-za-voda-se-vinovnicite-za-potroshenata-elektrichna-energija/ Tue, 22 Nov 2022 17:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=577031

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека општина Арачиново не само што не штедела, туку има дури 474 проценти поголема потрошувачка на струја.

По овој повод, од Општина Арачиново попладнево пристигна соопштение.

Од таму велат дека врз основа на објавувањето на веста која има врска со употребата на струја за општина Арачиново, се чувствуваат должни да информираат дека во текот на минатата година општинската администрација била лоцирана во стара барака која имала многу мали работни простори и трошоците биле помали.

„Додека оваа година се преселивме во објектот на општината кој е со повеќе работни простори каде што сите простори за работата ги ставивме на располагање, а во однос на трошоците за електрична енергија за пумпите за вода ве известуваме дека оваа година ја пуштивме водата и споредено со лани во истиот период каде што немало вода и немало работа на пумпите, од кои повеќе од евидентно е дека потрошувачката на струја се зголемила оваа година.

Веднаш ќе ве информираме подетално, на пример, трошоците за електрична енергија за еден месец (септември 2022 година) за зградата на општината се: 26.191,00 денари (425 евра), додека за пумпите за вода од кои се снабдува со вода целата населба Харачина, тие се 1.418.069,00 денари (23.058 евра)“, додаваат од Арачиново.

The post Општина Арачиново: Новата зграда на општината и пумпите за вода се „виновниците“ за потрошената електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека општина Арачиново не само што не штедела, туку има дури 474 проценти поголема потрошувачка на струја. По овој повод, од Општина Арачиново попладнево пристигна соопштение. Од таму велат дека врз основа на објавувањето на веста која има врска со употребата на струја за општина Арачиново, се чувствуваат должни да информираат дека во текот на минатата година општинската администрација била лоцирана во стара барака која имала многу мали работни простори и трошоците биле помали.
„Додека оваа година се преселивме во објектот на општината кој е со повеќе работни простори каде што сите простори за работата ги ставивме на располагање, а во однос на трошоците за електрична енергија за пумпите за вода ве известуваме дека оваа година ја пуштивме водата и споредено со лани во истиот период каде што немало вода и немало работа на пумпите, од кои повеќе од евидентно е дека потрошувачката на струја се зголемила оваа година. Веднаш ќе ве информираме подетално, на пример, трошоците за електрична енергија за еден месец (септември 2022 година) за зградата на општината се: 26.191,00 денари (425 евра), додека за пумпите за вода од кои се снабдува со вода целата населба Харачина, тие се 1.418.069,00 денари (23.058 евра)“, додаваат од Арачиново.

The post Општина Арачиново: Новата зграда на општината и пумпите за вода се „виновниците“ за потрошената електрична енергија appeared first on Република.

]]>