опозициски партии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opoziciski-partii/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Apr 2022 11:53:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опозициски партии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opoziciski-partii/ 32 32 Се подготвува ново велепредавство зад затворени врати: Опозицијата бара Османи да го објави што е подготвен да прифати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-podgotvuva-novo-velepredavstvo-zad-zatvoreni-vrati-opozicijata-bara-osmani-da-go-objavi-shto-e-podgotven-da-prifati/ Fri, 15 Apr 2022 11:53:16 +0000 https://republika.mk/?p=488927

Бугарија и Бујар Османи си преговараат. Османи предложува, Бугарија одбива, но македонската јавност нема увид во тоа со што се пазари министерот за надворешни работи.

Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше за најновите предлози на Македонија, официјално испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна. На средбата во февруари бугарската страна ги информираше претставниците на Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат – соопштија од бугарското МНР.

Преговорите со Бугарија веќе подолго време се водат зад грбот на јавноста. За работата на историската комисија, за тоа што се преговара, што е договорено и какви отстапки прави македонската страна, информации нема ниту за јавноста, ниту за пратениците. Ваквата констелација на нештата, само ги потврдува сомнежите дека Владата предводена од ДУИ и СДСМ подготвуваат ново велепредавство на македонскиот народ и држава. Овој пат зад затворени врати, велат од „Левица“.

Ова го потврди и mинистерот Бујар Османи, кој јавно изјави дека има изготвено документ кој Македонија е спремна да го прифати, но дека се чека одговор од бугарската страна. Ако се земе предвид и за тоа дека веќе неколку членови од Историската комисија поднесоа оставки, веројатно Владата го спрема последниот чин од нејзиниот процес на демакедонизација.

Ново национално велепредавство, не смее, не може и нема да помине, стои во соопштението на партијата.

На сличен став се и во ВМРО-ДПМНЕ, од каде веќе подолго време се изразува сомнеж во врска со преговарачкиот процес со источниот сосед.

Бујар Османи вчера кажа дека помеѓу Бугарија и Македонија има документ кој е основа за договор меѓу двете држави кој што македонската страна го прифаќа и еве јавно во името на граѓаните на државата, во името на интересот на сите, повикуваме да го обелоденат тој таен документ и да кажат јавно што содржи – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Недостапноста на овој документ, сметаат двете партии, укажува дека Владата на СДСМ и ДУИ е подготвена да го протурка што е можно потивко и што е можно поскоро, за да се избегне негодувањето и притисокот од јавноста.
Однесувањето на министерот за надворешни работи за координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски е скандалозно и претставува приватизирање на македонското прашање и односите со Бугарија

Антидржавно, недозволиво и срамно однесување на еден министер кој треба да се грижи и да ги застапува македонските интереси во надворешната политика е да ги заобиколи народните избраници и Комисијата за надворешни работи. Бујар Османи мора да даде одговор пред целата македонска јавност на едно прашање, а тоа е: КОЈ ГО ВИДЕЛ И КОЈ ОД МАКЕДОНСКАТА СТРАНА ГО ПРИФАТИЛ „ДОКУМЕНТОТ“?

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера информира дека има документ како основа за договор со Бугарија прифатлив за македонската страна, но се уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија, посочувајќи дека кога ќе има согласност по однос на кој било документ како основа за договор со Бугарија, пред да се стави потпис ќе ја информира јавноста и пратениците.

Османи, нагласи дека се уште не може да каже дека имаме договор меѓу двете страни по однос на еден документ што треба да биде сеопфатно решение за сите разлики што ги имаме со Бугарија.

Да, има еден таков документ што ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа се додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно, истакна Османи.

The post Се подготвува ново велепредавство зад затворени врати: Опозицијата бара Османи да го објави што е подготвен да прифати appeared first on Република.

]]>

Бугарија и Бујар Османи си преговараат. Османи предложува, Бугарија одбива, но македонската јавност нема увид во тоа со што се пазари министерот за надворешни работи.
Последниот експертски состанок на тимовите на МНР се одржа на 11 февруари годинава, на кој се разговараше за најновите предлози на Македонија, официјално испратени во декември 2021 година како одговор на предлозите на бугарската страна. На средбата во февруари бугарската страна ги информираше претставниците на Македонија дека нивните предлози не се прифатливи и дека разговорите треба да продолжат – соопштија од бугарското МНР.
Преговорите со Бугарија веќе подолго време се водат зад грбот на јавноста. За работата на историската комисија, за тоа што се преговара, што е договорено и какви отстапки прави македонската страна, информации нема ниту за јавноста, ниту за пратениците. Ваквата констелација на нештата, само ги потврдува сомнежите дека Владата предводена од ДУИ и СДСМ подготвуваат ново велепредавство на македонскиот народ и држава. Овој пат зад затворени врати, велат од „Левица“.
Ова го потврди и mинистерот Бујар Османи, кој јавно изјави дека има изготвено документ кој Македонија е спремна да го прифати, но дека се чека одговор од бугарската страна. Ако се земе предвид и за тоа дека веќе неколку членови од Историската комисија поднесоа оставки, веројатно Владата го спрема последниот чин од нејзиниот процес на демакедонизација. Ново национално велепредавство, не смее, не може и нема да помине, стои во соопштението на партијата.
На сличен став се и во ВМРО-ДПМНЕ, од каде веќе подолго време се изразува сомнеж во врска со преговарачкиот процес со источниот сосед.
Бујар Османи вчера кажа дека помеѓу Бугарија и Македонија има документ кој е основа за договор меѓу двете држави кој што македонската страна го прифаќа и еве јавно во името на граѓаните на државата, во името на интересот на сите, повикуваме да го обелоденат тој таен документ и да кажат јавно што содржи – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Недостапноста на овој документ, сметаат двете партии, укажува дека Владата на СДСМ и ДУИ е подготвена да го протурка што е можно потивко и што е можно поскоро, за да се избегне негодувањето и притисокот од јавноста. Однесувањето на министерот за надворешни работи за координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски е скандалозно и претставува приватизирање на македонското прашање и односите со Бугарија
Антидржавно, недозволиво и срамно однесување на еден министер кој треба да се грижи и да ги застапува македонските интереси во надворешната политика е да ги заобиколи народните избраници и Комисијата за надворешни работи. Бујар Османи мора да даде одговор пред целата македонска јавност на едно прашање, а тоа е: КОЈ ГО ВИДЕЛ И КОЈ ОД МАКЕДОНСКАТА СТРАНА ГО ПРИФАТИЛ „ДОКУМЕНТОТ“?
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера информира дека има документ како основа за договор со Бугарија прифатлив за македонската страна, но се уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија, посочувајќи дека кога ќе има согласност по однос на кој било документ како основа за договор со Бугарија, пред да се стави потпис ќе ја информира јавноста и пратениците. Османи, нагласи дека се уште не може да каже дека имаме договор меѓу двете страни по однос на еден документ што треба да биде сеопфатно решение за сите разлики што ги имаме со Бугарија.