општина аеродром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-aerodrom/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 10:36:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општина аеродром Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshtina-aerodrom/ 32 32 Поделени 860 бесплатни таблети на четвртооделенците во Општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podeleni-860-besplatni-tableti-na-chetvrtoodelentsite-vo-opshtina-aerodrom/ Tue, 10 Sep 2024 10:31:21 +0000 https://republika.mk/?p=814904

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и в.д градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митовски денеска поделија таблети на учениците од четврто одделение во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“. Општината трета година од сопствени средства обезбедува бесплатни таблети на четвртоодделениците. Годинава се поделени 860, а набавката чинела 6 милиони и 400 илјади денари.

Според в.д градоначалникот на Аеродром, таблетите ќе им им помогнат на учениците во реализација на наставата на часовите по информатика, дигитализација, како и за останатата наставна програма.

Во сите основни училишта на територија на општина Аеродром сите четвртоодделенци добија таблети. Дополнително, како општина набавуваме бесплатни униформи, даваме субвенции од 3.500 денари за секое прваче и на тој начин се обидуваме кај сите подеднакво да помогнеме, односно да инвестираме со цел да го подобриме образовниот процес. За останатите општини не можам да коментирам, можам само да кажам дека Општина Аеродром е прва и единствена општина во Република Македонија која што на сите четвртоодделенци веќе трета година по ред им дели бесплатно таблети, изјави Митовски.

Министерката Јаневска ја поздрави набавката на таблетите во општината и истакна дека со модерна информатичка технологија учениците ќе ги прошират своите знаења со изнаоѓање на нови извори и со обработка на нови теми заедно со нивните наставници.

Оцени дека е е многу важен момент тоа што се обезбедува еднаквост меѓу децата во општината со еднаков пристап до образование. Посочи дека е многу важна и синергијата меѓу централната и локалната власт, односно, како што рече, споделувањето на нашата заедничка визија за спроведување на дигитализација и во образованиот систем.

Кога постои таа синергија, ефектите што се добиваат и стандардите што се постигнуваат се многу повисоки. Добро почнавме, обезбедивме учебници, направивме промена во концепцијата, веќе се градат градинки, се доградуваат училиштата за да спроведеме едносменска настава заедно со локалната самоуправа и сметам дека ќе продолжиме со исто темпо, изјави Јаневска.

The post Поделени 860 бесплатни таблети на четвртооделенците во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и в.д градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митовски денеска поделија таблети на учениците од четврто одделение во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“. Општината трета година од сопствени средства обезбедува бесплатни таблети на четвртоодделениците. Годинава се поделени 860, а набавката чинела 6 милиони и 400 илјади денари. Според в.д градоначалникот на Аеродром, таблетите ќе им им помогнат на учениците во реализација на наставата на часовите по информатика, дигитализација, како и за останатата наставна програма.
Во сите основни училишта на територија на општина Аеродром сите четвртоодделенци добија таблети. Дополнително, како општина набавуваме бесплатни униформи, даваме субвенции од 3.500 денари за секое прваче и на тој начин се обидуваме кај сите подеднакво да помогнеме, односно да инвестираме со цел да го подобриме образовниот процес. За останатите општини не можам да коментирам, можам само да кажам дека Општина Аеродром е прва и единствена општина во Република Македонија која што на сите четвртоодделенци веќе трета година по ред им дели бесплатно таблети, изјави Митовски.
Министерката Јаневска ја поздрави набавката на таблетите во општината и истакна дека со модерна информатичка технологија учениците ќе ги прошират своите знаења со изнаоѓање на нови извори и со обработка на нови теми заедно со нивните наставници. Оцени дека е е многу важен момент тоа што се обезбедува еднаквост меѓу децата во општината со еднаков пристап до образование. Посочи дека е многу важна и синергијата меѓу централната и локалната власт, односно, како што рече, споделувањето на нашата заедничка визија за спроведување на дигитализација и во образованиот систем.
Кога постои таа синергија, ефектите што се добиваат и стандардите што се постигнуваат се многу повисоки. Добро почнавме, обезбедивме учебници, направивме промена во концепцијата, веќе се градат градинки, се доградуваат училиштата за да спроведеме едносменска настава заедно со локалната самоуправа и сметам дека ќе продолжиме со исто темпо, изјави Јаневска.
 
The post Поделени 860 бесплатни таблети на четвртооделенците во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром со најмногу запишани првачиња во општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osnovnoto-uchilishte-luben-lape-vo-aerodrom-so-najmnogu-zapishani-prvachina-vo-opshtinata/ Sat, 24 Aug 2024 14:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=809753

На територијата на Општина Аеродром, ОУ „Љубен Лапе“ е училиште со најмногу првачиња во претстојната учебна година. Запишани се 180 и поради тоа локалната самоуправа и училишното раководство прават доградба на дополнителни училници.

Училиштето денеска го посети министерката за образование и наука Весна Јаневска која заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, изврши увид во градежните активности кои ќе завршат пред почетокот на учебната година.

Јаневска информираше дека во ова училиште и Министерството за образование и наука има инвестиција во реконструкција на санитарните јазли која е речиси завршена.

Министерката изјави дека искрено би се радувала кога убави вести за зголемен број запишани првачиња во иднина ќе пристигнуваат и од други општини и училишта.

Наместо да слушаме како континуирано се намалува бројот на првачиња, а наставници се соочуваат со ризик од губење на работни места, што секако, како Влада нема да дозволиме да се случува, рече Јаневска која ги разгледа и учебниците што веќе се дистрибуирани во ова училиште за учениците од сите одделенија.

Градоначалникот Митески изјави дека Аеродром е меѓу ретките, а можеби, рече, и единствена општина во која има зголемување на бројот на ученици и соопшти дека подготвени ќе ја почнат учебната 2024/2025 година.

Во оваа година имаме повеќе од 400 првачиња, повеќе од минатата година, што многу нѐ радува, но ни претставува и обврска да обезбедиме просторни услови и капацитети за тие да ја следат наставата. Како општина, во текот на летото инвестираме 5 милиони денари во реконструкција на училиштата, а заедно, со помош на МОН, во ова и во уште едно основно училиште се реконструираат санитарните јазли. Дополнително набавувавме униформи за сите ученици од прво до деветто одделение, набавуваме таблети за учениците од четврто одделение, така што, можам да кажам дека комплетни го дочекуваме стартот на учебната година, истакна Митески.

The post Основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром со најмногу запишани првачиња во општината appeared first on Република.

