оперативен план Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/operativen-plan/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Mar 2022 16:51:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png оперативен план Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/operativen-plan/ 32 32 Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/operativniot-plan-za-vrabotuvanje-vreden-1-8-milijardi-denari-kje-opfati-rechisi-15-000-lica/ Tue, 22 Mar 2022 16:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=476798

Владата на денешната 32 седница донесе одлука да го повлече предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска покрената иницијатива за измени и дополнувања.

Оваа одлука е донесена поради доусогласување со Закон за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем. Од друга страна, законското решение е застарено во поглед на неевидентираните лица и истиот е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој што е донесен во 2020 година.

Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и умрени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност.

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници.

Основната цел на предложеното законско решение е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Владата денеска го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на кризата предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19, односно од 11.03.2020 година.

Оперативниот план за вработување е предвидено да опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари.

The post Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната 32 седница донесе одлука да го повлече предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска покрената иницијатива за измени и дополнувања. Оваа одлука е донесена поради доусогласување со Закон за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем. Од друга страна, законското решение е застарено во поглед на неевидентираните лица и истиот е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој што е донесен во 2020 година. Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и умрени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност. На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници. Основната цел на предложеното законско решение е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Владата денеска го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на кризата предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19, односно од 11.03.2020 година. Оперативниот план за вработување е предвидено да опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари.

The post Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица appeared first on Република.

]]>