опожарен мост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opozharen-most/ За подобро да се разбереме Thu, 25 May 2023 10:50:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png опожарен мост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opozharen-most/ 32 32 Ниту една фирма во земјава нема доволно искуство и соодветна апаратура за утврдување на фактичката состојба на мостот „Беласица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nitu-edna-firma-vo-zemjava-nema-dovolno-iskustvo-i-soodvetna-aparatura-za-utvrduvane-na-faktichkata-sostojba-na-mostot-belasitsa/ Thu, 25 May 2023 09:28:38 +0000 https://republika.mk/?p=644479

Бетонот при своето вградување има одредени механички карактеристики, но поради пожарот доаѓа до таканаречена евапорација, испарување на водата заробена внатре во бетонските пори и поради тоа бетонот ги губи тие карактеристики. Сега прашањето е колку од тие каракеристики се изгубени, колку се задржани и што тоа ќе значи за конструкцијата. Арматурата за претходно напрегање е исто така многу чувствителна на високи температури, веќе при температура над 100 степени Целзиусови доаѓа до релаксација на напрегањето на арматурата, а со тоа се смалува силата и тоа може да биде сериозен проблем, објаснува во интервју за МИА професор Санде Атанасовски, еден од консултантите ангажиран во реализацијата проектот за мостот „Беласица“.

Оштетувањата по пожарот, како што вели, се неповолни без разлика дали се големи или мали.

Пензионираниот професор од Градежниот факултет во Скопје, Атанасовски, кој има работено на мостот од креирањето на идејата до неговото пуштање во употреба, вели дека доколку пожарот оставил големи последици на мостот следи долгогодишна санација. Но додава дека за утврдување на фактичката состојба во овој случај ниту една фирма во земјава нема доволно искуство ниту пак соодветна апаратура.

Професорот оштетувањата на мостот ги подели на две категори, помали или визуелно воочливи и поголеми внатрешни оштетувања.

Оценува дека утврдувањето и справувањето со посериозните последици би бил макотрпен процес, како и дека според прописите кои не наложуваат, но и според проценките на тимот кој работел на идејата за мостот не била предвидена можната опасност од пожар.

Интервјуто во целост тука

The post Ниту една фирма во земјава нема доволно искуство и соодветна апаратура за утврдување на фактичката состојба на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

Бетонот при своето вградување има одредени механички карактеристики, но поради пожарот доаѓа до таканаречена евапорација, испарување на водата заробена внатре во бетонските пори и поради тоа бетонот ги губи тие карактеристики. Сега прашањето е колку од тие каракеристики се изгубени, колку се задржани и што тоа ќе значи за конструкцијата. Арматурата за претходно напрегање е исто така многу чувствителна на високи температури, веќе при температура над 100 степени Целзиусови доаѓа до релаксација на напрегањето на арматурата, а со тоа се смалува силата и тоа може да биде сериозен проблем, објаснува во интервју за МИА професор Санде Атанасовски, еден од консултантите ангажиран во реализацијата проектот за мостот „Беласица“. Оштетувањата по пожарот, како што вели, се неповолни без разлика дали се големи или мали. Пензионираниот професор од Градежниот факултет во Скопје, Атанасовски, кој има работено на мостот од креирањето на идејата до неговото пуштање во употреба, вели дека доколку пожарот оставил големи последици на мостот следи долгогодишна санација. Но додава дека за утврдување на фактичката состојба во овој случај ниту една фирма во земјава нема доволно искуство ниту пак соодветна апаратура. Професорот оштетувањата на мостот ги подели на две категори, помали или визуелно воочливи и поголеми внатрешни оштетувања. Оценува дека утврдувањето и справувањето со посериозните последици би бил макотрпен процес, како и дека според прописите кои не наложуваат, но и според проценките на тимот кој работел на идејата за мостот не била предвидена можната опасност од пожар. Интервјуто во целост тука

The post Ниту една фирма во земјава нема доволно искуство и соодветна апаратура за утврдување на фактичката состојба на мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>
Опожарениот мост на Вардар целосно затворен за сообраќај https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opozhareniot-most-na-vardar-tselosno-zatvoren-za-soobrakaj/ Fri, 12 May 2023 10:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=640087

Градот Скопје по синоќешниот пожар донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт молот, а од пред неколку минути и за целосно затворање на мостот и за движење на пешаци се додека не се утврдат точните штети од пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Како што нагласи на денешната прес-конференција, тим формиран од Градот Скопје веќе работи на утврдување на штетите. На местото на настанот излегле и експерти и универзитетски професори од повеќе области кои при првичниот увид не биле сигурни колкава е штетата.

-Мостот ќе остане затворен се додека Градот Скопје не добие информации дека може да биде отворен, но верувам дека ќе биде отворен дури по неговата санација доколку воопшто биде можна. Штетата дополнително ќе биде утврдена, рече Ангелов.