]]>

На територијата на Општина Аеродром, ОУ „Љубен Лапе“ е училиште со најмногу првачиња во претстојната учебна година. Запишани се 180 и поради тоа локалната самоуправа и училишното раководство прават доградба на дополнителни училници. Училиштето денеска го посети министерката за образование и наука Весна Јаневска која заедно со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, изврши увид во градежните активности кои ќе завршат пред почетокот на учебната година. Јаневска информираше дека во ова училиште и Министерството за образование и наука има инвестиција во реконструкција на санитарните јазли која е речиси завршена. Министерката изјави дека искрено би се радувала кога убави вести за зголемен број запишани првачиња во иднина ќе пристигнуваат и од други општини и училишта.
Наместо да слушаме како континуирано се намалува бројот на првачиња, а наставници се соочуваат со ризик од губење на работни места, што секако, како Влада нема да дозволиме да се случува, рече Јаневска која ги разгледа и учебниците што веќе се дистрибуирани во ова училиште за учениците од сите одделенија.
Градоначалникот Митески изјави дека Аеродром е меѓу ретките, а можеби, рече, и единствена општина во која има зголемување на бројот на ученици и соопшти дека подготвени ќе ја почнат учебната 2024/2025 година.
Во оваа година имаме повеќе од 400 првачиња, повеќе од минатата година, што многу нѐ радува, но ни претставува и обврска да обезбедиме просторни услови и капацитети за тие да ја следат наставата. Како општина, во текот на летото инвестираме 5 милиони денари во реконструкција на училиштата, а заедно, со помош на МОН, во ова и во уште едно основно училиште се реконструираат санитарните јазли. Дополнително набавувавме униформи за сите ученици од прво до деветто одделение, набавуваме таблети за учениците од четврто одделение, така што, можам да кажам дека комплетни го дочекуваме стартот на учебната година, истакна Митески.
 
The post Основното училиште „Љубен Лапе“ во Аеродром со најмногу запишани првачиња во општината appeared first on Република.

]]>
Општина Аеродром: ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-jp-parkovi-i-zelenilo-da-pochnat-da-gi-izvrshuvaat-svoite-zadachi-za-shto-se-uredno-plateni/ Fri, 16 Aug 2024 09:51:04 +0000 https://republika.mk/?p=807141

Општина Аеродром преку соопштенија информира дека одржувањето на јавните зелени површини во голема мера е под надлежност на Град Скопје, односно на ЈП „Паркови и зеленило“, но, дека оттаму не ги извршуваат квалитетно своите обврски на ниво на нивната територија.

Во изминатиот период сме сведоци на лоши слики од исушени и пожолтени тревници за кои треба да се грижат од ова градско јавно претпријатие. Дополнително, сакаме да ги информираме граѓаните дека Општина Аеродром на постојните јавни зелени површини, во изминатите години на територијата на општината има изградено повеќе автоматски системи за полевање, вклучувајќи ги и бунарите, кои се предадени на ЈП „Паркови и зеленило“ како надлежно јавно градско претпријатие во нивно владение и користење. Овие системи и бунари се наоѓаат во реоните Ново Лисиче, Три Бисери, Јане Сандански од левата и десната страна, како и во Острово. Но од неразбирливи причини за нас, веќе подолго време тие не се ставаат во функција, со што сме доведени во ситуација да бидеме опкружени со исушени тревници и дрвја, посочуваат од Општината.

Според нив, ситуацијата е уште поаларманта, будејќи тоа се случува во летниов период кога се соочуваме со екстремно високи температури, кога аеродромци треба да имаат можност да се разладуваат во парковите што се изградени за таа намена. При тоа уште еднаш апелираат до до Град Скопје и до „ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени од парите на жителите на Општината.

Да потсетиме дека секој месец граѓаните им плаќаат на градските јавни претпријатија за повеќе услуги, како што се тарифа за водна услуга, собирање смет и секако за ставката надоместок за одржување на јавното градско зеленило. Општината преку официјални дописи до ЈП „Паркови и зеленило“ побара квалитетно и ажурно извршување на нивните обврски, но не доби никакви одговори и оттаму не излегуваат во пресрет на нашите обиди да ја вратиме старата слика за Аеродром. Како Општина, ги уверуваме граѓаните дека сите површини што се под наша надлежност ги наводнуваме и ги одржуваме секојдневно и со тоа темпо ќе продолжиме и во иднина. Уште еднаш испраќаме јавно апел до Град Скопје и до „ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени од парите на аеродромци, наведуваат од Општина Аеродром.

The post Општина Аеродром: ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени appeared first on Република.

Општина Аеродром воведува реорганизација и нов начин на чистење на јавните површини https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-voveduva-reorganizatsija-i-nov-nachin-na-chistene-na-javnite-povrshini/ Mon, 29 Jul 2024 09:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=801279

Општина Аеродром спроведе реорганизација во одржувањето на хигиената на јавните површини, со што се воведува нов распоред за одржување на реоните и максимално искористување на целата механизација со која располага општината.

Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром ваквиот нов начин за одржување на хигиената го воведува на ниво целата територија на општината, при што е вклучено и миење на улиците и на јавните површини.

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Советот, Антонио Петковски и директорот на Јавното претпријатие, Благоја Ѓорѓиевски денеска ги посетија екипите што почнаа со работа во населбата Ново Лисиче.

Таму се косат тревните површини, се метат и се чистат плочниците меѓу зградите, а се кастрат и исушените и надвиснатите гранки на дрвјата. Исто така, отсега ќе се воведе и миење на површините за што е активирана посебна механизација за таа намена.

Ваквиот начин на чистење се воведува како редовна практика, со што се очекува во наредниот период значително да се подигне нивото на хигиена на јавните површини во Општина Аеродром за здрава и чиста животна средина.

The post Општина Аеродром воведува реорганизација и нов начин на чистење на јавните површини appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром спроведе реорганизација во одржувањето на хигиената на јавните површини, со што се воведува нов распоред за одржување на реоните и максимално искористување на целата механизација со која располага општината. Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром ваквиот нов начин за одржување на хигиената го воведува на ниво целата територија на општината, при што е вклучено и миење на улиците и на јавните површини. В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Советот, Антонио Петковски и директорот на Јавното претпријатие, Благоја Ѓорѓиевски денеска ги посетија екипите што почнаа со работа во населбата Ново Лисиче. Таму се косат тревните површини, се метат и се чистат плочниците меѓу зградите, а се кастрат и исушените и надвиснатите гранки на дрвјата. Исто така, отсега ќе се воведе и миење на површините за што е активирана посебна механизација за таа намена. Ваквиот начин на чистење се воведува како редовна практика, со што се очекува во наредниот период значително да се подигне нивото на хигиена на јавните површини во Општина Аеродром за здрава и чиста животна средина.

The post Општина Аеродром воведува реорганизација и нов начин на чистење на јавните површини appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-miteski-ne-sakam-da-veruvam-deka-komunalna-higena-namerno-ne-gi-chisti-kontejnerite-vo-opshtina-aerodrom/ Mon, 29 Jul 2024 07:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=801087

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески признава дека неговата општина има проблем со нечистотијата но оти не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги празни контејнерите и просторот околу нив.

[caption id="attachment_801080" align="alignnone" width="636"] фото Фејсбук[/caption]

Митески вели дека интензивно работат на овој проблем.

Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии-објави Митески во интервјуто за „Република“.

 Градоначалникот не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром.

