ОПМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opm/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Feb 2023 12:18:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ОПМ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/opm/ 32 32 ОПМ: Прехранбените компании да ги вратат субвенциите за струја, тие средства да се вложат во „зелена енергија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/opm-prehranbenite-kompanii-da-gi-vratat-subventsiite-za-struja-tie-sredstva-da-se-vlozhat-vo-zelena-energija/ Wed, 22 Feb 2023 12:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=611917

Владата да им ги земе субвенциите за електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија и тие средства да ги вложи за „зелена енергија“, граѓаните да имаат помали сметки за струја, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Како што рече денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар, парите најпрво треба да се вратат во државниот Буџет, од каде што се земени.

До ОПМ, истакна Лончар, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на кампањата за групно купување инвертери, се уште нема конкретни поплаки од потрошувачи за високите цени на храната. Се уште доминираат жалбите во однос на грамажата, пакувањата, една цена на рафт друга на каса,…

Владата навистина треба да размисли за да се заштитат граѓаните, треба да направи нешто посериозно. Јас лично се изненадив кога рекоа дека ќе престанат да им даваат субвенции на компаниите. Не треба да престанат, треба да побараат да им ги вратат парите за субвенционираната струја и ние тоа го бараме. Да побараат, тие пари што ги дале, да им се вратат назад, како што даваа субвенции за фирмите па не завршија кај работниците. Со тие средства може да субвенционираат да имаме „зелена енергија“, нека субвенционираат за луѓето да имаат помали сметки за струја. Ако сте се прашале колку субвенции даваат за тоа, ништо – „прв дојден, прв услужен“, значи нема енергетска ефикасност тука, а треба да се гледа и квалитетот на производот - рече Лончар.

Земјите кои сакаат да бидат членки на ЕУ треба да докажат дека се борат за „зелената енергија“, за помалку јаглерод диоксид и пониски емисии на гасови.

Сметам дека средствата што им беа дадени на компаниите за субвенционирана струја треба на друг начин да им се вратат на граѓаните, зашто од наши пари ние, со ДДВ-то купуваме производи. Ние, потрошувачите, ги финансираме сите активности во рамки на Буџетот и треба да сме погласни - подвлече Лончар.

Според неа, компаниите секогаш ќе наоѓаат причина за цените на производите зашто не сакаат да се лишат од дел од профитот што го остваруваат преку продажбата секојпат ќе велат дека им е малку.

Ние, како потрошувачи, мора да се бориме и повторно да бараме, на пример, замрзнување на цените, на што коморите веднаш ќе „рипнат“ зашто со маржите не успеавме да видовме ништо. Сепак, мерките ние не ги носиме, немаме таква моќ, но можеме да влијаеме. Колку што го слушнав министерот за економија, рече дека не само што ќе ги прекине субвенциите, туку и ќе ги ограничи, замрзне цените. Но, тоа не е популарна мерка зашто компаниите ќе почнат да ги симнуваат производите од рафтови, да ги кријат, па ќе излезе дека нам ни е целта да ги казнуваат, а не ни е тоа целта. Сакаме добра соработка со фирмите и секогаш апелираме да бидат внимателни со цените.

Таа укажа дека и еден од начините за зголемување на цената е она што се случува со грамажата.

Индиректно, и тоа исто така ја зголемува цената, а никој не го гледа. Особено се карактеристични во овој сегмент пакуваните производи - рече Лончар.

Таа ја оцени како не баш популарна кампањата што ја презема грчката Организација на потрошувачи која една недела ги организираше граѓаните да не купуваат млеко.

Тоа е практично бојкот од страна на потрошувачите. Но, што ќе се направи со тоа? Да покажеме колкав ни е револтот? Сепак, треба да се земе предвид дека има деца, повозрасни, лица врзани за тој производ како еден од основните прехранбени. Подобро да се лимитира цената ако оди нагоре, подвлече Лончар и посочи дека особено се зголемени цените на средствата за хигиена, на детската храна, пелените, млеката за бебиња, а потрошувачите се наоѓаат во многу тешка, речиси безизлезна ситуација, дополнително оптоварена со неизвесност.

Лончар не очекува натамошно енормно зголемување на цените на прехранбените производи, но, како што рече, и евентуално мало покачување ќе значи „енормно“.

The post ОПМ: Прехранбените компании да ги вратат субвенциите за струја, тие средства да се вложат во „зелена енергија“ appeared first on Република.