Нагласи дека ќе биде забрането движење на пешаци, велосипеди, скутери и на рекреативци под мостот, односно на деловите од патеките на кејот под мостот заради опасност од паѓање на бетонски парчиња од заштитната бетонска облога на мостот. Кејот ќе може да се користи со заобиколување на мостот и додаде дека има услови за тоа од двете страни на Вардар.

За причините за појава на пожарот на мостот, како што посочи, ќе се произнесе МВР кое во моментов врши увид.

-Верувам дека стручните лица од МВР ќе ги откријат причините кои го предизвикаа пожарот. Едната можност е електричен спој на високонапонските кабли што е многу малку веројатно, а втората е човечки фактор, бидејќи од она што можевме да го видиме е дека има некакви душеци и ќебиња што дека под мостот престојувале луѓе, истакна Ангелов.

Посочи дека синоќа околу полноќ до Центарот за управување со кризи стигнала информација за голем пожар под мостот на реката Вардар помеѓу Железничката станица и Ист гејт.

-Од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш е излезено на терен но пожарникарите не смееја да започнат со интервенција поради немање доволно информации какви инсталации минуваат под мостот. Од страна на ЦУК беше стапено во контакт со сите надлежни институции и откако беше утврдено дека нема опасност по животите на пожарникарите целосно беше исклучена електричната енергија од мостот и се почна со гаснење, рече Ангелов.

Тој посочи дека пожарот беше ставен под контрола околу два часот изутрина, а целосно беше изгаснат во четири часот.

-Температурата која се разви од обвивката на цевководите под мостот според почетните информации можеби надмина 1.000 степени Целзиусови. Од високата температура дојде до пукање на заштитниот бетон со кој е намачкан мостот од долната страна и постои опасност за штета на арматурата на мостот. Дури и утрово асфалтот на мостот беше топол, појасни Ангелов.

The post Опожарениот мост на Вардар целосно затворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>

Градот Скопје по синоќешниот пожар донесе одлука да се затвори сообраќајот за сите моторни возила на мостот што ги поврзува Железничката станица и Ист гејт молот, а од пред неколку минути и за целосно затворање на мостот и за движење на пешаци се додека не се утврдат точните штети од пожарот, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Како што нагласи на денешната прес-конференција, тим формиран од Градот Скопје веќе работи на утврдување на штетите. На местото на настанот излегле и експерти и универзитетски професори од повеќе области кои при првичниот увид не биле сигурни колкава е штетата. -Мостот ќе остане затворен се додека Градот Скопје не добие информации дека може да биде отворен, но верувам дека ќе биде отворен дури по неговата санација доколку воопшто биде можна. Штетата дополнително ќе биде утврдена, рече Ангелов. Нагласи дека ќе биде забрането движење на пешаци, велосипеди, скутери и на рекреативци под мостот, односно на деловите од патеките на кејот под мостот заради опасност од паѓање на бетонски парчиња од заштитната бетонска облога на мостот. Кејот ќе може да се користи со заобиколување на мостот и додаде дека има услови за тоа од двете страни на Вардар. За причините за појава на пожарот на мостот, како што посочи, ќе се произнесе МВР кое во моментов врши увид. -Верувам дека стручните лица од МВР ќе ги откријат причините кои го предизвикаа пожарот. Едната можност е електричен спој на високонапонските кабли што е многу малку веројатно, а втората е човечки фактор, бидејќи од она што можевме да го видиме е дека има некакви душеци и ќебиња што дека под мостот престојувале луѓе, истакна Ангелов. Посочи дека синоќа околу полноќ до Центарот за управување со кризи стигнала информација за голем пожар под мостот на реката Вардар помеѓу Железничката станица и Ист гејт. -Од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје веднаш е излезено на терен но пожарникарите не смееја да започнат со интервенција поради немање доволно информации какви инсталации минуваат под мостот. Од страна на ЦУК беше стапено во контакт со сите надлежни институции и откако беше утврдено дека нема опасност по животите на пожарникарите целосно беше исклучена електричната енергија од мостот и се почна со гаснење, рече Ангелов. Тој посочи дека пожарот беше ставен под контрола околу два часот изутрина, а целосно беше изгаснат во четири часот. -Температурата која се разви од обвивката на цевководите под мостот според почетните информации можеби надмина 1.000 степени Целзиусови. Од високата температура дојде до пукање на заштитниот бетон со кој е намачкан мостот од долната страна и постои опасност за штета на арматурата на мостот. Дури и утрово асфалтот на мостот беше топол, појасни Ангелов.

The post Опожарениот мост на Вардар целосно затворен за сообраќај appeared first on Република.

]]>