[caption id="attachment_801082" align="alignnone" width="640"] фото Фејсбук[/caption]

Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто.

https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk

https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/

The post Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески признава дека неговата општина има проблем со нечистотијата но оти не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги празни контејнерите и просторот околу нив. [caption id="attachment_801080" align="alignnone" width="636"] фото Фејсбук[/caption]   Митески вели дека интензивно работат на овој проблем.
Најголемите депонии што се создаваат е просторот околу контејнерите. Контејнерите во Град Скопје се надлежност на Комунална хигена и општинаа нема соодветна механизација да го собира и да го носи во депонијата Дрисла. Поради таа причина почнуваме нов проект за собирање кабаст отпад со сопствена механизација. Ќе поставиме контејнери на повеќе локации. Почнуваме од понеделник и акцијата ќе трае во август и септември. На овој начин, се надеваме, ќе ги намалиме овие мини депонии-објави Митески во интервјуто за „Република“.
 Градоначалникот не сака да верува дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите низ општина Аеродром. [caption id="attachment_801082" align="alignnone" width="640"] фото Фејсбук[/caption]
Општината како да е заборавена од Комунална хигена и нивните работници скоро и не можеме да ги видиме низ општината. Контејнерите не се празнат согласно динамиката. Се чисти еднаш на две недели и поради тоа се создава онаа неубава слика. Апелирам тоа да го прават почесто.
  https://www.youtube.com/watch?v=ZtHpdctdgUk https://republika.mk/vesti/skopje/miteski-ke-konkurirame-za-golem-broj-proekti-so-parite-nameneti-za-opshtinite-od-zaemot-od-ungarija/

The post Градоначалникот Митески: Не сакам да верувам дека „Комунална хигена“ намерно не ги чисти контејнерите во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Митески: Сите деца во Општина Аеродром кои поднесоа барање за упис ќе бидат запишани во основните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/miteski-site-detsa-vo-opshtina-aerodrom-koi-podnesoa-barane-za-upis-ke-bidat-zapishani-vo-osnovnite-uchilishta/ Sat, 27 Jul 2024 07:22:02 +0000 https://republika.mk/?p=800594

Сите дечиња кои поднесоа барање за упис ќе бидат запишани во основните училишта во Општина Аеродром , најавува в.д градоначалникот Дејан Митески. Тој објаснува дека обезбедиле соодветен простор и оти е горд што неговата општина има зголемен број на деца.

Капацитетите на училиштата се исполнети максимално и работите да обезбедиме нови.Аеродром е една од ретките општини каде сите деца се згрижени во целодневна настава, односно во дневен престој.Капацитетите се доволни во овој момент-вели Митески во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре.

@republika.onlineновиот градоначалник на Аеродром♬ original sound - Republika online

The post Митески: Сите деца во Општина Аеродром кои поднесоа барање за упис ќе бидат запишани во основните училишта appeared first on Република.

Аеродромци, аплицирајте за еднократна парична помош за прваче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/aerodromtsi-aplitsirajte-za-ednokratna-parichna-pomosh-za-prvache/ Wed, 10 Jul 2024 10:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=795304

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари.

Рокот за пријавување е од денеска, 10 јули до 30 септември 2024 година.

Родителите на првачињата е потребно до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот.

Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк.

The post Аеродромци, аплицирајте за еднократна парична помош за прваче appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. Рокот за пријавување е од денеска, 10 јули до 30 септември 2024 година. Родителите на првачињата е потребно до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, како и на увид лична карта или патна исправа на барателот. Образецот и изјавата за согласност за обработка на лични податоци што треба да се пополнат можат да се најдат на следниот линк.

The post Аеродромци, аплицирајте за еднократна парична помош за прваче appeared first on Република.

]]>
Општина Аеродром започнува со обнова на сите 60 детски игралишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-aerodrom-zapochnuva-so-obnova-na-site-60-detski-igralishta/ Sat, 06 Jul 2024 14:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=794053

Општина Аеродром започнува со санација и реконструкција на сите 60 детски игралишта, со што, како што велат оттаму, овие простори ќе блеснат во нов сјај, а дечињата ќе добијат убаво уредени катчиња за безбедна игра и дружење, пренесува „Слободен печат“.

Санацијата ќе опфати замена или поправање на постојните подлоги, а исто така целосно ќе се заменат или ќе се поправат оштетените реквизити и заштитните огради.

Заменик-градоначалникот Дејан Митески информира дека Општината неодамна изготви детален Извештај за состојбата со детските и спортските игралишта на територијата на Аеродром, а нивното обновување и реконструкција ќе се спроведат според утврден план и динамика.

Акцентот првично е ставен на детските игралишта затоа што Општина Аеродром е фокусирана на најмладите и посветено работи на создавање уште подобри и поквалитетни услови за нивни правилен раст и развој.

The post Општина Аеродром започнува со обнова на сите 60 детски игралишта appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром започнува со санација и реконструкција на сите 60 детски игралишта, со што, како што велат оттаму, овие простори ќе блеснат во нов сјај, а дечињата ќе добијат убаво уредени катчиња за безбедна игра и дружење, пренесува „Слободен печат“. Санацијата ќе опфати замена или поправање на постојните подлоги, а исто така целосно ќе се заменат или ќе се поправат оштетените реквизити и заштитните огради. Заменик-градоначалникот Дејан Митески информира дека Општината неодамна изготви детален Извештај за состојбата со детските и спортските игралишта на територијата на Аеродром, а нивното обновување и реконструкција ќе се спроведат според утврден план и динамика. Акцентот првично е ставен на детските игралишта затоа што Општина Аеродром е фокусирана на најмладите и посветено работи на создавање уште подобри и поквалитетни услови за нивни правилен раст и развој.

The post Општина Аеродром започнува со обнова на сите 60 детски игралишта appeared first on Република.

]]>
Двајца без тројца – неуспешен обид на СДСМ и Левица за протест во Општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dvajtsa-bez-trojtsa-neuspeshen-obid-na-sdsm-i-levitsa-za-protest-vo-opshtina-aerodrom/ Fri, 31 May 2024 13:35:47 +0000 https://republika.mk/?p=783581

Фијаско на протестот кој требаше да послужи како наводна реакција на лисичани против Деталниот урбанистички план кој тие го карактеризираа како спорен и „обид за бетонизација“.

Општина Аеродром изминатиот период организираше десетина отворени денови за граѓаните и можности за пополнување анкетни листови, на кои стручни лица од општината ги даваа одговорите за бенефитите кои овој ДУП ги нуди за жителите на населбата Лисиче. Покрај позитивните реакции од граѓаните од овој дел на Аеродром, кои во новиот ДУП увидоа решавање на разни комунални и инфраструктурни проблеми кои ги чекаа подолг период, позитивно се изјаснија сите останати надлежни институции и експерти од областа на урбаното планирање.

Но двоецот ЛЕвица - СДСМ реши да се обиде да ги изнесе граѓаните надвор, но мал беше бројот на оние кои протестираа.

Новиот ДУП, за разлика од плановите на претходните општински администрации, предвидува изградба на само еден објект за колективно домување, наместо претходно предвидените девет. Со него, се отвора простор за изградба на два нови паркови и дополнителни зелени површини, како и комунални и урбанистички решенија со кои граѓаните можат да ја планираат својата иднина.

