општа опасност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshta-opasnost/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 12:32:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png општа опасност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opshta-opasnost/ 32 32 Пукал сред Струмица: Полицаец ќе се гони за предизвикување општа опасност https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pukal-sred-strumitsa-politsaets-ke-se-goni-za-predizvikuvane-opshta-opasnost/ Tue, 02 Jul 2024 13:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=792794

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Т.А., полициски службеник во Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Струмица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот на 29.06.2024 околу 06.20 часот, во својство на полициски службеник, напуштајќи го работното место, заминал на ул.„Бетовенова“ каде се сретнал со едно лице, по претходен договор за средба, и во еден момент пријавениот Т.А. со службениот пиштол испукал неколку пати, со што предизвикал општа опасност за граѓаните во околината. Именуваниот полициски службеник не го пријавил настанот во СВР Струмица, повторно се вратил на работното место и по завршување на смената во СВР Струмица се раздолжил со опремата и си заминал, велат од МВР.

Исто така, пријавениот преку неговите колеги, полициските службеници П.П. и С.Д., кои биле испратени од страна на СВР Струмица по поднесена пријава од страна на граѓанин за истиот настан, се обидел да делува за прикривање на настанот, што не било пријавено од нивна страна.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Т.А. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници П.П. и С.Д. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, велат од МВР.

The post Пукал сред Струмица: Полицаец ќе се гони за предизвикување општа опасност appeared first on Република.

]]>

23-годишник фатен како потпалува семејна куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/23-godishnik-faten-kako-potpaluva-semejna-kuka/ Thu, 30 May 2024 09:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=783111

Вчера во 11.30 часот во село Удово, валандовско, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода К.Ш.(23) од с.Удово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, по член 288 од Кривичниот законик.

Имено, тој се сомничи дека околу 08.30 часот со запалива течност предизвикал пожар пред влезната врата од куќата на П.Л., а откако бил забележан од сопствениците со спреј испрскал еден од нив и го напуштил местото. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post 23-годишник фатен како потпалува семејна куќа appeared first on Република.

Полициски командир пукал на свадба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsiski-komandir-pukal-na-svadba/ Sun, 27 Aug 2023 19:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=676484

Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка, велат од МВР

The post Полициски командир пукал на свадба appeared first on Република.

]]>

Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.