]]>

Владата да им ги земе субвенциите за електрична енергија на компаниите од прехранбената индустрија и тие средства да ги вложи за „зелена енергија“, граѓаните да имаат помали сметки за струја, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Како што рече денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар, парите најпрво треба да се вратат во државниот Буџет, од каде што се земени. До ОПМ, истакна Лончар, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на кампањата за групно купување инвертери, се уште нема конкретни поплаки од потрошувачи за високите цени на храната. Се уште доминираат жалбите во однос на грамажата, пакувањата, една цена на рафт друга на каса,…
Владата навистина треба да размисли за да се заштитат граѓаните, треба да направи нешто посериозно. Јас лично се изненадив кога рекоа дека ќе престанат да им даваат субвенции на компаниите. Не треба да престанат, треба да побараат да им ги вратат парите за субвенционираната струја и ние тоа го бараме. Да побараат, тие пари што ги дале, да им се вратат назад, како што даваа субвенции за фирмите па не завршија кај работниците. Со тие средства може да субвенционираат да имаме „зелена енергија“, нека субвенционираат за луѓето да имаат помали сметки за струја. Ако сте се прашале колку субвенции даваат за тоа, ништо – „прв дојден, прв услужен“, значи нема енергетска ефикасност тука, а треба да се гледа и квалитетот на производот - рече Лончар.
Земјите кои сакаат да бидат членки на ЕУ треба да докажат дека се борат за „зелената енергија“, за помалку јаглерод диоксид и пониски емисии на гасови.
Сметам дека средствата што им беа дадени на компаниите за субвенционирана струја треба на друг начин да им се вратат на граѓаните, зашто од наши пари ние, со ДДВ-то купуваме производи. Ние, потрошувачите, ги финансираме сите активности во рамки на Буџетот и треба да сме погласни - подвлече Лончар.
Според неа, компаниите секогаш ќе наоѓаат причина за цените на производите зашто не сакаат да се лишат од дел од профитот што го остваруваат преку продажбата секојпат ќе велат дека им е малку. Ние, како потрошувачи, мора да се бориме и повторно да бараме, на пример, замрзнување на цените, на што коморите веднаш ќе „рипнат“ зашто со маржите не успеавме да видовме ништо. Сепак, мерките ние не ги носиме, немаме таква моќ, но можеме да влијаеме. Колку што го слушнав министерот за економија, рече дека не само што ќе ги прекине субвенциите, туку и ќе ги ограничи, замрзне цените. Но, тоа не е популарна мерка зашто компаниите ќе почнат да ги симнуваат производите од рафтови, да ги кријат, па ќе излезе дека нам ни е целта да ги казнуваат, а не ни е тоа целта. Сакаме добра соработка со фирмите и секогаш апелираме да бидат внимателни со цените. Таа укажа дека и еден од начините за зголемување на цената е она што се случува со грамажата.
Индиректно, и тоа исто така ја зголемува цената, а никој не го гледа. Особено се карактеристични во овој сегмент пакуваните производи - рече Лончар.
Таа ја оцени како не баш популарна кампањата што ја презема грчката Организација на потрошувачи која една недела ги организираше граѓаните да не купуваат млеко. Тоа е практично бојкот од страна на потрошувачите. Но, што ќе се направи со тоа? Да покажеме колкав ни е револтот? Сепак, треба да се земе предвид дека има деца, повозрасни, лица врзани за тој производ како еден од основните прехранбени. Подобро да се лимитира цената ако оди нагоре, подвлече Лончар и посочи дека особено се зголемени цените на средствата за хигиена, на детската храна, пелените, млеката за бебиња, а потрошувачите се наоѓаат во многу тешка, речиси безизлезна ситуација, дополнително оптоварена со неизвесност. Лончар не очекува натамошно енормно зголемување на цените на прехранбените производи, но, како што рече, и евентуално мало покачување ќе значи „енормно“.

The post ОПМ: Прехранбените компании да ги вратат субвенциите за струја, тие средства да се вложат во „зелена енергија“ appeared first on Република.

]]>
Организацијата на потрошувачи останува на барањето да се замрзнат цените на производите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/organizacijata-na-potroshuvachi-ostanuva-na-baranjeto-da-se-zamrznat-cenite-na-proizvodite/ Thu, 13 Oct 2022 12:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=560669

Организацијата на потрошувачи на Македонија(ОПМ) останува на барањето да се замрзнат цените на производите, а не на маржите. Од март годинава постојано добиваат претставки од граѓаните кога влегуваат во супермаркетите, кои реагираат на цените, но и на квалитетот на производите, кои се во фрижидерите. Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова вели дека претставки веќе имаат, а на терен секојдневно се и инспекциите, кои утврдуваат дали трговците за да ги намалат сметките за струја ги исклучуваат фрижидерите.

-Луѓето реагираат на тоа. Купиле производ, па го сликаат дека е расипан. Сега дали баш поради тоа е расипан не можеме ние да утврдиме, меѓутоа инспекторите може да бидат на терен, дури и рано сабајле да видат дали ладилниците се уклучени или не. Бидејќи може навечер илил во текот на денот да ги исклучуваат, вели Лончар-Велкова.

Посочи дека во зимскиот период очекуваат да се зголеми бројот на преставки поврзани со сметките за струја. Изминатиот период реакциите се околу цената на трансмисија на струјата, која најмногу ги буни граѓаните. Имаат и реакции од страна на граѓаните и за цената на огревното дрво, кое дефинитивно не се продава за 3.000 до 3.500 денари.

-Луѓето не можат да ги најдат тие дрва по 3.000денари. И јас лично барав не можев да ги најдам. И кога правевме истражување пак не најдовме. Сега ќе мора да купат помалку од потребното, за дополнително не го оптеретат буџетот. Таква цена од 3.000 до 3.500денари нема, вели Лончар-Велкова.

Забележа дека треба да има и субвенции, но и поволни кредити за граѓаните кои купуваат инвертор клими и се залагаат за заштита на животна средина.

The post Организацијата на потрошувачи останува на барањето да се замрзнат цените на производите appeared first on Република.