The post Двајца без тројца – неуспешен обид на СДСМ и Левица за протест во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Фијаско на протестот кој требаше да послужи како наводна реакција на лисичани против Деталниот урбанистички план кој тие го карактеризираа како спорен и „обид за бетонизација“. Општина Аеродром изминатиот период организираше десетина отворени денови за граѓаните и можности за пополнување анкетни листови, на кои стручни лица од општината ги даваа одговорите за бенефитите кои овој ДУП ги нуди за жителите на населбата Лисиче. Покрај позитивните реакции од граѓаните од овој дел на Аеродром, кои во новиот ДУП увидоа решавање на разни комунални и инфраструктурни проблеми кои ги чекаа подолг период, позитивно се изјаснија сите останати надлежни институции и експерти од областа на урбаното планирање. Но двоецот ЛЕвица - СДСМ реши да се обиде да ги изнесе граѓаните надвор, но мал беше бројот на оние кои протестираа. Новиот ДУП, за разлика од плановите на претходните општински администрации, предвидува изградба на само еден објект за колективно домување, наместо претходно предвидените девет. Со него, се отвора простор за изградба на два нови паркови и дополнителни зелени површини, како и комунални и урбанистички решенија со кои граѓаните можат да ја планираат својата иднина.

The post Двајца без тројца – неуспешен обид на СДСМ и Левица за протест во Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-opshtina-aerodrom-odluchi-da-stavi-stop-na-betonizatsijata-i-poveke-da-se-vlozhuva-vo-zeleniloto/ Sun, 28 Apr 2024 13:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=771915

На покана на градоначалникот и на покана на претседателот на совет и на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сум денеска овде да направиме увид во градежните активности на овој проект кој што започна пред неколку месеци, ако не се лажам Тимчо, и проект кој што значи заедничка соработка помеѓу општина Аеродром и канцеларијата на Европската Комисија овдека во Македонија. Секогаш каде што се гради, јас сум таму присутен и ги охрабрувам тие проекти, рече денеска од Аеродром Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Многу скоро од денеска со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, пораќа тој, многу од проектите ќе бидат реализирани овде во општина Аеродром кои што за жал изминатиов период поради притисоците и опструкциите на владата на СДСМ и ДУИ не беа реализирани.

Ќе ве потсетам, и добро е да се потсетуваме што се случуваше со општинската обврзница, општина Аеродром беше прва општина која што во Македонија објави таканаречена зелена еко општинска обврзница, но поради опструкцијата на владата на СДСМ и ДУИ таа никогаш не беше реализирана. Општина Аеродром и ова раководство во општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото, повеќе да се вложува во парковите, повеќе да се вложува во забавните катчиња за најмладите, нешто што ќе претставува основна политика на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е демографијата и зголемување на ферталитетот, грижа за најмладите. И јас, само охрабрувам и во иднина ќе продолжам да охрабрувам ваков тип на проекти, но добро е исто така да се потсетиме за што се случуваше изминатите две и половина и тоа да не се повтори, рече Мицкоски.

Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе биде влада на целата територија на Македонија, без разлика на тоа дали во некоја општина имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или не.

Ја користам оваа прилика од општина Аеродром да ги охрабрам градоначалниците кои што не се од ред на ВМРО-ДПМНЕ да прават проекти, бидејќи нашиот гантограм на активности, некаде втората половина на јуни месец да биде формирана владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, некаде втора половина на месец јули да имаме ребаланс со јасни и прецизни насоки како ќе се трошат парите на граѓаните и есента на првиот оглас да има повик до општините да конкурираат, да поднесат свои проекти, готови проекти со издадени градежни дозволи за да може да се случи првиот трансфер на средства од буџетот кон самите општини за да можат граѓаните да го почувствуваат веднаш она кое што го зборуваме во оваа кампања. Свесен сум дека поддршката е огромна, свесен сум дека очекувањата се огромни и затоа брзи проекти, брза реализација и брзо граѓаните треба да го почувствуваат тоа што го ветуваме. Доста беа лаги, доста беа порази, доста беше грабеж овие 6 и половина, 7 години, потребно е Македонија да ја трансформираме и Македонија да биде повторно твоја, рече Мицкоски.

https://youtu.be/5SR-QMoQIOo?si=dNvy27Kvq9ZJvCPX

The post Мицкоски: Општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото appeared first on Република.

]]>

На покана на градоначалникот и на покана на претседателот на совет и на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сум денеска овде да направиме увид во градежните активности на овој проект кој што започна пред неколку месеци, ако не се лажам Тимчо, и проект кој што значи заедничка соработка помеѓу општина Аеродром и канцеларијата на Европската Комисија овдека во Македонија. Секогаш каде што се гради, јас сум таму присутен и ги охрабрувам тие проекти, рече денеска од Аеродром Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Многу скоро од денеска со новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, пораќа тој, многу од проектите ќе бидат реализирани овде во општина Аеродром кои што за жал изминатиов период поради притисоците и опструкциите на владата на СДСМ и ДУИ не беа реализирани.
Ќе ве потсетам, и добро е да се потсетуваме што се случуваше со општинската обврзница, општина Аеродром беше прва општина која што во Македонија објави таканаречена зелена еко општинска обврзница, но поради опструкцијата на владата на СДСМ и ДУИ таа никогаш не беше реализирана. Општина Аеродром и ова раководство во општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото, повеќе да се вложува во парковите, повеќе да се вложува во забавните катчиња за најмладите, нешто што ќе претставува основна политика на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е демографијата и зголемување на ферталитетот, грижа за најмладите. И јас, само охрабрувам и во иднина ќе продолжам да охрабрувам ваков тип на проекти, но добро е исто така да се потсетиме за што се случуваше изминатите две и половина и тоа да не се повтори, рече Мицкоски.
Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија и идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе биде влада на целата територија на Македонија, без разлика на тоа дали во некоја општина имаме градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или не.
Ја користам оваа прилика од општина Аеродром да ги охрабрам градоначалниците кои што не се од ред на ВМРО-ДПМНЕ да прават проекти, бидејќи нашиот гантограм на активности, некаде втората половина на јуни месец да биде формирана владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, некаде втора половина на месец јули да имаме ребаланс со јасни и прецизни насоки како ќе се трошат парите на граѓаните и есента на првиот оглас да има повик до општините да конкурираат, да поднесат свои проекти, готови проекти со издадени градежни дозволи за да може да се случи првиот трансфер на средства од буџетот кон самите општини за да можат граѓаните да го почувствуваат веднаш она кое што го зборуваме во оваа кампања. Свесен сум дека поддршката е огромна, свесен сум дека очекувањата се огромни и затоа брзи проекти, брза реализација и брзо граѓаните треба да го почувствуваат тоа што го ветуваме. Доста беа лаги, доста беа порази, доста беше грабеж овие 6 и половина, 7 години, потребно е Македонија да ја трансформираме и Македонија да биде повторно твоја, рече Мицкоски.
https://youtu.be/5SR-QMoQIOo?si=dNvy27Kvq9ZJvCPX  

The post Мицкоски: Општина Аеродром одлучи да стави стоп на бетонизацијата и повеќе да се вложува во зеленилото appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Општина Аеродром стана првата смарт општина во Македонија, денес се потпиша проект вреден 9 милиони евра со компанија која котира на белгиската берза https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-opshtina-aerodrom-stana-prvata-smart-opshtina-vo-makedonija-denes-se-potpisha-proekt-vreden-9-milioni-evra-so-kompanija-koja-kotira-na-belgiskata-berza/ Mon, 11 Mar 2024 12:10:37 +0000 https://republika.mk/?p=753616

За мене претставува големо задоволство денешниот ден бидејќи Општина Аеродром покажа и докажа дека кога напорно се работи и посветено се работи може да се постигнат и на локално ниво европски успеси. Како што е почетокот на овој проект, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Христијан Мицкоски.

