опозициски фронт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opoziciski-front/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Dec 2022 08:23:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опозициски фронт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opoziciski-front/ 32 32 Потребно е окрупнување на опозицијата со било кој субјект кој ќе ја движи Македонија напред https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potrebno-okrupnuvanje-na-opozicijata-so-bilo-koj-subjekt-koj-kje-ja-dvizi-makedonija-napred/ Mon, 26 Dec 2022 07:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=589889

Без никаков сомнеж, не само ВМРО-ДПМНЕ, туку по анкетите кои што ги гледаме во јавноста, сите граѓани не се задоволни од начинот на кој што се движи државата и, де факто, бараат промена на оваа власт, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

Во вчерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на Сител телевизија, Муцунски истакна дека на дневно ниво од разни релевантни фактори има разни индикатори за лошата состојба во државата, како влошувањето на состојбата во борбата против криминалот и корупцијата, поскапувањата на цените и зголемувањето на инфлацијата кои што граѓаните директно ги чуствуваат пазарејќи намирници за дома и кога на месечно ниво им стига плата со која не успеваат да си ги покријат трошоците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-vmro-dpmne-ima-tim-plan-i-strategija-za-nadminuvanje-na-krizata/

Секојдневно ние гледаме различни индикатори. Оваа политичка коалиција која е на власт седум години, најави борба против корупцијата и реформа на правосудството, а гледаме дека состојбата постојано се влошува. Денес видовме информации дека стапката на инфлација во Македонија е дупла од европскиот просек и се даваат некои аргументи дека биле системски проблемите, како трговската отвореност на Македонија, како енергетската зависност на Македонија, но има земји и во Европа кои што имаат многу полоши статистики во делот на трговската отвореност и во делот на енергетската независност, но немаат толкав висок степен на инфлација. Што значи, системот на владеење и управување во делот на правосудството и безбедност не функционира, економијата е во катастрофална состојба. Тоа не го потврдува единствено статистиката, која е примарна, туку и тоа што го чуствуваат граѓаните при секое одење во маркет, при секоја пристигната плата, колку се потежок и потежок станува животот, образложи Муцински.

Додаде дека низ таа призма, во ВМРО-ДПМНЕ ги гледаат предвремените парламентарни избори, да се излезе, примарно, со една добра економска политика, со тим кој што ќе знае да ја подигне економската економија на соодветно ниво, тим кој што ќе знае вистинки и искрено да води реформи во сите овие сектори во кои што е потребно и тим кој што ќе се бори против корупцијата.

Фактот дека во последната година владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво не сме виделе некој сериозен или голем, или било каков корупциски скандал. Гледаме чесно, транспарентно работење, домаќинско работење од страна на градоначалниците. Додека, секојдневно на медиумите гледаме за разни форми на скандали од тие кои што управуваат со централната власт. Имаме план, имаме стратегија и таа стратегија е во интерес на граѓаните на Македонија и затоа се потребни предвремени парламентарни избори, час поскоро, децидно рече Муцунски.

Без никаков сомнеж, вели Муцински, е потребно окрупнување на опозиција, на опозицискиот фронт со било кој политички субјект со кој веруваме дека ќе можеме да ја движиме Македонија во правилна насока, врз основа на политики, а не на тесни интереси како што оваа влада ДУИ, поддржана од СДСМ, треба да превземаме се што е возможно заеднички, врз основа на принципи, зошто да не и ваков тип на мерки, како што се протести, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните.

Гледаме, не само јавното мислење, вие кога зборувате со еден обичен граѓанин кој што работи во приватен или во јавен сектор, кога ќе зборувате со претставник или некој кој што има трговско друштво, сите ќе ви кажат дека предвидливоста и правната сигурност е на толку ниско ниво, што сите посакуваат заради таквите состојби, што побрзо да имаме предвременни парламентарни избори. Бидејќи веруваат дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од претседателот Христијан Мицкоски, заедно со сите тие опозициски структури кои што постојат во рамките на нашиот политички систем, можат Македонија да ја водат во вистинска насока и да ја европеизираме Македонија на дело, а не само низ празна демагогија да кажуваме дека се отпочнати преговори, а сите знаееме дека не се отпочнати преговори, дека е отпочнат скрининг пред преговори. Значи, дајте вистински да работиме, не само политиката да биде зборување и демагогија, туку политиката да биде прагматично работење во интерес на граѓаните, како што докажавме на локално ниво во последната година дека може да се прави тоа, колкави и да се глобалните и домашните предизвици, посочи Муцунски.

The post Потребно е окрупнување на опозицијата со било кој субјект кој ќе ја движи Македонија напред appeared first on Република.