„Жителите на општина Аеродром ќе имаат навистина едно би рекол посебно решение кое што ќе одговара на нивните потреби. И она што е важно како што и самиот проект вели ќе се зголеми транспарентноста, ќе се зголеми отчетноста во однос на тоа каква е навистина животната средина, квалитетот на воздухот, но и истовремено ќе се намалат трошоците кои што во моментот Општина Аеродром и граѓаните на општина Аеродром практично ги плаќаат. И ќе останат повеќе пари и средства за капитални инвестиции. Така што уште еднашка му честитам на градоначалникот Тимчо, на советниците на Советот, на администрацијата за сето она кое што го направија“, вели Мицкоски.

Претпоставувам или да бидам попрецизен сигурен сум веќе и градоначалникот и гостинот денеска направија презентација за каква компанија станува збор, дека котира на белгиската берза, дека ќе инвестира девет милиони евра. Практично дека локални партнери се А1 и Ассеко. Така што навистина претставува еден фантастичен проект кој што очекувам да се прошири и во другите општини во Македонија, но од Македонија да го прошириме и во другите држави во регионот, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Општина Аеродром стана првата смарт општина во Македонија, денес се потпиша проект вреден 9 милиони евра со компанија која котира на белгиската берза appeared first on Република.

Општина Аеродром: Службите на Град Скопје повторно го оставија Аеродром затрупан во ѓубр https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-sluzhbite-na-grad-skopje-povtorno-go-ostavija-aerodrom-zatrupan-vo-gubr/ Sat, 27 Jan 2024 21:24:19 +0000 https://republika.mk/?p=737618

По десетина ургенции, упатени апели и писмени барања до градот Скопје, деновиве повторно Аеродром е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, се вели во соопштението испратено од Општина Аердром.

И покрај фактот дека жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат со неодговорниот однос кон јавната хигиената во општината. Напоменуваме дека општина Аеродром е важен и неизоставен дел од градот и во таа насока уште еднаш апелираме до Градот Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да ги преземат сите неопходни мерки за подобрување на хигиената во Аеродром, истакнуваат од општината.

The post Општина Аеродром: Службите на Град Скопје повторно го оставија Аеродром затрупан во ѓубр appeared first on Република.

]]>

По десетина ургенции, упатени апели и писмени барања до градот Скопје, деновиве повторно Аеродром е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, се вели во соопштението испратено од Општина Аердром. И покрај фактот дека жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат со неодговорниот однос кон јавната хигиената во општината. Напоменуваме дека општина Аеродром е важен и неизоставен дел од градот и во таа насока уште еднаш апелираме до Градот Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да ги преземат сите неопходни мерки за подобрување на хигиената во Аеродром, истакнуваат од општината.

The post Општина Аеродром: Службите на Град Скопје повторно го оставија Аеродром затрупан во ѓубр appeared first on Република.

]]>
Аеродром со кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/aerodrom-so-krivichna-prijava-do-ojo-skopje-za-sogoruvane-otpad-na-otvoren-prostor/ Thu, 02 Nov 2023 10:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=697375

Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител, соопштија од општината, објаснувајќи дека кривичната пријава се однесува за согорување отпад на отворен простор на територија надвор од границите на општината. Истата е поднесена согласно член 70 од Законот за амбиентален воздух, по претходен надзор од страна на инспекциските служби и по претходна пријава од страна на граѓаните за непријатен мирис кој се чувствува на територијата на општината.

Законот за амбиентален воздух предвидува обврска за инспекциските служби да поднесат кривична пријава до надлежните судови за поведување на кривична, односно прекршочна постапка, доколку при вршењето надзор се утврди основа за тоа. Со оглед на фактот дека станува збор за кривично дело свесно сторено од страна на непознат сторител и на територија на друга општина, Општина Аеродром смета дека целосно се исполнети условите за кривичен прогон за конкретното кривично дело, а притоа очекуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство согласно своите законски надлежности да постапат по доставената кривична пријава и истата во најкраток рок да ја процесираат до надлежните судски органи. Грижата за здравјето на граѓаните, како и одржувањето на здрава и чиста животна средина останува приоритет на Општина Аеродром. Апелираме за почитување на законите и одговорност кон околината, а нашите служби и во иднина ќе преземаат активности кои се во согласност со законот, велат од Општина Аеродром.

The post Аеродром со кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор appeared first on Република.

Муцунски и општина Аеродром добија казна од 88.000 евра, ја обвинуваат Арсовска за политичка омраза https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mutsunski-i-opshtina-aerodrom-dobija-kazna-od-88-000-evra-ja-obvinuvaat-arsovska-za-politichka-omraza/ Thu, 20 Jul 2023 11:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=663519

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина, со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, соопшти прес-службата на Град Скопје.

Посочуваат дека општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ со што направиле нова дива депонија.

– Рокот за подмирување на казната е осум дена од денот на изрекувањето, во спротивно дополнително ќе се наплати. Против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави, се наведува во соопштението.

Реагираше Општина Аеродром. Велат непознавање на законите, ниското ниво на политичка култура и политичкото ривалство кое за жал кај градоначалничката Данела Арсовска веќе е сведено на ниво на политичка омраза, оди до таму што, по нејзин налог извршителите во градот Скопје добиле насока да изречат монтирана и целосно неточна прекршочна санкција за Општината.

Наводите наведени во денешната информација доставена во медиумите, се целосна лага, смислена во центарот за креирање лажни вести и фејк кризи лоциран во бараките на Град Скопје. Потенцираме дека, до овој момент до Општина Аеродром нема стигнато никаква документација поврзан со наводите наведени во соопштението до медиумите. По евентуалното добивањето на документацијата поврзана со санкцијата, фактот дека таа е целосно неточна ќе го докажеме во соодветна законска постапка пред надлежните институции. Воедно, не ја исклучуваме можност за поведување кривична постапка до инспекторите кои изрекле ваква незаконска санкција, како и до сите одговорни лица во градот Скопје, вклучувајќи ја градоначалничката Арсовска.

Арсовска која е единствениот виновник на комуналниот хаос во градот, наместо да диригира смешни прекршочни решенија, неопходно е правниците и инспекторите кои се дел од нејзиниот тим, да ги упати на повторна едукација на Правниот факултет, каде ќе ги научат основни принципи за толкување на законот и изрекување прекршочна санкција. Воедно, самата Арсовска наместо да се занимава со наместени, паушални и конструирани постапки со кои дополнително си го намалува рејтингот приближен до „нула“ , пополезно ќе биде да посвети на проектите кои ги ветуваше пред граѓаните, како гимназијата во Аеродром, Мега паркот зад ФФМ и Иновацискиот парк зад кулите на Џевахир.

Политичката омраза, креирањето лажни постапки и паушалното пласирање скандали се карактеристика за слабите политичари и лошите менаџери и тие само очаен обид за дефокус на јавноста од реалните проблеми со кои се соочува градот. Политичкото ривалство треба да се води на цивилизиран начин, онака како што доликува на современи политичари, преку инвестиции, грижа за граѓаните и реализација на проекти. Најодговорно тврдиме дека во изминатиот период Општина Аеродром има повеќе реализирани проекти во споредба со сите проекти на Арсовска во цело Скопје.
На крајот уште еднаш потсетуваме дека, грижата за здравјето и животот на граѓаните е наш врвен приоритет, а постапувањето согласно законите единствен императив во работењето на Општина Аеродром - велат од Општината.

The post Муцунски и општина Аеродром добија казна од 88.000 евра, ја обвинуваат Арсовска за политичка омраза appeared first on Република.

]]>

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина, со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, соопшти прес-службата на Град Скопје. Посочуваат дека општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП „Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ со што направиле нова дива депонија.
– Рокот за подмирување на казната е осум дена од денот на изрекувањето, во спротивно дополнително ќе се наплати. Против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави, се наведува во соопштението.
Реагираше Општина Аеродром. Велат непознавање на законите, ниското ниво на политичка култура и политичкото ривалство кое за жал кај градоначалничката Данела Арсовска веќе е сведено на ниво на политичка омраза, оди до таму што, по нејзин налог извршителите во градот Скопје добиле насока да изречат монтирана и целосно неточна прекршочна санкција за Општината.
Наводите наведени во денешната информација доставена во медиумите, се целосна лага, смислена во центарот за креирање лажни вести и фејк кризи лоциран во бараките на Град Скопје. Потенцираме дека, до овој момент до Општина Аеродром нема стигнато никаква документација поврзан со наводите наведени во соопштението до медиумите. По евентуалното добивањето на документацијата поврзана со санкцијата, фактот дека таа е целосно неточна ќе го докажеме во соодветна законска постапка пред надлежните институции. Воедно, не ја исклучуваме можност за поведување кривична постапка до инспекторите кои изрекле ваква незаконска санкција, како и до сите одговорни лица во градот Скопје, вклучувајќи ја градоначалничката Арсовска. Арсовска која е единствениот виновник на комуналниот хаос во градот, наместо да диригира смешни прекршочни решенија, неопходно е правниците и инспекторите кои се дел од нејзиниот тим, да ги упати на повторна едукација на Правниот факултет, каде ќе ги научат основни принципи за толкување на законот и изрекување прекршочна санкција. Воедно, самата Арсовска наместо да се занимава со наместени, паушални и конструирани постапки со кои дополнително си го намалува рејтингот приближен до „нула“ , пополезно ќе биде да посвети на проектите кои ги ветуваше пред граѓаните, како гимназијата во Аеродром, Мега паркот зад ФФМ и Иновацискиот парк зад кулите на Џевахир. Политичката омраза, креирањето лажни постапки и паушалното пласирање скандали се карактеристика за слабите политичари и лошите менаџери и тие само очаен обид за дефокус на јавноста од реалните проблеми со кои се соочува градот. Политичкото ривалство треба да се води на цивилизиран начин, онака како што доликува на современи политичари, преку инвестиции, грижа за граѓаните и реализација на проекти. Најодговорно тврдиме дека во изминатиот период Општина Аеродром има повеќе реализирани проекти во споредба со сите проекти на Арсовска во цело Скопје. На крајот уште еднаш потсетуваме дека, грижата за здравјето и животот на граѓаните е наш врвен приоритет, а постапувањето согласно законите единствен императив во работењето на Општина Аеродром - велат од Општината.

The post Муцунски и општина Аеродром добија казна од 88.000 евра, ја обвинуваат Арсовска за политичка омраза appeared first on Република.

]]>
Лисиче добива ДУП според барањата на граѓаните, шарената коалиција на СДСМ и Левица ја манипулира и лаже јавноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/lisiche-dobiva-dup-spored-baranata-na-graganite-sharenata-koalitsija-na-sdsm-i-levitsa-ja-manipulira-i-lazhe-javnosta/ Thu, 15 Jun 2023 08:24:48 +0000 https://republika.mk/?p=651593

Населбата Лисиче ќе добие нов детален урбанистички план кој ќе биде во согласност со барањата на граѓаните. Општина Аеродром цврсто стои на ставот дека новата верзија на урбанистичкиот план која е во фаза на изработка ќе ги опфати најголемиот дел од забелешките на граѓаните, дадени преку јавната анкета и ќе реши голем дел од проблемите на граѓаните на овој дел од општина Аеродром.

Протестите со политичка позадина, имаа единствена цел – да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми со кои се соочува државата. Затворањето и блокирањето улици е аматерски обид за политичко поентирање. Граѓаните се сведоци и јавноста памети дека пред неколку години, исти вакви политички протести со шарени бои, тогаш донесоа политичка криза, хаос во градот, а на долг рок истите беа основа за нова влада, која сега е симбол на корупција, криминал, сиромаштија и беззаконието во државата. Шарената боја на вчерашните протести е само потврда и уште еден доказ за коалицијата помеѓу СДСМ и Левица. Коалиција која шири лаги и невистини, создава вештачки кризи и не носи никаков бенефит за граѓаните.

Наша обврска е до работиме чесно, одговорно и транспарентно. Општина Аеродром е во редовна и секојдневна комуникација со граѓаните. Не велиме дека нема проблеми, но тие се решаваат и решенијата се бараат преку редовна и нормална комуникација и дискусија. Во оваа насока апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на шарените лаги и дезинформации со кои СДСМ и Левица ја манипулираат јавноста. Општина Аеродром, како и досега во целост стои на располагање за сите граѓани кои на било каков начин сакаат да дадат своја конструктивна сугестија или забелешка во процесот на носење на деталниот урбанистички план.

На крајот дозволете да потсетиме дека на сме сите исти. Тие изминатиот месец го трошеа своето време за деструктивност и на списокот завршени обврски запишуваа само „политички монтирани и шарени протести“, а во истиот тој период Општина Аеродром интензивно работеше да обезбеди паричен надоместок за дечињата од прво одделение, граѓаните од Лисиче да плаќаат за 50% помали комуналии при изградба на куќи, учениците да добијат бесплатни таблети, жителите на „Островска“ да добијат нов спортски центар, оние кои живеат во Реонски центар и Стар Аеродром да добијат нов паркови, дечињата да добијат нови игралишта во училиштето “Љубен Лапе“ и во близина на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, лисичани да добијат нови улици и уште низа тековни, започнати и реализирани проекти во изминатиот месец, велат од општина Аеродром.