]]>

Без никаков сомнеж, не само ВМРО-ДПМНЕ, туку по анкетите кои што ги гледаме во јавноста, сите граѓани не се задоволни од начинот на кој што се движи државата и, де факто, бараат промена на оваа власт, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Во вчерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот Дневник на Сител телевизија, Муцунски истакна дека на дневно ниво од разни релевантни фактори има разни индикатори за лошата состојба во државата, како влошувањето на состојбата во борбата против криминалот и корупцијата, поскапувањата на цените и зголемувањето на инфлацијата кои што граѓаните директно ги чуствуваат пазарејќи намирници за дома и кога на месечно ниво им стига плата со која не успеваат да си ги покријат трошоците. https://republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-vmro-dpmne-ima-tim-plan-i-strategija-za-nadminuvanje-na-krizata/
Секојдневно ние гледаме различни индикатори. Оваа политичка коалиција која е на власт седум години, најави борба против корупцијата и реформа на правосудството, а гледаме дека состојбата постојано се влошува. Денес видовме информации дека стапката на инфлација во Македонија е дупла од европскиот просек и се даваат некои аргументи дека биле системски проблемите, како трговската отвореност на Македонија, како енергетската зависност на Македонија, но има земји и во Европа кои што имаат многу полоши статистики во делот на трговската отвореност и во делот на енергетската независност, но немаат толкав висок степен на инфлација. Што значи, системот на владеење и управување во делот на правосудството и безбедност не функционира, економијата е во катастрофална состојба. Тоа не го потврдува единствено статистиката, која е примарна, туку и тоа што го чуствуваат граѓаните при секое одење во маркет, при секоја пристигната плата, колку се потежок и потежок станува животот, образложи Муцински.
Додаде дека низ таа призма, во ВМРО-ДПМНЕ ги гледаат предвремените парламентарни избори, да се излезе, примарно, со една добра економска политика, со тим кој што ќе знае да ја подигне економската економија на соодветно ниво, тим кој што ќе знае вистинки и искрено да води реформи во сите овие сектори во кои што е потребно и тим кој што ќе се бори против корупцијата. Фактот дека во последната година владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво не сме виделе некој сериозен или голем, или било каков корупциски скандал. Гледаме чесно, транспарентно работење, домаќинско работење од страна на градоначалниците. Додека, секојдневно на медиумите гледаме за разни форми на скандали од тие кои што управуваат со централната власт. Имаме план, имаме стратегија и таа стратегија е во интерес на граѓаните на Македонија и затоа се потребни предвремени парламентарни избори, час поскоро, децидно рече Муцунски. Без никаков сомнеж, вели Муцински, е потребно окрупнување на опозиција, на опозицискиот фронт со било кој политички субјект со кој веруваме дека ќе можеме да ја движиме Македонија во правилна насока, врз основа на политики, а не на тесни интереси како што оваа влада ДУИ, поддржана од СДСМ, треба да превземаме се што е возможно заеднички, врз основа на принципи, зошто да не и ваков тип на мерки, како што се протести, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните. Гледаме, не само јавното мислење, вие кога зборувате со еден обичен граѓанин кој што работи во приватен или во јавен сектор, кога ќе зборувате со претставник или некој кој што има трговско друштво, сите ќе ви кажат дека предвидливоста и правната сигурност е на толку ниско ниво, што сите посакуваат заради таквите состојби, што побрзо да имаме предвременни парламентарни избори. Бидејќи веруваат дека овој тим на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од претседателот Христијан Мицкоски, заедно со сите тие опозициски структури кои што постојат во рамките на нашиот политички систем, можат Македонија да ја водат во вистинска насока и да ја европеизираме Македонија на дело, а не само низ празна демагогија да кажуваме дека се отпочнати преговори, а сите знаееме дека не се отпочнати преговори, дека е отпочнат скрининг пред преговори. Значи, дајте вистински да работиме, не само политиката да биде зборување и демагогија, туку политиката да биде прагматично работење во интерес на граѓаните, како што докажавме на локално ниво во последната година дека може да се прави тоа, колкави и да се глобалните и домашните предизвици, посочи Муцунски.

The post Потребно е окрупнување на опозицијата со било кој субјект кој ќе ја движи Македонија напред appeared first on Република.

]]>
Можно е ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Беса за протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mozno-e-vmro-dpmne-da-ja-poddrzi-besa-za-protesti/ Sun, 25 Dec 2022 21:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=589852

Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во „Тема на денот“ на ТВ Сител, рече дека најголемата опозициска партија би можела да ја поддржи Беса во најавите за протести како форма на притисок врз власта за предвремени парламентарни избори.

- Подржуваме окрупнување на опозицискиот фронт - дали е тоа Беса, дали е тоа друг политички субјект со кој што веруваме дека можеме понатаму да ја движиме Македонија во правилна насока врз основа на политики, а не на тесни интереси како што прави оваа влада на ДУИ, поддржана од СДСМ. Треба да преземеме се што е возможно заеднички врз основа на принципи, зошто да не - вклучително и вакви мерки како протести, зошто тоа е во интерес на јавноста, рече градоначалникот на Аеродром вечерва.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ под овие услови на прифаќа да се разговара за уставни измени и дека за такво нешто пратениците на неговата партија нема да се согласат.

Денеска лидерот на Беса, Билал Касами, најави дека ако до пролет не се одржат предвремени парламентрани избори, неговата партија ќе ги радикализира чекорите за притисок врз власта преку протести.

– Ќе се разгледа можноста од пролет, ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори, заедно со другиот дел од албанската опозиција, во делот на организирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на предвремени избори, рече градоначалникот на Тетово, при тоа не исклучувајќи ја можноста за соработка и со ВМРО-ДПМНЕ.

The post Можно е ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Беса за протести appeared first on Република.

]]>

Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во „Тема на денот“ на ТВ Сител, рече дека најголемата опозициска партија би можела да ја поддржи Беса во најавите за протести како форма на притисок врз власта за предвремени парламентарни избори.
- Подржуваме окрупнување на опозицискиот фронт - дали е тоа Беса, дали е тоа друг политички субјект со кој што веруваме дека можеме понатаму да ја движиме Македонија во правилна насока врз основа на политики, а не на тесни интереси како што прави оваа влада на ДУИ, поддржана од СДСМ. Треба да преземеме се што е возможно заеднички врз основа на принципи, зошто да не - вклучително и вакви мерки како протести, зошто тоа е во интерес на јавноста, рече градоначалникот на Аеродром вечерва.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ под овие услови на прифаќа да се разговара за уставни измени и дека за такво нешто пратениците на неговата партија нема да се согласат. Денеска лидерот на Беса, Билал Касами, најави дека ако до пролет не се одржат предвремени парламентрани избори, неговата партија ќе ги радикализира чекорите за притисок врз власта преку протести.