The post Лисиче добива ДУП според барањата на граѓаните, шарената коалиција на СДСМ и Левица ја манипулира и лаже јавноста appeared first on Република.

]]>

Населбата Лисиче ќе добие нов детален урбанистички план кој ќе биде во согласност со барањата на граѓаните. Општина Аеродром цврсто стои на ставот дека новата верзија на урбанистичкиот план која е во фаза на изработка ќе ги опфати најголемиот дел од забелешките на граѓаните, дадени преку јавната анкета и ќе реши голем дел од проблемите на граѓаните на овој дел од општина Аеродром. Протестите со политичка позадина, имаа единствена цел – да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми со кои се соочува државата. Затворањето и блокирањето улици е аматерски обид за политичко поентирање. Граѓаните се сведоци и јавноста памети дека пред неколку години, исти вакви политички протести со шарени бои, тогаш донесоа политичка криза, хаос во градот, а на долг рок истите беа основа за нова влада, која сега е симбол на корупција, криминал, сиромаштија и беззаконието во државата. Шарената боја на вчерашните протести е само потврда и уште еден доказ за коалицијата помеѓу СДСМ и Левица. Коалиција која шири лаги и невистини, создава вештачки кризи и не носи никаков бенефит за граѓаните. Наша обврска е до работиме чесно, одговорно и транспарентно. Општина Аеродром е во редовна и секојдневна комуникација со граѓаните. Не велиме дека нема проблеми, но тие се решаваат и решенијата се бараат преку редовна и нормална комуникација и дискусија. Во оваа насока апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на шарените лаги и дезинформации со кои СДСМ и Левица ја манипулираат јавноста. Општина Аеродром, како и досега во целост стои на располагање за сите граѓани кои на било каков начин сакаат да дадат своја конструктивна сугестија или забелешка во процесот на носење на деталниот урбанистички план. На крајот дозволете да потсетиме дека на сме сите исти. Тие изминатиот месец го трошеа своето време за деструктивност и на списокот завршени обврски запишуваа само „политички монтирани и шарени протести“, а во истиот тој период Општина Аеродром интензивно работеше да обезбеди паричен надоместок за дечињата од прво одделение, граѓаните од Лисиче да плаќаат за 50% помали комуналии при изградба на куќи, учениците да добијат бесплатни таблети, жителите на „Островска“ да добијат нов спортски центар, оние кои живеат во Реонски центар и Стар Аеродром да добијат нов паркови, дечињата да добијат нови игралишта во училиштето “Љубен Лапе“ и во близина на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, лисичани да добијат нови улици и уште низа тековни, започнати и реализирани проекти во изминатиот месец, велат од општина Аеродром.

The post Лисиче добива ДУП според барањата на граѓаните, шарената коалиција на СДСМ и Левица ја манипулира и лаже јавноста appeared first on Република.

]]>
​Општина Аеродром донира 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-donira-500-iljadi-denari-za-spravuvane-so-posleditsite-od-nevremeto-vo-delchevo/ Mon, 12 Jun 2023 16:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=650578

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром Дејан Митески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општината денеска донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.
Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот.
Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани.

The post ​Општина Аеродром донира 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево appeared first on Република.

]]>

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром Дејан Митески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општината денеска донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината. Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот. Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани.  

The post ​Општина Аеродром донира 500 илјади денари за справување со последиците од невремето во Делчево appeared first on Република.

]]>
Повторно оштетен спортски терен во скопски Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/povtorno-oshteten-sportski-teren-vo-skopski-aerodrom/ Thu, 25 May 2023 14:31:18 +0000 https://republika.mk/?p=644634

И покрај предупредувањата и забелешките, повторно вандализам во скопски Аеродром. За ова се огласија од Општина Аеодром кои апелираат на почитување на јавните површини.

Новиот повеќенаменски терен во ООУ „Љубен Лапе” и изминатата ноќ бил мета на вандалски чин од страна на неодговорни граѓани.

– Апелираме уште еднаш за почитување на површините кои се заедничка сопственост и наследство кое го оставаме на новите генерации. Со овие чинови, се придонесува кон ограничување на содржините кои им се достапни на учениците, а со тоа и ограничување на нивниот правилен раст и развој, повторно упатија апел од локлната самоуправа на Аеродром.

The post Повторно оштетен спортски терен во скопски Аеродром appeared first on Република.

]]>

И покрај предупредувањата и забелешките, повторно вандализам во скопски Аеродром. За ова се огласија од Општина Аеодром кои апелираат на почитување на јавните површини. Новиот повеќенаменски терен во ООУ „Љубен Лапе” и изминатата ноќ бил мета на вандалски чин од страна на неодговорни граѓани.
– Апелираме уште еднаш за почитување на површините кои се заедничка сопственост и наследство кое го оставаме на новите генерации. Со овие чинови, се придонесува кон ограничување на содржините кои им се достапни на учениците, а со тоа и ограничување на нивниот правилен раст и развој, повторно упатија апел од локлната самоуправа на Аеродром.

The post Повторно оштетен спортски терен во скопски Аеродром appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Владата не ја одобрува општинската обврзница и го кочи развојот на Општина Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mitskoski-vladata-ne-ja-odobruva-opshtinskata-obvrznitsa-i-go-kochi-razvojot-na-opshtina-aerodrom/ Wed, 12 Apr 2023 11:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=630132

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Аеродром, изјави дека градоначалникот Тимчо Муцуснки и општинската админситрација и покрај тешките услови за работа успеваат да ги реализираат проектите кои ги ветиле, како што е проектот во сосработка со општествено одговорните компании децата наместо на улиците и паркинзите да може да другаруваат и да уживаат во нови паркови и игралишта.

Откако е Тимчо градоначалник во општина Аеродром, неколку маркици се избришани, односно површини каде што беа предвидени станбени објекти се избришани, и на местото на тие се предвидени нови паркови. Тоа што значи во пракса? Тоа значи дека општината има намалени приходи бидејќи граѓаните во општина Аеродром им е преку глава од преголемата бетонизација и урбанизација, сакаат повеќе зеленило, сакаат повеќе паркови. Но, тоа значи и помали приходи за Општината, и тоа значи дополнителна енергија што треба да се вложи за да се реализира сето она кое што претходно беше ветувано за време на кампањата, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека Општина Аеродром одлучила да издаде општинска обврзница со што ќе се обезбедат дополнителни средства за реализација на ветените проекти, без бетонизација, туку со изградба на паркови и зелени површини каде што најмладите ќе можат да уживаат и да другаруваат.

- Но, за жал и покрај тоа што се поминати сите процедури и во Министерството за финансии, и во Комисијата за хартии од вредност, и Македонската берза, и општинскиот совет, гледаме дека од Владата има игнорантски однос има една одбивност, има еден завист. Зошто? Затоа што општините каде што имаме градоначалници, и администрација, и советници кои што се амбициозни, а се дел од ВМРО-ДПМНЕ и сакаат да одат напред и да реализираат проекти. Тоа е погрешна политика да ги казнувате граѓаните само за тоа што не сте компетентни, затоа што сте длабоко вовлечени во криминал и корупција, и да не дозволувате во општините каде што позицијата, каде што ВМРО-ДПМНЕ ја управува администрацијата и има свој градоначалник, прво не е човечки, а второ е антимакедонски. Затоа што на тој начин Македонија не дозволувате да се развива како држава, рече Мицоски.

Тој апелира до Владата да ја поддржи обврзницата за да може во Аеродром да се обезбедат детски градинки, реновирани и нови училишта.../

The post Мицкоски: Владата не ја одобрува општинската обврзница и го кочи развојот на Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Аеродром, изјави дека градоначалникот Тимчо Муцуснки и општинската админситрација и покрај тешките услови за работа успеваат да ги реализираат проектите кои ги ветиле, како што е проектот во сосработка со општествено одговорните компании децата наместо на улиците и паркинзите да може да другаруваат и да уживаат во нови паркови и игралишта.
Откако е Тимчо градоначалник во општина Аеродром, неколку маркици се избришани, односно површини каде што беа предвидени станбени објекти се избришани, и на местото на тие се предвидени нови паркови. Тоа што значи во пракса? Тоа значи дека општината има намалени приходи бидејќи граѓаните во општина Аеродром им е преку глава од преголемата бетонизација и урбанизација, сакаат повеќе зеленило, сакаат повеќе паркови. Но, тоа значи и помали приходи за Општината, и тоа значи дополнителна енергија што треба да се вложи за да се реализира сето она кое што претходно беше ветувано за време на кампањата, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека Општина Аеродром одлучила да издаде општинска обврзница со што ќе се обезбедат дополнителни средства за реализација на ветените проекти, без бетонизација, туку со изградба на паркови и зелени површини каде што најмладите ќе можат да уживаат и да другаруваат. - Но, за жал и покрај тоа што се поминати сите процедури и во Министерството за финансии, и во Комисијата за хартии од вредност, и Македонската берза, и општинскиот совет, гледаме дека од Владата има игнорантски однос има една одбивност, има еден завист. Зошто? Затоа што општините каде што имаме градоначалници, и администрација, и советници кои што се амбициозни, а се дел од ВМРО-ДПМНЕ и сакаат да одат напред и да реализираат проекти. Тоа е погрешна политика да ги казнувате граѓаните само за тоа што не сте компетентни, затоа што сте длабоко вовлечени во криминал и корупција, и да не дозволувате во општините каде што позицијата, каде што ВМРО-ДПМНЕ ја управува администрацијата и има свој градоначалник, прво не е човечки, а второ е антимакедонски. Затоа што на тој начин Македонија не дозволувате да се развива како држава, рече Мицоски. Тој апелира до Владата да ја поддржи обврзницата за да може во Аеродром да се обезбедат детски градинки, реновирани и нови училишта.../

The post Мицкоски: Владата не ја одобрува општинската обврзница и го кочи развојот на Општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Почнуваме со изградба на паркот „Радост“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mutsunski-pochnuvame-so-izgradba-na-parkot-radost/ Wed, 12 Apr 2023 11:06:36 +0000 https://republika.mk/?p=630127

Општина Аеродром денеска почна со подготвителни активности за изградба на нов парк „Радост“, од околу 6 000 метри квадратни, едно од ветувањата на градоначалникот Тимчо Муцунски, соопштија оттаму.

Паркот „Радост“ е симбол на ветувањето коешто го дадовме уште на почетокот на нашата кампања а тоа е дека во општина Аеродром ќе има хумана урбанизација. Тоа што ме радува е дека овој парк е и доказ дека може да има севкупна општествена соработка кога се работи за вакви значајни проекти за граѓаните, се работи на заедничка инвестиција на општина Аеродром, четири општествено одговорни компании, неколку невладини организации коишто се вклучени во процесот на поддршка и делегацијата на ЕУ преку еден од своите фондови ни додели грант, за да можеме да го реализираме тоа што по мене ќе биде веројатно најубавиот и најсовремениот парк на територија на Град Скопје, изјави градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Тој нагласи дека локалната самоуправа ќе продолжи да реализира вакви проекти коишто се насочени кон, како што рече, поубаво живеење на територија на општина Аеродром.

The post Муцунски: Почнуваме со изградба на паркот „Радост“ appeared first on Република.

Бесплатна градинка за дечињата од социјално загрозени семејства во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/besplatna-gradinka-za-dechinata-od-sotsijalno-zagrozeni-semejstva-vo-aerodrom/ Sat, 04 Mar 2023 12:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=615825

Општина Аеродром се грижи за најмлади и ги поддржува социјално загрозените семејства. Во таа насока продолжуваме со различни економски и финансиски мерки да ги поддржуваме семејствата кои се најпогодени од финансиската криза, информираат од општината.

На седницата на Советот на општина Аеродром која се одржа минатата недела, беше донесена одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на децата во градинка за социјално загрозените родители чии деца посетуваат градинка на територијата на Општина Аеродром.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна ги повика граѓаните да стапат во контакт со надлежните во градинката или општинските служби, во насока на доставување на потребната документација и остварување на ова право и потенцираш дека Оваа мерка е уште една во низата политики за помош на семејствата.

Минатата година, беа укинати сите дополнителни трошоци кои родителите ги одвојуваа за хигиенскиот пакет, како и наставно-образовните материјали за работа по групи во градинките. Продолжуваме со креирање на мерки и носење одлуки кои ќе го поддржат развојот на најмладите, но ќе значат и поддршка на семејствата кои се соочуваат со економски и социјални проблеми, нагласи твој во фејсбук објавата.

The post Бесплатна градинка за дечињата од социјално загрозени семејства во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром се грижи за најмлади и ги поддржува социјално загрозените семејства. Во таа насока продолжуваме со различни економски и финансиски мерки да ги поддржуваме семејствата кои се најпогодени од финансиската криза, информираат од општината. На седницата на Советот на општина Аеродром која се одржа минатата недела, беше донесена одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на децата во градинка за социјално загрозените родители чии деца посетуваат градинка на територијата на Општина Аеродром. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна ги повика граѓаните да стапат во контакт со надлежните во градинката или општинските служби, во насока на доставување на потребната документација и остварување на ова право и потенцираш дека Оваа мерка е уште една во низата политики за помош на семејствата. Минатата година, беа укинати сите дополнителни трошоци кои родителите ги одвојуваа за хигиенскиот пакет, како и наставно-образовните материјали за работа по групи во градинките. Продолжуваме со креирање на мерки и носење одлуки кои ќе го поддржат развојот на најмладите, но ќе значат и поддршка на семејствата кои се соочуваат со економски и социјални проблеми, нагласи твој во фејсбук објавата.

The post Бесплатна градинка за дечињата од социјално загрозени семејства во Аеродром appeared first on Република.

]]>